Showing posts with label церебрална. Show all posts
Showing posts with label церебрална. Show all posts

Monday, May 18, 2020

Лекарите рекоа дека нема да го дочека својот 30-ти роденден! Сет Грин е жив и здрав благодарение на канабисот!

Пациент на медицински канабис и Активист од Тенеси Сет Грин
Сет Грин е корисник на медицинска марихуана и активист од Тенеси. Тој е дијагностициран со цeребрална парализа. За него веќе зборувавме на нашиот блог во неколку наврати. Тој имаше проблеми со одењето, но успеа да ги надмине и оздраве благодарение на најлековитата и најбезбедната (забранета) билка на планетава! Ова е наше второ интервју со него


Причината за ова ексклузивно интервју е тоа што во јули оваа година ќе наполнам 30 години, а лекарите рекоа дека најверојатно нема да го диживеам и дочекам мојот 30-ти роденден. Значи, овој роденден ќе биде многу посебен за мене! Ова интервју е МНОГУ ЛИЧНО за мене, затоа што на многумина ќе им докажам дека не се во право... “ - истакнува Сет.

1. Какво е чувството кога на истите лекари кои ти го предвидеа денот на твојата смрт, кои одредија уште колку ќе живееш, пред лице им се појавуваш велејќи им дека не биле во право за канабисот и дека токму ова растение те спасило, те излечило и те одржува во здрав живот? Што велат тие?

- Јас немам никаков анимозитет кон нив или лекарите, тие само треба да ги отворат очите. Јас немам лоши чувства кон тие лекари затоа што се научени да работат на начин што ги збогатува фармацевтските компании. Како што сè повеќе лекари ќе стапуваат во контакт со пациенти како што сум јас, се надевам дека ќе започнат да се едуцираат за придобивките од канабисот и ќе започнат да се залагаат за неговата употреба за да им помогнат на нивните пациенти. Повеќето од нив не сакаат да ја слушнат вистината за ова растение и тие не се тие што треба да судат, затоа што единствениот што треба да нè суди нас е Бог! Плус тоа беше во минатото и нема да останам лут на тие доктори, затоа што треба да простуваме, да отпуштаме...

2. Дали на сите им препорачуваш канабис како лек за третирање и олеснување на сите медицински состојби и болести? Што ги советуваш пациентите?

- Да, верувам дека сите во светот треба да имаат пристап до ова растение затоа што ова растение има толку многу придобивки за луѓето во борбата со заболувањата од кои може да страдаат. Плус САД направија сојузна студија за канабис во 80-тите години и Тенеси беше една од избраните држави. Кога станува збор за родителите кои им го даваат на своите деца, верувам дека треба да им биде тоа дозволено сами да одлучат. Но, не ми се допаѓа кога родителите им даваат на своите деца само ако имаат медицинска состојба.

3. Дали си размислувал да станеш заштитно лице на некој познат канабис бренд или пак, би сакал да основаш свој сопствен бренд? Со што конкретно би сакал да се занимаваш во канабис индустријата?

- Јас не сум херој, јас само се обидувам да продолжам по вистинскиот пат за да зборувам и да направам добро за мене, но ги познавате луѓето генерално. Размислував за тоа откако завршив со моите гостувања и ќе одам на големи настани низ северно-источните држави (Охајо, Мичиген, Њујорк, Масачусетс, Пенсилванија, Конектикат), како и на запад во Колорадо и Оклахома кои штотуку ја легализираа. Јас ја започнав мојата сопствена компанија во мојата матична држава Тенеси и покрај тоа што во Тенеси не е легално сè уште, сепак започнав со CBD компанија. Значи, јас имам своја CBD компанија и не е легално во нашата држава, но ние одгледуваме.

4. Какво е твоето мислење за рекреативната употреба на канабис? Дали сметаш како нас, дека тоа е всушност превентивна употреба?

