Канабисот позитивно влијае на расположението. Помага при анксиозност и депресија, без да создаде зависност. Смирува и релаксира без несакани споредни ефекти. Ја враќа мотивацијата и желбата за живот. Корисниците започнуваат да гледаат оптимистички на животот и наместо да ги гледаат недостатроците, започнуваат да се фокусираат на позитивните аспекти на работите
Џои Мичел и нејзиниот син Џош Мичел |
Џои Мичел (Joy Mitchell) вели дека нејзиниот 16 годишен син Џош (Josh) благодарение на канабисовото масло се променил од многу насилен и често пати повлечен на училиште, во дете кое може конечно да се контролира. Но, законот се` уште го одвлекува овој тинејџер назад од неговиот лек. Само пред неколку месеци, тивко и сконцентрирано играње шах, било невозможно ни да се помисли за ова момче. Овој шеснаесетгодишник има Аутизам, а згора на тоа доби уште една дијагноза, а тоа е Туретов синдром. „Тој ја трескаше својата глава навистина тешко на земјата“ - објаснува Џои која вели дека Џош со саксија фрлал по шерифот. Одлуката да пробаат медицинска марихуана ја донесоа минатата година кога мајката веќе не знаеше каде ѝ е паметот. „Тој му се закануваше на мојот постар син со нож и ескалираше добивајќи премногу сила за да го спречам, имаше повеќе епизоди и јас не знаев што друго да направам, ние се обидовме со се` на што можевме да помислиме“ - објаснува мајката.
Секое дете заслужува здравје и непречено образование! |
За среќа лекарите му препишаа на Џош еден вид на канабисово масло, коешто тој го прима на секои два часа. „Јас само ја отварам мојата уста и го нанесувам под јазикот. Само едно прскање вообичаено. Тоа ми помогна да се смирам повеќе и да се релаксирам и слично. Јас ги правам овие звуци и ми помогна и тоа да престане исто така“ - изјавува младиот пациент Џош Мичел. Тој покажа позитивна промена во однесувањето благодарение на канабисовото масло. Мајката смета дека беше многу драстична, многу брза. Тој често вриштеше дека го мрази својот живот (F*** my life) цело време. Неговата мајка среќно изјавува дека оваа изјава се променила од „го мразам мојот живот“ во „го сакам мојот живот“!
„Тој има потешкотии на училиште...“ - вели неговата мајка, кога тој нема да ја земе својата доза. Џош може да пропушти само една доза пред да почне да се вознемирува. „Доколку можам да го имам ова на училиште тоа ќе ми помогне многу во мојата работа и се` останато“ - додава Џош. Џои сака нејзиниот син да има колку што е можно поисполнет живот и тоа вклучува одење на училиште по цел ден.
Со канабис против стрес, анксиозност, агресија, депресија! |
„Мислам дека тие чуваат други лекови под клуч во училиштето и јас не разбирам зошто тие едноставно не можат да го чуваат заклучено“ - Џои сака Џош да може да го користи својот лек и на училиште. Доста голем број американски држави изгласаа строга регулатива која дозволува медицинска употреба на канабис во училишните кампуси. Главниот спонзор на оригиналниот предлог-закон во Минесота, сега откако се стекна со внимание, ова за него треба да биде лесно техничко прилагодување. Сенаторот Скот Дибл (Scott Dibble), политичар од партијата Minnesota Democratic–Farmer–Labor Party (DFL) изготвува нацрт-закон со надеж дека ќе го претстави за време на законодавната сесија оваа недела.
Канабисот ја поттикнува неврогенезата! |
Асоцијацијата на училишните одбори од Минесота рече дека најдобриот совет од нив за сега е дека медицинската марихуана мора да биде складирана и давана надвор од училишните дворови. „Како јавно училиште, ние треба да се придржуваме кон сите закони коишто се однесуваат на јавните училишта. Според Статутот MN 152.23, во ниту едно училиште во Минесота не е дозволено користење медицински канабис во училиштата. Следствено, бидејќи не е дозволен во училишните дворови, автобуси итн. ние не можеме да го дозволиме“ - истакна Тод Лишио (Todd Lyscio), Извршниот директор на Crosslake Community School. Да се надеваме дека ова наскоро ќе се промени, затоа што секое дете заслужува нормално детство и соодветна едукација!
Извор: CBS Minnesota
No comments:
Post a Comment