Showing posts with label колачи. Show all posts
Showing posts with label колачи. Show all posts

Tuesday, May 1, 2018

Како правилно да ги чуваме продуктите со канабис за да се продолжи рокот на траење?

Правилно направената, добро чувана тинктура од канабис има практично неограничен рок на траење. Ако е во идеална средина, тинктурата може да трае со години, без никаква деградација 


Од друга страна, дури и најдобро направеното брауни со канабис, складирано под идеални услови, ќе се расипе за многу помалку време. Прехранбените продукти со канабис можат да имаат многу различен животен рок во зависност од нивните методи на подготовка, употребените состојки, намената и условите за складирање. Сите канабиноиди поминуваат деградација под слични услови, а многу пати, производите со канабис вклучуваат повеќе нестабилни и во некои случаи, расипливи состојки кои можат да бидат многу посензитивни за компромитирачките елементи. Кога станува збор за нивно складирање, постојат неколку корисни совети од порталот Leafly кои во голема мера можат да ја подобрат долговечноста на вашите омилени производи со канабис.


Без разлика дали станува збор за тинктура, мелем, балсам, масло за јадење или друг прехранбен продукт со канабис, сите канабиноиди ќе се деградираат под слични екстремни услови кои вклучуваат: продолжено изложување на топлина, светлина или кислород. Првиот чекор за складирање на секој производ со екстракт од канабис е да се осигура дека сите три од овие фактори се добро контролирани. Студено, темно и добро затворено - се три доблести за долго чување на производите. Кога станува збор за контрола на температурата, фрижидерите се универзално решение за производите со канабис. Практично секој продукт со канабис ќе има подобрени услови и продолжен рок на употреба кога ќе се чува во фрижидер.

За да се избегне изложеност на светлина и кислород, секогаш чувајте ги вашите производи во непроѕирни херметички контејнери за чување што овозможуваат што е можно помала светлина (темни по боја). Производите од диспанзер, многу пати контејнерите во кои се пакувани се соодветни за складирање. Обидете се да ги задржите сите купени производи во нивните оригинални пакувања. Секогаш одлучете да ги чувате вашите производи во стакло кога складирате долготрајно, бидејќи пластичните садови или вреќи може да ги оштетат вашите производи со текот на времето. Правилното складирање може да ја елиминира деградацијата на канабиноидите. Постојат и други состојки кои се вклучени во еден производ, кои можно е да имаат поголем придонес за истекот на рокот. 


Расипливоста на прехранбените производи со канабис може многу да варира. Рокот на колачите и други печива речиси сигурно ќе истече порано од чоколадото или тврдите бонбони. Спротивно на тоа, некои масла за готвење може да траат неколку месеци, години, па дури и вечно ако се складираат правилно. Ако купувате производ од аптека или продавница, секогаш проверувајте го датумот на опаковката. Овие типично ја земаат во предвид различноста на трајноста на употребените состојки. Ако производот го правите дома, секогаш имајте ја на ум расипливоста на поединечните состојки што се користат во рецептот, кога го одредувате рокот на траење и преференциите за складирање.

Покрај фрижидерите, замрзнувачите можат исто така да бидат одлична опција. Не сите производи за јадење можат да се чуваат во замрзнувачот, сепак на продуктите како: путер, масла за готвење и многу други производи, во голема мера може да им го продолжите рокот на траење со замрзнување. Маслото од канабис исто така може да се замрзне за долгорочно складирање. Дури и печивата што инаку би се деградирале брзо на собна температура, ќе траат подолго ако се замрзнат. Тинктурите се највисоко на листата на најдолготрајни производи со канабис за орално консумирање. 

Ако правилно се складира, добро изработената тинктура може да трае бесконечно, според авторот, одгледувачот и експертот за канабис“ - Ед Розентал (Ed Rosenthal), во неговата книга „Beyond Buds“. Розентал вели дека килибарните или сините шишиња Boston Round се идеални за складирање на тинктури и фрижидерите или замрзнувачите многу ќе ја намалат деградацијата. Важно е да се има предвид дека тинктурите подготвени со глицерини ќе се деградираат и рокот истекува многу порано од чистите алкохолни дестилации. 


Добро складираната тинктура со алкохол може да трае со години или дури децении пред значително намалување на медицинската вредност на било кој начин. Чувањето на вашите производи од канабис подалеку од директна изложеност на сончева светлина, топлина и воздух, ќе им помогне да ја задржат својата потентност и свежина за подолго време. Одржувањето на вашите производи запечатени во фрижидер или замрзнувач речиси секогаш ќе гарантира подолг рок на траење. Не сите производи се наменети да траат неограничено, а расипливоста на продуктот скоро секогаш ќе зависи од другите состојки.