Со мајка му, Потпретседател на неговата компанија
Нејзината страница е „Jonesin For The Cure
- Да, навистина верувам дека канабисот им помага на луѓето да се извлечат од најопасните дроги како: морфиум, фентанил, метадон, кристалмет, крек, кокаин итн., затоа што разговарав со многумина низ патувањата што сум ги направил и тие ми ги кажаа нивните лични приказни, а некои рекоа дека единствениот начин на кој тие сега живеат е затоа што тие го пронајдоа канабисот и тоа им го спаси животот. Од таму од каде што тие почнуваат да тераат многу подобро во животот и да немаат рецидив и да се вратат на овие дроги, што ќе ве натераат да излезете и да правите луди работи како убиство и слично, затоа што не сте во вашата вистинска свест.


5. Дали откако ти започна со својата канабис терапија и излезе јавно со твојот проблем, се случи некаква драстична промена (кон подобро) во законската регулатива во твојата држава и во свеста кај населението за овој природен растителен лек?

- Ниту моето име не смени никакво законодавство во државата Тенеси во која живеам или воопшто Федералната Влада, но она што верувам дека го направив е дека им помогнав на луѓето да ги разберат придобивките од ова растение од спроведувањето на моите гостувања на Запад и до Север и одржувајќи ги митинзите во мојата област каде што живеам, но постарата генерација која порасна околу мојата област, како и Миленијалците (познати како Генерацијата Y), почнаа да излегуваат и поддржуваат некаква форма или мода со канабис во нашата држава Тенеси, но верувам и дека претстојнава година ќе имаме поголема поддршка за канабисот во Тенеси за да донесеме предлог-закон. Ова е една од моите главни цели, само да го сменам погледот на луѓето на оваа планета и да се обидам да ги натерам да разберат да не ни судат заради ова растение коешто ги спасило животите на толку многу луѓе и им даде причина за да живеат.

6. Како го користеше канабисот за време на твоето лекување и дали и како го користиш сега? Каква беше потентноста и канабиноидниот профил на екстрактите и тинктурите што најмногу ти помагаа и како ги користеше кога не беше целосно здрав? Дали пушиш канабис и кои врсти ти се омилени?

- За време на третманот ги користев сите форми на канабис коишто можеа да стигнат до моите раце, но главно користев масло од канабис и прехранбени продукти со канабис (edibles), како и во форма за пушење. Кога го земав, ги земав само кога моето тело имаше потреба или кога имав чувства што би ги добил од нападите на вознемиреност/анксиозност (што би довело до напади) или од церебралната парализа. Сега, да, јас пушам, но многу ретко тоа се случува затоа што сум во Тенеси, искрено не им верувам на луѓето тука кои продаваат и затоа што имам слушнато за премногу приказни не само локални, туку и низ целата земја, како зборуваат за тоа дека дилерите го ставаат канабисот со фентанил и морфиум.

7. Кажи нешто повеќе за твојот приватен живот? Дали студираш или работиш и какви планови имаш за во иднина?

Неговиот коноп во процес на претворање во лек
- Искрено сега во мојот приватен живот минувам низ една трансформација во мојот живот, така да речам, се фокусирав на повеќе други работи покрај канабисот од кога се појави оваа пандемија се обидувам да видам што друго има таму за мене и се приближив до Бога и се обидувам да му се приближам затоа што откако ќе заврши оваа пандемија и земјите ќе започнат да се враќаат на работа во нормала, верувам дека ќе живееме во различно време и морам да бидам подготвен за тоа. Моите планови за иднината се на крај да добијам Закон за медицински канабис донесен во Тенеси, како и да започнам моја сопствена компанија за канабис кога ќе стане легален затоа што веќе имам компанија за коноп во функција и верувам штом еднаш ќе добиеме медицински закон тука донесен во Тенеси дека ќе бидам чекор напред во натпреварот за да зборувам таму каде што имам толку многу конекции ширум светот и кои се во канабис индустријата, што може да ми понуди мене и на мајка ми повеќе информации за тоа како да направам подобар производ и како да го започнам нашиот бизнис.

8. Дали веруваш дека канабисот наскоро целосно ќе се ослободи на светско ниво? Што конкретно ти правиш преку твојата организација Greener Pastures Tennessee?

- И она што го правам преку мојата организација „Greener pastures Tennessee“ („Позелени пасишта Тенеси“) е само да ја подигнам свеста и да помогнам во областа за да привлечам повеќе луѓе и да им помогнам на луѓето во земјата да го добијат тоа легално. Да, верувам дека канабисот ќе стане целосно легализиран низ целиот свет до одредена мера. Но, сега и моето искрено мислење e: Светската здравствена организација заедно со FDA (Агенцијата за храна и лекови) и потоа се обидуваат да го задржат канабисот нелегален за да можат да ги задржат луѓето на лекови на рецепт, со цел да можат да ја стават својата алчна рака врз парите што ги прават од луѓето додека ги прават болни и не мора да се земе пилула за болка или слично, тоа би можело да биде редовен растителен лек за вознемиреност што не е апче за нерви, што може да им помогне на овие луѓе ако апчето ги прави да се чувствуваат чудно во нивната глава и не можат да го направат тоа што го сакаат.

9. Во нашата држава, сега Република Северна Македонија канабисот сè уште не е вистински легален, како што сите корисници би го сакале тоа, но дали тоа би те спречило да ја посетиш нашава земја и можеби да одржиш семинар преку нашето здружение на граѓани „420 Македонија“?

- Не би имал проблем да ја посетам вашата земја и да разговарам со луѓето што прочитале за мене на Интернет преку списанијата во кои сум гостувал и во многу земји и ќе помогнам да ги едуцирам и се надевам дека ќе им ги отворам на некои умовите, на оние што не сакаат да ја видат вистината за ова растение.

10. Што би сакал да додадеш (или да одземеш) за крај? :)

- И една работа што сакам да ја споменам за Трамп е дека кога тој водеше кампања да стане Претседател и штом тој беше избран тој рече дека сака да го „исуши мочуриштето“ во Вашингтон ДК и верувам во тоа и дека и Конгресмените и Конгресменките имаат свои раце врз фармацевтската трева каде што прават толку многу билиони долари секоја година од зависноста од опијати и верувам дека Трамп сака да им помогне на луѓето кои што физички и психички се претвориле во различна личност и плус тоа е растение подарено од Бога и верувам дека сите имаат право да го испробаат и верувам дека ќе нè извлече од долгови затоа што половина од државите го легализираат во некаква форма или мода и правиме трилиони долари од ова растение... И Трамп ако Вие слушате, Владата ги одзема моите верски права/верувања да го користам ова растение!


Канабисот прави чуда!

Тој тука има напад и неговата мајка му става тинктура во устата и може да се види дека тој се смирува

Од добивање насилни напади (тресење и борба за здив, до џвакање на неговиот јазик, слушање на неговите коски како пукаат/крцкаат) до овие типови, каде изгледа дека тој е само во неговиот мал свет

Еве еден од неговите насилни напади

Видео од него кога бил во Колорадо да се лекува


Новинар и Активист: MoniQue Konopova
* Посетете ја мојата страница: Monique Konopova
Соговорник, Пациент и Активист: Seth Green



Не ни верувајте! Изгуглајте го ова! Патент #6630507


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Сет Грин од Greener Pastures Tennessee вели дека ова растение ќе извади многу земји од долгови!

Seth Green from Greener Pastures Tennessee says that this plant will bring a lot of Countries out of Debt!

Сет Грин успешно се бори со церебрална парализа со помош на екстракт од канабис!

Мајка користи домашен екстракт од марихуана за лекување на 19 хронични болести кај ќерката




Monday, August 7, 2017

Сет Грин од Greener Pastures Tennessee вели дека ова растение ќе извади многу земји од долгови!

