Почитувани пчелари и љубители на овие животни и нивните производи! Истражувањата со замки во Колорадо ја истакнуваат пристрасноста на пчелите кон поленот од канабисот и конопот. Конопните полиња може да имаат најсложени случаи на зачувување хранливи материи за гладните колонии, според студијата спроведена од студент по ентомологија во Колорадо
Во текот на изминатиот половина век, земјоделското производство кое зависи од пчелите како опрашувачи, се зголеми трипати. Во текот на истиот период, популацијата на пчели драматично се намалува, принудувајќи ги научниците да се борат за решенија од глобални мрежи за мониторирање на улиштата, до мали QR кодови за поединечни пчели. Минатата недела Колтон О'Брајан (Colton O'Brien) на собир на ентомолошките општества го презентираше своето откритие од вкупно 23 пчелни родови во стапици, што тој ги постави на конопно поле во август. Бројот на пчелите што студентот ги нашол меѓу редовите на конопот, укажува дека оваа билка би можела да има непредвидена еколошка вредност.
Конопните цветови се изненадувачки магнет за пчелните популации. Билката не создава нектар, а нејзиниот полен обично се шири од ветер, а не од инсекти. Едномесечното истражување на О'Брајан беше спроведено во период од годината во кој растат уште неколку други растенија, што делумно може да ја објасни посетеноста на конопот од гладните пчели во потрагата по храна. Во пренесувањето за приказната, ScienceNews додава дека ефектите од коноповиот полен врз пчелните ларви не се познати. Но, можно е дека во тешки периоди, конопот може да биде добар извор за пчелните колонии кои се борат. На 11 ноември, презентација на годишниот собир на американските и канадските ентомолошки друштва Entomology 18, О'Брајан истакна дека неговото откритие на пчели работнички кои сакаат коноп, значело дополнителна одговорност за земјоделците. Техниките за отстранување на штетници, тврди тој, треба да бидат избрани онака за тие да немаат штетно влијание врз пристапот на пчелите до конопните растенија.
Што ќе се случи со нас доколку пчелите исчезнат?!?
Доколку сегашните грешки на легализацијата на конопот резултираат со бум на комерцијалното производство на растението, ова е навистина добра вест. Настрана од еколошките и економските придобивки од промената на законодавството во полза на конопот, тешко е да се негира дека сликата на пчелите кои летаат низ канабис растенијата имаат неверојатна привлечност... Лидерот на мнозинството од сенатот на САД, Мич Меконел (Mitch McConnell), го предложи Акт за одгледување коноп од 2018 година, а во интервјуто по среднорочните избори им изјави на новинарите дека одредбите за одгледување коноп ќе бидат вклучени во овогодинешниот Закон за земјоделство. Ако ова се случи, тоа би значело преземање на конопот од владината листа на контролирани супстанции и легализирање на продажбата на растението.
Иако оваа студија за канабис истражуваше нова територија, не е прв пат да се испитува односот помеѓу пчелните колонии и растенијата на конопот. Постојат неколку проекти кои разгледуваат како пчелите може да помогнат во доставувањето медицинска марихуана на био-пристапен начин. Францускиот пчелар Никола Трејнербис (Nicolas Trainerbees) за кој веќе имаме зборувано, е меѓу оние кои експериментираат со интеракцијата на пчелите со врсти на канабис со повеќе ТХЦ. Резултат на нивната симбиоза е канамедот (cannahoney). Израелската компанија PhytoPharma продава верзии на чист пчелин мед од канабис со високи нивоа на ЦБД и ТХЦ што според компанијата е многу корисен и лековит за пациентите.
Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: High Times, Science News
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
ReplyDeletemarijuana-flower/indica/abusive-og
afghan-marijuana-seeds-fem
sativa/amnesia-haze-strain/
/black-jack-shatter/
<a href="https://buddersweed.com/shop/marijuana-flower/hybrid/black-widow-strain/
Hello mate great bblog post
ReplyDelete