Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Почитувани пчелари и љубители на овие животни и нивните производи! Истражувањата со замки во Колорадо ја истакнуваат пристрасноста на пчелите кон поленот од канабисот и конопот. Конопните полиња може да имаат најсложени случаи на зачувување хранливи материи за гладните колонии, според студијата спроведена од студент по ентомологија во Колорадо
Во текот на изминатиот половина век, земјоделското производство кое зависи од пчелите како опрашувачи, се зголеми трипати. Во текот на истиот период, популацијата на пчели драматично се намалува, принудувајќи ги научниците да се борат за решенија од глобални мрежи за мониторирање на улиштата, до мали QR кодови за поединечни пчели. Минатата недела Колтон О'Брајан (Colton O'Brien) на собир на ентомолошките општества го презентираше своето откритие од вкупно 23 пчелни родови во стапици, што тој ги постави на конопно поле во август. Бројот на пчелите што студентот ги нашол меѓу редовите на конопот, укажува дека оваа билка би можела да има непредвидена еколошка вредност.
Конопните цветови се изненадувачки магнет за пчелните популации. Билката не создава нектар, а нејзиниот полен обично се шири од ветер, а не од инсекти. Едномесечното истражување на О'Брајан беше спроведено во период од годината во кој растат уште неколку други растенија, што делумно може да ја објасни посетеноста на конопот од гладните пчели во потрагата по храна. Во пренесувањето за приказната, ScienceNews додава дека ефектите од коноповиот полен врз пчелните ларви не се познати. Но, можно е дека во тешки периоди, конопот може да биде добар извор за пчелните колонии кои се борат. На 11 ноември, презентација на годишниот собир на американските и канадските ентомолошки друштва Entomology 18, О'Брајан истакна дека неговото откритие на пчели работнички кои сакаат коноп, значело дополнителна одговорност за земјоделците. Техниките за отстранување на штетници, тврди тој, треба да бидат избрани онака за тие да немаат штетно влијание врз пристапот на пчелите до конопните растенија.
Што ќе се случи со нас доколку пчелите исчезнат?!?
Доколку сегашните грешки на легализацијата на конопот резултираат со бум на комерцијалното производство на растението, ова е навистина добра вест. Настрана од еколошките и економските придобивки од промената на законодавството во полза на конопот, тешко е да се негира дека сликата на пчелите кои летаат низ канабис растенијата имаат неверојатна привлечност... Лидерот на мнозинството од сенатот на САД, Мич Меконел (Mitch McConnell), го предложи Акт за одгледување коноп од 2018 година, а во интервјуто по среднорочните избори им изјави на новинарите дека одредбите за одгледување коноп ќе бидат вклучени во овогодинешниот Закон за земјоделство. Ако ова се случи, тоа би значело преземање на конопот од владината листа на контролирани супстанции и легализирање на продажбата на растението.
Иако оваа студија за канабис истражуваше нова територија, не е прв пат да се испитува односот помеѓу пчелните колонии и растенијата на конопот. Постојат неколку проекти кои разгледуваат како пчелите може да помогнат во доставувањето медицинска марихуана на био-пристапен начин. Францускиот пчелар Никола Трејнербис (Nicolas Trainerbees) за кој веќе имаме зборувано, е меѓу оние кои експериментираат со интеракцијата на пчелите со врсти на канабис со повеќе ТХЦ. Резултат на нивната симбиоза е канамедот (cannahoney). Израелската компанија PhytoPharma продава верзии на чист пчелин мед од канабис со високи нивоа на ЦБД и ТХЦ што според компанијата е многу корисен и лековит за пациентите.
Бидејќи трихомите се со микроскопска големина, треба да се зумира со лупа или микроскоп на белата покривка од смола која ги покрива квалитетните канабисови пупки за да се види полето на трихомите кое наликува на множетво од стебленца со малечки печурковидни главички
Кликни на сликата!
Според мене, најдобро е трихомите да се гледаат како минијатурни биолошки канабиноидни фабрики кои најмногу се наоѓаат на цветовите и листовите од марихуаната. Трихомите најбогати со ТХЦ се тие што те напушуваат, а од трихомите најбогати со ЦБД се прави најдобриот лек. Љубителите на марихуана ги интересираат трихомите со главичести стебленца, бидејќи се најкрупни и продуцираат маслести медицински и рекреативни добра.
Трихомите олеснуваат неколку суштински функции за преживување на канабисовото растение. Лепливата површинска покривка од леплива смола претставува гранична одбрана против габи, инсекти и гладни тревојади. Некои мушички, габи и останати микроорганизми не можат да пенетрираат низ бариерата на трихомите, бидејќи им пречи и мирисот што се ослободува. Исто така, трихомите играат клучна улога во растот на канабисот во тешки климатски услови. Еден слој на смола го зажтитува дивиот коноп од штетни ветрови од пустинскиот југоветар до Сибирската снежна олуја. Трихомите дури служат како органски заштитувач од сонцето, па марихуаната ја заштитува од ефектите на УВ зраците. Трихомите се микроскопски супер структури кои ја вдомуваат суштината на психоактивните својства на канабисот.
Исто така, можат да му помогнат на одгледувачот да го одреди оптималното време за берење на марихуаната. Надгледувајќи ја промената на бојата на овие т.н. смолести главички, одгледувачот може да ја оцени зрелоста на женските растенија во фазата на цветање. Во раната до средна фаза на цветање, смолестите главчиња се светли. Во текот на последната фаза од циклусот на цветањ99е, одгледувачот го набљудува преминот од светли главички до млечно бели и евентуално жолтеникави. Тоа е време кога марихуаната е спремна за жетва. Иако постојат и други фактори кои ја одредуваат зрелоста на цветовите, трихомите нека ви бидат водич за непрерана или предоцна жетва. Потентни концентрати како хашиш се прават од трихоми!