Автор и Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Leafly

Tuesday, January 2, 2018

„Марихуаната ја спаси мојата бременост“ - канабисот ѝ го ублажи гадењето во првиот триместар!

Мелиса Вон (Melissa Vaughn) е 37 годишна мајка од Бостон која повеќето од времето престојува дома и која верува дека магичните браунис (колачи) го спасија нејзиното бебе! Особено оние колачи направени со Betty Crocker Fudge Brownie Mix и додаден кана-путер


Пред да ја испече нејзината прва серија, таа се обидеше со сè што можеше да најде за да ја ублажи нејзината тешка утринска мачнина, наречена хиперемеза (hyperemesis), која започна околу четвртата недела во нејзиниот прв триместар и постепено се влошуваше. „Јас постојано повраќав“ - вели Мелиса за порталот Yahoo Beauty. „Не можев да ја задржам храната. Не можев да задржам вода. Бев целосно неспособна, во кревет, не можев да функционирам. И јас изгубив 12 килограми за седум дена“. Очајна за решение, Мелиса отиде кај нејзиниот акушер и доби рецепти за неколку лекови, вклучувајќи го и Зофран, кој ѝ предизвика мигрена толку страшна, вели таа „Сакав да ги извадам очите од мојата глава“. Супозиторијата што ја пробала ја прави “гроги како пекол“ - додава таа, и јас уште бев болна со тоа“. Во меѓувреме, нејзиниот сопруг, Ник, кој работи во рекламирањето, зеде 10 дена за да се грижи за Мелиса како и нивната ќерка од предучилишна возраст.


Тој се обидуваше да притисне толку многу течности во мене колку што можеше, но потоа јас ќе повратев, вели таа. Бев нервозна. Мојата кожа почна да ја губи својата боја; моите образи се стопија“. Тогаш Ник почна да чита на интернет за медицинските придобивки од марихуаната и се врати кај Мелиса со идејава: Зошто да не пушиш трева? „Разговарав со сосетката на мојот пријател, која е акушерка, и таа рече дека тоа е единственото нешто што ја преминало преку нејзиниот прв триместар“ - вели Мелиса. „Па, јас пушев малку трева. Јас кашлав, и кашлањето ме натера да исповратам. Но, после тоа, симптомите едноставно исчезнаа. Тоа беше неверојатно“ - истакнува новата мајка Мелиса.


За Мелиса, прашањето дали да консумира трева за време на бременоста на крајот се сведе на внимателна анализа на ризиците. „Апсолутно бев загрижен за тоа“ - вели таа, „но потоа повторно, [изгледаше] помалку ризично во споредба со дефектите поврзани со другите фармацевтски лекови. Морате да го направите вашето сопствено истражување и да одлучите кои ризици сте подготвени да ги преземете. Мелиса, патем, не е пушач на трева. „Не ми се допаѓа да бидам хај“ - вели таа, но за тие неколку лоши недели за време на бременоста, таа целосно се потпираше на нејзината пријателка Мери Џејн. „Јас бев буквално еден ден пред хоспитализирање поради гадењето со повеќе IV лекови“ - вели таа, „пам кога конечно можев да ги задржам цврстите материи и течности, реков: „Ова е тоа што навистина делуваше“ - заклучува среќната трудница, спасена со марихуана. 


По повторување на оваа постапка во текот на неколку дена, таа одлучи да се обиде со јадење на прехранбените продукти со додадена марихуана наречени „edibles“, за да прекине со пушењето и кашлањето во целост. Медицинската чоколада што таа ја пробала беше премногу силна, но мешавината на Betty Crocker беше идеално средство за доставување мали количини на Blueberry Headband, хибриден вид на марихуана што ја купила од пријател. „Сфатив како би можела да го спречам гадењето и да не се чувствувам како надувано пони“ - вели Мелиса, која јадеше три до четири минијатурни тревни браунис на ден - еквивалент на едно цело големо брауни. „Немаше несакани ефекти. Тоа целосно го спречи моето гадење“.


Иако нејзината приказна можеби од првин и навидум ви звучи екстремно, не е толку необична како што можеби мислите. Според една неодамнешна студија објавена во JAMA, американските жени сè повеќе се свртуваат кон марихуаната за време на бременоста за да ја спречат утринската мачнина и гадење и другите состојби негативни последици од бременоста, вклучително и анксиозноста и депресијата. Бројот на бремени жени кои сакаат да пријават употреба на трева е мал: во 2014 година, помалку од 4 проценти од бремените жени рекоа дека во изминатиот месец користеле марихуана, од 2,4 во 2002 година. Но, некои истражувачи веруваат дека вистинските бројки се многу повисоки, затоа што мајките канабис користат најчесто во првите месеци од бременоста - траги од тоа понатаму не остануваат и сето тоа криење е поради страв да не бидат осудувани од општеството или пак, да не им бидат одземени децата.


