Сакаме од блиску да ви го претставиме французинот Николас Треинербис (Nicolas Trainerbees) којшто е тренер на „канабис пчели“. Со самото тоа тој создаде една сосема нова професија! Тренирањето пчели за да собираат екстракт од канабис цветовите од што прават превкусен и прездрав канамед (cannahoney) не е лесна работа, но е доста интересна и корисна за многу пациенти, па вреди да се дознае како сето тоа се одвива. Токму затоа го споделуваме со вас најновото интервју со Николас за порталот International Highlife:
International Highlife: Здраво Николас! Кажи ни нешто за себе.
Nicolas: Јас љубам да учам од животните и инсектите и јас тоа го правев уште од мојата младост. За мене, обидот да се направи симбиоза помеѓу мене и животното или инсектот што го проучувам е мој прв приоритет, кога јас сакам да дознаам повеќе за нив. Имам изучувано многу риби, инсекти и растенија - бидејќи природата е толку убава!
International Highlife: Што можеш да ни кажеш за тоа како ги тренираш своите пчели? Како започна, што те натера да го испробаш тоа?
Nicolas: Еден од моите пријатели (кои се пушачи на трева) ме праша во далечната 2007 дали е возможно да се направи вистински канамед. Јас првин реков дека тоа е невозможно, бидејќи смолата не е шеќер. Тоа беше само после многу, многу обиди (и јас најпрво требаше да ги тренирам моите пчели да прават мед од овошки, а не цвеќиња), но шест години подоцна, јас научив како да ги истренирам да се хранат од канабис билките.
Николас :) |
International Highlife: Дали е тешко да се истренираат пчелите? Колку си успешен во целост?
Nicolas: Секако дека не е природно за пчелите да одат по канабис билките. Секој ден се раѓаат по две илјади пчели, овие пчели треба да бидат обучени веднаш штом ќе го напуштат улиштето - и пчелите имаат краток животен век од помалку од два месеци! Секој ден, тоа е два часа работа за да се истренираат, само за да соберат 3 кг од канамедот на крајот!
International Highlife: WOW. Па ние сфаќаме дека канабис билките всушност не произведуваат нектар. Со што точно се хранат пчелите и за што го користат тоа?
Nicolas: Пчелите се обучени да ја собираат смолата од канабис билката за да прават прополис. Прополисот е специјална леплива материја направена од пчелите од смолата на дрвјата и растенијата - тие го користат насекаде во кошницата!
International Highlife: Според неколку студии, пчелите немаат ендоканабиноиден систем - но дали тие може да имаат придобивка од терпините и другите состојки што ги произведува канабисот?
Nicolas: Можеби, бидејќи тие ја џвакаат смолата кога ја собираат! Можеби тоа е зошто ние откриваме терпински оцимени во високи нивоа во канамедот...
International Highlife: Па, ти го тестираше твојот мед за да се осигураш дека има THC? Какви се резултатите?
Nicolas: Да, јас имам направено неколку лабораториски тестови на канамедот - резултатот беше добар. На долниот крај 0,3 % и на највисокиот крај 1 %. Сега, јас знам дека ако го собирам медот кога е зрел, дел од THCA претрпува декарбоксилација поради топлината од кошницата во текот на тринеделниот период за време на кој пчелите треба да го исушат медот!
International Highlife: Фасцинантно! Па, дали си свесен за пациентите на кои им треба медицински канабис коишто го користат твојот мед? Ако да, дали тие пријавуваат добри резултати?
Nicolas: Некои пациенти го имаат пробано, но само за краток период. Некои кои страдаат од анксиозност велат дека тие се чувствувале подобро по употребата. Тоа е интересно - многу други инсекти можат да бидат истренирани да собираат смола. Јас исто така работам со полжави и мравки! Но, јас немам никаква финансиска поддршка и јас не сум спонзориран, па јас работам бавно на моето истражување.
Поддржете го Nicolas Trainerbees со тоа што ќе го споделите овој текст и ќе ја лајкнете неговата страница на Facebook!
No comments:
Post a Comment