Античките Израелци палеле канабис како дел од нивните религиозни обреди, открива археолошка студија. Се верува дека канабисот бил спалуван за да предизвика психоактивен ефект кај верниците за полесно поврзување со Бог
Остатоци од канабис се пронајдени на олтарот од храмот во Арад |
Добро сочуваната супстанција пронајдена во храмот стар 2.700 години во Тел Арад е идентификувана како канабис, вклучувајќи го и неговото психоактивно соединение, канабиноидот тетрахидроканабинол - THC. Истражувачите заклучиле дека канабисот најверојатно бил горен за да предизвика еуфорично чувство кај верниците. Ова е прв доказ за употреба на психотропни лековити билки кои се користеле во раната еврејска богослужба, пренесуваат израелските медиуми.
Храмот за прв пат е откриен во пустината Негев, на околу 95 километри (59 милји) јужно од Тел Авив, во 1960-тите. Во најновата студија објавена во археолошкото списание на универзитетот Тел Авив, археолозите велат дека биле закопани два олтари од вар во храмот. Делумно благодарение на сувата клима и закопувањето, остатоците од жртвените паленици беа зачувани над овие олтари.
Темјан беше пронајден на еден олтар, што не беше изненадувачко поради неговата важност во Светите Писма, изјавија авторите на студијата за израелскиот весник Haaretz. Сепак, тетрахидроканабинолот (THC), канабидиолот (CBD) и канабинолот (CBN) - сите активни соединенија (канабиноиди) кои природно се јавуваат во растението канабис - се пронајдени на вториот олтар. Студијата додава дека наодите во Тел Арад сугерираат дека канабисот, исто така играл улога во обожувањето и славењето за време на верските обреди во храмот во Ерусалим.
Ова е затоа што во времето кога храмот во Арад беше дел од тврдината на ридот при јужната граница од Кралството на Јуда и се вели дека одговара на смалената верзија на библиските описи од првиот храм во Ерусалим. Остатоците од храмот во Ерусалим сега се недостапни за археолозите, така што наместо тоа, тие го изучуваат Арад и други слични светилишта и храмови за тоа да им помогне да го разберат обожувањето во поголемиот храм.
Автор: MoniQue Konopova
Извор: BBC
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
* Малку забранета историја: Канабисот и војната во 1812 година
* ФОТО од 1910 година: Парижанка со нејзината мачка во нејзината канабис градина!
* Откриени се златни бонгови од Ариевски цар!
* 9 докази дека Исус Христос ја користел Божјата билка за самолекување и исцелување на неговите следбеници
* За Фестивалот во Непал каде пушењето марихуана е светост!
* Делчевчанецот Перо Археолого Неолитски раскажува за неговото лично искуство со природниот лек канабис
ReplyDeleteBest cookie punch Summer y- edition online.
Best orange creamsicle summer edition near me.
Best place to order big chief extracts online.
Best nerds grape strawberry near me.