Врската помеѓу трихомите и светлината е клуч за разбирање на големата важност на трихомите. УВ светлината е Х-факторот на влажната марихуана. Канабисот се храни со светлина и кога го апсорбира оптималниот спектар е кога е во најдобра состојба. Спротивно, ќе недостигаат потентноста и вкусот. Трихомите одговараат позитивно на УВ зраците и се верува дека благодарение на нив, трихомите продуцираат одредени терпени и канабиноиди. ЛЕД светилките обезбедуваат оптимален спектар на светлина за канабисот и се поефикасни од ХИД (High intensity discharge) светилките, но мора да сфатите дека ништо не може да го замени природното златно сонце и аутдор одгледувањето.
Зелената Револуција не се ограничува повеќе само на пушење на лепливи зелени цветови. Знаењето за трихомите ги отвора вратите на канабис кујната: прекрасни концентрати, тинктури, множетво на лекови и нови восхитувачки откритија кои допрва ни претстојат! „Како што со радозналост и радост ги откривам благодетите на ова свето растение со секој нов ден, мојата восхит и понизност пред ова растение растат со секое ново изгрејсонце“ - Ваш Никола
Канабис ентузијастите ги сакаат лепливите кристали на нивните цветови, но многу малку ја знаат вистинската моќ на трихомите... Слојот врз канабисот што наликува на снежна кристална покривка, познат како трихоми, служи за многу цели, вклучувајќи зачувување на растенијата од прекумерна сончева светлина и предатори, а исто така и за производство на активните состојки канабиноиди кои се одговорни за медицинско-рекреативното дејство
Има ли нешто поубаво? ^_^
Видови на трихоми
Трихомите (малите светкави лепливи топченца), секако, не се единствени ботанички формации присутни исклучиво на растението канабис, туку се јавуваат и кај други растенија и тие можат да опслужуваат различни функции во зависност од растението. Некои месојадни растенија дури и користат трихоми за да го фатат својот плен. Трихомите од канабис се широко категоризирани во две категории: жлездени (glandular - гландуларни) и не-жлездени (non-glandular) - негландуларни, заедно со повеќе под-категории за секоја од нив. Не-жлездените трихоми се одговорни за заштита на билката канабис. Тие служат за различни функции, вклучувајќи ги и чувањето од штетните животни и инсекти, истовремено спречувајќи мувла и габи да се формираат и размножуваат на растението канабис и помагајќи ѝ на билката да ја задржи својата влага. По структура овие трихоми можат да бидат едноклеточни или повеќеклеточни.
Овие трихоми се наоѓаат на лисјата на растенијата, на краевите и на стеблата и до одреден степен на самите цвеќиња. Не-жлездените трихоми делуваат како одбранбен штит од интензивни УВ зраци кои би можеле да бидат штетни за една билка, помагајќи да се одржи растението канабис здраво и енергично дури и во сув летен ден. Не-жлездените едноклеточни трихоми се првите кои се развиваат во билката канабис. Овие мали влакна им помагаат на билките да ја задржат влагата на исклучително топли температури. Исто така, откриени рано во развојот на растението се кристолитските трихоми (chrystolithic trichomes - влакненцата), кои се малку поголеми од едноклеточните трихоми. На листовите се наоѓаат кристолитски трихоми и се верува дека ги спречуваат разните видови на предатори.
Жлездените трихоми произведуваат и складираат смола и се извор на терпенскиот профил на растението и неговата содржина на канабиноиди како THC, CBD и др. Тие се наоѓаат во изобилство на здравите женски растенија од канабисот: оние што ги пушиме, вапоризираме, јадеме или користиме ректално или топично со мачкање - за да уживаме во лекувањето со марихуана. За разлика од нивните не-глодуларни колеги, жлездените трихоми се секогаш повеќеклеточни. Постојат три под-категории на жлездените трихоми. Capitate-stalked трихомите се најважни за нашето искуство со канабисот, бидејќи тие носат најмногу канабиноиди, терпени и други есенцијални масла. Тие, исто така, произведуваат канабиноиди, но во многу помала мера од capitate-stalked трихомите. Bulbous трихомите се мали и практично невидливи за голо око и тие не се извор на канабиноиди и терпени.
Трихомите созреваат за време на различните фази на растечкиот циклус на канабисот и нивната боја е еден од основните показатели за тоа кога е време за жетва на растението. Во почеток за време на фазите на раст, трихомите се проѕирни. Кога се претвораат во облачна или млечна нијанса, ова ја сигнализира кулминацијата на канабиноидната продукција. Додека трихомите почнуваат да се свртуваат кон килибарна нијанса, ова сигнализира дека е време да се оберат цветовите. Се препорачува брзо да се соберат за сушење, откако забележливо количество трихоми се претворува во килибарно-кафена боја, бидејќи предолгото чекање всушност може да предизвика квалитетот на трихомите да се деградира значително. Тоа може да резултира со помалку од оптимална жетва. Едноставно, вашите цветови ќе бидат во најпотентниот момент, кога сите трихоми се млечни и помалку од 10% штотуку почнале да добиваат килибарна нијанса.
Сушената билка може да биде проблематична бидејќи трихомите не можат да продолжат да ги чуваат канабиноидите и терперните коишто се одговорни за медицинското чувство и неодолив вкус и мирис. И покрај тоа што е од клучно значење за една билка да има здрава обвивка од трихоми за време на нејзиниот развој за заштита, исто така е многу корисно да се одржи навлажнувањето на канабисот дури и откако е подготвен за да се пуши, така што топлината, светлината и кислородот не ги деградираат трихомите и што би го направил цветот помалку потентен. Поради оваа причина, во последно време потрошувачите на канабис се свртуваат кон регулаторите на влажност, за да ја сочуваат свежината на нивната билка долго по бербата, без да мораат да прават екстракти и тинктури од сувиот материјал пред да започне да ја губи својата јачина.
