Гледајќи го овој документарен филм за канабисот насловен во превод „Канабис - Растение на луѓето“ помагате во унапредување на канабис индустријата. Целта на овој краток документарен филм е да ја разгори дебатата и многу потребниот дијалог за неверојатниот потенцијал на растението канабис. Овој филм помага во засилувањето на руралните и маргинализираните заедници и во реализирањето на економската револуција што луѓето со нетрпение ја чекаа!
Порано канабисот беше вообичаен лек за многу дијагнози, како ЕПИЛЕПСИЈА! |
Што е тоа канабис? Од каде доаѓа оваа лековита билка? Што може канабисот да ни понуди? Овој филм ги дава сите одговори на овие и на многу други прашања. Во овој документарен филм можете да ги видите сите нови современи намени на ова растение - коноп/канабис во сите индустрии и сфери од животот што му се познати на човештвото и како може да ни помогне да станеме поздрави, затоа што не само што може да се користи за правење лекови, туку и за правење ХРАНА и многу друго! Може да ја направи околината во која живееме и нашиот свет почист и да помогне во зачувувањето на еко системот, со производство на: цигли од коноп наречени хемпкрит, изолација, конопна пластика, конопно гориво, текстил... Конопот ја деконтаминира почвата и ја прочистува околината од радијација и други штетни зрачења. НЕВЕРОЈАТНО, А СЕПАК ВОЗМОЖНО! Погледнете го филмот што го вметнавме во продолжение на оваа рецензија! ТУКА!
Еве го филмот: „the Peoples Plant“!
Ова растение е создадено за човекот да го користи! Листот има форма на дланка, ова не е случајно... |
Ова е краток, но многу поучен филм! Со посветување на само 28 минути од твоето време, можеш да ја разбереш целата суштина на потребата за ослободување на ова растение, бидејќи сè е објаснето, споменати се сите придобивки, поткрепени со изјави на експерти од разни области. Откако ќе го изгледаш овој филм, те молиме сподели го на социјалните мрежи за секој да може да се информира. Овој филм е создаден за да се прослави актот од Уставните судови со што им се дозволува на сите јужноафриканци да одгледуваат и користат канабис во приватноста на своите домови. Фондацијата Афристар (Afristar) е горда што е снимен овој документарен филм во продукција на Николас Хајнаман (Nicholas Heinamann), режисер - Нил Вебстер (Neil Webster), книга на снимање - Адриан Чарлс (Adrian Charles), уметнички соработник - Бонита Едвардс (Bonita Edwards), поддржан од страна на движењето за легализација „Calm Cannabis Acceptance Movement“.
ПОРАНО СЕ ПРОДАВАЛЕ ЦИГАРИ ОД КАНАБИС ПРОТИВ АСТМА ВО АПТЕКА!!! |
Канабисот е растение со многу имиња и уште повеќе намени. Се користи повеќе од 7 илјади години од страна на човекот. Само во овој последен период од помалку од 100 години оваа билка е глобално забранета од фармацевтската индустрија, ширејќи лажна негативна антипропаганда против канабисот заснована на дезинформации и митови. Но, сега канабисот/конопот прави кам-бек, се враќа во речиси секоја индустриска гранка, помагајќи им на луѓето на многу начини, особено на оние од третиот свет, создавајќи нови работни места за невработените. По 70 години владини ненаучни лаги и заблуди за канабисот, сега Ве запознаваме со ЗЕЛЕНАТА ИДНИНА, која може да ги засили руралните области, не само во Јужна Африка, туку и насекаде во светот, па дури и во нашата (Северна) Македонија.
Ова е плакатот од истоимениот филм. КЛИКНЕТЕ НА СЛИКАТА за да ја видите во поголемо издание! |
Професорот Доналд Абрахамс (Donald Abrahams), Директор на одделот за хематологија-онкологија при Општата болница во Сан Франциско истакнува пресреќен, со насмевка на неговото лице: „Од моето лично искуство можам да кажам дека пациентите имаат големи придобивки од користење на канабис. Дефинитивно функционира! Можам да кажам дека подобро е оние пациенти да пробаат еден лек, наместо да им се препишуваат шест или седум различни лекови кои можат да комуницираат негативно во меѓусебната корелација (интеракција). И ги прашувам пациентите со карцином што Ви носи радост? А, бројот на луѓе што живеат со карцином кои ми кажуваат дека градинарството им носи радост не е незначителен. Мислам дека ако умирате или дел од Вас умрел, можноста да се донесе живот од земјата и да го одгледуваат сопствениот лек тоа е многу круцијално“.