Ние веќе зборувавме за Greener Pastures Tennessee, но со цел да дознаеме повеќе за Сет Грин (Seth Green) и да провериме како е и што размислува за моменталната ситуација со процесот на легализација/декриминализација на канабисот во Македонија и во светот, му поставивме неколку прашања:




Сет Грин е вистински револуционер!
420 Macedonia: Во Македонија веќе имаме некои CBD производи достапни без рецепт, но вистинското масло како целосен екстракт со THC и понатаму останува нелегално, па законот сè уште ги третира пациентите како криминалци ако се фатени додека ги спасуваат своите драгоцени животи. Што треба да правиме?

Сет Грин: Верувам дека во вашата земја, она што го прави Владата со ТХЦ и канабисот воопшто е чувањето на истите под контрола поради тоа што тие не сакаат луѓето да знаат што може целото растение канабис со THC да направи. Како што велам, секој е различен и мора да го најде вистинскиот вид на канабис. Понекогаш ќе треба да имате повеќе од THC соединението во билката за вас (во зависност од лицето и вашето ДНК). Мислам дека луѓето од земјата мораат да испраќаат е-маилови со службениците и да им кажат зошто им е потребно ТХЦ поради твоите болести и ДНК. Имаме сопствена форма на канабис во нашето тело кога се раѓаме.


420 Macedonia: Секоја марихуана билка има медицински придобивки, секоја марихуана билка има канабиноиди, така што секоја употреба е медицинска ... Пушењето канабис е исто така добро за некои состојби. Дали исто така мислиш дека рекреативната употреба на канабис треба да се смета за форма на медицинска употреба, во повеќето случаи за спречување на многу болести кои се јавуваат како резултат на ендоканабиноиден дефицит? Дали исто така пушиш канабис да се ослободиш од твоите ментални и физички болки како дополнителен третман заедно со твоето масло?

Сет Грин: Се сретнав со многу луѓе за време на моите патувања на кои зборував за Канабисот. Мислам дека луѓето што го користат за рекреативна употреба треба да се гледаат како медицински корисници исто така. Бидејќи сметам дека иако немаат здравствени проблеми и го користат, тоа ќе им помогне нивното тело да стане многу поздраво за да не мора да одат и да си направат картичка за употреба на марихуана. Тие можат да го користат Канабисот за рекреативна употреба, како што луѓето ги користат апчињата без рецепта за спиење или болки или што и да е во конкретниот случај.


420 Macedonia: Каков вид на масло користиш за твојата состојба? Кој е соодносот на канабиноидите и другите медицински соединенија во твојот екстракт и дали беше лесно да го пронајдеш вистинскиот сооднос и дозата за тебе?

Сет Грин: Па, каде што живеам во нелегална држава, тешко е да се знае што добиваш или од кого го добиваш тоа. Значи, кога станува збор за користење на масла, морам да чекам шанса да се вратам во држава со легална медицинска марихуана за да ги користам маслата. Кога ќе го направам тоа, ќе земам 2 зрна ориз. Понекогаш повеќе, во зависност од тоа какво чувство ми даваат.


420 Macedonia: Зошто, според тебе, лекарите сè уште препишуваат смртоносни лекови коишто создаваат зависност кај пациентите и повеќето од нив прават поголема штета отколку добро? Не е забележан ниту еден смртен случај којшто некогаш бил предизвикан од канабис (и нема да има) и поради безбедноста на лекот канабис, сметаме дека за секоја болест прво треба да се проба со канабис!

