Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Дополнителната употреба на канабис е поврзана со намалување на употребата на опијати и помалку итни интервенции од страна на брза помош, кај пациенти со болка што не е поврзана со карцином - тврдат наодите од прегледот на литературата објавена во списанието „Системски прегледи“ (Systemic Reviews)
Тим истражувачи поврзани со Универзитетот во Аризона, Мел и Енид Цукерман Школата за јавно здравје (Mel and Enid Zuckerman School of Public Health), анализирал податоци од девет студии во кои учествувале 7.222 учесници со хронична болка што не била предизвикана поради карцином. Авторите идентификуваа „многу зголемено намалување на дозирањето со опиоиди, намалена посета во собите за брза помош и приеми во болници поради хронична болка од страна на корисниците на медицински канабис, споредено со луѓе без дополнителна употреба на медицински канабис. Имаше 64 до 75 проценти намалување на дозата на опиоиди за корисници на медицински канабис и целосно прекинување на употребата на опиоиди за хронична (некарциномска) болка за 32 до 59 проценти кај корисниците на медицински канабис, во споредба со пациенти без дополнителна употреба на медицински канабис“.
Наодите се во согласност со оние од неколку претходни студии кои заклучуваат дека пациентите со болка, запишани во државните спонзорирани програми за пристап до канабис, обично ја намалуваат или елиминираат нивната употреба на опиоиди со текот на времето. Авторите заклучиле: „Со оглед на тековната епидемија од опијати во САД и препознаените аналгетски својства на медицинскиот канабис, тој може да послужи како одржлива опција за да се постигне намалување на дозата на опиоиди во управувањето со хронична болка непредизвикана од карцином“. Дополнителни информации се достапни од NORML Fact Sheet: „Односот помеѓу марихуаната и опиоидите“.
Кај неинформираната јавност преовладува мислењето дека корисниците на канабис, главно се припадници на помладите генерации. Но, всушност тоа најмногу се групите на возраст од 45 до 64 години, покажуваат анализите
Канабисот е лек за сите возрасти!
Неодамнешните изтражувања за употреба на канабис во Канада откриле дека скоро 5 милиони луѓе на возраст меѓу 15 и 64 години потрошиле околу 5,7 милијарди долари за канабис во текот на 2017 година. Тоа се еден од пет луѓе во оваа возрасна група. Поголемиот дел од парите се потрошени за канабис за рекреативни, отколку за медицински цели, што во моментов е нелегално во Канада. Не е изненадување што индустријата за канабис во Канада сега е поголема од индустријата за пиво и тутун.
Па, можеби мислите дека така е само во Канада, но грешите. Во Австралија, канабисот повеќе од двојно се користи помеѓу 2004 и 2013 година кај над 50 годишните. Велика Британија има слични трендови, со користењето на канабис во возрасната група од 65 до 74 години, која се зголеми повеќе од седумкратно помеѓу 2000 и 2014 година. Во САД, стапката на самопријавени корисници на канабис во текот на претходните 12 месеци кај луѓето на возраст од 65 години и погоре, исто така, скокна масовно помеѓу 2003 и 2014 година.
Старосната група се поместила, исто така се зголемила популарноста на рекреативната употреба на канабис помеѓу постарите лица. Значи, тие се запознаени со лекот. Не може да биде сосема изненадувачки што неодамнешните истражувања укажаа на тоа како постарите луѓе користат канабис за олеснување од болката кога им се развиваат здравствени проблеми во текот на стареењето, но и за грижата до крајот на животот, заминување од овој свет без агонија од болки.
Каде е правото на избор дали да купиш или да си одгледаш?
Во Велика Британија, болките во долниот дел на грбот и вратот се најчеста причина за попреченост, особено кај Baby Boomers. Со растечкиот потенцијал за злоупотреба на лекови против болки, како што се опиоиди и габапентиноиди, сосема е можно употребата на канабис кај постарите луѓе да расте. Ова е затоа што олеснувањето на секојдневното абење на вратот, колковите и колената кај населението кое се очекува да се зголеми двојно во развиените земји, ќе биде предизвик.
Речиси секој месец некоја нова држава да објавува нови планови за промена на нивната политика во врска со канабисот. Околу 30 американски држави сега дозволуваат пристап до канабис на еден или друг начин. Но, низа регулаторни модели покажуваат дека не е само случај на „легализирање“ на канабисот - бидејќи некои Влади ќе дозволат пристап до канабисот најпрво само од медицински причини, без разлика што секоја употреба на канабис е лековита...