Ендоканабиноиден систем со ЦБ1 и ЦБ2 рецептори! |
Слушајте што вели ботаничарот Грег Николсон (Greg Nicolson) за ова растение: „Забраната за индустрискиот коноп нема никаква логична смисла, бидејќи нема психоактивни својства и може да биде потенцијално крајно корисна и продуктивна култура“ - вели тој. Д-р Марлон Гермон (Marlon Germon), општ лекар вели: „Сите цицачи имаат ендоканабиноиден систем, па дури и некои други видови на животни и тој е составен дел на нашата физиологија и нашата еволуција. Ендоканабиноидниот систем е суштински елемент за одржување на хомеостазата, за одржување на рамнотежа во организмот“.
Дознајте повеќе за употребата на семето од коноп и како тоа се трансформира во најразлични прехранбени производи! Канабисот/конопот е најдобриот извор на протеини за вегетаријанците и веганите, семето, исто така, содржи огромна количина омега три масни киселини - омега 3, 6 и 9 - вели Питер Даниел (Peter Daniel), ко-основач на компанијата Superfoods. За него ова растение не е само лек, за него тоа е зеленчук, заради неговата хранлива вредност и моќ! Тој вели дека листовите имаат многу минерали, па затоа е совршен за подготовка на домашни цедени сокови, каши и смуди.
Џулс Харис (Jules Harris) од The real Food Factory - е жена која има сопствен бизнис за производство на песто и сосови од семе од коноп и други органски состојки, како јаткасти плодови и ни покажува како тие се прават. Друга употреба на растението канабис е производство на козметика, сапуни и шампони. Амелија Карг (Amelia Karg) основач на Hemptons вели дека маслото од семе од коноп има огромна количина на витамин Е и многу лесно се впива во кожата.
Значи ова е филм за истражувањето на канабисот во Јужна Африка и што му нуди на човештвото од економски, социјален и еколошки аспект. Производителите започнаа да ја „деколонизираат даггата“ (канабисот) со намера цврсто да ги внесат можностите на ова растение во националната дебата како олеснувач за намалување на сиромаштијата и создавање нови работни места. Ова не е приказна, туку животна вистина, факти, научно верифицирани докази за провокација на размислување. Филмов го остава гледачот да се запрашува што ја спречува Јужна Африка, Македонија, па и целиот заостанат свет да ја прифати оваа билка како единствен мобилизатор за создавање работни места, како лесно обновлива и еколошка биоразградлива индустриска суровина, т.е. како нов ланец на вредности, за брзо засилување на нашата смалена земјоделска економија.
Филмот се фокусира на современите начини на употреба на канабисот и како оваа античка култура е повторно откриена за да стане модерна успешна приказна во земјоделството, здравството и за подобар економски развој. „Ние ги разоткриваме и откриваме вистините кои се докажани во многу делови на светот, кои илустрираат како канабисот стана чудо што може да се одгледува на маргинализираната земја со неверојатни резултати, создавајќи невидени можности и нови вредности за рурална регенерација“ - велат авторите на филмот.
Фондацијата Afristar & Fixer Film го претставија својот 28-минутен документарен филм „Cannabis - the Peoples Plant“ (великодушно финансиран од Националната комисија за лотарија) за да ја покажат улогата на канабисот како економски и социјален двигател, со потенцијал да обезбеди работа и мноштво можности како извор на: храна, гориво, растителни влакна и лекови за сиромашните и невработените во Јужна Африка и насекаде во светот.
Активист, Уредник и Новинар: MoniQue Konopova
Извор: Afristarfoundation
ReplyDeleteBest cookie punch Summer y- edition online.
Best orange creamsicle summer edition near me.
Best place to order big chief extracts online.
Best nerds grape strawberry near me.