Integra Boost е еден пример за регулатор на влажност што може да се стави во тегла со сув цвет за да се задржи одредената влажност и да се спречи формирањето мувла на туфките. Овие мали паковки, исто така, обезбедуваат мазен чад, за разлика од грубоста на земање на голем здив кој гребе на грло од некоја сува билка која седи во тегла со недели или месеци. Integra Boost ги задржува терпените да не ја изгубат својата острина, што резултира со вкусен чад, сличен на чадот од штотуку обран и исушен цвет. Пакетите на Integra Boost обично се продаваат по околу 4 долари од парче, добро вреди да се зачува свежината на вашата омилена врста.
Собери го магичниот нежен прав и заштити го од влага!
Киф
Многу љубители на канабисот ги извлекуваат кристалните трихоми од цветовите на канабисот, со цел да произведат киф, прашокот што доаѓа од сува неактивирана смола. Кифот содржи висока концентрација на терпени и канабиноиди. Во суштина, пушиш прашок направен од трихоми без да го вдишеш остатокот од растението, што го засилува вкусот и медицинските квалитети на марихуаната. Овој сув вид на екстракт од канабис добиен по механички пат (на пр. со грендер во кој има мрежа) може да се добие преку механичко суво просејување познат на многу канабис ентузијасти. Овој кристален прав може директно да се вапоризира или подоцна може да се искористи на многу начини - на пример како зачин или најчесто со него се прска џоинтот за подобрен и помедицински ефект. Трихомите, исто така, може да се преработат во масло или восочен екстракт за дебинг или пресуван хашиш.
Што се тоа трихоми? Што во врска со нивната содржина? Што во врска со нивната улога? Како и сите делови од канабисовото растение, така и трихомите, сами по себе се посебни на свој начин, специфични за нешто и величествени!
Кога ќе ги погледнете цветовите на марихуаната, ќе забележите дека постојат мали кристално блескави топченца по површината во кои се соджи лекот. Читајќи литература за канабисот многу често го среќаваме поимот трихоми и единственото нешто што во кој и да е контекст е напишано за нив е кратка дефиниција дека претставуваат жлезди преполни со смола од активните состојки, во вид на микроструктури кои ги има во голем број околу пупките од цветот, но и на листовите. Ќе откријам една тајна за нив - имено токму овие магични топчести жлездички се показател дали канабисовите цветови се подготвени за берба, доколку од бели се претворат во килибарно-кафени.
Значи, трихомите се оние малечки и кристални влакненца кои ги покриваат туфките и со себе го носат најдобриот дел од лековитите состојки, а тоа се канабиноидите, терпените и флавоноидите. Имено, хашишот се прави токму од овие малечки кристални влакненца поради тоа што тие ја содржат скоро целата смола на растението, што го прави и доста леплив вид на екстракт! Значи, најимпактантната карактеристика на трихомите е нивната способност да ги создаваат канабиноидите и терпените, иако долго време научниците мислеле дека ТХЦ со останатите канабиноиди се создаваат во зелените ткива на растението и се транспортираат до трихомите за време на цветањето. Но, не е така!
Сите делови од канабисовото растение имаат барем малку ТХЦ во него, додека туфките имаат 25-30% ТХЦ од сувата маса, поради тоа што сите делови од туфката се прекриени со трихоми, од внатрешното стебло, па се до околните ливчиња. Ова е сè што ќе кажеме за трихомите засега... За домашно, разгледајте ги трихомите на вашите канабисови цветчиња и направете добри фотки и испратете ни ги за да ги објавиме на ФБ страницата, до наредниот текст – продолжение на овој серијал за трихоми. Да ѝ оддадеме симболичен гест на почит и поклон кон оваа Универзумска карактеристика на растението Канабис, моќта да ја создава материјата која претставува лек и ресетирање за духот, умот и телото, посебно во овој период од колективната човечка свесност! Најавувам дека наредниот текст ќе зборува повеќе за морфологијата, физиологијата и разни останати карактеристики на трихомите.
Техниките за екстракција се користат за одделување на активните компоненти на канабисот и нивно отстранување од растителната матрица. Техниките за екстракција се користат и за концентрација на одредени состојки. Разни методи можат да го поделат растителниот материјал од канабис во делови или екстракти, кои содржат различни состојки
Разни техники за екстракција често се користат за изолирање на специфични посакувани соединенија, а канабисот содржи над 113 канабиноиди и секојдневно се откриваат нови. Од друга страна, производителот на екстракт често пати сака да создаде единствен екстракт со многу од посакуваните соединенија од канабисот со широк канабиноиден спектар и овие екстракти понекогаш се нарекуваат целосни растителни екстракти, наспроти изолираните екстракти. Вклучувајќи ги и подобро познатите канабиноиди, научниците идентификувале повеќе од 550 хемиски состојки во канабисот воопшто, вклучувајќи компоненти како терпени.
Оваа статија стручно ги објаснува најчестите методи за екстракција на канабис, пред сè оние најчесто користени во домовите. Овој вид на „готвење“ не секогаш може да се изведе во домашни услови, со она што ни се наоѓа при рака. Некои од нив бараат вистинска лабораториска опрема неопходна за правилно и безбедно да се изврши екстракцијата. Во многу случаи, реагенсите, растворувачите и начинот на кој тие се користат, плус малку невнимание и непромисленост (на пример искра во просторија во која испарува растворувачот), можат да создадат опасни ситуации! Како резултат на тоа, многу од техниките бараат сигурносна опрема, како аспиратор на пример, боца за гасење пожар и сл. Процесот на екстракција мора да се прави правилно за да се произведе безбеден и потентен производ за хумана употреба, а резултатите треба да се проверат со соодветно аналитичко тестирање.
