Ние веќе зборувавме за Greener Pastures Tennessee, но со цел да дознаеме повеќе за Сет Грин (Seth Green) и да провериме како е и што размислува за моменталната ситуација со процесот на легализација/декриминализација на канабисот во Македонија и во светот, му поставивме неколку прашања:
Сет Грин е вистински револуционер! |
420 Macedonia: Во Македонија веќе имаме некои CBD производи достапни без рецепт, но вистинското масло како целосен екстракт со THC и понатаму останува нелегално, па законот сè уште ги третира пациентите како криминалци ако се фатени додека ги спасуваат своите драгоцени животи. Што треба да правиме?
Сет Грин: Верувам дека во вашата земја, она што го прави Владата со ТХЦ и канабисот воопшто е чувањето на истите под контрола поради тоа што тие не сакаат луѓето да знаат што може целото растение канабис со THC да направи. Како што велам, секој е различен и мора да го најде вистинскиот вид на канабис. Понекогаш ќе треба да имате повеќе од THC соединението во билката за вас (во зависност од лицето и вашето ДНК). Мислам дека луѓето од земјата мораат да испраќаат е-маилови со службениците и да им кажат зошто им е потребно ТХЦ поради твоите болести и ДНК. Имаме сопствена форма на канабис во нашето тело кога се раѓаме.
420 Macedonia: Секоја марихуана билка има медицински придобивки, секоја марихуана билка има канабиноиди, така што секоја употреба е медицинска ... Пушењето канабис е исто така добро за некои состојби. Дали исто така мислиш дека рекреативната употреба на канабис треба да се смета за форма на медицинска употреба, во повеќето случаи за спречување на многу болести кои се јавуваат како резултат на ендоканабиноиден дефицит? Дали исто така пушиш канабис да се ослободиш од твоите ментални и физички болки како дополнителен третман заедно со твоето масло?
Сет Грин: Се сретнав со многу луѓе за време на моите патувања на кои зборував за Канабисот. Мислам дека луѓето што го користат за рекреативна употреба треба да се гледаат како медицински корисници исто така. Бидејќи сметам дека иако немаат здравствени проблеми и го користат, тоа ќе им помогне нивното тело да стане многу поздраво за да не мора да одат и да си направат картичка за употреба на марихуана. Тие можат да го користат Канабисот за рекреативна употреба, како што луѓето ги користат апчињата без рецепта за спиење или болки или што и да е во конкретниот случај.
420 Macedonia: Каков вид на масло користиш за твојата состојба? Кој е соодносот на канабиноидите и другите медицински соединенија во твојот екстракт и дали беше лесно да го пронајдеш вистинскиот сооднос и дозата за тебе?
Сет Грин: Па, каде што живеам во нелегална држава, тешко е да се знае што добиваш или од кого го добиваш тоа. Значи, кога станува збор за користење на масла, морам да чекам шанса да се вратам во држава со легална медицинска марихуана за да ги користам маслата. Кога ќе го направам тоа, ќе земам 2 зрна ориз. Понекогаш повеќе, во зависност од тоа какво чувство ми даваат.
420 Macedonia: Зошто, според тебе, лекарите сè уште препишуваат смртоносни лекови коишто создаваат зависност кај пациентите и повеќето од нив прават поголема штета отколку добро? Не е забележан ниту еден смртен случај којшто некогаш бил предизвикан од канабис (и нема да има) и поради безбедноста на лекот канабис, сметаме дека за секоја болест прво треба да се проба со канабис!
Сет Грин: Мислам дека причината зошто лекарите не само во Соединетите Американски Држави и во вашата земја Македонија го прават тоа е затоа што тие извршуваат наредби од избраните службеници и законите на државите и на избраните службеници им се потребни за да можат да имаат средства кои ќе им помогнат тие да останат на функција или да се кандидираат за функција (компаниите за апчиња ѝ даваат пари на Владата). Јас разговарав со некои многу паметни луѓе во индустријата. Вие никогаш не можете да се предозирате со Канабисот. Луѓето од Колорадо и од другите држави ми кажаа дека ти требаат 15.000 џоинти одеднаш за да се случи предозирање и не мислам дека некој може да испуши толку многу за еден час. Да, јас верувам дека секој треба барем да му даде на канабис обид пред употребата на (Отровните Апчиња).
Време е да се приклучиш во мисијава! |
420 Macedonia: Што според тебе секој треба да прави секојдневно за да го забрза процесот на целосно ослободувањето на растението канабис?
Сет Грин: Им кажувам на сите, без оглед на тоа во која земја се или во кој дел од светот. Дека ако тие имаат било какви болести, да стапат во контакт со нивните државни лидери да им кажат од што страдаат и дека тие треба да им укажат на здравствените службеници да дознаат повеќе за тоа и да разберат дека тоа е природен лек кој е на оваа Земја со илјадници години.
420 Macedonia: Како ти се допаѓа нашето движење за целосна декриминализација на канабисот во Македонија и во светот? Како ти се допаѓа нашата Фејсбук фан страница и нашиот блог?
Сет Грин: Го љубам тоа што повеќе Земји во Европа и Блискиот Исток се вклучени во движењето и го менуваат начинот на кој се гледа на канабисот. Луѓето во вашата држава полека сфаќаат дека тоа е она што е потребно за да ја извади земјата од долг и сè останато. Вашата Фејсбук страница ќе достигнува повеќе и повеќе. Канабис борците се тие кои го распространуваат гласот. Така што Вашата земја ќе има повеќе луѓе вклучени во движењето и ќе биде подготвена да застане за она што е во исправно.
420 Macedonia: Твојата порака до светот?
Сет Грин: И мојата порака е едноставна. Луѓето од оваа планета треба да сфатат дека оваа билка ќе извади многу земји надвор од долг и тие ќе видат дека вистинската злоупотреба на супстанци не е канабисот, туку таблетите за болки, Метамфетамин, Крек и сл…….. Мислам дека скоро сите Нации коишто се против канабисот и сакаат да остане нелегален бидејќи не сакаат да се соочат со фактот дека се обидуваат да ги откријат неговите медицински својства.
No comments:
Post a Comment