Showing posts with label канамед. Show all posts
Showing posts with label канамед. Show all posts

Monday, February 25, 2019

Конопот може да биде дополнителен извор на полен за пчелите кон крајот на сезоната

Почитувани пчелари и љубители на овие животни и нивните производи! Истражувањата со замки во Колорадо ја истакнуваат пристрасноста на пчелите кон поленот од канабисот и конопот. Конопните полиња може да имаат најсложени случаи на зачувување хранливи материи за гладните колонии, според студијата спроведена од студент по ентомологија во Колорадо


Во текот на изминатиот половина век, земјоделското производство кое зависи од пчелите како опрашувачи, се зголеми трипати. Во текот на истиот период, популацијата на пчели драматично се намалува, принудувајќи ги научниците да се борат за решенија од глобални мрежи за мониторирање на улиштата, до мали QR кодови за поединечни пчели. Минатата недела Колтон О'Брајан (Colton O'Brien) на собир на ентомолошките општества го презентираше своето откритие од вкупно 23 пчелни родови во стапици, што тој ги постави на конопно поле во август. Бројот на пчелите што студентот ги нашол меѓу редовите на конопот, укажува дека оваа билка би можела да има непредвидена еколошка вредност. 

Конопните цветови се изненадувачки магнет за пчелните популации. Билката не создава нектар, а нејзиниот полен обично се шири од ветер, а не од инсекти. Едномесечното истражување на О'Брајан беше спроведено во период од годината во кој растат уште неколку други растенија, што делумно може да ја објасни посетеноста на конопот од гладните пчели во потрагата по храна. Во пренесувањето за приказната, ScienceNews додава дека ефектите од коноповиот полен врз пчелните ларви не се познати. Но, можно е дека во тешки периоди, конопот може да биде добар извор за пчелните колонии кои се борат. На 11 ноември, презентација на годишниот собир на американските и канадските ентомолошки друштва Entomology 18, О'Брајан истакна дека неговото откритие на пчели работнички кои сакаат коноп, значело дополнителна одговорност за земјоделците. Техниките за отстранување на штетници, тврди тој, треба да бидат избрани онака за тие да немаат штетно влијание врз пристапот на пчелите до конопните растенија.

Што ќе се случи со нас доколку пчелите исчезнат?!?


Доколку сегашните грешки на легализацијата на конопот резултираат со бум на комерцијалното производство на растението, ова е навистина добра вест. Настрана од еколошките и економските придобивки од промената на законодавството во полза на конопот, тешко е да се негира дека сликата на пчелите кои летаат низ канабис растенијата имаат неверојатна привлечност... Лидерот на мнозинството од сенатот на САД, Мич Меконел (Mitch McConnell), го предложи Акт за одгледување коноп од 2018 година, а во интервјуто по среднорочните избори им изјави на новинарите дека одредбите за одгледување коноп ќе бидат вклучени во овогодинешниот Закон за земјоделство. Ако ова се случи, тоа би значело преземање на конопот од владината листа на контролирани супстанции и легализирање на продажбата на растението.

Иако оваа студија за канабис истражуваше нова територија, не е прв пат да се испитува односот помеѓу пчелните колонии и растенијата на конопот. Постојат неколку проекти кои разгледуваат како пчелите може да помогнат во доставувањето медицинска марихуана на био-пристапен начин. Францускиот пчелар Никола Трејнербис (Nicolas Trainerbees) за кој веќе имаме зборувано, е меѓу оние кои експериментираат со интеракцијата на пчелите со врсти на канабис со повеќе ТХЦ. Резултат на нивната симбиоза е канамедот (cannahoney). Израелската компанија PhytoPharma продава верзии на чист пчелин мед од канабис со високи нивоа на ЦБД и ТХЦ што според компанијата е многу корисен и лековит за пациентите.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: High Times, Science News

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:


Thursday, August 17, 2017

Како Nicolas Trainerbees ги тренира своите пчели за да произведуваат КАНАМЕД? :P

Сакаме од блиску да ви го претставиме французинот Николас Треинербис (Nicolas Trainerbees) којшто е тренер на „канабис пчели“. Со самото тоа тој создаде една сосема нова професија! Тренирањето пчели за да собираат екстракт од канабис цветовите од што прават превкусен и прездрав канамед (cannahoney) не е лесна работа, но е доста интересна и корисна за многу пациенти, па вреди да се дознае како сето тоа се одвива. Токму затоа го споделуваме со вас најновото интервју со Николас за порталот International Highlife:


International Highlife: Здраво Николас! Кажи ни нешто за себе.