Исто така, постојат ограничувања за видовите на здравствени проблеми на кои што им е одобрено и може да им се препише и издаде медицински канабис. Во моментов, лековите што содржат канабис се лиценцирани само за ограничен број здравствени проблеми. Една од нив е оштетување на нервите, но само кај повеќекратна склероза.
Иако потребни се веродостојни докази базирани на студии за придобивките, како и ризиците од употреба на канабис кај постарите лица, искуството на пациентите ширум светот потврдува дека не само што канабисот е добар за болките предизвикани од разните состојби кај нив од здравствени проблеми поврзани со стареењето. Канабисот исто така успешно ги елиминира и негативните последици од лековите на рецепт што „мораат“ да ги земаат. Во комбинација со голем број други долгорочни состојби кај постарите луѓе, ризиците од користење на канабис како лек против болки се чини занемарливи, со спореднба со бенефициите кои ги пружа овој природен лек.
Создадени се два нови лекови за болка од фибромијалгија и за третман на болки во нервите поради дијабетес од страна на компанија специјализирана за лекови базирани на канабис. Трансдермалната лепенка се поставува на кожата и лекот лесно преминува во крвотокот за третирање на болка од фибромијалгија и дијабетична нервна болка
Лепенката ги лекува повредените места во телото. Во споредба со другите начини на внесување на лекови, како што се орално, топично, интравенски, интрамускулно, ректално и сл., патеката на лекување со трансдермални лекови е поповолна кај гореспоменатите дијагнози. Лепенката што се користи за третман на дијабетична нервна болка му овозможува на пациентот контролирано ослободување на лекот во телото на пациентот. Телесната топлина ги топи тенките слоеви од лекот вградени во лепилото, кои содржат екстракт од канабиноидна екстракција со висок процент на ЦБД. Овој екстракт полека навлегува во крвотокот преку капиларите, а потоа продира во централниот нервен систем на пациентот со што го ослободува од болките.
Извршниот директор на Cannabis Science, г-дин Рејмонд Ц. Дабни (Raymond C. Dabney) верува дека иднината на науката за канабис се базира на развојот на овие две нови фармацевтски медицински апликации. Компанијата се стреми да го зголеми капацитетот на земјиштето за раст и капацитетите за производство на сопствени производи за снабдување на научниците со сопственички материјали за да ги направат овие формулации. Од друга страна, компанијата за канабис е исто така зафатенa во истражување на повеќе потенцијални потреби за медицински апликации nа канабис и воведување на методи за испорака на овие лекови.
Се проценува дека фибромијалгијата влијае на 2% - 8% од популацијата, додека жените се двојно посклони да бидат погодени од болеста фибромијалгија. Луѓето со дијабетична нервна болка и фибромијалгија доживуваат хронична широко распространета болка и алармантна реакција на болка на притисок. Периферната невропатија (Peripheral neuropathy - PN) се смета за оштетување или болест што ги зафаќа нервите кои можат да го нарушат чувството, движењето, функцијата на жлездата или органот или други аспекти на здравјето во зависност од типот на нервите кои се засегнати.
CBD е вториот главен канабиноид во марихуаната по THC. Без психоактивни ефекти што ги носи ТХЦ, a има анти-воспалителни својства успешно ја елиминира болката. Г-дин Дабни, исто така, заклучува дека: „како што повеќе држави на национално ниво ја менуваат легислативата за легализација на канабис и лекови од канабис, тука во Cannabis Science, фокусот е на развојот на фармацевтски лекови и апликации за снабдување на огромната растечка побарувачка што се очекува во текот на следните неколку години“.
Терапијата со канабис ги ублажува симптомите на фибромиалгија при хронична болка и е поврзана со намалување на употребата на други штетни лекови на рецепт, според клиничките податоци објавени на интернет во Journal of Clinical Rheumatology
Постојат лепенки со канабис против болки
Околу 3-6 милиони Американци страдаат од фибромијалгија и болки во нервите, која често е лошо контролирана со стандардни фармацевтски лекови за болка. Израелските истражувачи ја оценија безбедноста и ефикасноста на инхалираниот канабис во група од 26 пациенти со фибромијалгија. Тие објавија дека третманот на лекови од канабис „бил поврзан со значителни поволни резултати во секоја проценета ставка“ - како што се намалување на болката и зголемување на енергијата.
Повеќето пациенти, исто така, ја намалија нивната употреба на конвенционалните лекови на рецепт, како што се опијати и бензодиазепини, за време на пробниот период. Речиси половина од учесниците (46 проценти) го намалиле нивниот внес на лекови на рецепт за повеќе од 50 проценти за време на истражувањето. Неколку пациенти, исто така можеа да се вратат на работа по започнувањето на терапијата со канабис.