Сет Грин: Мислам дека причината зошто лекарите не само во Соединетите Американски Држави и во вашата земја Македонија го прават тоа е затоа што тие извршуваат наредби од избраните службеници и законите на државите и на избраните службеници им се потребни за да можат да имаат средства кои ќе им помогнат тие да останат на функција или да се кандидираат за функција (компаниите за апчиња ѝ даваат пари на Владата). Јас разговарав со некои многу паметни луѓе во индустријата. Вие никогаш не можете да се предозирате со Канабисот. Луѓето од Колорадо и од другите држави ми кажаа дека ти требаат 15.000 џоинти одеднаш за да се случи предозирање и не мислам дека некој може да испуши толку многу за еден час. Да, јас верувам дека секој треба барем да му даде на канабис обид пред употребата на (Отровните Апчиња).


Време е да се приклучиш во мисијава!
420 Macedonia: Што според тебе секој треба да прави секојдневно за да го забрза процесот на целосно ослободувањето на растението канабис?

Сет Грин: Им кажувам на сите, без оглед на тоа во која земја се или во кој дел од светот. Дека ако тие имаат било какви болести, да стапат во контакт со нивните државни лидери да им кажат од што страдаат и дека тие треба да им укажат на здравствените службеници да дознаат повеќе за тоа и да разберат дека тоа е природен лек кој е на оваа Земја со илјадници години.


420 Macedonia: Како ти се допаѓа нашето движење за целосна декриминализација на канабисот во Македонија и во светот? Како ти се допаѓа нашата Фејсбук фан страница и нашиот блог?

Сет Грин: Го љубам тоа што повеќе Земји во Европа и Блискиот Исток се вклучени во движењето и го менуваат начинот на кој се гледа на канабисот. Луѓето во вашата држава полека сфаќаат дека тоа е она што е потребно за да ја извади земјата од долг и сè останато. Вашата Фејсбук страница ќе достигнува повеќе и повеќе. Канабис борците се тие кои го распространуваат гласот. Така што Вашата земја ќе има повеќе луѓе вклучени во движењето и ќе биде подготвена да застане за она што е во исправно.


420 Macedonia: Твојата порака до светот?

Сет Грин: И мојата порака е едноставна. Луѓето од оваа планета треба да сфатат дека оваа билка ќе извади многу земји надвор од долг и тие ќе видат дека вистинската злоупотреба на супстанци не е канабисот, туку таблетите за болки, Метамфетамин, Крек и сл…….. Мислам дека скоро сите Нации коишто се против канабисот и сакаат да остане нелегален бидејќи не сакаат да се соочат со фактот дека се обидуваат да ги откријат неговите медицински својства.

Monday, June 5, 2017

Сет Грин успешно се бори со церебрална парализа со помош на екстракт од канабис!

Сет Грин започнал да користи канабис уште кога бил во средно училиште, но пушењето канабис не е доволно за успешно справување со неговата состојба. Тој исто така има пробано речиси сè за да биде поздрав. ТОЈ СФАТИ ДЕКА КАНАБИСОТ Е НАЈУСПЕШЕН И НАЈБЕЗБЕДЕН ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА!


Сериозно болниот (од раѓање) пациент со церебрална парализа Сет Грин (Seth Green) од Тенеси кој има 27 години доста долго време ја информира јавноста преку неговата Фејсбук страница за тоа дека канабисовото масло е најдобриот природен лек за сите кои страдаат од истата болест како самиот тој - церебрална парализа. Тој не боледува само од оваа состојба, тој со канабис успешно ги контролира и останатите негови состојби, за кои тој легално треба да пие еден тон штетни, смртоносни фармацевтски лекови. Сет постојано има епи-напади, сколиоза, има преживеано мозочен удар, страда и од мултиплекс склероза, како и анксиозност и депресија.

КАКОВ ПАРАДОКС! За жал, во неговата држава канабисот сè уште не може легално да се користи како лек, па затоа Сет е принуден да се снаоѓа како знае и умее... Лекарот на Сет му препишал канабис, но тој не може да го купи во државата во која живее, ниту пак му е дозволено самиот да го одгледува ова чудотворно Божјо растение! Има денови кога тој не може да дојде до својот лек, па во еден приватен разговор со нас тој ни призна дека нападите се нешто кое најмногу му пречи во секојдневното нормално функсионирање и затоа тој сака целиот свет да дознае за неговата сторија и за тоа дека КАНАБИСОТ Е НАЈУСПЕШЕН И НАЈБЕЗБЕДЕН ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА!

