Showing posts with label зачин. Show all posts
Showing posts with label зачин. Show all posts

Friday, May 22, 2020

КАРИОФИЛЕН - Кои се својствата на овој лутникав канабис терпен и за што се користи?

Терпенот кариофилен е присутен во многу билки и зачини, вклучувајќи: црн пипер, босилек и оригано, а врстите канабис со високи нивоа на овој терпен му даваат зачинета, забавна топлина на носот, слична на цимет и каранфилче. Тој е единствениот терпен познат по тоа што се однесува како канабиноид, бидејќи може да го активира нашиот ендоканабиноиден систем


Кариофиленот дава лута зачинета арома
Терпените обезбедуваат широк спектар на ароматични својства, кои се движат од цветни и земјени ноти, до мошусни и цитрусни. Кога станува збор за зачинетата страна на ароматичниот спектар, кариофиленот е на врвот на оваа листа. Она што го прави кариофиленот (β-Caryophyllene) интригантен терпен е неговата врска со нашиот ендоканабиноиден систем, особено со неговата способност да се врзува за CB2 рецепторите. Поради ова, неговата употреба нуди низа потенцијални медицински придобивки.


Уникатен профил на Кариофиленот

Исто така, наречен бета-кариофилен (beta-caryophyllene) или BCP, овој терпен може да се најде во ароматичните масла како она од рузмарин и масло од каранфилче. Во природата најчесто го има во: хмељот, каранфилчето, црниот пипер, ориганото, циметот и босилекот. Одговорен е за малата доза на лутост поврзана со мирисот на издробен црн бибер. Кариофиленот е поголема молекула од терпените како мирцен и лимонен. Молекуларната структура на кариофиленот содржи и циклобутански прстен, нешто поретко во природата и него го нема во ниту еден друг познат канабис терпен.

Карактеристики на кариофиленот

Молекуларна структура на кариофиленот
Ендоканабиноидниот систем на човечкото тело содржи огромна мрежа на рецептори лоцирани низ целото тело и мозок. Постојат два главни вида: CB1 и CB2 рецептори. CB1 рецепторите главно се наоѓаат во мозокот и централниот нервен систем, додека CB2 рецепторите се наоѓаат главно во нашите периферни органи. Кога канабиноид, како што е THC, се внесува, првенствено се врзува за CB1 рецепторите лоцирани во мозокот и централниот нервен систем, создавајќи еуфоричен ефект.

Уникатната молекуларна структура на кариофиленот му овозможува лесно да се врзува за CB2 рецепторите првенствено лоцирани во рамките на нашиот периферн ендоканабиноиден систем. Ова значи дека не предизвикува никакво еуфорично чувство од канабисот, додека дава многу придобивки поврзани со активирање на тие рецептори, како што е намалувањето на воспаленијата. За разлика од кој било друг терпен, кариофиленот е единствениот кој има можност директно да активира канабиноиден рецептор, особено ЦБ2 рецепторите.


Врсти канабис со високи нивоа на кариофилен

Видовите канабис со високи нивоа на кариофилен имаат тенденција да бидат зачинети и мошусни на мирис, а некои се познати и дека имаат забавен профил. Многу од тие врсти се познати дека предизвикуваат исто чувство на пецкање во носот, слично со чувството кога ќе вдишеме бибер. Кариофиленот се наоѓа на високо ниво во многу видови на семејството канабис наречено „Cookies“ (Колачиња): - Platinum GSC, GSC, Cookies & Cream, Candyland (Platinum Cookies x Grandaddy Purple).


Некои врсти канабис со повисока количина на кариофилен од просечната се: 
Некои врсти со многу кариофилен


  • GSC (Girl Scout Cookies)
  • Bubba Kush
  • Sour Diesel
  • Chemdog
  • Candyland
  • Death Star
  • Original Glue
  • Cookies and Cream
  • Gelato
  • The White
  • Master Kush

Овој терпен кој го олеснува стресот е присутен и во многу хибридни врсти канабис, познати по тоа што предизвикуваат релаксација и ја намалуваат вознемиреноста. Со оглед на неговите уникатни ароматични ноти, лесно е да се открие во врстата. Многу кремови, масти и мелеми од канабис користат видови со високи нивоа на кариофилен, покажувајќи го неговиот природен ароматичен профил, а истовремено даваат и терапевтски придобивки.