Покрај тоа што социјалните служби ѝ се заканувале дека ќе ѝ го одземат бебето ако во неговиот систем пронајдат THC, тоа не ја спречило мајката да посегне по овој природен ј најбезбеден лек од Бога даден. Резултатите од тестирањето не покажале ништо, затоа што Мелиса користела марихуана само во привиот триместар. Сепак, идејата да се криминализираат болните трудници, т.е. оние со комплицирана бременост, кога се знае дека решението е какабисот и само канабисот - не да не е ефер - туку е крајно брутална, неетичка и нечовечна! Канабисот никого го сега не убил - НУЛА СМРТНИ СЛУЧАИ. Среќна Нова Година и повеќе памет им посакувам во оваа година на законодавците и заштитниците на глупите закони...

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Yahoo Beauty

Tuesday, December 5, 2017

Канапутерот е основата на скоро секој магичен колач. Еве како се прави КАНАПУТЕР!

Канапутерот е примарната состојка во речиси сите рецепти за подготовка на магични колачи со марихуана и останати слатко-солени задоволства со/од канабис, наречени едиблс (edibles)

Подготовката на канапутерот всушност преставува еден вид на екстракција на ТХЦ и останатите канабиноиди - тие преминуваат и остануваат активирани во путерот. Секој колач којшто во својот рецепт содржи путер, откако ќе си го направите канапутерот, можете едноставно да го додадете во вашиот омилен обичен колач, којшто ќе стане лековит и магичен. Кога правите кана-путер, најглавното што треба да се запамети е да не се брза. За подготовката на овој рецепт ќе ви треба најмалку 25 грама квалитетен сув цвет од марихуана.


Правењето на путер со канабис на ниска температура неколку часа, недозволувајќи истиот да зоврие, дозволува целосна активација на ТХЦ без да ја изгорите тревата. Ви препорачуваме да го декарбоксилирате вашиот канабис пред да готвите со него. Декарбоксилацијата дава 100% сигурност дека тревата е активирана и спремна за готвење. Можете да користите било каков вид на незасолен путер што го сакате, иако сметаме дека користењето висококвалитетен путер обезбедува подобар вкус. Поквалитетниот путер има помалку вода, така што ќе добиете подобар финален производ којшто ќе има зелена боја.

Извор: HERB
Автор: MoniQue Konopova

Sunday, July 16, 2017

За пронаоѓачот на магичните колачи со марихуана! :P

Brownie Mary Jane Rathbun
„Брауни“ (Brownie - колаче со марихуана) Мери Џејн Ратбун (Mary Jane Rathbun), позната како Брауни Мери е пронаоѓач на марихуана колачите


За време на 1980-тите Мери Џејн нелегално печеше над 4.000 браунис неделно за пациентите со канцер и СИДА во Калифорнија, како волонтер во општата болница во Сан Франциско. Покрај бројните апсења, таа остана активен застапник на марихуаната до нејзиниот последен ден на овој свет.

Заедно со активистот Денис Перон (Dennis Peron), Ратбун лобираше за легализација на канабисот за медицинска употреба и таа помогна да се надмине Забраната во Сан Франциско (1991) и Забраната во Калифорнија 215 (1996) за да ги постигнат тие цели. Таа исто така, придонесе за основање на Сан Франциско канабис купувачиот клуб, првата медицинска продавница (dispensary) за канабис во САД.


Friday, January 13, 2017

Магичните колачи со канабис му го променија животот на ова момче

Болна исповед на една мајка... Marie Myung-Ok Lee е писател и есеист кој често пишува за науката. Таа предава на Универзитетот Колумбија. Таа во една неодамнешна колумна за The Washington Post изјавува...


Marie Myung-Ok Lee со сопругот и 12 годишниот син
Marie Myung-Ok Lee е писател и есеист кој често пишува за науката. Таа предава на Универзитетот Колумбија. Таа во една неодамнешна колумна за The Washington Post изјавува: Ми беше потребно извесно време за да го усовршам рецептот за колачите. Експериментирав со состојките: Blueberry, Strawberry, Sour Diesel, White Widow, Bubba Kush, AK-47 - сите врсти на канабис коишто ги чував, помешани со глицерин во прецизно означени тегли на полицата во кујната. Откако колачињата завршуваа со печењето, јас ги вкусував трошките и ги забележував ефектите во тетратка. Често се чувствував опуштено. Една варијанта ме успа. Кога се убедив себе си дека серијата е во ред, јас му дадов колаче на мојот 9 годишен син. Во тоа време тој беше обземен од насилни напади на бес. Тој ја трескаше главата, вриштеше со часови и буквално ги јадеше своите маици. За време на вечерата, тој ги фрлаше неговите чинии толку силно што имаше храна закачена на таванот. Тој се гребеше и удираше и себеси и другите, така што луѓето ќе ги погледнеа црвените линии на нашите тела и не‘ прашуваа претпазливо, дали имаме мачки?