The Ethos-4 closed-loop ethanol extractor
Алкохолна екстракција на канабис
Неколку вообичаени форми на екстракција на канабис се потпираат на растворувач, како што е алкохолот или медицинскиот бензин. Накратко, канабисот се пере еднаш, два или три пати во алкохолот, обично етанол од 96% па нагоре, потоа растителниот материјал се отстранува, течноста се филтрира и алкохолот се отстранува со некоја форма на испарување, за на крајот да се направи декарбоксилација. Еден од најголемите предизвици е вродениот поларитет на растворувачите како етанол, што значи дека има склоност да се меша со вода и воедно да се раствораат водорастворливите молекули како хлорофилот. Отстранувањето на хлорофилот со помош на замрзнување на материјалот од екстрактот е важно бидејќи ако е оставен, создава непожелен, горчлив вкус и екстрактот добива зелена боја, наместо килибарно-златна.
Овој метод може да се изведе при атмосферски притисок, но температурата внимателно се контролира, особено за време на испарувањето. Овој процес, исто така, може да потрае неколку часа и мора да се прави внимателно, за да се избегне опасноста од експлозија бидејќи етанолот е многу запалив. Една од најголемите придобивки од оваа форма на екстракција е дека не постои ризик од оставање на токсични остатоци од хемикалии во финалниот екстракт од канабис, благодарение на испарувањето и овозможува ко-екстракција на сите соединенија од интерес, главно канабиноиди и терпеноиди. Овој метод е најчесто употребуван во домашни услови од страна на пациентите и познат е исто и како методот на Рик Симпсон, RSO метод.
Eden Labs LLC - Екстрактот се ослободува од СО2 систем
Co2 екстракција на канабис
Користењето на реагенс од секаков вид може да додаде трошоци и време за расчистување по завршувањето, па затоа треба да се земат предвид разни техники, а една од почистите е екстракција со CO2. Наместо да користи алкохол, овој метод ги отстранува компонентите од канабисот од растителната матрица со помош на јаглерод диоксид. Високиот притисок и топлината се користат за претворање на СО2, што истовремено е како течност и гас. Трошокот за опремата за овој метод е значително поголем од екстракцијата со алкохол, но произведува повисоки приноси и се губи помалку вреден материјал. Плус, овој метод може да се прилагоди за да се извлечат специфични соединенија со менување на температурата, притисокот или траењето - т.е. некаква комбинација од овие фактори. Покрај тоа, една студија покажа дека различни соединенија се концентрираат на различни стапки во истиот процес. Значи, екстрактот треба да се анализира, особено кога сакате да добиете концентрати од специфични соединенија.
Суперкритична CO2 опрема за екстракција достапна од Eden Labs
Со екстрахираните компоненти од канабисот, суперкритичниот СО2 оди во кондензатор и се претвора во течност која може да се филтрира и повторно да се користи. Како резултат на тоа, се користи многу мал реагенс. Тоа го прави овој метод релативно почист, со што ја намалува потребата за отстранување на отпадот. Дополнително, ако било колку СО2 останува во екстрактот по процесот, тоа само испарува. Ова е особено важно за сите препарати за медицинска употреба, бидејќи производителот кој го користи овој метод може да гарантира дека во финалниот производ нема да има апсолутно никаков преостанат растворувач. И покрај потребата од некои финансиски инвестиции во системот за екстракција со CO2, производителот може да разгледа различни нивоа на опрема. На пример, Apeks Supercritical прави системи за екстракција со висока продуктивност и дури нуди реновирани системи. Ова им дава на пациентите отворено поле за размислување за да донесат соодветна одлука врз основа на нивниот семеен буџет.
Користењето на бутан како растворувач за екстракција го создава она што е познато како butane хаш масло (BHO - Butan Hash Oil) за дебинг. За да го направите ова, процесот започнува со канабис и течен бутан гас во систем под притисок и топлина. Со користење на испарување под вакуум, тогаш е можно да се отстрани бутанскиот растворувач. Вакуумот го претвора бутанот од течност во пареа, што го олеснува отстранувањето. Екстрактот што се добива при овој вид на екстракција е исто така познат како шетер (shatter), што е стаклест цврст концентрат кој обично вклучува THC, CBD и други хемиски компоненти, а исто така и терпени. За да направите шетер, што е цврста верзија на бутан хаш масло, содржината на терпените мора да се чува на ниско ниво, кои спротивно функционираат како растворувач што го прави екстрактот мек. Вистинската почетна мостра може да помогне да се намалат терпените присутни во финалниот производ, како на пример работење со цветови кои поминале кјуринг. Од друга страна, бутан хаш маслото може да се загрее за да се отстранат терпените по екстракцијата, бидејќи се многу понестабилни од канабиноидите како ТХЦ и ЦБД.
The Summit T1 Extraction System од Summit Extraction Systems
Овој метод вклучува некои потенцијални опасности. Една работа, бутанот лесно гори во својата гасна фаза. Значи, користената температура мора внимателно да се управува, во спротивно постои сериозен ризик од експлозија на гас. Покрај тоа, системот треба да вклучува циркулатори кои го отстрануваат и рециклираат бутанот. Процесот на отстранување треба да го намали секој остаток од бутан во екстракт. Во сите случаи, сепак, треба да се направи аналитичко тестирање за да се осигура отстранувањето на бутанот, бидејќи е многу токсичен за луѓето. Оваа опасност може да го направи овој метод помалку посакуван избор од страна на пациентите, но е често користен од страна на рекреативните корисници. Овие методи не се за почетници! Сепак, екстракцијата со бутан е популарен метод за производителите на екстракти од канабис и ентузијасти со години, главно поради релативно малата опрема и трошоците за работа.