Потенцијални придобивки од кариофилен

Студиите за кариофилен укажуваат на широк спектар на терапевтски потенцијал. Студијата на терпенот кариофилен од 2014 година покажува својства за ослободување од болка кај глувци, а друга студија на глодари покажува потенцијал на кариофиленот да го намали внесот на алкохол, со што овој терпен е можен третман за зависности. Исто така, се покажа дека кариофиленот има антиоксидантни и антиинфламаторни својства и е можна терапија за лекување на воспалителни заболувања на цревата. Истражувањата дури откриле дека кариофиленот може да лекува вознемиреност и депресија. Тековните студии се надеваат дека ќе откријат уште поголем дел од терапевтскиот потенцијал на кариофиленот, вклучително и истражувања кои укажуваат дека може да помогне во зголемувањето на животниот век, со намалување на генскиот стрес.

Интересен факт 1: Доколку некогаш се надувате премногу, кариофиленот може да го намали тоа чудно чувство и да спречи анксиозност или параноја, благодарение на неговото анти-психотично дејство!

Интересен факт 2: Кариофиленот е единствениот терпен познат по тоа што се однесува како канабиноид, бидејќи може да го активира нашиот ендоканабиноиден систем и да предизвика анти-воспалителни реакции.






Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: Leafly, Royalqueenseeds

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

ЛИНАЛОЛ - Како делува овој цветен канабис терпен и кои се неговите придобивки?

Терпените играат клучна улога во разликувањето на вкусот и ефектот на некои врсти канабис

Што се тоа канабис флавоноиди и за што служат овие биоактивни состојки?

Sunday, November 22, 2015

Готвење со канабис

WAKE & BAKE!

Канабисот е билка што се јаде! Храни се здраво! Јади повеќе канабис!

Дури и за најискусните пушачи на канабис и консументи на производите од канабис, јадењето на јадења што содржат Марихуана и екстракти од ова растение може да се претвори во потполно ново прекрасно и превкусно искуство. Ова е одлично решение за тие коишто не сакаат да пушат трева, а сакаат да ги уживаат нејзините благодети - идеално решение за лицата коишто користат марихуана во медицински цели.


Консумирајте повеќе зеленчук!

Една од клучните состојки кај речиси сите кулинарни рецепти со Марихуана е токму путерот со канабис (Кана-путер, Cannabutter), којшто при подготовката на јадењето служи како замена на стандардниот путер. Јадењето на свеж канабис и пиењето на сок од суров цеден канабис и правењето на свежи смудиа и сосови од билката има бројни здравствени придобивки, меѓутоа на тој начин не може да ја исползувате целосната медицинска моќ од канабиноидите. За да ја подготвите тревата за јадење и за да го постигнете ефектот што го сакате, таа мора да биде згреена на некој начин. Нема да ги активирате канабиноидите доколку ја изедете тревата свежа без термичка обработка. Затоа кога готвите со канабис многу е важно да употребите некакво масло (зејтин, путер, млеко), бидејќи канабиноидот Тетрахидроканабинол (THC) е растворлив во масти, а не во вода. Затоа е невозможно да се напушите од пиење на чај од канабис, без да додадете малку млеко во чајот! ;) 

На кој начин делува?

Јадењето на активирана Марихуана е различно од нејзиното пушење. Ефектите траат многу подолго, а искуството може да биде многу поинтензивно. Ефектот може да започне од 30 минути па се` до 2 часа, по консумирањето на храната со канабис. Иако не почувствувате никаква промена извесно време, не бидете нетрпеливи и алчни и не јадете повеќе од препорачаната порција. Најдобро е да се започне со мала порција од оброкот, а потоа истата да се зголеми следниот пат, доколку не сте задоволни од „хајот“. Кога канабиноидите ќе започнат да делуваат, ќе започнете да се чувствувате многу опуштено. Па, доколку седите во удобна положба и на удобно место, нема да сакате да се помрднете, а ќе имате чувство како телото да ви е тешко и многу опуштено.

