Showing posts with label полен. Show all posts
Showing posts with label полен. Show all posts

Monday, February 25, 2019

Конопот може да биде дополнителен извор на полен за пчелите кон крајот на сезоната

Почитувани пчелари и љубители на овие животни и нивните производи! Истражувањата со замки во Колорадо ја истакнуваат пристрасноста на пчелите кон поленот од канабисот и конопот. Конопните полиња може да имаат најсложени случаи на зачувување хранливи материи за гладните колонии, според студијата спроведена од студент по ентомологија во Колорадо


Во текот на изминатиот половина век, земјоделското производство кое зависи од пчелите како опрашувачи, се зголеми трипати. Во текот на истиот период, популацијата на пчели драматично се намалува, принудувајќи ги научниците да се борат за решенија од глобални мрежи за мониторирање на улиштата, до мали QR кодови за поединечни пчели. Минатата недела Колтон О'Брајан (Colton O'Brien) на собир на ентомолошките општества го презентираше своето откритие од вкупно 23 пчелни родови во стапици, што тој ги постави на конопно поле во август. Бројот на пчелите што студентот ги нашол меѓу редовите на конопот, укажува дека оваа билка би можела да има непредвидена еколошка вредност. 

Конопните цветови се изненадувачки магнет за пчелните популации. Билката не создава нектар, а нејзиниот полен обично се шири од ветер, а не од инсекти. Едномесечното истражување на О'Брајан беше спроведено во период од годината во кој растат уште неколку други растенија, што делумно може да ја објасни посетеноста на конопот од гладните пчели во потрагата по храна. Во пренесувањето за приказната, ScienceNews додава дека ефектите од коноповиот полен врз пчелните ларви не се познати. Но, можно е дека во тешки периоди, конопот може да биде добар извор за пчелните колонии кои се борат. На 11 ноември, презентација на годишниот собир на американските и канадските ентомолошки друштва Entomology 18, О'Брајан истакна дека неговото откритие на пчели работнички кои сакаат коноп, значело дополнителна одговорност за земјоделците. Техниките за отстранување на штетници, тврди тој, треба да бидат избрани онака за тие да немаат штетно влијание врз пристапот на пчелите до конопните растенија.

Што ќе се случи со нас доколку пчелите исчезнат?!?


Доколку сегашните грешки на легализацијата на конопот резултираат со бум на комерцијалното производство на растението, ова е навистина добра вест. Настрана од еколошките и економските придобивки од промената на законодавството во полза на конопот, тешко е да се негира дека сликата на пчелите кои летаат низ канабис растенијата имаат неверојатна привлечност... Лидерот на мнозинството од сенатот на САД, Мич Меконел (Mitch McConnell), го предложи Акт за одгледување коноп од 2018 година, а во интервјуто по среднорочните избори им изјави на новинарите дека одредбите за одгледување коноп ќе бидат вклучени во овогодинешниот Закон за земјоделство. Ако ова се случи, тоа би значело преземање на конопот од владината листа на контролирани супстанции и легализирање на продажбата на растението.

Иако оваа студија за канабис истражуваше нова територија, не е прв пат да се испитува односот помеѓу пчелните колонии и растенијата на конопот. Постојат неколку проекти кои разгледуваат како пчелите може да помогнат во доставувањето медицинска марихуана на био-пристапен начин. Францускиот пчелар Никола Трејнербис (Nicolas Trainerbees) за кој веќе имаме зборувано, е меѓу оние кои експериментираат со интеракцијата на пчелите со врсти на канабис со повеќе ТХЦ. Резултат на нивната симбиоза е канамедот (cannahoney). Израелската компанија PhytoPharma продава верзии на чист пчелин мед од канабис со високи нивоа на ЦБД и ТХЦ што според компанијата е многу корисен и лековит за пациентите.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: High Times, Science News

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:


Saturday, June 23, 2018

Поленизација на канабисот - собирање и чување на поленот од машките цветови

Кога одгледувачот сака да ја опраши билката за да го обезбеди семето, најдобро е да започне со светлосен режим од 12 часа светлина и 12 часа темнина во времетраење од седум дена, по што машката билка треба да се премести во собата за цветање


Поленов прав од машки билки од канабис
Пред да зборуваме за собирање на поленот, да го разгледаме начинот на зашеметување (staggering) и што тој прави за опрашувањето на канабисот. Staggering е тактика која му овозможува на одгледувачот на канабис да добие максимум семе во секоја канабис билка. Ако сакате да дознаете повеќе за полинацијата и бербата семе од канабис, може да ги усовршите своите практични и теоретски знаења со добивање на мастер сертификат за канабис, онлајн на Универзитетот за канабис тренинг (Cannabis Training University).


Временска рамка

Треба да се има на ум дека секоја врста ќе биде различна во текот на овој временски период. Ако сакате да го одгледувате вашиот канабис или да направите семе од канабис, потребно е исто така да знаете како ќе го собирате поленот и ефективно ќе го опрашите растението.