Фактот дека овој метод произведува вкусни екстракти со повисока содржина на терпени, отколку што може да се постигне со екстракција со CO2, на пример. Наместо бутан хаш маслото, некои производители избираат да произведуваат пропан хаш масло. Во овој метод се користи течен пропан наместо бутан. Овде, високиот притисок го задржува пропанот да тече и екстракцијата се јавува на пониска температура, бидејќи точката на вриење на пропанот е помала од бутанот. Температурата на екстракција влијае на компонентите отстранети од канабисот. Значи, овие два слични начини - екстракција со бутан и пропан - произведуваат различни екстракти. Во некои случаи, екстракцијата со бутан и пропан може да се користи во комбинација за да се создаде производ со поширок хемиски профил. Сепак, како и процесот со бутан, посебно внимание треба да се преземе при екстракција со пропан за да се отстрани колку што е можно повеќе од хемикалијата и да се докаже истото со хемиска анализа.
Вреди да се спомне дека постојат повеќе примитивни техники за екстракција на посакуваните компоненти од растителната матрица на канабисот. Кифот, на пример, може да се одвои од туфките на канабисот, едноставно со мелење и просејување. Постојат неколку спратни грендери со сито специјализирани за таа намена, за собирање на кифот во домашни услови. Овие кристални формации сочинуваат дел од структурите познати како трихоми кои се наоѓаат на многу растенија, вклучувајќи го и канабисот. Трихомите од канабисот се првенствено заштитни структури произведени од женските билки кога цветаат. Нивниот интензивен горчлив вкус и силните ароми го прават растението неприфатливо за тревопасните животни и исто така, се верува дека го инхибираат растот на некои габи. Кога се одделува од канабисот, кифот изгледа исто како прав или полен. Бидејќи канабиноидите и производството на терпеноиди се особено концентрирани во трихомите, овој прав може да се додаде во производите од канабис за да се зголеми потентноста или може да се консумира како самостоен производ, активиран или суров.
Традиционалниот хаш или хашиш, е уште еден пример за екстракт од канабис кој не содржи растворувачи. Повторно, идејата е да се одвојат трихомите од растителниот материјал, бидејќи тие содржат највисока концентрација на пожелни соединенија. Постојат два главни методи за создавање хаш: еден вклучува преземање на замрзнати туфки од канабис и нивно кршење на помали и помали делови над платното. Во процесот, трихромите се одделени од растението и паѓаат низ ситото, а потоа се притискаат во блокови; Друг примарен метод на екстракција без растворувачи вклучува употреба на замрзната вода, за да се одделат трихомите од туфките. По сушењето, потоа добиената екстрахирана смеса може да се оформи во хаш-блок. Чарасот е друга форма на екстракт без употреба на растворувач, со собирање на смолата од цветовите и листовите со помош на дланки.
Розинот (rosin), исто така, стана многу популарен во текот на последните неколку години. Произведен од цвеќиња, хаш или киф, станува збор за проѕирна супстанца цврста по конзистенција, обично направена со примена на топлина и притисок на материјалот од кој сакате да се извлече и резултира со производ кој е многу сличен со финалниот продукт од бутанска екстракција. Аналитичкото тестирање покажа дека овој едноставен пристап ефикасно ги екстрахира канабиноидите и терпените со апсолутно никаков ризик да остави зад себе токсични резидуални растворувачи како бутан. Ентузијастите се во можност да произведат многу потентен розин екстракт со пегла за коса, пергамент хартија за печење и алатка за собирање. Комерцијалните розински преси се исто така достапни за обработка на материјалот во многу поголем обем, но концептот е во суштина ист. Рамен топлински механизам за притисок се користи за да се притисне материјалот и при одредена топлина и притисок, екстрактот е изваден. Погледнете го видеото подолу. Секој екстракт од канабис е лек!
О. Во шприц и ако е чувано во темно ладно место маслото ќе трае со години, особено ако успеете да го заштитите маслото од посетители и семејството, имено жените, бидејќи тие се чини дека сакаат да го внесуваат маслото дури и повеќе од мажите.
Од соборците
Во моментот кога жените во твоето семејство ќе дознаат за подмладувачките ефекти на маслото и што тоа прави со брчките, ти нема да треба да се грижиш за тоа колку долго маслото ќе трае, тоа секогаш ќе биде изедено или употребено надворешно многу брзо. Ако сакате да ја зачувате вашата залиха од маслото, не им кажувајте на жените дека козметиката со 20-30% од маслото ќе направи чуда за нивниот тен и ќе направи да изгледаат толку млади колку што е физички возможно, во спротивно тие едноставно ќе ви го одземат без оглед на тоа што ќе се обидеш да кажеш или направиш и ти нема да треба да се грижиш за тоа колку долго ќе трае маслото.
Ова не е (наменето како) сексистички коментар, јас само информирам за тоа што сум го видел дека се случило многу пати, тоа е само набљудување и обидот да се привлече вниманието на она што маслото може да направи за вашиот тен, без оглед на полот. ЈБ
Сакаме од блиску да ви го претставиме французинот Николас Треинербис (Nicolas Trainerbees) којшто е тренер на „канабис пчели“. Со самото тоа тој создаде една сосема нова професија! Тренирањето пчели за да собираат екстракт од канабис цветовите од што прават превкусен и прездрав канамед (cannahoney) не е лесна работа, но е доста интересна и корисна за многу пациенти, па вреди да се дознае како сето тоа се одвива. Токму затоа го споделуваме со вас најновото интервју со Николас за порталот International Highlife:
International Highlife: Здраво Николас! Кажи ни нешто за себе.
