Showing posts with label декриминализација. Show all posts
Showing posts with label декриминализација. Show all posts

Wednesday, January 16, 2019

Презентација на студентскиот проект „Легализација на медицинскиот канабис и рекреативната употреба на марихуаната“

Утре (17 јануари) со почеток во 10:00 до 11:00 часот, во Амфитеатарот на ФИНКИ во Скопје ќе се одржи отворена едукативна презентација и јавна трибина за проектот по предметот „Медиуми и Комуникации“ на група студенти од 2 година на факултетот ФИНКИ на темата „Легализација на медицинскиот канабис и рекреативната употреба на марихуаната“ 


Во првата фаза од овој проект за да го испитаат моменталното јавно мислење за темата, студентите поделени во две групи подготвија прекрасна анкета. Едната група ќе ги презентира придобивките од медицинскиот канабис, додека другата група придобивките од легализацијата на рекреативната употреба на истата билка. 

На настанот ќе гостуваат претставници од здруженија на граѓани кои се борат за легализација на конопот во Македонија, пациенти кои се излечиле со помош на домашно подготвени екстракти од канабис од специфични диојагнози за кои модерната медицина сè уште нема решение, како и експерти во областа. 

Почитувани соборци, Ве замолуваме да ја пополните анкетата и да ја споделите за да им помогнеме на овие студенти да си добијат 10ки. Исто така, Ве покануваме на овој настан во што е можно поголем број за да им дадеме поддршка на овие студенти кои храбро одлучија да го демистифицираат канабисот, а исто така за да го забрзаме процесот на декриминализација на канабисот со масовното присуство и поради можноста за слободно вклучување во дискусијата.

Уредник и новинар, Претседател на Здружението на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“ - MoniQue Konopova

Thursday, June 14, 2018

Израелски канабис активист испи цело шише CBD масло за да ја докаже неговата нетоксичност

ВИДЕО!!! За време на дискусијата на комитетот за промените во израелските правила за канабис, еден страствен канабис активист испил цело шише масло од канабис, според Jerusalem Post. „Имам медицинско масло од канабис што содржи 30% THC“ - рече тој. „Вие велите дека тоа е опасна дрога, што ќе ми се случи ако го консумирам?“ - додава активистот


Активист пие цело шише масло од канабис!
Пост објави дека тој потоа ја проголта содржината на шишето, велејќи дека: „не можете да се предозирате со медицинско масло од канабис“. Беше веднаш отстранет. Човекот е поранешен војник кој вели дека зависи од маслото од канабис за лекување на неговото пост трауматско стресно нарушување, пишува Times of Israel. Друг човек, чија ќерка зависи од канабисот за да ги спречи нападите, рече дека ќе мора да се сврти кон црниот пазар ако реформите за канабис во моментов го принудат на тој чекор. Се вели дека реформите ги вклучуваат промените што ќе спречат некои видови на канабис да бидат продавани од дистрибутивни компании во Израел, што предивика страшна паника помеѓу пациентите кои зависат токму от тие врсти.


Јас ќе го земам сега, иако рокот му е истечен, бидејќи мојата ќерка веќе не се згрчува“ - рече таткото, пред да го испие маслото. „Ако ја допрете нејзината лиценца за да добива канабис, јас лично ќе отворам лабораторија за производство“ - додал тој. Мајката на друг пациент беше исто така отстранета, иако таа не отиде толку далеку. На нејзиното излегување, таа го прозва министерот за здравство, Јаков Литцман (Yaakov Litzman), како „бездушен“. Литцман ги увери присутните дека Министерството за здравство нема намера да ги спречи да пристапат кон врстите во Израел. Стравувањата на пациентите, исто така, беа поттикнати од гласините дека значително се зголемуваат цените и тој вети дека ќе работи и на решавање на проблемите со цените.


Канабисот е лек“ - рече тој. „Тоа бев јас, а не моите претходници, кои предложија реформа во полето. Не е лесно. Сакаме да спречиме истекување од огледувачите; ние сакаме само квалификувани луѓе да го добијат канабисот со достоинство во аптеките. Ние додадовме лекари кои можат да препишат канабис за пациентите, а ние ќе додадеме повеќе. Оваа реформа е добра, но тука и таму има тешкотии. Постои проблем со скапи цени за тешките корисници и тоа ќе се решава“ - објаснува министерот. Пациентите кои имаат добиено лекарско одобрение во Израел, моментално го добиваат својот канабис од осум дистрибутивни центри под надзор на единицата за медицински канабис на Министерството за здравство, со еден од најголемите, Тикун Олам (Tikun Olam), растејќи околу 230 уникатни врсти. Тоа беше еден од производите на Тикун Олам, што поранешниот војник го консумирал, Avidekel - масло од канабис со висок процент на ЦБД и минимални психоактивни ефекти. 