Nicolas: Јас љубам да учам од животните и инсектите и јас тоа го правев уште од мојата младост. За мене, обидот да се направи симбиоза помеѓу мене и животното или инсектот што го проучувам е мој прв приоритет, кога јас сакам да дознаам повеќе за нив. Имам изучувано многу риби, инсекти и растенија - бидејќи природата е толку убава!


International Highlife: Што можеш да ни кажеш за тоа како ги тренираш своите пчели? Како започна, што те натера да го испробаш тоа?

Nicolas: Еден од моите пријатели (кои се пушачи на трева) ме праша во далечната 2007 дали е возможно да се направи вистински канамед. Јас првин реков дека тоа е невозможно, бидејќи смолата не е шеќер. Тоа беше само после многу, многу обиди (и јас најпрво требаше да ги тренирам моите пчели да прават мед од овошки, а не цвеќиња), но шест години подоцна, јас научив како да ги истренирам да се хранат од канабис билките.


Николас :)
International Highlife: Дали е тешко да се истренираат пчелите? Колку си успешен во целост?

Nicolas: Секако дека не е природно за пчелите да одат по канабис билките. Секој ден се раѓаат по две илјади пчели, овие пчели треба да бидат обучени веднаш штом ќе го напуштат улиштето - и пчелите имаат краток животен век од помалку од два месеци! Секој ден, тоа е два часа работа за да се истренираат, само за да соберат 3 кг од канамедот на крајот!


International Highlife: WOW. Па ние сфаќаме дека канабис билките всушност не произведуваат нектар. Со што точно се хранат пчелите и за што го користат тоа?

Nicolas: Пчелите се обучени да ја собираат смолата од канабис билката за да прават прополис. Прополисот е специјална леплива материја направена од пчелите од смолата на дрвјата и растенијата - тие го користат насекаде во кошницата!


International Highlife: Според неколку студии, пчелите немаат ендоканабиноиден систем - но дали тие може да имаат придобивка од терпините и другите состојки што ги произведува канабисот?

Nicolas: Можеби, бидејќи тие ја џвакаат смолата кога ја собираат! Можеби тоа е зошто ние откриваме терпински оцимени во високи нивоа во канамедот...


International Highlife: Па, ти го тестираше твојот мед за да се осигураш дека има THC? Какви се резултатите?

Nicolas: Да, јас имам направено неколку лабораториски тестови на канамедот - резултатот беше добар. На долниот крај 0,3 % и на највисокиот крај 1 %. Сега, јас знам дека ако го собирам медот кога е зрел, дел од THCA претрпува декарбоксилација поради топлината од кошницата во текот на тринеделниот период за време на кој пчелите треба да го исушат медот!


International Highlife: Фасцинантно! Па, дали си свесен за пациентите на кои им треба медицински канабис коишто го користат твојот мед? Ако да, дали тие пријавуваат добри резултати?

Nicolas: Некои пациенти го имаат пробано, но само за краток период. Некои кои страдаат од анксиозност велат дека тие се чувствувале подобро по употребата. Тоа е интересно - многу други инсекти можат да бидат истренирани да собираат смола. Јас исто така работам со полжави и мравки! Но, јас немам никаква финансиска поддршка и јас не сум спонзориран, па јас работам бавно на моето истражување.



Поддржете го Nicolas Trainerbees со тоа што ќе го споделите овој текст и ќе ја лајкнете неговата страница на Facebook