Nicolas: Јас љубам да учам од животните и инсектите и јас тоа го правев уште од мојата младост. За мене, обидот да се направи симбиоза помеѓу мене и животното или инсектот што го проучувам е мој прв приоритет, кога јас сакам да дознаам повеќе за нив. Имам изучувано многу риби, инсекти и растенија - бидејќи природата е толку убава!
International Highlife: Што можеш да ни кажеш за тоа како ги тренираш своите пчели? Како започна, што те натера да го испробаш тоа?
Nicolas: Еден од моите пријатели (кои се пушачи на трева) ме праша во далечната 2007 дали е возможно да се направи вистински канамед. Јас првин реков дека тоа е невозможно, бидејќи смолата не е шеќер. Тоа беше само после многу, многу обиди (и јас најпрво требаше да ги тренирам моите пчели да прават мед од овошки, а не цвеќиња), но шест години подоцна, јас научив како да ги истренирам да се хранат од канабис билките.
Николас :)
International Highlife: Дали е тешко да се истренираат пчелите? Колку си успешен во целост?
Nicolas: Секако дека не е природно за пчелите да одат по канабис билките. Секој ден се раѓаат по две илјади пчели, овие пчели треба да бидат обучени веднаш штом ќе го напуштат улиштето - и пчелите имаат краток животен век од помалку од два месеци! Секој ден, тоа е два часа работа за да се истренираат, само за да соберат 3 кг од канамедот на крајот!
International Highlife: WOW. Па ние сфаќаме дека канабис билките всушност не произведуваат нектар. Со што точно се хранат пчелите и за што го користат тоа?
Nicolas: Пчелите се обучени да ја собираат смолата од канабис билката за да прават прополис. Прополисот е специјална леплива материја направена од пчелите од смолата на дрвјата и растенијата - тие го користат насекаде во кошницата!
International Highlife: Според неколку студии, пчелите немаат ендоканабиноиден систем - но дали тие може да имаат придобивка од терпините и другите состојки што ги произведува канабисот?
Nicolas: Можеби, бидејќи тие ја џвакаат смолата кога ја собираат! Можеби тоа е зошто ние откриваме терпински оцимени во високи нивоа во канамедот...
International Highlife: Па, ти го тестираше твојот мед за да се осигураш дека има THC? Какви се резултатите?
Nicolas: Да, јас имам направено неколку лабораториски тестови на канамедот - резултатот беше добар. На долниот крај 0,3 % и на највисокиот крај 1 %. Сега, јас знам дека ако го собирам медот кога е зрел, дел од THCA претрпува декарбоксилација поради топлината од кошницата во текот на тринеделниот период за време на кој пчелите треба да го исушат медот!
International Highlife: Фасцинантно! Па, дали си свесен за пациентите на кои им треба медицински канабис коишто го користат твојот мед? Ако да, дали тие пријавуваат добри резултати?
Nicolas: Некои пациенти го имаат пробано, но само за краток период. Некои кои страдаат од анксиозност велат дека тие се чувствувале подобро по употребата. Тоа е интересно - многу други инсекти можат да бидат истренирани да собираат смола. Јас исто така работам со полжави и мравки! Но, јас немам никаква финансиска поддршка и јас не сум спонзориран, па јас работам бавно на моето истражување.
Поддржете го Nicolas Trainerbees со тоа што ќе го споделите овој текст и ќе ја лајкнете неговата страница на Facebook!
Презентација на Јиндрих Бајер (Jindřich Bayer) на затворањето на Конференцијата за медицински канабис во Прага, март 2015 „Медицински канабис и канабиноиди: политика, наука, како и медицинска пракса“ (Medical Cannabis and Cannabinoids: policy, science, and medical practice)
Како да се подобри Протоколот на Рик Симпсон? Едноставно. Додадете квалитетен темјан во него и јадете 1-5 г од тоа секој ден. Исто така е возможно да се додаде 1 г дневно смирна (миро - вид смола). Па, 60 г од РСО, 450 г квалитетен темјан, 90 г смирна. Сето тоа внесено во рок од еден до три месеци. Дозата за одржување: 1-2 г масло месечно, 10 - 30 г темјан, смирна према потребите. Пациентите после хемотерапија или радијација итн. треба да го дуплираат или тројно да го зголемат количеството и да го консумираат во период од шест месеци.
„(Моето име е Jindřich Bayer и јас сум еден од луѓето одговорни за) промоцијата на канабисовото масло како лек за рак и други болести. Подготвив неколку слики, неколку сведоштва, можете да ги прочитате самите.
Најдобриот лек за изгореници. Докторите треба да направат студија за изгореници и канабис. Мислам дека ако тие би го имале тоа, сметам дека легализирањето на растението ќе биде многу полесно. Па да се надеваме дека ние ќе стигнеме до тоа. Еве неколку примери за третмани за канцер: рак на бели дробови на малите клетки (small-cell lung cancer), 4 стадиум на клеточен рак, рак на коски. Болката е исчезната. Па ефектот што тоа го има кај болката е извонреден. Тоа е многу безбедно. Дури и ако земете премногу масло не можете летално да се предозирате, што е неверојатно.
