Пациент на медицински канабис и Активист од Тенеси Сет Грин |
„Причината за ова ексклузивно интервју е тоа што во јули оваа година ќе наполнам 30 години, а лекарите рекоа дека најверојатно нема да го диживеам и дочекам мојот 30-ти роденден. Значи, овој роденден ќе биде многу посебен за мене! Ова интервју е МНОГУ ЛИЧНО за мене, затоа што на многумина ќе им докажам дека не се во право... “ - истакнува Сет.
1. Какво е чувството кога на истите лекари кои ти го предвидеа денот на твојата смрт, кои одредија уште колку ќе живееш, пред лице им се појавуваш велејќи им дека не биле во право за канабисот и дека токму ова растение те спасило, те излечило и те одржува во здрав живот? Што велат тие?
- Јас немам никаков анимозитет кон нив или лекарите, тие само треба да ги отворат очите. Јас немам лоши чувства кон тие лекари затоа што се научени да работат на начин што ги збогатува фармацевтските компании. Како што сè повеќе лекари ќе стапуваат во контакт со пациенти како што сум јас, се надевам дека ќе започнат да се едуцираат за придобивките од канабисот и ќе започнат да се залагаат за неговата употреба за да им помогнат на нивните пациенти. Повеќето од нив не сакаат да ја слушнат вистината за ова растение и тие не се тие што треба да судат, затоа што единствениот што треба да нè суди нас е Бог! Плус тоа беше во минатото и нема да останам лут на тие доктори, затоа што треба да простуваме, да отпуштаме...
2. Дали на сите им препорачуваш канабис како лек за третирање и олеснување на сите медицински состојби и болести? Што ги советуваш пациентите?
- Да, верувам дека сите во светот треба да имаат пристап до ова растение затоа што ова растение има толку многу придобивки за луѓето во борбата со заболувањата од кои може да страдаат. Плус САД направија сојузна студија за канабис во 80-тите години и Тенеси беше една од избраните држави. Кога станува збор за родителите кои им го даваат на своите деца, верувам дека треба да им биде тоа дозволено сами да одлучат. Но, не ми се допаѓа кога родителите им даваат на своите деца само ако имаат медицинска состојба.
3. Дали си размислувал да станеш заштитно лице на некој познат канабис бренд или пак, би сакал да основаш свој сопствен бренд? Со што конкретно би сакал да се занимаваш во канабис индустријата?
- Јас не сум херој, јас само се обидувам да продолжам по вистинскиот пат за да зборувам и да направам добро за мене, но ги познавате луѓето генерално. Размислував за тоа откако завршив со моите гостувања и ќе одам на големи настани низ северно-источните држави (Охајо, Мичиген, Њујорк, Масачусетс, Пенсилванија, Конектикат), како и на запад во Колорадо и Оклахома кои штотуку ја легализираа. Јас ја започнав мојата сопствена компанија во мојата матична држава Тенеси и покрај тоа што во Тенеси не е легално сè уште, сепак започнав со CBD компанија. Значи, јас имам своја CBD компанија и не е легално во нашата држава, но ние одгледуваме.
4. Какво е твоето мислење за рекреативната употреба на канабис? Дали сметаш како нас, дека тоа е всушност превентивна употреба?
Со мајка му, Потпретседател на неговата компанија Нејзината страница е „Jonesin For The Cure“ |
5. Дали откако ти започна со својата канабис терапија и излезе јавно со твојот проблем, се случи некаква драстична промена (кон подобро) во законската регулатива во твојата држава и во свеста кај населението за овој природен растителен лек?
- Ниту моето име не смени никакво законодавство во државата Тенеси во која живеам или воопшто Федералната Влада, но она што верувам дека го направив е дека им помогнав на луѓето да ги разберат придобивките од ова растение од спроведувањето на моите гостувања на Запад и до Север и одржувајќи ги митинзите во мојата област каде што живеам, но постарата генерација која порасна околу мојата област, како и Миленијалците (познати како Генерацијата Y), почнаа да излегуваат и поддржуваат некаква форма или мода со канабис во нашата држава Тенеси, но верувам и дека претстојнава година ќе имаме поголема поддршка за канабисот во Тенеси за да донесеме предлог-закон. Ова е една од моите главни цели, само да го сменам погледот на луѓето на оваа планета и да се обидам да ги натерам да разберат да не ни судат заради ова растение коешто ги спасило животите на толку многу луѓе и им даде причина за да живеат.