Истражувачите заклучиле: „Медицинскиот третман со канабис имаше значителен поволен ефект врз пациентите со фибромијалгија, со минорни негативни ефекти“. Претходни испитувања кои ја проценуваат употребата на целото растение канабис или синтетички канабиноиди, исто така покажале ефикасност кај пациентите со оваа болест. Прегледот на овие претходни студии е достапен ТУКА! Апстрактот на студијата „Медицински канабис за третман на фибромијалгија“ е достапен ТУКА!
„Ако имате соодветни вариетети за да го направите маслото, нема ништо подобро за ослободување од хронична болка отколку коноповото масло. Маслата од многу типови коноп се неверојатен природен лек против болки што не создава зависност и не е штетен. Медицинскиот систем на страдалниците од хронична болка им дава опасни, што создаваат зависнот, и штетни лекови за контрола на нивната болка. Признавам дека таквите лекови се малку ефикасни, но во суштина сè што тие прават е маскирање на болката додека не обезбедуваат никаков лековит ефект. Кога земате конопово масло за хронична болка, тоа не само што ја намалува болката, тоа всушност работи обидувајќи се да ја излечи причината на твоето страдање. За секој што страда од хронични болки, коноповото масло е до сега најдобриот третман, откако тоа не создава зависност и не го оштетува остатокот од вашето тело.
Како што реков, коноповото масло ја има способноста да ја елиминира болката, но тоа исто така функционира лекувајќи ја причината. Повторно, идејата е да се престане со овие опасни фармацевтски лекови кои создаваат зависност колку што е можно побрзо и да се заменат со употребата на ова масло. Реалистично, не постои споредба помеѓу коноповото масло и фармацевтските лекарства. Повеќето лекови против болки обезбедени од страна на нашиот медицински систем се опасни, создаваат зависност, и се смртоносни, додека коноповото масло не претставува никаква зависност или опасност за пациентот.
Ако пациентот зема морфиум или други опијати за да ја контролира својата болка, јас сугерирам тие да започнат со дози со големина на парче кратко-зрнест сув ориз. Потоа зголемете ја количината што ја внесувате колку што е можно побрзо, додека го редуцирате вашиот внес од овие супстанци сè додека вие немате понатамошна потреба од фармацевтски лекови воопшто. Постојат огромни броеви на луѓе кои земале лекови што нивните доктори им ги препишале со години и истите направиле малку или ништо за да помогнат. Ако сакате да знаете како е да се чувствувате добро повторно, дајте му шанса на маслото и напуштете го лудилото што стои зад медицинскиот систем.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското Растение (Rick Simpson, Hemp: The Most Medicinal Plant)
Дали сте имале некои пациенти кои искусиле ослободување од болки во грбот или сколиоза?
„Продуцентот на нашиот документарец „Бегство од лекот“ (Run from the cure) Кристијан Лорет (Christian Laurette) страдаше од сколиоза со години. Речиси пред тринаесет години, медицинскиот систем предложи да направи операција но тие би му дале ка Кристијан само 50/50 шанса дека ќе оди повторно. Со коефициенти како овој, тој чувствуваше дека негова единствена алтернатива е да живее со болката. Скоро секојдневно, тој пропаѓаше во агонија од сколиозата и тој се имаше повеќе или помалку убедено себе си дека ништо не може да помогне. Јас го снабдив со малку конопово масло и по неколку часа тој пријави дека тој повеќе не искусува болка.
Му објаснив нему дека тој го живеел својот живот со состојба којашто не би му дозволила да вежба на начин на којшто нормална личност би требала, поради тоа неговите мускули на грбот биле многу слаби. Како што се очекуваше, по земањето на маслото како што е препорачано, Кристијан сега функционира нормално без болка, мускулите на неговиот грб се зајакнати и тој сега може да оди без маслото за подолги периоди. Кристијан е само еден од многуте со болки во грбот коишто откриле ефективен лек или контрола со употребата на овој лек за да ја олеснат нивната непријатност. Според мое мислење, нема потреба било кој да поминува низ животот во константна состојба на агонија. Ако имате проблеми со грбот од било која природа, јас сум сигурен дека употребата на овој лек ќе биде од голема корист за многумина кои ги имаат овие состојби.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското Растение (Rick Simpson, Hemp: The Most Medicinal Plant)
ПОДДРЖИ ГО НАШИОТ АКТИВИЗАМ! СПОДЕЛИ!!! Гласот на поединецот е појак од галамата на групата...