Медицинскиот канабис е легален за специфични состојби во Израел од 90-тите години и во моментов има околу 26.000 регистрирани пациенти во земјата, а се очекува бројов да се дуплира оваа година. Додека Израел е познат по најсовремената наука за истражување на канабисот, израелскиот научник Рафаел Мешулам (Raphael Mechoulam) прв го изолира ТХЦ од канабисот во 1964 година, но израелските компании го водат полето на рекреативното користење и понатаму како нелегално. Предлог-законот за декриминализација на канабисот моментално напредува во Израел.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: HERB

Saturday, April 21, 2018

На 4/20, сенаторот Шумер воведе предлог-закон за декриминализација на марихуаната

Вчера на 4/20 - денот кога неофицијално секоја година се прославува како празник на марихуаната насекаде во светот, водачот на малцинството во американскиот Сенат, Чак Шумер (Chuck Schumer), ја објави својата намера да воведе документ за декриминализација на билката канабис

НАПАД: Официјално е. Денес формално го објавувам мојот план за декриминализација на марихуаната на федерално ниво. Време е да им дозволиме на државите, еднаш и засекогаш, да имаат моќ да одлучуваат што најдобро функционира за нив - рече сенаторот на Твитер:



Иако многу држави и Колумбија веќе се одлучиле да го легализираат или декриминализираат растението канабис, на федерално ниво, таа и покрај докажаната безбедност и непостоечка леталност, во моментов е категоризирана како наркотична супстанца од прва категорија. Ова значи дека Администрацијата за борба со дрога (Drug Enforcement Administration - DEA) ја дефинира марихуаната како лек „без моментално прифатена медицинска употреба и висок потенцијал за злоупотреба“. Со ова, марихуаната се гони исто така сериозно како и другите дроги од истиот ранг: како хероинот, ЛСД, екстази... Оваа категоризација е подложна на критики што укажуваат на тоа дека опасниот метамфетамин и кокаин, на пример, се наведени како помалку опасни дроги од втор ранг, според ДЕА.


Нова анкета на CBS News
Потегот на Шумер е првпат раководството во која било страна да го повика Конгресот да ја декриминализира билката. Легислативата нема да ја отстрани марихуаната од нејзината тековна класификација на ДЕА, туку наместо тоа, државите ќе им дадат можност да ја направат достапна комерцијално. Ова, исто така, има за цел да „инвестира критички ресурси во истражување на ТХЦ“ како за младите, така и за безбедноста на патиштата, според Шумер.


Долго верував дека државите треба да функционираат како свои лаборатории за демократија“ - рече Шумер. „Мојот предлог е чекор во вистинската насока насочена кон отстранување на бариерите на напорите на државите за легализација“. Според истражувањето на CBS News објавено во петокот, шест од 10 Американци веруваат дека тревата треба да биде легална, но повеќето (61 процент) сметаат дека ова треба да се случи на државно ниво.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Cbsnews

Wednesday, April 18, 2018

Студија откри дека декриминализацијата на канабисот позитивно влијае врз младите

Новиот документ, објавен на веб-страницата на Општествената научна мрежа (Social Science Research Network - SSRN), нуди нов увид во тоа дали декриминализацијата на канабисот води до зголемување на апсењата и употребата на канабис кај младите. Според студијата, тоа не е така


Студијата испитува пет држави - Масачусетс, Конектикат, Род Ајленд, Вермонт и Мејланд - кои го декриминализираа канабисот помеѓу 2008 и 2014 година. Апсењата и употребата на канабис во овие пет американски држави беа споредени со други држави кои не донесоа слични политики за декриминализација во тие години. Студијата покажала силна поврзаност помеѓу декриминализацијата на канабисот и намалувањето на апсењата поврзани со дрога, додека употребата на канабис меѓу младите или останала иста или во некои случаи се намалила. Студијата покажала слични резултати кај возрасните. Повеќе од дваесет држави во САД ја декриминализирале марихуаната.


Декриминализацијата не значи дека канабисот е легален, само што зафаќањето со тоа веќе не резултира со затворска казна или криминално досие. Обично, се казнува со парична казна, освен ако поседувате повеќе канабис од законскиот лимит. Легализацијата, од друга страна, би била систем сличен на алкохолот, каде што корисниците не се казнуваат за употреба на канабис, доколку го консумираат во лиценциран или правен простор (т.е. дома или во лиценцирано кафуле). SSRN тврди дека е свесна само за една студија за неодамнешните напори за декриминализација, која се одржа во Калифорнија во 2015 година. Студијата спроведена од Универзитетот во Мишиген заклучи дека има „емпириски докази“ дека декриминализацијата на марихуаната може да доведе до зголемување употребата на канабис кај младите. Овие резултати се спротивни на наодите на SSRN.


Истражувањето на SSRN беше спроведено со податоци од 2007 до 2015 година од Анкетата за ризиците кај однесување на младите (Youth Risk Behavior Survey - YRBS), како и статистиката на федералниот криминал. Студијата, исто така, ги разгледа податоците за американските држави кои усвоија поблаги политики за канабис во текот на 1970-тите, слично не најде зголемување на употребата на канабис. Истражувачите за студијата на SSRN го претставуваат Вашингтонскиот универзитет во Сент Луис, Медицинскиот факултет во Вирџинија и Универзитетот на Илиноис во Чикаго. Во 2015 година, Комитетот за злоупотреба на супстанции и адолесценција на Американската академија за педијатрија (ААP) - ја објави својата поддршка за декриминализација на канабисот и покрај противењето на комерцијализираната рекреативна и медицинска легализација.


Американското здружение за јавно здравје (The American Public Health Association) и Американската академија на семејни лекари (American Academy of Family Physicians - AAFP), исто така, поддржуваат помалку казнени мерки за употреба на канабис кај младите. Покрај тоа, AAFP поддржува прекласификација на марихуаната според Законот за контролирани супстанции за да се олеснат истражувачките напори, како и декриминализацијата. Според истражувањето на Gallup од 2017 година, 51 % од Републиканците, 72 % од Демократите и 67 % од независните сега сакаат легализација на марихуаната. Над 90 % од гласачите од сите три политички фракции поддржуваат медицинска марихуана.