Рак на грлото, рак на бели дробови во 4 стадиум. Проблемот е што ние не сме во можност да направиме стандардна медицинска студија бидејќи а.) ние не знаеме како да ја направиме б.) ние немаме ресурси за да ја направиме в.) јас не сум во можност да подготвам буре од 200 л од истото масло коешто можам да им го дадам на 100 пациенти. Па се надевам дека тоа ќе се случи наскоро. Ние работиме на тоа. Тука ние имаме рак на мозок, метастазите се исчезнати, рак на бели дробови, црн дроб, коски, рак на простата во ремисија... Имам околу 1200 такви приказни од такви стории на луѓе со кои сум разговарал низ годините. Јас немам медицинска документација од повеќето од нив, јас не ја собирав бидејќи јас а.) не сум лекар б.) јас не би знаел каков вид на лек тие користеле во секој случај, па податоците не би биле навистина толку корисни.
Рак на панкреасот, тоа прави чуда за тоа, па размислувајте поинаку и употребете го правилниот лек. Кронова, исто така извонредно за тенкото и дебелото црево. Тоа навистина може да прави чуда и да тие може да го користат во супозиторна форма. Легендата дека супозиториите не ти даваат хај е легенда. Некои луѓе ги толерираат и не ги чувствуваат психоактивните ефекти толку многу. Земав супозиторија со половина грам од маслото и бев надвор од умот па... повторно, тоа не е дека тоа не е психоактивно. Внимателно. Повторно, улцерозен колитис. Најмоќниот противвоспалителен лек. Па секое воспаление во твоето тело можете да пробате да го излечите со маслото.
Можете да го јадете маслото, да го користите надворешно, да го вапоризирате, да го користите во супозиторна форма или инјекции. Функционира одлично за крвен притисок исто така, и како што може да видите овој лек има спасено многу животи до сега па се надевам дека ќе го имаме на располагање за нас исто така. Тоа е толку ефикасно што повеќето луѓе го земаат само поради споредните ефекти. Секако.
Леукемии, Лајмска болест, рак на грло, рак на кожа... Ова е добро нешто бидејќи тука можете да видите дека тие користат IV инфузија од канабис. Па тоа конечно доаѓа до онаму каде што треба да биде, лекарите конечно учат како да работат со него. Инфузиите би биле одлични со терапијата затоа што навистина треба телото да биде заситено со канабиноиди. Колку повеќе можете да ставите во пациентот, толку е подобар исходот од третманот.
Друг рак на бели дробови. За рак на кожа, обично само нанесете го надворешно и тој исчезнува, но како што е со сите болести вообичаено е подобро да се јаде маслото исто така, за да изедете стандарден РСП (Рик Симпсон Протокол) којшто вклучува јадење на 60 г на најпотентната супстанца којашто можете да ја направите од канабис, по можност со околу 95% THC, навистина моќно, и вие го јадете тоа во текот на период од 2-3 месеци. Ако започнете со дози од 1-5 мг од маслото можете да бидете речиси сигурни дека дури и почетниците нема да имаат лоши искуства со тоа. Ако започнете со 10, 20, 50, 100 мг од супстанцата бидете подготвени за неволја.
Тумори на мозокот, рак на хранопроводот, зостер, херпес, состојби на кожата, изгореници, тоа функционира за сето тоа исто така. Па, секој ако е возможно треба навистина да има кофа од маслото веднаш до нивната кујна. Ако се изгорите додека готвите, само ставете го [маслото] врз местото и болката исчезнува за минута. Кој не го сака тоа?
Рак на простата, дијабет, катаракти, IBS, артритис, седа коса, висок крвен притисок. Кога го нанесувате маслото локално може дури и да ја порасне косата во некои случаи, па старите луѓе не мораат да бидат ќелави за оние кои имаат проблем со тоа. Тоа исто така е добро. Рак на црниот дроб исчезнат за 4 недели. Исто така добра идеја е да го промените својот животен стил да ги отстраните шеќерите, да јадете здраво, додадете конопово семе во вашата исхрана и сето тоа но вистината е дека повеќето луѓе не го прават тоа и тие се излекуваат и онака.
Псоријаза, астма, COPD, состојби со белите дробови, проблеми со дишењето, глиобластом во 4 фаза, од количка на нозе по само 3 дози. Овие случаи навистина се случуваат понекогаш. Леукемија, тумори на мозокот, хепатитис Ц, дијабет, артритис, катаракти, седа коса, депресија, синдром на немирни нозе, вие кажете. Рак на бели дробови од 3 стадиум, наредна леукемија исчезната.
Како што можете да видите ова беше мојот пристап. Јас не можев да направам доволно масло и да ги снабдам пациентите тука во Чешката Република па што направив? Јас отидов на Фејсбук и започнав да ги провоцирам луѓето „хеј, хеј тоа функционира, тоа функционира!“ и потоа тие ќе кажеа „хеј тоа фукнционираше и за мене исто така“ и јас ги собирав тие податоци и сега како што реков имам скоро 1200 такви чудесни приказни составени заедно, наскоро што ќе бидат објавени, и се надевам дека тоа ќе направи разлика. Моите книги се користени за да се сменат политиките во Зимбабве и Аљаска и нешта како тоа, тоа е она што се обидуваме да го направиме.
Рак на дебелото црево во 3 стадиум. И потоа темјан со смирна. Тоа е како да се подобри квалитетот на РСП многу драматично. Босвелијата (Boswellia) е одлично антивоспалителна. Таа е исто така одлична за сите видови на канцер. Па она што треба да се направи е да се додаде 3-5 г босвелија во РСП и го дуплирате ефектот, ја дуплирате ефикасноста. Ако имате смирна, дури и подобро. Фокусирајте се на boswellia sacra од Јемен и Оман, тие се најпријатни за консумирање. Boswellia serrata може исто така да помогне доста многу, и јас сега ја истражувам босвелијата многу. Тоа е исто така работа на професорот Mechoulam, тој исто така работеше многу со босвелијата, па тоа е она на што ние сега работиме.