Отворете ги ќесињата со полен

Откако машките растенија од канабис почнуваат да цветаат, можете да го соберете поленот. Ако женската билка ги феминизира своите семиња, можете да го направите истото. Веднаш штом ќе ги видите топчињата со полен кои пукаат на билката како да се отвораат, треба да бидете подготвени да го соберете поленовиот прав. Еден начин на кој може да се каже дали вашиот полен е подготвен за да биде собран е внимателно да ги отстраните вреќичките со полен и да им овозможите да се исушат за една недела. Откако ќе се исушат, тогаш ќе ги ставите сите во зиперка. За да знаете сигурно дека се подготвени, едноставно ја тресете затворената зиперка со полен и жолтеникавиот прав треба лесно да се истури.


Чување на вашиот полен

Сега, кога успешно сте го собрале поленот, веќе е време да го зачувате. Непријателот за чување на поленот е влагата. Таквиот полен во голема мера може да го оштети семето од канабис. Додавањето брашно за готвење за премачкување на собраниот полен или зрна ориз успешно ја задржуваат влагата. Ако додадете повеќе брашно и го ставите поленот во замрзнувач, всушност може да го зачувате вашиот полен за една година или дури и подолго. Користете кутии за замрзнување, наместо пластични ќеси за замрзнувач. 


Опрашување на женските билки

Почекајте додека вашите женски растенија не се до три недели во фазата на цветање, пред да го разгледувате опрашувањето. Сега, кога вашата мајка е во својата трета недела на цветање, користете четка и аплицирајте го феминизираниот полен каде туфките се развиваат. До третата недела, туфките треба да покажат многу тенки бели влакна. Ќе го нанесете поленот на овие тенки бели влакна. Ќе забележите дека цветовите што го допираат поленот се единствените кои ќе создадат семе од марихуана. Можете да одлучите да опрашите неколку туфки или сите. Бидете сигурни дека сите женски влакна се допираат со поленот.


Бербата на семињата

Треба да почекате околу шест недели пред бербата на семето, бидејќи тоа е времето кое ќе биде потребно за семето од канабис да се развие. Бидете сигурни дека канабис растенијата ќе останат живи пред да падне семето. Можете веднаш да ги користите вашите семиња за садење или да ги чувате на суво и темно место, додека не ви се потребни, дури и со години. Сепак, секогаш означете го семето, ставајќи го датумот на складирање на етикетата, но и врстата или вкрстените врсти од кои е добиено.



Автор и Уредник: MoniQue Konopova

Saturday, May 19, 2018

Дивиот канабис порано растел слободно во Европа, но исчезнал пред да пристигнат првите земјоделци открива ова истражување

Научниците сега веруваат дека ова растение било вообичаено на европското копно во праисторискиот период. Растот на дивиот канабис беше распространет во Европа за време на камено доба, но растението исчезна од континентот, пред првите фармери да имаат можност да ја одгледуваат културата, заклучува новото истражување


Канабисот се врати во Европа пред околу 4.500 години!
Научниците претходно се обидуваа да утврдат каде точно растел дивиот коноп, преку комплицирани методи слични за истражување на хмељот за проучување на полени фосили. Меѓутоа, група истражувачи од Универзитетот во Вермонт, предводена од Џон Мек Партланд (John McPartlan), сега веруваат дека можеби ја решиле мистеријата, разгледувајќи што друго растело во областите. Во една студија објавена во историјата на растително потекло и археоботаника (Vegetation History and Archaeobotany), тимот заклучил дека ако другиот антички полен собран од локацијата е од растенијата вообичаени на тревните степи, примерокот најверојатно е канабис.


Ако другите фосили сугерираат дека површината е шумска, може да се претпостави дека билката е хмељ, се наведува во истражувањето. Новата теорија го натера тимот да ги преиспита примероците од фосилниот полен од камено доба од повеќе од 470 локации низ Европа, заклучувајќи дека канабисот бил присутен на сувите предели во текот на периодот. Меѓутоа, кога првите фармери стапнале на континентот од Блискиот Исток пред околу 9.000 години, билката веќе почнала да исчезнува со затоплувањето на континентот. Г-дин Мек Партленд (McPartland) рече дека има малку докази дека овие нови фармери ја култивирале билката канабис. „Ако не била таму тие не можеа да ја култивираат“ - изјави тој за порталот New Scientist.


Сепак, канабисот се врати во Европа пред околу 4.500 години за време на бронзеното доба, кога пастуралистите од евроазиската степа се преселија во континентот, со што дивиот коноп бил донесен со нив. Најдобро познат во денешно време поради медицинските и психоактивни својства, најверојатно повторно се вратил на континентот поради индустриските особини, особено бидејќи од него се правеле ткаенини. Сепак, г-дин McPartland рече дека верува дека е можно конопот да е употребуван како дрога од раните европски фармери, во општества кадешто алкохолот сè уште не бил вообичаен. „Дури и пригушената психоактивност би била ценета од луѓето кои сè уште немале алкохол“ - заклучи тој.



Автор и главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Independent