Терпенот кариофилен е присутен во многу билки и зачини, вклучувајќи: црн пипер, босилек и оригано, а врстите канабис со високи нивоа на овој терпен му даваат зачинета, забавна топлина на носот, слична на цимет и каранфилче. Тој е единствениот терпен познат по тоа што се однесува како канабиноид, бидејќи може да го активира нашиот ендоканабиноиден систем
Кариофиленот дава лута зачинета арома |
Уникатен профил на Кариофиленот
Исто така, наречен бета-кариофилен (beta-caryophyllene) или BCP, овој терпен може да се најде во ароматичните масла како она од рузмарин и масло од каранфилче. Во природата најчесто го има во: хмељот, каранфилчето, црниот пипер, ориганото, циметот и босилекот. Одговорен е за малата доза на лутост поврзана со мирисот на издробен црн бибер. Кариофиленот е поголема молекула од терпените како мирцен и лимонен. Молекуларната структура на кариофиленот содржи и циклобутански прстен, нешто поретко во природата и него го нема во ниту еден друг познат канабис терпен.
Исто така, наречен бета-кариофилен (beta-caryophyllene) или BCP, овој терпен може да се најде во ароматичните масла како она од рузмарин и масло од каранфилче. Во природата најчесто го има во: хмељот, каранфилчето, црниот пипер, ориганото, циметот и босилекот. Одговорен е за малата доза на лутост поврзана со мирисот на издробен црн бибер. Кариофиленот е поголема молекула од терпените како мирцен и лимонен. Молекуларната структура на кариофиленот содржи и циклобутански прстен, нешто поретко во природата и него го нема во ниту еден друг познат канабис терпен.
Карактеристики на кариофиленот |
Молекуларна структура на кариофиленот |
Уникатната молекуларна структура на кариофиленот му овозможува лесно да се врзува за CB2 рецепторите првенствено лоцирани во рамките на нашиот периферн ендоканабиноиден систем. Ова значи дека не предизвикува никакво еуфорично чувство од канабисот, додека дава многу придобивки поврзани со активирање на тие рецептори, како што е намалувањето на воспаленијата. За разлика од кој било друг терпен, кариофиленот е единствениот кој има можност директно да активира канабиноиден рецептор, особено ЦБ2 рецепторите.
Врсти канабис со високи нивоа на кариофилен
Некои врсти со многу кариофилен |
- GSC (Girl Scout Cookies)
- Bubba Kush
- Sour Diesel
- Chemdog
- Candyland
- Death Star
- Original Glue
- Cookies and Cream
- Gelato
- The White
- Master Kush
Овој терпен кој го олеснува стресот е присутен и во многу хибридни врсти канабис, познати по тоа што предизвикуваат релаксација и ја намалуваат вознемиреноста. Со оглед на неговите уникатни ароматични ноти, лесно е да се открие во врстата. Многу кремови, масти и мелеми од канабис користат видови со високи нивоа на кариофилен, покажувајќи го неговиот природен ароматичен профил, а истовремено даваат и терапевтски придобивки.
Потенцијални придобивки од кариофилен
Студиите за кариофилен укажуваат на широк спектар на терапевтски потенцијал. Студијата на терпенот кариофилен од 2014 година покажува својства за ослободување од болка кај глувци, а друга студија на глодари покажува потенцијал на кариофиленот да го намали внесот на алкохол, со што овој терпен е можен третман за зависности. Исто така, се покажа дека кариофиленот има антиоксидантни и антиинфламаторни својства и е можна терапија за лекување на воспалителни заболувања на цревата. Истражувањата дури откриле дека кариофиленот може да лекува вознемиреност и депресија. Тековните студии се надеваат дека ќе откријат уште поголем дел од терапевтскиот потенцијал на кариофиленот, вклучително и истражувања кои укажуваат дека може да помогне во зголемувањето на животниот век, со намалување на генскиот стрес.
Интересен факт 1: Доколку некогаш се надувате премногу, кариофиленот може да го намали тоа чудно чувство и да спречи анксиозност или параноја, благодарение на неговото анти-психотично дејство!
Интересен факт 2: Кариофиленот е единствениот терпен познат по тоа што се однесува како канабиноид, бидејќи може да го активира нашиот ендоканабиноиден систем и да предизвика анти-воспалителни реакции.
Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: Leafly, Royalqueenseeds
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
* ЛИНАЛОЛ - Како делува овој цветен канабис терпен и кои се неговите придобивки?
* Терпените играат клучна улога во разликувањето на вкусот и ефектот на некои врсти канабис
* Што се тоа канабис флавоноиди и за што служат овие биоактивни состојки?
No comments:
Post a Comment