6. Како го користеше канабисот за време на твоето лекување и дали и како го користиш сега? Каква беше потентноста и канабиноидниот профил на екстрактите и тинктурите што најмногу ти помагаа и како ги користеше кога не беше целосно здрав? Дали пушиш канабис и кои врсти ти се омилени?
- За време на третманот ги користев сите форми на канабис коишто можеа да стигнат до моите раце, но главно користев масло од канабис и прехранбени продукти со канабис (edibles), како и во форма за пушење. Кога го земав, ги земав само кога моето тело имаше потреба или кога имав чувства што би ги добил од нападите на вознемиреност/анксиозност (што би довело до напади) или од церебралната парализа. Сега, да, јас пушам, но многу ретко тоа се случува затоа што сум во Тенеси, искрено не им верувам на луѓето тука кои продаваат и затоа што имам слушнато за премногу приказни не само локални, туку и низ целата земја, како зборуваат за тоа дека дилерите го ставаат канабисот со фентанил и морфиум.
7. Кажи нешто повеќе за твојот приватен живот? Дали студираш или работиш и какви планови имаш за во иднина?
Неговиот коноп во процес на претворање во лек |
8. Дали веруваш дека канабисот наскоро целосно ќе се ослободи на светско ниво? Што конкретно ти правиш преку твојата организација Greener Pastures Tennessee?
- И она што го правам преку мојата организација „Greener pastures Tennessee“ („Позелени пасишта Тенеси“) е само да ја подигнам свеста и да помогнам во областа за да привлечам повеќе луѓе и да им помогнам на луѓето во земјата да го добијат тоа легално. Да, верувам дека канабисот ќе стане целосно легализиран низ целиот свет до одредена мера. Но, сега и моето искрено мислење e: Светската здравствена организација заедно со FDA (Агенцијата за храна и лекови) и потоа се обидуваат да го задржат канабисот нелегален за да можат да ги задржат луѓето на лекови на рецепт, со цел да можат да ја стават својата алчна рака врз парите што ги прават од луѓето додека ги прават болни и не мора да се земе пилула за болка или слично, тоа би можело да биде редовен растителен лек за вознемиреност што не е апче за нерви, што може да им помогне на овие луѓе ако апчето ги прави да се чувствуваат чудно во нивната глава и не можат да го направат тоа што го сакаат.
9. Во нашата држава, сега Република Северна Македонија канабисот сè уште не е вистински легален, како што сите корисници би го сакале тоа, но дали тоа би те спречило да ја посетиш нашава земја и можеби да одржиш семинар преку нашето здружение на граѓани „420 Македонија“?
- Не би имал проблем да ја посетам вашата земја и да разговарам со луѓето што прочитале за мене на Интернет преку списанијата во кои сум гостувал и во многу земји и ќе помогнам да ги едуцирам и се надевам дека ќе им ги отворам на некои умовите, на оние што не сакаат да ја видат вистината за ова растение.
10. Што би сакал да додадеш (или да одземеш) за крај? :)
- И една работа што сакам да ја споменам за Трамп е дека кога тој водеше кампања да стане Претседател и штом тој беше избран тој рече дека сака да го „исуши мочуриштето“ во Вашингтон ДК и верувам во тоа и дека и Конгресмените и Конгресменките имаат свои раце врз фармацевтската трева каде што прават толку многу билиони долари секоја година од зависноста од опијати и верувам дека Трамп сака да им помогне на луѓето кои што физички и психички се претвориле во различна личност и плус тоа е растение подарено од Бога и верувам дека сите имаат право да го испробаат и верувам дека ќе нè извлече од долгови затоа што половина од државите го легализираат во некаква форма или мода и правиме трилиони долари од ова растение... И Трамп ако Вие слушате, Владата ги одзема моите верски права/верувања да го користам ова растение!
Канабисот прави чуда!
Тој тука има напад и неговата мајка му става тинктура во устата и може да се види дека тој се смирува
Од добивање насилни напади (тресење и борба за здив, до џвакање на неговиот јазик, слушање на неговите коски како пукаат/крцкаат) до овие типови, каде изгледа дека тој е само во неговиот мал свет
Еве еден од неговите насилни напади
Видео од него кога бил во Колорадо да се лекува
* Сет Грин од Greener Pastures Tennessee вели дека ова растение ќе извади многу земји од долгови!
* Seth Green from Greener Pastures Tennessee says that this plant will bring a lot of Countries out of Debt!
* Сет Грин успешно се бори со церебрална парализа со помош на екстракт од канабис!
* Мајка користи домашен екстракт од марихуана за лекување на 19 хронични болести кај ќерката
No comments:
Post a Comment