Термините Cannabis sativa L. и Cannabis indica Lam. биле создадени за да се разликуваат овие две врсти на семејството Cannabaceae. Сличноста на сите канабис билки е дека секоја канабис билка, без разлика на која врста ѝ припаѓа, е лековита. Треба пред сè да се водите според тоа за што ви треба лекот, какви заболувања сакате да третирате, па во однос на тоа која/кои врсти ќе ги одберете - ќе го прилагодите одгледувачкиот простор. Постојат повеќе клучни разлики помеѓу сативите и индиките: како изгледа самата билка, како изгледа цветот и листот, како расте, па сè до тоа каков ефект му даваат на корисникот. Нашиот тим 420 Macedonia направи мало истражување на разновидните генеалошки и научни податоци за да ги проучиме денешниве видови канабис од минатото во нивната оригинална животна средина од која првично потекнуваат и еве дојдовме до овие заклучоци:
Потеклото на Индиките и Сативите
Додека не постои начин за точно да се дефинира колку долго канабисот постои на оваа планета, најраните докази за употребата на канабисот од страна на човекот датираат илјадници години назад кон далечниот Исток. Потеклото на домородниот канабис се смета дека е од Јужна и Централна Азија, со дивиот канабис кој се протега од Блискиот Исток до Кина и Монголија, па понатаму на Север. Но, како е возможно разни видови на канабис да се развиваат одделно околу истите земјини пространства?
Како сите живи организми, канабисот исто така еволуирал и се прилагодувал на животната средина и тоа го прави до ден денес (како сите останати живи организми, вклучувајќи нè и нас самите). Родните предели на канабисот лоцирани со релативно блиска оддалеченост едни од други, а врстите се разликуваат меѓу себе. Како? Одговорот зошто секој вид еволуирал поинаку лежи во нивните различни климатски фактори на потекло. Климатските услови значително варираат поради географските разлики - започнувајќи од подножјето на Хималаите, до низините на долините Хинду Куш, па сè до врвовите на планините Риф во Мароко.
Култивирање и физички аспекти
Еволутивните трендови им помогнаа на најраните канабис билки во поглед на размената на гасовите, а тоа доведе до зголемување на нивната стапка на фотосинтеза, која пак доведе до зголемување на производството на семе и цвет, со што канабисот го обезбедува соствениот опстанок и напредок на своите видови. Денес на сличен начин како што тоа се одвива во природата, одгледувачите на марихуана ги користат еволутивните карактеристики на индиките и сативите за да ги зголемат своите приноси коишто во најголема мера зависат од начинот на одгледување и животните услови за растење во нивните градини/гроу боксови.
Оние кои љубат индор одгледување (во затворен простор) можеби сакаат пократки билки, поради ограничениот простор за растење, па затоа можеби преферираат индика врсти канабис. Оние одгледувачи кои повеќе љубат да одгледуваат аутдор (во надворешни услови), поради тоа што најчесто се соочуваат со жешка и влажна клима, повеќето од времето одбираат сативи.
СОВЕТ 1: Надворешните одгледувачи ќе сватат дека позбиените, цврсти и густи индики се поотпорни на штетниците од градината, додека внатрешниот одгледувач ќе дојде до заклучокот дека тенките и нежни сативи се поотпорни на мувла, особено на прашкастата мувла во одгледувалиштето.
Сè зависи од условите на животната средина на растечкиот простор и индивидуалните карактеристики на избраните врсти од страна на одгледувачот. Па, дури и тогаш, резултатот не е толку предвидлив поради повеќе фактори, пред сè бидејќи секој генотип има можност да развие и појави нови особини (или фенотипови) кои можат да се разликуваат неизмерно од нормата кога растенијата се одгледуваат во услови на кои тие не се навикнати.
СОВЕТ 2: Билките одгледувани со МНОГУ ЉУБОВ, секогаш даваат поголеми приноси и имаат многу полековит ефект! ;)
No comments:
Post a Comment