Showing posts with label анкета. Show all posts
Showing posts with label анкета. Show all posts

Wednesday, January 16, 2019

Презентација на студентскиот проект „Легализација на медицинскиот канабис и рекреативната употреба на марихуаната“

Утре (17 јануари) со почеток во 10:00 до 11:00 часот, во Амфитеатарот на ФИНКИ во Скопје ќе се одржи отворена едукативна презентација и јавна трибина за проектот по предметот „Медиуми и Комуникации“ на група студенти од 2 година на факултетот ФИНКИ на темата „Легализација на медицинскиот канабис и рекреативната употреба на марихуаната“ 


Во првата фаза од овој проект за да го испитаат моменталното јавно мислење за темата, студентите поделени во две групи подготвија прекрасна анкета. Едната група ќе ги презентира придобивките од медицинскиот канабис, додека другата група придобивките од легализацијата на рекреативната употреба на истата билка. 

На настанот ќе гостуваат претставници од здруженија на граѓани кои се борат за легализација на конопот во Македонија, пациенти кои се излечиле со помош на домашно подготвени екстракти од канабис од специфични диојагнози за кои модерната медицина сè уште нема решение, како и експерти во областа. 

Почитувани соборци, Ве замолуваме да ја пополните анкетата и да ја споделите за да им помогнеме на овие студенти да си добијат 10ки. Исто така, Ве покануваме на овој настан во што е можно поголем број за да им дадеме поддршка на овие студенти кои храбро одлучија да го демистифицираат канабисот, а исто така за да го забрзаме процесот на декриминализација на канабисот со масовното присуство и поради можноста за слободно вклучување во дискусијата.

Уредник и новинар, Претседател на Здружението на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“ - MoniQue Konopova

Saturday, June 9, 2018

Онколозите веруваат дека медицинскиот канабис е поефективен од конвенционалните третмани

МАСАЧУСЕТС: Поголемиот дел од онколозите веруваат дека употребата на медицински канабис е или подеднакво ефективна или поефикасна од конвенционалните третмани за лекување на симптомите на ракот и самата блест, според податоците од анкетата објавени во The Journal of Clinical Oncology


Тим на истражувачи, предводени од научниците од Клиниката за рак на Дана Фабер (The Dana Farber Cancer Clinic), случајно ги испитуваа верувањата на онколозите во однос на безбедноста и ефикасноста на терапијата со канабис. Шеесет и пет проценти од испитаниците изјавиле дека медицинската марихуана била подеднакво ефикасна или поефикасна од стандардните третмани особено во поглед на зголемување на апетитот и/или кахексија. Мнозинството испитаници исто така верувале дека канабисот е безбеден и ефикасен како дополнителен третман за анксиозност и болка. Половина од испитаниците изјавиле дека канабисот е исто толку ефикасен или поефективен од конвенционалните лекови во лекувањето на гадење, а 70 проценти сметале дека марихуаната е подеднакво безбедна или побезбедна од опиоидите.


Истражувањето, исто така, објави дека околу осумдесет проценти од онколозите дискутирале со своите пациенти за употребата на канабис, иако во повеќе од половина од тие случаи биле вклучени пациенти или нивните семејства, а не самите онколози, што го поттикнало разговорот. За повеќе информации, контактирајте го Пол Арментано (Paul Armentan), заменик директор на NORML (National Organization for the Reform of Marijuana Laws), на следнава е-маил адреса: paul@norml.org. Целосниот текст на студијата: „Верувања, практики и знаења за медицинската марихуана кај онколозите, како и знаењето за марихуаната која се користи терапевтски: Национална репрезентативна истражувачка студија“ (Medical oncologists’ beliefs, practices, and knowledge regarding marijuana used therapeutically: A nationally representatives survey study), е објавена во зборникот The Journal of Clinical Oncology.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: Mjnewsnetwork

Friday, March 10, 2017

Сè повеќе пациенти со епилепсија користат медицинска марихуана

Научното истражување од Sydney University покажа дека 14% од лицата со епилепсија користеле производи од канабис за да ја контролираат својата состојба и кај мнозинството се покажале големи подобрувања

Лекот за сите болести е природен!
90% од возрасните епилептичари во студијата и 71% од децата испитаници изјавиле дека марихуаната им помага да се справат со нивните епилептични напади. Многу од пациентите со епилепсија во Австралија започнуваат да се лекуваат со канабис терапија, покажува најновата анкета на национално ниво. Родителите на децата со епилепсија коишто се третирани со канабис ги потврдуваат подобрувањата во нивната состојба во менаџирањето и редуцирањето на епилептичните напади.

Канабисот е побезбеден од епи-нападите!
Објавена во зборникот Epilepsy & Behaviour (Епилепсија и однесување), научната студија „the Epilepsy Action Australia study“, во партнерство со the Lambert Initiative при Универзитетот во Сиднеј, анкетираше 976 испитаници со цел да ја проучи употребата на канабис кај лицата со епилепсија, причините за употреба и сите забележани придобивки пријавени од страна на консументите на канабис со епилепсија. Главната причина за обидот со канабис терапија беше да се изнајде побезбеден третман со „поповолни“ несакани ефекти во споредба со стандардните антиепилептични лекови. Главниот автор на студијата Anastasia Suraev од the Lambert Initiative изјави дека истражувачите добиле дополнителен увид за причините кои влијаат на употребата на канабис кај пациентите.

Легално мртов или нелегално излечен?
И покрај ограничувањата на ретроспективната онлајн анкета, не можеме да го игнорираме тоа што значителен дел од возрасните и децата со епилепсија користат канабис-базирани производи во Австралија, а многу од нив пријавуваат значителна корист за нивната состојба. Посистематски клинички студии се итно потребни за да ни помогнат подобро да се разбере улогата на канабиноидите кај епилепсијата“ - рече таа. Во 2015 година бабата и дедото на три годишно девојче со ретка форма на епилепсија, донираа голема сума на пари за Ламберт инцијативата за да ги поттикнат истражувањата на медицинскиот канабис. Помогни и ти - сподели ја оваа статија!

Извор: The Guardian

Friday, July 24, 2015

Анкета: Доколку се легализира Канабисот во Македонија, колку често ќе консумираш?

Во неодамнешната анкета насловена „Доколку се легализира Канабисот во Македонија, колку често ќе консумираш?“ која траеше околу еден месец, се` до денес - својот глас го дадоа 184 лица.

Од оваа анкета може да се заклучи дека само 2% (3 гласови) се изјаснија дека нема да консумираат, само 1 не пробал, но тогаш ќе проба, 1 не знае и 1 по потреба ќе консумира.

28% (52 од гласовите) се изјаснија дека ќе консумираат без ограничување, 11% (20 гласови) ќе користат Канабис три пати во денот, потоа 7% (12 гласови) ќе консумираат секој час, 13 гласови три пати во неделата, 6% (11 гласови) ќе консумираат навечер, 6% ќе користат два пати во денот, 5% (9 гласови) пред спиење, 4% колку што ќе им препише докторот, исто толку ќе консумираат еднаш во неделата, 4% два пати во неделата, 3% наутро и 3% во 4:20.

2% (3 гласови) еднаш во денот, исто толку еднаш во месецот и 2% ќе користат 2-3 пати во месецот. Само 3% (6 мина) нема да консумираат по никоја од нас предложените шеми, туку според сопствена :)

Им благодариме на сите што гласавте. Продолжете да не` следите и очекувајте други интересни анкети. Вашето мислење многу ни е важно. Не плашете се од вистината! Канабисот лекува.