Сет Грин започнал да користи канабис уште кога бил во средно училиште, но пушењето канабис не е доволно за успешно справување со неговата состојба. Тој исто така има пробано речиси сè за да биде поздрав. Тој пробал своите напади да ги лекува и со конвенционалните фармацевтски лекови за епилепсија, како и за анксиозност и депресија. За среќа на време тој самиот на своја кожа се уверил дека канабисот е една билка која успешно истовремено ги санира сите негови состојби без употреба на никакви додатни синтетички лекови. „Лековите против епилептични напади всушност ми причинуваа да имам уште повеќе напади и лекот против депресија ме направи да сум целосно различна личност. Па, јас само ги собрав сите лекови и ги исфрлив. Јас порадо ќе страдам отколку да земам лекови произведени од човечка рака коишто го трујат моето тело“ - истакнува Сет во едно интервју.

Според оваа изнапатена душа, најважниот проблем со кој се соочуваат пациентите на кои им е потребен канабисот е власта во секоја држава. Според него избраните функционери, чија задача е да работат во име на народот, а пред сè оние на кои најмногу им е потребна помош, треба да се исфрлат надвор од нивните канцеларии, поради тоа што се финансирани од страна на компаниите за апчиња. „Изгласаните службеници го контролираат пристапот до канабис за толку многу луѓе, и фармацевтските компании имаат толку многу политичари во нивните задни џебови, во овој момент од времето“ - додава Сет.

Сет секојдневно се бори не само со неговите здравствени состојби, туку и со конзервативноста на луѓето. Поради тоа тој постојано објавува информативно-едукативни објави и врши притисок буквално секаде каде што ќе стигне и на секаков можен начин како знае и умее. Тој се бори не само за себе, туку за сите во слична или иста позиција како неговата. Овој млад херој е жив пример дека светот може да се промени и дека гласот на поединецот често пати е посилен од галамата на групата. Тој смета дека скептичните луѓе треба да ги отворат своите умови повеќе и да размислуваат за пошироката слика. „Има милиони луѓе кои страдаат без потреба, или кои се предозираат со апчиња. Никогаш немало никакви случаи на смрт од канабис; тој е целосно природен и помага во третирањето на стотици болести. Канабисот е докажан дека е побезбеден од лековите произведени од човекот. 


Ние треба да им дозволиме на луѓето кои одбираат канабис наместо фармацевтски лекови да имаат вистински глас за она што се случува; тие се оние кои земаат безбеден лек и сакаат вистински и безбеден пристап за исцелување, за сите. Тоа не само што ќе помогне во областа на медицината, но тоа може потенцијално да донесе милиони долари на државите на коишто тоа им е потребно за патишта, училишта и повеќе“ - заклучува Сет.

Постои уште една причина поради која Грин стана толку силен поборник за слободна употреба на медицинскиот канабис. „Фактот дека канабисот е растение создадено од Бога за нашето исцеление и дека е нелегално тоа ја крши мојата верска слобода. Во Библијата, има референци за канабисот. На пример, светото масло за миропомазание е опишано во Exodus 30:22-23 е направено од супстанца идентификувана како канабис од страна на истражувачите. Во Новиот Завет, Исус ги намастил своите ученици со масло и ги испратил да го прават истото. Евангелие според Марко 6:13 вели: „И тие истераа многу демони, и помазаа со маслото многумина кои беа болни, и да ги излечија“. Зошто нешто толку природно да биде нелегално?“ - дополнува Сет.


Никој не е безгласна буква во општеството! СПОДЕЛИ го овој текст! Помогни секој да биде слушнат!!! Биди пример! Биди хуман/а! Биди личност каква што сакаш другите да бидат!