Што треба да направите доколку изедете премногу?

Запомнете: Предозирањето со Марихуана е невозножно, односно не е смртоносно. Претерувањето со храната подготвена со канабис, за некои луѓе (особено почетниците) може да биде непријатно искуство. Може да почувствуваат паника, вознемиреност, збунетост, понекогаш проблеми со координацијата, но тоа трае многу кратко и не може да предизвика сериозни последици! Доколку се прејадете со колач со путер од канабис или пак, со некакво друго јадење со екстракт од канабис и доколку ефектот е прејак за вас и не ви се допаѓа, може да го пробате следново:

1. Дишете длабоко и не паничете, бидејќи вие ја контролирате анксиозноста и вознемиреноста, Вие можете да си ја зголемите, но и вие сте тие кои можете да ја намалите и победите. Јадете храна со канабис во друштво на вашите добри пријатели кои ќе ви направат убава и удобна атмосфера;
2. Напијте се сок од свежо исцедени цитруси (лимони, портокали, мандарини, цитрони) или јадете ги свежи;
3. Јадете `фстаси или ореви од бор, препорачуваат од The Stoner's Cookbook;
4. Употребете етерично масло од бор со мачкање на кожа или по пат на инхалација;
Гответе со канабис, киф и хашиш!
5. Консумирајте повеќе CBD - Употребете производ од канабис (спреј, тинктура, масло и сл.) богат со канабиноидот Канабидиол (CBD) или пак, пушете (или консумирајте на друг начин) Марихуана со нивко ниво на THC и повисоко ниво на CBD. Канабидиолот е природен антидотум за ефектот на Тетрахидроканабидиолот, а се содржи во истото растение.

Колку канабис треба да употребите?

Потешкотијата при готвењето со канабис е одредувањето на неговата јачина, што е најголемо мерило за тоа колку трева треба да употребите. Токму затоа не се придржувајте строго кон рецептот, доколку ќе готвите со прилично слаба трева. Треба да се експериментира за да се утврди соодветната количина на канабис за конкретниот рецепт што сакате да си го приготвите. 

Декарбоксилација

Суровиот канабис содржи многу THCA (tetrahydrocannabinolic acid) кој е непсихоактивен канабиноид. Како што марихуаната се суши, таа постепено се претвора во THC. Кога пушите или вапоризирате канабис, канабиноидите поминуваат низ процесот наречен декарбоксилација и стануваат психоактивни. Токму затоа, доколку сакате да го почувствувате целосниот ефект на „напушување“ од јадењето што планирате да го подготвите, најпрво морате да го декарбоксилирате канабисот пред да готвите со него. 


Други методи за екстракција на THC

Канабисот е превкусен зачин за секое јадење!
Путерот од туфки, односно Кана-путерот не е единствениот начин за готвење со Канабис. Во многу рецепти можете да употребите Масло со канабис (Зејтин со Канабис - не станува збор за екстрактот маслото од канабис коешто се користи за лекување рак и други болести), Млеко со канабис (Cannamilk), Мед со канабис (Cannahoney), Брашно со канабис (Cannaflour), Павлака со канабис (CannaCream Cheese) и сл.

Рецепти со канабис:

Неколку превкусни слатки и солени рецепти што можете да ги испробате, а доколку ги немате сите потребни состојки, овие рецепти можеби ќе ја разбудат вашата кулинарна фантазија бидејќи канабисот ја поттикнува креативноста:

2. Специјални браунис (Special Brownies);
3. Крем супа со канабис (Cream of Cannabis soup);
4. Марихуана пица (Marijuana Pizza);
5. Стонерски тостови со топен кашкавал (Stoner Grilled Cheese Sandwiches).


Канабисот го отвора апетитот и ги изострува сетилата и затоа храната е повкусна. Храната може да биде лек. Ти си тоа што го јадеш!
УЖИВАЈТЕ ВО СЕКОЈ ОБРОК и пријатно готвење со канабис :)

Коцки мраз со канабис
Цедење суров канабис