Автор: MoniQue Konopova
Извор: Zenpype

Saturday, April 14, 2018

Конопфест 2018 - „ЕДНА БИЛКА, ЕДЕН ЖИВОТ“

Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА-Скопје со задоволство ги поканува сите истомисленици, соборци и граѓани да земат учество во овогодинешниот КОНОПФЕСТ 2018 кој ќе се одржи на Денот на марихуаната (20.04.2018) година под мотото „ЕДНА БИЛКА, ЕДЕН ЖИВОТ“ на Школка во Градскиот парк, со симболичен старт од 16:20 часот!

Здружението Билка се залага за целосна декриминализација на Канабисот и за унапредување на животната средина, преку едукација, проекти, активизам. „Огромна благодарност до сите артисти кои се согласија да настапат на КОНОПФЕСТ, со што даваат неизмерен допринос во борбата за декриминализација на канабисот во Република Македонија. Голема благодарност и до NYSK Holding, OCB, Град Скопје, Аптека Анифарм, Friedrich Ebert Stiftung за поддршката како и особена благодарност до Novatv Web, Kanal 103, City Radio, Radio Bubamara 105,2, Club FM и Antena 5 Radio MK за медиумската поддршка!!!!“ - истакнуваат организаторите на овој настан.

Ве очекуваме во што поголем број да упатиме јасна и гласна порака до надлежните дека времето за декриминализација на канабисот е СЕГА!!!!!! 

До кога ќе се криеме?

Како пионери во активизмот за декриминализација на канабисот на овие простори во Република Македонија и пошироко, како пионери во долгогодишното орање на „нивата“ на која еден ден сите заедно слободно ќе садиме канабис, ја изразуваме нашата неизмерна поддршка, од страна на целиот наш тим 420Macedonia

Се гледаме на Школка во 4:20 на 04.20.2018! ;)

Детали за настанов ТУКА!

Sunday, March 18, 2018

Анкета: Ако марихуаната е легализирана, пациентите со рак ќе ја изберат како примарен лек

Ако марихуаната е легализирана, пациентите со рак ќе го изберат како примарен лек, според новото истражување од еден од водечките истражувачки капацитети за истражување на ракот


Тим истражувачи од истражувачкиот центар за истражување на ракот Фред Хатчинсон (Fred Hutchinson Cancer Research Center), со седиште во Сиетл, Вашингтон, анкетирале 926 пациенти со канцер и откриле дека околу 25 % од нив користеле канабис како примарен лек за лекување во изминатата година. Резултатите се објавени во он-лајн медицинскиот зборник CANCER, рецензирани весник на Американското здружение за рак (American Cancer Society).


Оваа револуционерна истражувачкат студија заклучи:

„Оваа студија за пациенти со рак во една држава со легализиран канабис покажала високи стапки на активна употреба во широките подгрупи и легализацијата била пријавена како важна за одлуката на пациентите за да користат. Пациентите сакаат, но не добиваат информации за употреба на канабис за време на третманот од лекарите на онкологија. Повеќето пациенти со рак известуваат дека канабисот им помага со болка, гадење, стрес, депресија, несоница и други состојби“.


Но, пациентите се фрустрирани поради недостатокот на информации што ги добиваат од американскиот систем за здравствена заштита. Лекарите, медицинските сестри и другите здравствени работници немаат обука и образование во науката за канабис. „Повеќе од половина од активните корисници објавија дека легализацијата значително ја зголемила веројатноста за користење, а употребата на канабис се шири низ демографските подгрупи, вклучувајќи ги и подгрупите врз основа на возраст, пол и дијагноза на ракот“ - се вели во студијата.



Според истражувањето:

Средната возраст на испитаниците била 58;
74 % од пациентите сакаат информации провајдери за рак и имале голем интерес за учење за канабис за време на третманот;
24 % користеле канабис како медицинска терапија во изминатата година;
21 % се само-третирани со канабис во изминатиот месец;
70 % го вдишуваат (пушат или вапоризираат) нивниот лек;
70 % го консумираат во јадења;
40 % ги направиле и двете;
75 % објавија дека нивната примарна употреба била за физичка болка;
64 % го користеле за невропсихијатриски симптоми.


Се надеваме дека оваа студија помага да се отвори вратата за повеќе студии насочени кон оценување на ризиците и придобивките од марихуаната кај оваа популација“ - вели авторот на студијата, д-р Стивен Пергам (Steven Pergam). „Ова е важно, бидејќи ако не ги едуцираме нашите пациенти за марихуаната, тие ќе продолжат да се информираат на друго место“ - додава тој. Американското здружение за рак (American Cancer Society) признава дека се потребни повеќе истражувања за марихуаната како третман за симптоми на ракот. 


Организацијата соопшти дека својствата на марихуаната имаат потенцијал да се борат против клетките на ракот. Ова беше додадено во „cancer.gov“ во изминатата година. Веб-страницата на владата на САД признава дека знае дека канабиноидите ги убиваат клетките на ракот и им помага на пациентите со рак:


Автор: Кате К.

Sunday, March 4, 2018

Германската полиција сака канабисот целосно да се декриминализира

Група во рамките на германските полициски сили сака декриминализиран канабис. Здружението на германски службеници за кривични дела (German Criminal Officers - BDK) изрази залагање да стави крај на забраната за канабис и повика на декриминализација на целата употреба на лекот 

Германската полиција сака декриминализација!
Забраната за канабис историски се сметаше за произволна и сè уште не е имплементирана на интелигентен и ефикасен начин“ - изјави за весникот Билд директорот на БДК, Андре Шулц (André Schulz). „Во историјата на човештвото никогаш не постоело општество без употреба на дрога. Ова е нешто што треба да се прифати“ - додаде тој. „Моето предвидување е дека канабисот нема долго да биде забранет во Германија“ - додава. Затоа БДК се залага за „целосна декриминализација на употребата на канабис“, рече Шулц, додавајќи дека сегашниот правен систем ги стигматизира луѓето и промовира криминални кариери.


Наместо да се фокусира во голема мера на репресијата, според Шулц, има подобри можности во политиката за лекови, како што се учење за справување со одговорното користење, помагање на потрошувачите и зависниците со аспекти на благосостојба и овозможување ефикасна заштита на децата и младите. Меѓутоа иако е докажано дека канабисот не влијае негативно на управувањето со моторни возила, според нив, за возачите, пушењето канабис мора да остане табу, изјави Шулц, наведувајќи дека од безбедносни причини, возилата што се движат не смеат да се одвиваат во алкохолна или на друг начин затруена состојба.


Но, во моментов за возачите сè уште има некои „несигурности и дупки во законот“ во врска со разликата помеѓу потрошувачката на канабис и алкохол, додаде тој. Додека возачот во Германија може да биде казнет само за конзумирање алкохол додека вози, на корисниците на канабис можат да им ја одземат лиценцата, дури и ако не се зад воланот. Германските судови допрва треба да дојдат до консензус за тоа што може да се случи кога се консумира канабисот пред да може корисникот да се смета непогоден за возење.


Според германското право, поседување мали количини на марихуана за лична употреба обично не е кривично дело. Политиката варира врз основа на регионот, но горната граница е обично помеѓу 10 и 15 грама. Пред легализацијата на медицинската марихуана во март, само околу 1.000 лица во Германија имаа дозвола да го користат лекот за посебни медицински цели. Предлог-законот за негово одобрување процени дека 700 пациенти годишно ќе бараат рецепт. Кога законот беше изготвен, колку пациенти го искористија тоа не беше познато. 


Потоа, десет месеци по легализацијата на лекот, во јануари оваа година, истражувањето со три друштва за здравствено осигурување - Алгемејн Ортскранкекс (Allgemeine Ortskrankenkasse - AOK), Бамер и Техникер Кранкенкасе (Barmer and Techniker Krankenkasse - TK) - покажа дека повеќе пациенти отколку што се очекувало аплицирале за тоа. Биле поднесени над 13.000 барања. Во меѓувреме, истражувањето спроведено во ноември покажа дека повеќе од половина од германските државјани - 63 проценти - се противат на легализација на марихуаната. 34 % од Германците веруваат дека возрасните треба да можат да купат канабис за нивна сопствена употреба во специјализирани продавници, објави анкетата објавена од истражувачкиот институт Форса (Forsa).

Автор: Кате К.
Извор: Cannabis.fyi

Saturday, January 20, 2018

Што можеме да научиме од Колорадо за конечно да го спречиме одливот на млади сили во странство?

Во ноември 2012 година, жителите на Колорадо гласаа за легализација на рекреативниот канабис, што стапи на сила во јануари 2014 година. Точно четири години подоцна, идеално сме поставени за критично да погледнеме во она што овие луѓе го направиле дали правилно или погрешно во врска со ослободувањето на оваа билка, за да го извлечеме најдоброто за Република Македонија. Еве пет работи на кои треба да се обрне внимание:

Декриминализацијата овозможи нови  работни места!

Само во 2015 година, беа создадени 18.000 нови работни места со полно работно време и 2.4 милијарди долари во економската активност беа генерирани од легалната марихуана. Овие броеви не може да се игнорираат. Една студија на консултантската фирма Marijuana Policy Group, објавена од  порталот Chicago Tribune, ги мери продажните броеви за две години и забележала 1 милијарда долари во продажбата на мало во 2015 година.


Ако ова се направи правилно, регулирано правно, оданочено правно, оваа индустрија може да донесе вистинска економска корист за државата“ - рече ко-авторот на студијата и основач на MPG Адам Оренс (Adam Orens). „Ако државата или локалните власти управуваат, дозволуваат и спроведуваат [регулатива за марихуаната] на внимателен начин, тогаш ова може да има вистински бенефиции“ - додава тој.


Мудро користење на даноците

Според приказната на Вокс (Vox), даноците за канабис зголемиле десетици милиони долари што помогнале во реконструкцијата на училиштата во распаѓање, при што Колорадо доделило 40 милиони долари во даночни пари за програмата BEST Excellent Schools Today (BEST):

Не ми е гајле од каде доаѓаат парите. Ако добиеме ново училиште, јас сум за тоа“ - рече Хејли Вајтхед (Hayley Whitehead) ... кој работи за училишната област [Deer Trail], изјавува за Denver Post. „Ги гледам фактурите и гледам што ни треба за поправки, па затоа имам прилично добра идеја за ситуацијата овде“ - додава. Постојат неколку државни службеници во округот Лос Анџелес кои имаат слични идеи.


Одржување контрола

Само поради тоа што канабисот е законски, тоа не значи дека целата држава мора да се префрли во Cheech & Chong хуманитарна форма, бесплатно за сите. И, искрено, тоа никогаш нема да се случи. Постојат ограничувања за тоа колку растенија може да растете дома, и се разбира, конзумирањето канабис за оние под 21 година не е дозволено законски.


Фокусирање на прехранбените канабис продукти

Кога гувернерот Џери Браун (Jerry Brown) побарал совет од Колорадо. Човек скромен познат како Хик, му рекол на Браун да се фокусира на контролирање на она што се јаде, особено да се обрне внимание на оние дизајнерски канабис продукти за јадење, кои изгледаат како бонбони и колачи, за да се внимава на децата. Како што објавија L.A. Times: „Ние не го регулиравме комзумирањето на храната доволно добро“ - изјави Хиникелопер (Hickenlooper) во интервјуто оваа недела на собирот во Коронадо на западните гувернери.


Смирете се. Сè ќе биде во ред!

Навистина немаше значителни здравствени проблеми во Колорадо од јануари 2014 година, а општото мислење „досега, е толку добро“. Се разбира, овие работи треба внимателно да се регулираат и да се следат и имаме верба дека Калифорнија и Лос Анџелес, ќе го сторат тоа, заклучуваат надлежните.

Автор: Кристина Т.
Извор: Laweekly

Friday, January 19, 2018

Медицинската марихуанa официјално е декриминализирана во Италија

Владата во Италија неодамна декриминализирала одгледување на медицинска марихуана и производство во билката за истражувачки цели. Судскиот систем во Италија е еден од пренатрупаните и неефикасните во Европа, па Владата беше принудена да ги врати некои од нивните закони и прописи за да спречи многу луѓе да бидат потиснати од системот


Сега италијанската пица е многу повкусна и поздрава! :D
Италијанскиот правен систем е рангиран на 139 место од 140 земји, кога станува збор за ефикасност во решавањето на споровите, а 138, кога станува збор за товарот на државните прописи, според последниот извештај на Светскиот економски форум за глобална конкурентност. 


Заедно со производството на медицинска марихуана, државата исто така врати неколку стотици други мали кривични дела, вклучувајќи ги и „непристојните дела“, возење без дозвола и залажување на луѓето. Еднаш тие биле затворски прекршоци за кои требало да се лежи во затвор, a за нив сега треба само парична казна.


Тоа ќе ги ослободи судовите од прашањата од мала важност“ - рече премиерот Матео Рензи во една изјава. Важно е да се напомене дека овој нов закон не се менува многу за рекреативни корисници на канабис.  


За жал декриминализацијата ќе се однесува само на луѓе кои работат во областа на медицинската марихуана и во истражувањата на канабисот. Одгледувањето на марихуана за лична употреба или дистрибуција сè уште е нелегално во Италија. Италијанска истражувачка група, исто така, посочи дека легализирањето на канабис може да го зголеми Италијанскиот БДП за 1,30 до 2,34 отсто, објави Green Rush Daily.


Новата студија, објавена во списанието Scientific Reports (Научни извештаи), укажува дека пушењето канабис е приближно 114 пати побезбедно отколку пиењето на алкохол. Иронично, од сите лекови кои беа истражувани во студијата, алкохолот беше всушност најопасниот, и тој беше единствената „правна дрога“ на листата. Сепак, марихуаната има специфична непосредна важност,  поради нејзината способност да лекува болни луѓе и да создаде повеќе еколошки индустриски производи. Исто така е еден од најбезбедните природни лекови што му се познати на човекот.


Автор: Кристина Т.
Извор: DIYhealthacademy

Thursday, January 18, 2018

Како да помогнеме конопот побрзо да се ослободи во Република Македонија?

Секој треба да слушне за овој лек! Секој од нас биолошки поседува ендоканабиноиден систем. Уморни од чекањето на целосната легализација каде што живеете? Еве како да се забрза зелениот бран. Зеленото цунами се шири низ сè повеќе држави во целиот Свет, а ти можеш да го забрзаш овој процес!

Калифорнија, најголемиот рекреативен канабис пазар во светот, беше отворен на почетокот од овој месец. Вермонт неодамна стана првата држава што го усвои законот за легализација преку законодавната власт, наместо на изборите. И поддршката за легализација на марихуаната е рекордно висока меѓу двете страни. Но, има уште многу работа со милиони Американци кои не се во можност да пристапат кон легална марихуана - или дури и легално ЦБД - за здравствените состојби во нивната држава. Ако сте редовен корисник на канабис во држава каде што тоа е казниво, може да биде крајно фрустрирачки да го гледате целиот напредок што го зема легализацијата ширум светот, додека вашата татковина не прави ништо во врска со тоа... Ти не си само една капка во океанот, затоа што без тебе океанот нема да е целосен и затоа ја имаш моќта многу да допринесеш ако ја сфаќаш сопстрвената вредност во општеството. Се прашуваш: Како можам да помогнам во легализацијата на марихуаната во мојата држава? Многу едноставно, најпрво споделете го овој текст по социјалните мрежи, а потоа проследете ги чекорите кои ги издвоивме за побрзо придвижување на работите:


1. Прв чекор

Основната почетна точка е да се научи повеќе за историјата на канабисот, многу може да научите од оваа страница. Научете зошто марихуаната станала нелегална во 1937 година; за Никсоновата војна против дрогата. Оваа историја - која покажува дека забраната за марихуана во голема мера била заснована на лаги, измислици, СТРАВ и пристрасност, а не на факти - служи како важно оружје кога се сакате да преговарате легализација. Потоа, разгледајте како законите се менуваат во вашата држава. Некои држави дозволуваат гласачки иницијативи и референдуми.


2. Најдете локални сојузници - засегнати пациенти, правници, адвокати и АКТИВИСТИ!

Нема потреба да се започнува од нула. Организациите или поединците како нас веројатно веќе одамна упорно работат за да ја легализираат марихуаната во вашата држава. Може да бидете пријатно изненадени да пронајдете активни групи за реформи во политиката за канабис во вашата непосредна област. Како што се поврзувате со други активисти во вашата држава и како доаѓате до заеднички конструктивни идеи, можеби ќе најдете различни вредности или визии за тоа како треба да изгледа декриминализацијата. Сојузот меѓу постарите активистички групи и свежата енергија на новодојдените, често може да доведе до големи резултати. Долгогодишните упорни активисти имаат перспектива и мудрост што може да дојде само со децении во борбата, додека помладите канабис ентузијасти можат да понудат сосема нови агли. Секој глас е важен!


3. Лоцирајте политичари и јавни личности кои работат на ова прашање

Дали некој локален политичар во вашата област беше пријателски настроен за проблемите со канабисот? Државните законодавци, членовите на градскиот совет и градоначалниците можат да бидат големи сојузници во зголемувањето на јавната свест и носењето позитивни промени на ова поле. Можете да дознаете кои се локалните клучни играчи и да се поврзете со нивниот персонал. Колку повеќе функционери и службеници, т.е. лица кои работат во јавниот сектор се поврзуваат со вистинските луѓе кои се грижат за ова прашање, толку повеќе тие имаат тенденција да допринесат. Вие не треба да бидете експерт, туку само да им кажете дека се грижите и дека не сакате законот да ве третира како криминалци. Дознајте кои јавни личности користат канабис и би биле спремни отворено да проговорат за тоа и да се вклучат во движењето за ослободување на канабисот во Македонија. Стапете во контакт со пејачите, актерите, бизнисмените и сите „фаци“ кои веќе одамна потајно сурфаат на зелениот бран!


4. Порака до локалното население

Важно е да зборувате за загриженоста на вашата заедница, за маката и СТРАВОТ низ која секојдневно поминуваат пациентите за да дојдат до лекот, а не само за позитивните страни на канабисот. Можете да ја прилагодите вашата порака за да ги вклучите локалните причини за ставање крај на забраната за марихуана. Знаете за што се грижат луѓето во вашето непосредно соседство - дали тоа е криминал, зависност од опиоиди или невработеност - низ таа призма може да ги користите оние придобивки од декриминализацијата на тревата кои најмногу одговараат во вашата средина. Марихуаната се покажа како ефикасна алтернатива на опиоидите, кои предизвикуваат зависност и фатално (смртно) предозирање. Канабисот никого до сега не убил, а канабис индустријата може да стави крај на невработеноста во Македонија и крај на одливот на младите во странство...


5. Постојано разговарајте со луѓето околу вас, канете пријатели и СПОДЕЛУВАЈТЕ!

Дури и без активно да се вклучите во политичката сцена, можете да направите разлика кадешто живеете. Секој треба да слушне за овој лек! Секој од нас биолошки поседува ендоканабиноиден систем. Разговорите со блиските за канабисот, одговарањето на нивните прашања и нивната критичност, можат само одлично да ве подготват кога ќе сакате канабисот да го браните јавно.


Автор: MoniQue Konopova
Извор: HERB

Tuesday, January 9, 2018

КАЖЕТЕ ИМ НЕ на регулаторите за зајакнување на растот PGRs! 420 Macedonia ја поддржува кампањата на Aussie Canna за органска трева

Што има ново драго 420 семејство? Ни треба вашата помош. Ова е трет текст за 420 Macedonia и Aussie Canna, a причината се „Plant Growth Regulators“. 420 Macedonia ја следи кампањата #SAYNOTOPGRS на Ауси Кана, која нè освести за овие додатоци во тревата што ја добиваме и во Македонија. Затоа ние веднаш на еден од основачите на оваа група, Карл Смит, му поставивме неколку прашања за дополнителни појаснувања

420 Македонија (420 Macedonia): Како си драг колега борец за слободата на оваа билка? Како се одвиваат работите во последно време?

Карл Смит (Carl Smith): Ви благодарам, исто така, веројатно малку се изгорев, бидејќи лобирам тешко меѓу групите за единство. Исто така, сум и дел од новата политичка партија, ПАРТИЈАТА НА ПРОГРЕСИВНА АВСТРАЛИЈА (THE PROGRESSIVE AUSTRALIA PARTY), вклучен сум во организирање на социјални настани и плус на сите мои Ауси Кана обврски, па тоа е целата работа без забава ха ха. Јас сум во ред. Малку сум издепримиран, по многу месеци на успеси и среќа 💚💚💚💚💚

420 Македонија: Што е „ПРГ канабис“? Можеш ли да му објасниш на светот? И за што се бори оваа кампања?

Карл Смит: Мојата најнова крстоносна војна е против PGR'S (PERFORMANCE GROWTH REGULATORS - РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА РАСТ И ПЕРФОРМАНС). Тоа ги прави туфките тешки како камења, толку убави за гледање, но тоа го убива мирисот, вкусот, потентноста и полошо од сè - овaa трева може да му наштети на вашето здравје! Таа може да предизвика сериозни ризици по здравјето, карпестите PGR туфки го претворија канабисот во отров за профит. Преку мојот профил ја направив органската трева популарна и дилерите во Јужна Австралија не можат да ја продаваат. Па цветовите со PGR може да изгледаат подобро, но тоа не значи дека тие навистина тоа се.


Со ПГР
420 Македонија: Која е вашата главна цел со оваа кампања против ПГР?

Карл Смит: Мојата 🔥 #SAYNOTOPGRS 🔥 кампања до сега беше успешна, па претпоставувам дека се здобив со неколку одгледувачи и дилери кои ме мразат. Ха ха. Јас сум горд што имам доволно сила за да им кажам на луѓето да речат НЕ на лошата трева и тие слушаат. Ако кажете НЕ на трева со лош квалитет, „тие“ ќе бараат подобар квалитет. Членовите ми испраќаат фотки како докази. Сè уште собирам слики и приказни и веднаш штом ќе добијам повеќе од нив можеме да направиме ажурирање на оваа приказна.

420 Македонија: Што направивте во последно време за оваа кампања?

Карл Смит: Спомнав дека вчера го подготвувавме новиот (третиот напис) во групата на FB на Aussie Canna за да ги мобилизирам членовите и за да ми ги испратат своите приказни за производство на pgr трева и како истата лошо им влијае. Има добар одзив. Ја завршувам мојата домашна задача 💚


420 Македонија: Ние исто така, се обидуваме постојано да ги обединуваме сите групи, бидејќи знаеме дека само обединети сме посилни. Кажете ни повеќе за целата канабис заедница во Австралија? Дали соработувате?

Карл Смит: Имав неколку подеми и падови и неколку хејтери исто така. Би сакал да кажам дека тоа не ми пречи, но тоа ми пречи и ја убива мојата креативност. Иронично, целата омраза доаѓа од канабис заедницата. Другите групи, другите луѓе претпоставувам дека тие мразат, бидејќи тие не се толку успешни како Aussie Canna. Ако хејтерите си одземаат од своето драгоцено време наменето за мразење за да ме мразат мене, тоа мора да значи дека правам бранови.


Со ПГР
420 Македонија: Како можеме да ви помогнеме во оваа кампања за анти-ПГР?

Карл Смит: Луѓето праќаат за нашето право! Ни треба вашата помош! Сакаме да ни испратите слики од PGR канабис цветови што сте ги набавиле во минатото, како и вашето искуство или хорор приказни. Исто така, бараме медицински информации за PGR и ве молиме да ја споделите оваа статија со цел да ни помогне да ја зголемиме оваа кампања на глобално ниво.


420 Македонија: Твоите предвидувања за блиска иднина на нашата меѓусебна борба? Што според тебе ќе се случи наредно, мислам за да ни помогне да ги укинеме законите?

Карл Смит: Хеја Моник уште не е официјално, но ние работиме на сметка за легализацијата на целото растение оваа година. Се надевам дека ова е годината, јас ќе те известувам мила. Продолжи со добрата борба Кана борбена Принцезо.

* Ова е превод на оригиналното интервју објавено на англиски кое може да го прочитате на овој линк:  

Останете силни!

Интервјуер: MoniQue Konopova
Интервјуиран: Carl Smith

Со PGR

Friday, January 5, 2018

SAY NO TO Plant Growth Regulators! 420 Macedonia is supporting Aussie Canna’s campaign for organic weed

What's cracking 420 pot family? We need your help. This is the third article about 420 Macedonia & Aussie Canna and the reason are PGRs. 420 Macedonia has been following Aussie Canna’s #SAYNOTOPGRS campaign which made us aware of PGRs in the pot we are getting here in Macedonia. That is why we instantly asked one of the founding members of this group, Carl Smith, a couple of questions for some further clarifications

420 Macedonia: How are you dear colleague warrior for the freedom of this herb? How are things going lately? 

Carl Smith: Thanks hon also probably getting a little burnt out as I'm lobbying hard amongst the groups for unity I'm also part of a new political party, THE PROGRESSIVE AUSTRALIA PARTY, I'm involved in organizing BBQs and event's plus all my Aussie Canna stuff so it's all work with no play lol. I will be fine I'm bound to have a low after months of highs 💚💚💚💚💚


420 Macedonia: What is PGR cannabis? Can you please explain to the world? And what is this campaign all about?

Carl Smith: My latest crusade is against PGR'S (PERFORMANCE GROWTH REGULATORS). It makes the buds rock hard and heavy, so nice for the eye to look at, but it kills the smell, taste, potency and worse of all – this weed can harm your health! It can cause serious health risks, rock bud PGRs has turned cannabis into a poison for profit. With my profile I have made organic weed popular and the dealers in south Australia can't sell it. So the buds with PGR may look better, but it does not mean that they truly are.

With PGR
420 Macedonia: What is your goal with this anti PGRs campaign?

Carl Smith: My 🔥#SAYNOTOPGRS 🔥 campaign has been a success so I guess I got a few growers and dealers hating me. Lol I'm proud to have enough pull to tell the people to say no to bad pot and they listen. If you say no to bad quality weed, “they” will get the good stuff. Members are sending me picks as proof. I'm still compiling pictures and stories and as soon as I get more of them we can make an update on this story.


420 Macedonia: What have you done lately about this campaign?

Carl Smith: I mentioned that we are preparing the new (third article) on the FB group of Aussie Canna yesterday to mobilize the members to send me their stories of pgr weed making them sick. There's has been a good response. I am doing my homework 💚


420 Macedonia: We are also trying to unite all the groups all the time, because we know that only together we are stronger. Tell us more about the whole cannabis community in Australia? Do you cooperate?

Carl Smith: I've had a few ups and downs and a few haters too. I wish I could say it doesn't bother me but it does and kills my creativity. Ironically all the hate is coming from the cannabis community. Other groups other people I guess they are hating because they aren't as successful as Aussie Canna. If the haters are taking time from their busy hating schedule to hate on me, it must mean I'm making waves. 


With PGR
420 Macedonia: How can we help you with this anti PGRs campaign?

Carl Smith: People send up for your right! We need your help! We want you to send us pictures of pgr pot you have got in the past and also your experience or horror stories. Also looking for any medical info on PGRs and please share this article in order to help us make this campaign global.


420 Macedonia: Your predictions for the near future of our mutual fight? What according to you will happen next I mean to help us repeal the laws?

Carl Smith: Heya Monique it's not official yet, but we are working on a bill for whole plant legalization this year. Hopefully this is the year, I will keep you posted hon. Keep up the good fight canna warrior princess.


Stay strong!


Interviewer: MoniQue Konopova
Interviewee: Carl Smith

With PGR

Thursday, December 21, 2017

Швајцарија започна со производство на легален хашиш!

Изгледа, има вкус и се дава чувство како нелегалното чудо. KannaSwiss врши транспорт на цигли од легален хашиш во форма на жетони и други производи од канабис кои се потентни, но легални во поголем број земји


Швајцарија е родното место на модерниот фармацевтски сектор, кој беше создаден од хемиските производители во земјата, односно фармацевтските гиганти како Roche and Novartis. Сега, Швајцарија го раздува новиот пат и стартуваше на нов начин со тоа што на пазарот воведе нов различен лек: законски хаш и производи од марихуана. KannaSwiss, компанија основана во 2014 година, веќе произведува марихуана која ги исполнува законските норми на Швајцарија, кои содржат не повеќе од 1% тетрахидроканабинол, познат како ТХЦ, психоактивната состојка која ви дава хај. Сега, исто така, таа ќе направи хашиш или хаш за швајцарскиот пазар, со планови да се прошири и во други земји што значително ќе ги олабави законите за дроги и канабис.


Нејзините производи имаат прилично ниски нивоа на ТХЦ, но содржат канабидиол, екстракт од индустриски конопни растенија. Некои велат дека соединението, наречено CBD, го смирува нервниот систем, делува антивоспалително и понекогаш се користи за лекување на болести како стрес и епилепсија. Компанијата, која се наоѓа околу 45 минути западно од Цирих во градот Коликен, ги продава своите производи во киосци, специјализирани продавници во швајцарските градови од Женева, до Берн, па сè до Лугано. KannaSwiss се надева дека ќе стане меѓународна фирма со своите легални производи. Компанијата прави хаш произведен од полен од своите ниско-потентни растенија. Борис Блатник (Boris Blatnik), главен стратешки менаџер на компанијата, вели дека хашот на КанаСвис го има истиот изглед, вкус и дава чувство како нелегалниот хашиш со високо ниво на THC. Хашот чини 50 швајцарски франци (50.4 долари) по 5 грам, според веб-страницата на компанијата.

Внатре во стаклената градина, исечоците се земаат од „мајките“ растенија за да се направат клонови. Основачите на компанијата инвестирале околу 500.000 швајцарски франци (509.000 долари) до крајот на 2016 година во производните капацитети. Иако Швајцарија почна да дозволува производство на марихуана со 1% или помалку ТХЦ во марихуаната во 2011 година, побарувачката за лековити производи само што навистина започна во 2017 година. Бројот на легални производители на марихуана во Швајцарија експлодира од само 5 во јануари 2017 година на повеќе од 400, според швајцарскиот весник Tages Anzeiger. Швајцарската Федерална царинска управа предвидува продажба на 60 милиони швајцарски франци (61 милион долари) за индустријата во 2017 година. Тоа се споредува со традиционалната продажба на нелегална марихуана од околу 800 милиони франци. KannaSwiss има околу 6.000 растенија во својата стаклена градина. Секоја годишна берба произведува околу 1 тон лисја и туфки. Компанијата, исто така, одгледува конопови растенија од отворените полиња во Шпанија.

Работниците, ангажирани за сезоната, ги сечат растенијата и одделуваат цвеќињата од канабис или туфки. Жетвата се одвива еднаш годишно во есен неколку недели. По осум или девет недели на раст, процесот на сушење и кјуринг трае уште две до три недели. Швајцарските компании произведоа околу 50 тони легална трева во 2017 година, според проценките на Blatnik, а побарувачката на локалниот пазар е само околу 12 тони. „Постои огромен вишок и сите овие одгледувачи сега паничат“  - вели Блатник. KannaSwiss ангажирале хемичар од голема фармацевтска компанија за да развие метод за извлекување CBD од индустриски конопни растенија. Компанијата произведува околу 3 килограми ЦБД масло дневно, како и ЦБД марихуана, КБД течност и ХСБ хаш. KannaSwiss произведува околу 100.000 клонови месечно за швајцарскиот пазар, кои тие ги продаваат, вели Блатник. Нивното CBD масло се продава низ целиот свет. Владите во Австрија и Италија ги зголемија дозволените нивоа на ТХЦ, а KannaSwiss, исто така, ќе ги таргетира овие пазари со својата легална марихуана.

Клоновите на канабисот растат во затворена стаклена градина откако ќе бидат исечени од мајката. Ова е брз начин да се направат и продадат нови растенија. Хашишот се произведува со извлекување на полен (киф) од растенијата. Суровите состојки се пресувани во цигли. Вкупната продажба се зголеми за 15 пати оваа година во споредба со последната, вели Блатник. Блоковите од хаш се вакумски запечатени. KannaSwiss вели дека го надгледуваат секој дел од самиот процес. „Ние контролираме сè, од семе до полица“ - вели Блатник. Тој одби да ги открие приходите или профитот. Блатник, вели дека KannaSwiss ќе понуди различни нивоа на ЦБД во хашот од 10% до 60%, нивоа кои сега се легализираат во Швајцарија. Ќе има различни вкусови за да изберете. Производот се пуши како традиционален хаш, често во џоинт мешан со тутун. KannaSwiss работи со партнери за производство на „нутритивни“ CBD производи, термин за додатоци во исхраната и медицински производи како што се кремови или масти.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Bloomberg