Маслото може да помогне повеќе ако пациентот одбие хемотерапија. Ако маслото може да ја направи својата работа самостојно и не мора да се бори со токсини и фармацевтски лекови тоа навистина фукционира подобро и пациентите се чувствуваат подобро, и успехот на третманот е многу подобар. Тоа е причината зошто ние понекогаш треба да кажеме чудни работи како не одете кај вашиот лекар повторно, држете се понастрана од хемото.
И тоа е тоа. Ако овие анегдоти се во суштина вистинити, тогаш ова е навистина чудотворна супстанца којашто треба да биде ставена надвор од опскурноста и веднаш пуштена во употреба. И тоа е сè што можам да кажам. Ви благодарам за вниманието.“
П.С. Симнете си бесплатна копија од е-книгата „Лекот за рак: Протоколот на Рик Симпсон“ од www.hempcures.work. Благодарам.
Рецепт за подготовка на лек од канабисово и кокосово масло. Еве еден домашен рецепт за подготовка на природен лек направен од канабисово и кокосово масло, којшто се користи за лекување на многу болести
Против болки, гадење, епи-напади и повеќе!
Поради законските регулативи во многу држави, т.е. поради рестрикцијата за употреба на канабис, науката превзема ситни бебешки чекорчиња во истражувањето на медицинските својства на канабисот. Традиционалната медицина од секогаш ја користела оваа природна билка, прашајте ги вашите (пра)баби и (пра)дедовци за „чуварката“ доколку не верувате...
Еве еден домашен рецепт за подготовка на природен лек направен од канабисово и кокосово масло, којшто се користи за лекување на многу болести. Со смолата од канабис подготвена по рецептот на Рик Симпсон по пат на декарбоксилација, во комбинација со ладно цеденото virgin масло од кокос како основна база за подготовка на лекот - може да направите буквално најразновидни лековити производи (+ пожелно е да додадете и темјан за да го поткрепите антиканцерогениот ефект на канабисот ако сакате да направите супозитории). Кокосовото масло е многу хранливо и со него едноставно се подготвуваат супозитории со канабисово масло.
Подготовката на кокосово масло со канабисово масло - КАНА-КОКОСОВО МАСЛО е едноставна. Одберете ја врстата (врстите) канабис што најмногу им одговара на вашите потреби, затоа што секоја индивидуа е уникатна и сечие тело функционира на поинаков начин. Без разлика која врста на канабис ќе ја одберете за подготовка на овој лек, правите неверојатен благодет за целокупната ваша здравствена благосостојба, дури и да сте потполно здрави. Настојувајте само врстата (или врстите, затоа што може да се мешаат) да е одгледана на што е можно поприроден начин. Најпрвиот чекор е активацијата на марихуаната по пат на декарбоксилација (хемиски процес на активација на канабиноидите од растението).
Потребни состојки: 1 грам декарбоксилирана марихуана или подготвено масло + 28 грама (1 ounce) ладно цедено virgin кокосово масло. Количествата може да бидат прилагодени според овој сооднос. Финалниот производ можете да го употребување во кујната за готвење, меѓутоа на средна температура, затоа што доколку се загрее премногу, активните состојки од марихуаната ќе исчезнат. Комбинацијата од двете масла успешно лекува рак, болки, гадење, епилептични напади и многу повеќе!Не постои заболување што не може да се излечи со канабис!
Инструкции: Постојат повеќе начини, еве еден од нив...
Ставете ја измерената мелена активирана марихуана во стаклена тегла и додадете кокосово масло. Цврсто затворете го капакот од теглата и ставете ја во сад полн со вода.
Полека загревајте ја водата на ниска температура, под температурата на вриење во времетраење од 60 минути. (Ова спречува маслото да се прегрее и да го изгуби лековитиот ефект.)
Исцедете ја течноста од канабисот во маслото. Користете мрежеста цедилка или пелена/платно како за цедење урда и отстранете ги цврстите остатоци од тревата од маслото во друга стаклена тегла.
Маслото од канабис и кокос сега е подготвено да се јаде или да се користи како лосион за надворешна употреба. Отстранетите цврсти остатоци од подготовката не се фрлаат! Тие исто така се лековити и може да се јадат, како и печат или варат и додаваат во секој кулинарен рецепт, како и секоја друга билка.
Зошто кокосовото масло е подобро од путерот? Кокосовото масло е најдоброто масло за произведување на потентни мешавини со канабис, како за надворешна употреба, така и за подготовка на колачи и други прехранбени лековити производи со канабис, затоа што содржи високо заситена содржина на масти. Тоа го прави кокосовото масло поспособно да ги апсорбира лековитите состојки од марихуаната, како што се канабиноидите, терпините, флавоноидите и др. во споредба со путерот или пак, другите видови на масла како основа. Додека путерот содржи заситени масти од околу 60%, содржината на кокосовото масло изнесува 90% заситени масти.
Наместо да подготвувате разновидни видови на канапутери или тинктури, доволно е само да го имате кана-кокосовото масло во вашата кујна и да го додавате во секојдневната исхрана. Овој производ е идеален за лицата кои мора да се хранат со мрсна диета за справување со епилепсијата, Алцхајмерот или ракот (како кетогенската диета). Исто така, идеално е за вегетаријанците, веганите, лицата кои се на палео исхрана, за изнемоштени лица, за зајакнување на имунитетот и за сите кои не се алергични на кокосово масло, а сакаат да го консумираат канабисот без да го пушат или вапоризираат!