Saturday, May 23, 2020

ГОДИНА во ќелија поради 14 грама трева за КОНОПОВА, додека канабис бизнисот во „РCМ“ си цвета...

Затворска ќелија А-3 во Шутка може да ја добиете ако ве фатат со 14 грама канабис! Условите се ужасни, како во турска апсаана од пред 100 години. Плус ќе си одлежите и една година во Идризово каде што условите не се ништо поарни...


Моника во притвор - Шутка
КПУ Затвор „Скопје“ - Скопје
Меѓутоа, ако ја уценувате целата држава тогаш ќе добиете ќелија во хашкото одделение, каде што условите се многу подобри, а за затворска казна во Идризово нема ни да стане збор. Срамота за системот, судството, обвинителите, бранителот, полицијата. Срамота за државата во целост. Срамота за сите граЏани и граЏански здруженија, кои при очи се прават слепи за гадотииве што ги прават и толерираат.


Да ви се плукнам!




Додека бизнисот на легалните компании со лиценца цвета во Македонија и додека докажано е веќе дека секоја употреба е медицинска, сепак користењето на канабисот за рекреативни цели е кривично дело и казниво е со затвор, а марихуаната се изедначува со тешките синтетички дроги, како што се кокаинот или хероинот.

Како е во македонските поправни установи, кои ги „оправаат“ интелектуалците и активистите за целосно да го спречат слободоумието и слободата на говорот? Во врска со ова прашање надоврзувајќи се комично на моменталната ситуација со полицискиот час поради „пандемијата“ со КОВИД19 којашто може да се стави под контрола со помош на канабис, како што велат научните истражувања, на својата фејсбук страница Моника изјави: „Сѐ е исто ради политичкиот час, само што сега нема решетка... Барем плата од 300 ден имав...

Новите лични карти на
Северна Република Македонија
Извадок од Порталот „Мета.мк“: “Борбата” за легализирање на канабисот не била лесна за Моника Конопова. Таа повеќе пати завршила зад решетки, за ова е горда и вели дека ова е само почетокот на нејзиниот активизам. Моника таму изјави: „Според мене, се наоѓаме на половина пат од легализирањето на канабисот. Сега редот е на нашите политичари, пратениците кои треба да ги изменат законите што иритираат кои што канабисот го рангираат на исто ниво со синтетичките и опасни и смртоносни дроги” вели Конопова, активистка од Здружението на граѓани „420 Macedonia“.

На прашањето за Порталот „Пулсот на мастилото: Поголемиот дел од затворениците во Македонија се соочиваат со проблем при наоѓање на работа после излегувањето од затвор. Дали си размисливала да создадеш проект преку кој поранешните затвореници ќе ги покажат своите таленти пред лицето на јавноста? Моника Конопова одговара: „Да бидам искрена, таа мисла повеќе пати ми се вртеше низ глава додека бев таму и додека по цели денови гледав во ѕид или во таван, кога не можев да читам книги. Не ги осудувам осудениците за нивните дела, секој има право на грешка, имале свои причини да ги сторат делата, но таму сватив што се вистински злосторници, злобници и злонамерници… Цела година бев опкружена со убијци, крадци, разбојници, во крајно нехумани мизерни услови, со бубачки насекаде, лоша и оскудна храна (една сардина и нарезок се дели на две порции) искршени прозорци и генерално понижувачки однос од страна на затворската полиција – тоа мора да се подобри. За среќа не се сите осуденици такви, се сретнав и со нормални луѓе со големо срце и душа како мене, кои ете од икс причини се нашле таму, кои ми останаа до ден денес пријатели.

Конопова зад решетки
во КПУ Идризово
За мене лично не верувам дека ќе имам проблеми во наоѓањето работа, затоа што имам квалификации и високо образование и сакам легално да работам во канабис индустријата во Македонија, во областа заради која бев притворена, бидејќи немав „лиценца“ и тоа што ми се случи е само пат кон остварување на таа цел. Што се однесува до затворениците, запрепастена сум од бројот на необразовани! Има затворенички кои не знаат ни самите да се потпишат, а нашава држава не прави ништо во врска со тоа… Се одржуваат курсеви за пекари, за фризери, за готвачи, но за жал не постои начин барем оние со поголеми казни да имаат можност забрзано да го завршат основното образование, барем да научат да читаат и пишуваат додека се таму и да излезат од таа поправна установа со неков сертификат за завршено основно образование, со што би можеле да најдат некаква работа многу полесно… Токму поради тоа и се осудени да станат повратници, да го повторат делото, бидејќи мораат да се прехранат и некако да опстанат… Со тоа можеби би се занимавала понатаму во животот, како една од моите следни мисии и решена сум дека кога јас ќе имам мој бизнис, предност ќе им давам токму на лицата коишто биле во затвор!“.

Извадок од Порталот „Женски Магазин: За јавноста e позната како девојката со џоинтот, вели дека се гордее со таа етикета, а и беше доделена кога спонтано одлучила да се сними како пуши џоинт на улица (видео во живо на Фејсбук), додека одела на разговор за работа. Но, сепак смета дека и била нанесена неправда со тоа што беше осудена на казна затвор, бидејќи покрај нехуманите услови таму, вели дека тешко е сега да најде работа бидејќи е обележана со криминално досие. Конопова изјавува: „Сега како и пред да ме затворат, работам симултани и судски преводи, бидејќи сум судски преведувач за македонски-полски јазик и обратно, се снаоѓам, плус тешко е да се најде работа кога веќе си обележан со криминално досие... Но, не престанувам да верувам во себе, во моите квалификации и во она што го правев и правам, и навистина сметам дека ми е нанесена голема неправда со тоа што бев осудена на цела година затвор! Додека на компаниите кои имаат лиценца може да се каже легално им цвета бизнисот, јас за 14 грама цвет од канабис за лична употреба најден во мојот дом, добив цела година, опкружена со тешки злосторници, во мизерни услови со затворска служба за обезбедување која се однесува крајно нехумано... Но, ете издржав, Бог и ангелите се на моја страна, јас само сакам најлековитото растение на планетава целосно да се ослободи! Тие што сакаа да работам за/со нив и претходно сега сакаат уште повеќе затоа што сум исполнителна личност која цврсто стои зад своите ставови. Целта ми е да работам во легалниот канабис бизнис, а на тие луѓе им е потребно моето знаење, па моето досие толку не им пречи.“.


Напиша активист: Зоран Велковски


Последната пресуда на Моника


Има денови кога отворено одделение е позатворено од затворениот третман!

Моника во Идризово - шахти на секој чекор, па да ова е затвор - не е хотел, како што велеа командирките, кои ја присилуваа да ги риба плочките во холот на колена со четка...


Отворено одделеление во Женскиот дел има дворче едвај 10 на 10 м2...


Затворскиот кревет на Моника во Идризово


...спомени од Шутка...


...спомени од Шутка...

...спомени од Шутка...

Македонија штом апси активисти - не ја интересира здравјето на народот!
Моника е Претседател и основач на здружението за демистификација на канабисот „420 Македонија - Скопје“ и нејзиното место не е во затвор!


Моника е дипломиран новинар - првенец на генерација!

Моника е магистер по филмска продукција. Таа сега има хорор искуство...

Активистката Ристеска по речиси 24 часа во станица, спроведена пред судија (првото апсење)

Моника Конопова по една година затвор...


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:










1 comment: