Showing posts with label агресија. Show all posts
Showing posts with label агресија. Show all posts

Wednesday, April 5, 2017

Мајката на тинејџер со Туретов синдром се бори за медицинска марихуана во училиштата

Канабисот позитивно влијае на расположението. Помага при анксиозност и депресија, без да создаде зависност. Смирува и релаксира без несакани споредни ефекти. Ја враќа мотивацијата и желбата за живот. Корисниците започнуваат да гледаат оптимистички на животот и наместо да ги гледаат недостатроците, започнуваат да се фокусираат на позитивните аспекти на работите

Џои Мичел и нејзиниот син Џош Мичел
Џои Мичел (Joy Mitchell) вели дека нејзиниот 16 годишен син Џош (Josh) благодарение на канабисовото масло се променил од многу насилен и често пати повлечен на училиште, во дете кое може конечно да се контролира. Но, законот се` уште го одвлекува овој тинејџер назад од неговиот лек. Само пред неколку месеци, тивко и сконцентрирано играње шах, било невозможно ни да се помисли за ова момче. Овој шеснаесетгодишник има Аутизам, а згора на тоа доби уште една дијагноза, а тоа е Туретов синдром. „Тој ја трескаше својата глава навистина тешко на земјата“ - објаснува Џои која вели дека Џош со саксија фрлал по шерифот. Одлуката да пробаат медицинска марихуана ја донесоа минатата година кога мајката веќе не знаеше каде ѝ е паметот. „Тој му се закануваше на мојот постар син со нож и ескалираше добивајќи премногу сила за да го спречам, имаше повеќе епизоди и јас не знаев што друго да направам, ние се обидовме со се` на што можевме да помислиме“ - објаснува мајката. 


Секое дете заслужува здравје и непречено образование!
За среќа лекарите му препишаа на Џош еден вид на канабисово масло, коешто тој го прима на секои два часа. „Јас само ја отварам мојата уста и го нанесувам под јазикот. Само едно прскање вообичаено. Тоа ми помогна да се смирам повеќе и да се релаксирам и слично. Јас ги правам овие звуци и ми помогна и тоа да престане исто така“ - изјавува младиот пациент Џош Мичел. Тој покажа позитивна промена во однесувањето благодарение на канабисовото масло. Мајката смета дека беше многу драстична, многу брза. Тој често вриштеше дека го мрази својот живот (F*** my life) цело време. Неговата мајка среќно изјавува дека оваа изјава се променила од „го мразам мојот живот“ во „го сакам мојот живот“!

Тој има потешкотии на училиште...“ - вели неговата мајка, кога тој нема да ја земе својата доза. Џош може да пропушти само една доза пред да почне да се вознемирува. „Доколку можам да го имам ова на училиште тоа ќе ми помогне многу во мојата работа и се` останато“ - додава Џош. Џои сака нејзиниот син да има колку што е можно поисполнет живот и тоа вклучува одење на училиште по цел ден. 

Со канабис против стрес, анксиозност, агресија, депресија!
Мислам дека тие чуваат други лекови под клуч во училиштето и јас не разбирам зошто тие едноставно не можат да го чуваат заклучено“ - Џои сака Џош да може да го користи својот лек и на училиште. Доста голем број американски држави изгласаа строга регулатива која дозволува медицинска употреба на канабис во училишните кампуси. Главниот спонзор на оригиналниот предлог-закон во Минесота, сега откако се стекна со внимание, ова за него треба да биде лесно техничко прилагодување. Сенаторот Скот Дибл (Scott Dibble), политичар од партијата Minnesota Democratic–Farmer–Labor Party (DFL) изготвува нацрт-закон со надеж дека ќе го претстави за време на законодавната сесија оваа недела.

 
Канабисот ја поттикнува неврогенезата!
Асоцијацијата на училишните одбори од Минесота рече дека најдобриот совет од нив за сега е дека медицинската марихуана мора да биде складирана и давана надвор од училишните дворови. „Како јавно училиште, ние треба да се придржуваме кон сите закони коишто се однесуваат на јавните училишта. Според Статутот MN 152.23, во ниту едно училиште во Минесота не е дозволено користење медицински канабис во училиштата. Следствено, бидејќи не е дозволен во училишните дворови, автобуси итн. ние не можеме да го дозволиме“ - истакна Тод Лишио (Todd Lyscio), Извршниот директор на Crosslake Community School. Да се надеваме дека ова наскоро ќе се промени, затоа што секое дете заслужува нормално детство и соодветна едукација!

Извор: CBS Minnesota

Friday, January 13, 2017

Магичните колачи со канабис му го променија животот на ова момче

Болна исповед на една мајка... Marie Myung-Ok Lee е писател и есеист кој често пишува за науката. Таа предава на Универзитетот Колумбија. Таа во една неодамнешна колумна за The Washington Post изјавува...


Marie Myung-Ok Lee со сопругот и 12 годишниот син
Marie Myung-Ok Lee е писател и есеист кој често пишува за науката. Таа предава на Универзитетот Колумбија. Таа во една неодамнешна колумна за The Washington Post изјавува: Ми беше потребно извесно време за да го усовршам рецептот за колачите. Експериментирав со состојките: Blueberry, Strawberry, Sour Diesel, White Widow, Bubba Kush, AK-47 - сите врсти на канабис коишто ги чував, помешани со глицерин во прецизно означени тегли на полицата во кујната. Откако колачињата завршуваа со печењето, јас ги вкусував трошките и ги забележував ефектите во тетратка. Често се чувствував опуштено. Една варијанта ме успа. Кога се убедив себе си дека серијата е во ред, јас му дадов колаче на мојот 9 годишен син. Во тоа време тој беше обземен од насилни напади на бес. Тој ја трескаше главата, вриштеше со часови и буквално ги јадеше своите маици. За време на вечерата, тој ги фрлаше неговите чинии толку силно што имаше храна закачена на таванот. Тој се гребеше и удираше и себеси и другите, така што луѓето ќе ги погледнеа црвените линии на нашите тела и не‘ прашуваа претпазливо, дали имаме мачки?

Но, кога ги погодив колачињата, тој се смири. Неговите агресии станаа помалку жестоки и поретки. Времето на оброците стана помалку бурно. Тој беше во можност да задржи доволно ниво на само-смиреност, така што тој дури и научи да вози велосипед - и покрај фактот што секој експерт ни кажуваше дека тоа никогаш нема да се случи. Сфаќам дека некои луѓе може да гледаат со лутење на родителите кои чуваат трева во домот, а камоли да спроведуваат полулегални медицински експерименти врз нивните деца. Но, крајно време е да се преиспитаат културните и правните ограничувања што се наметнати врз канабисот, особено кога станува збор за децата. Животот на мојот син е променет поради тоа.

Уште откако беше новороденче, јас го гледав мојот син како страда. На 18 месеци, тој беше подложен на две големи операции за отстранување на тумори на 'рбетниот мозок, само неколку недели една од друга и беше имобилизиран во гипс цела една година. После тоа, насилното беснеење започна - понекогаш дури 300 напади во еден ден. Мојот сопруг и јас не разбиравме зошто тој постапува на овој начин, се‘ додека тој беше дијагностициран од воспалителна болест на цревата на возраст од 3 години, за која дознавме дека му предизвикува болки поголем дел од денот, како и тежок аутизам, што му претставуваше тешкотија за него да се изрази себе си или да побара помош.

Се обидовме со сите видови на третмани, вклучувајќи и применувана анализа на однесувањето (applied behavior analysis - претпоставениот златен стандард кај терапијата на аутизмот), работна терапија, терапија со коњи и аудитивна интеграција. Неговиот гастроентеролог му препиша моќни антиинфламаторни лекови. Од времето кога наполни 5, нашиот син беше во специјално училиште и на хипоалергична исхрана. Потоа, неколку години подоцна, лековите престанаа да работат, а неговите агресии експлодираа. Неговото училиште, инсистираше тој да посетува психијатар, кој го препорача лекот Risperdal за лекување на неговата „аутистичка раздразливост“. 

Се чинеше дека ние повеќе немавме опции. Тогаш јас налетав на став во „Ботаниката на копнежот“ (The Botany of Desire) од Michael Pollan. Тој тврди дека канабисот е одличен за намалување на болката и може да ја забави краткотрајната меморија. Би можело ли ова, се прашував, да му помогне во ублажувањето на болката на мојот син и нападите од умствените сигнали што тој се бореше да ги процесира? За да го истражам ова прашање, јас станав дел од група на пациенти за медицинска марихуана која се состана на Универзитетот Браун (Brown University), каде што јас предавав. На собирот на тешко болни пациенти еден по друг зборуваа за лековитите влијанија на канабисот. Еден млад човек со парализирачка анксиозност и Туретов синдром, рече дека еден куп на психијатриски лекови не можат да ги смират неговите напади, но тревата можеше.

Мари на прошетка со нејзиниот здрав син!
Се убедив дека марихуаната вреди да се проба. По неколку недели на колебања, неврологот на мојот син се согласи. И така, на возраст од 9 години, мојот син стана најмладата личност со дозвола за медицинска марихуана во Род Ајленд. Најдовме сертифициран снабдувач. Потоа, бевме зафатени со пронаоѓањето на типот на марихуана што најдобро ќе функционира за него и на кој начин да го натераме да ја консумира? Д-р Lester Grinspoon, психијатар и професор на Медицинскиот факултет Харвард, кој го истражува канабисот од 1960-тите, ме увери дека најлошото што можеме да му го направиме на нашиот син е да заспие. Се разбира, паранојата е уште еден извитоперен и несакан ефект на марихуаната, но неврологот Карл Харт од Универзитетот Колумбија, кој давал марихуана на илјадници истражувачки субјекти, забележал дека паранојата исчезнува по неколку часа и со текот на употребата на канабисот пациентот се навикнува на ефектите и повеќе не му се необични и непријатни, т.е. тие се намалуваат.

И навистина канабисот е една од неколкуте природни супстанци на планевата што не можат да те убијат! За мојот син, не секој вид на канабис помагаше. Но, на крајот, ние се базиравме на врстата White Russian, миленик на пациентите заболени од рак во големи болки и преминавме од колачињата на маслена тинктура што мојот син ја добиваше орално на секои неколку часа со капалка. Тоа изгледаше како чудо. И седум години подоцна, тоа се‘ уште функционира.

Целата сторија можете да ја прочитате тука: The Washington Post