Но, кога ги погодив колачињата, тој се смири. Неговите агресии станаа помалку жестоки и поретки. Времето на оброците стана помалку бурно. Тој беше во можност да задржи доволно ниво на само-смиреност, така што тој дури и научи да вози велосипед - и покрај фактот што секој експерт ни кажуваше дека тоа никогаш нема да се случи. Сфаќам дека некои луѓе може да гледаат со лутење на родителите кои чуваат трева во домот, а камоли да спроведуваат полулегални медицински експерименти врз нивните деца. Но, крајно време е да се преиспитаат културните и правните ограничувања што се наметнати врз канабисот, особено кога станува збор за децата. Животот на мојот син е променет поради тоа.

Уште откако беше новороденче, јас го гледав мојот син како страда. На 18 месеци, тој беше подложен на две големи операции за отстранување на тумори на 'рбетниот мозок, само неколку недели една од друга и беше имобилизиран во гипс цела една година. После тоа, насилното беснеење започна - понекогаш дури 300 напади во еден ден. Мојот сопруг и јас не разбиравме зошто тој постапува на овој начин, се‘ додека тој беше дијагностициран од воспалителна болест на цревата на возраст од 3 години, за која дознавме дека му предизвикува болки поголем дел од денот, како и тежок аутизам, што му претставуваше тешкотија за него да се изрази себе си или да побара помош.

Се обидовме со сите видови на третмани, вклучувајќи и применувана анализа на однесувањето (applied behavior analysis - претпоставениот златен стандард кај терапијата на аутизмот), работна терапија, терапија со коњи и аудитивна интеграција. Неговиот гастроентеролог му препиша моќни антиинфламаторни лекови. Од времето кога наполни 5, нашиот син беше во специјално училиште и на хипоалергична исхрана. Потоа, неколку години подоцна, лековите престанаа да работат, а неговите агресии експлодираа. Неговото училиште, инсистираше тој да посетува психијатар, кој го препорача лекот Risperdal за лекување на неговата „аутистичка раздразливост“. 

Се чинеше дека ние повеќе немавме опции. Тогаш јас налетав на став во „Ботаниката на копнежот“ (The Botany of Desire) од Michael Pollan. Тој тврди дека канабисот е одличен за намалување на болката и може да ја забави краткотрајната меморија. Би можело ли ова, се прашував, да му помогне во ублажувањето на болката на мојот син и нападите од умствените сигнали што тој се бореше да ги процесира? За да го истражам ова прашање, јас станав дел од група на пациенти за медицинска марихуана која се состана на Универзитетот Браун (Brown University), каде што јас предавав. На собирот на тешко болни пациенти еден по друг зборуваа за лековитите влијанија на канабисот. Еден млад човек со парализирачка анксиозност и Туретов синдром, рече дека еден куп на психијатриски лекови не можат да ги смират неговите напади, но тревата можеше.

Мари на прошетка со нејзиниот здрав син!
Се убедив дека марихуаната вреди да се проба. По неколку недели на колебања, неврологот на мојот син се согласи. И така, на возраст од 9 години, мојот син стана најмладата личност со дозвола за медицинска марихуана во Род Ајленд. Најдовме сертифициран снабдувач. Потоа, бевме зафатени со пронаоѓањето на типот на марихуана што најдобро ќе функционира за него и на кој начин да го натераме да ја консумира? Д-р Lester Grinspoon, психијатар и професор на Медицинскиот факултет Харвард, кој го истражува канабисот од 1960-тите, ме увери дека најлошото што можеме да му го направиме на нашиот син е да заспие. Се разбира, паранојата е уште еден извитоперен и несакан ефект на марихуаната, но неврологот Карл Харт од Универзитетот Колумбија, кој давал марихуана на илјадници истражувачки субјекти, забележал дека паранојата исчезнува по неколку часа и со текот на употребата на канабисот пациентот се навикнува на ефектите и повеќе не му се необични и непријатни, т.е. тие се намалуваат.

И навистина канабисот е една од неколкуте природни супстанци на планевата што не можат да те убијат! За мојот син, не секој вид на канабис помагаше. Но, на крајот, ние се базиравме на врстата White Russian, миленик на пациентите заболени од рак во големи болки и преминавме од колачињата на маслена тинктура што мојот син ја добиваше орално на секои неколку часа со капалка. Тоа изгледаше како чудо. И седум години подоцна, тоа се‘ уште функционира.

Целата сторија можете да ја прочитате тука: The Washington Post