Showing posts with label радијација. Show all posts
Showing posts with label радијација. Show all posts

Tuesday, August 7, 2018

Овие храбри луѓе тврдат дека маслото од канабис го победило нивниот рак

„Лекарот користеше убави тактики на заплашување против мене, со што ќе ме убеди да направам хемотерапија. Ова е ваша единствена опција, времето е ограничено и тоа е агресивен рапиден рак, дали не сакате да бидете тука за вашите деца кога ќе пораснат?“ - вели Флеминг. Но, хемотерапијата заврши речиси како убиство за Флеминг, побрзо од самиот рак


Augusta Fleming го победи ракот со помош на РСО!
На Oгаста Флеминг (Augusta Fleming), 29-годишна мајка на две деца ѝ бил дијагностициран рак само неколку месеци по раѓањето на нејзината втора ќерка во 2014 година. Таа била болна во текот на целата бременост. На крајот на краиштата, таа се смета себеси за олицетворение на здравје: редовно вежбање, здрава храна, пред сè органски производи и јога. Беше сè во ред, сè додека ќерката на Флеминг учеше да ползи... Па, кога бебето беше поставено на торзото на нејзината мајка и се искачи кон градите, предизвика таа да почувствува силна болка. На местото каде бебето предизвика притисок, мајката успеја да детектира и пронајде грутка на вратот. Неопходна беше истрајност преку неколку серии на тестови, бирократија на здравствено осигурување и негативните лекари, кои на Флеминг на крајот ѝ рекоа дека е во ред, за потоа конечно да откријат дека нејзиното тело се бори против третиот стадиум на лимфом. „Лекарот користеше убави тактики на заплашување против мене, со што ќе ме убеди да направам хемотерапија. Ова е ваша единствена опција, времето е ограничено и тоа е агресивен рапиден рак, дали не сакате да бидете тука за вашите деца кога ќе пораснат?“ - вели Флеминг.


Но, хемотерапијата заврши речиси како убиство за Флеминг, побрзо од самиот рак. Еден од лековите за хемотерапија, Блеомицин (Bleomycin), предизвикал белите дробови на Флеминг да се полнат со коагулирана крв. Згора на тоа, таа имаше пневмонија. Таа беше во и надвор од болница неколку недели, дозирана со разредувачи на крв и со сите видови на антибиотици. „Моите бели дробови минуваа низ пекол“ - вели Флеминг. „Се здобив со 40 килограми, бев тешко болна, а тоа беше токсичноста од хемотерапијата“ - додава таа. Иако нејзиниот онколог во Тенеси ѝ кажа дека тоа е направено со хемотерапија, извештајот од радиологија не покажа никакво намалување на туморот. Знаеше дека треба да проба нешто друго, па затоа таа побегна во Колорадо - каде што долго време сонувала да живее - во потрага по природно и најбезбедно решение - канабис.


Огаста во болница со токсикација од хемотерапија (Блеомицин)
Набргу потоа, таа почна да учи за еден вид масло од канабис, за кое некој ѝ рекол дека е за лекување на рак: еден вид „чудотворно масло“, најчесто наречено Рик Симпсон Масло (RSO). Нејзиниот прв ден во Колорадо таа отиде во диспанзерот за да добие што повеќе информации за тоа. И потоа, полна со надеж, ја започна нејзината прва серија на третмани: 90-дневно снабдување на „Солзите на Фениксот“ (Phoenix Tears - еден вид на РСО кое може самите да си го подготвите во својот дом) таа го набави за 3,000 долари. Три месеци подоцна, PET скенот на Флеминг покажа: „нема докази за болест“! Повеќе од една година подоцна, нејзините клетки на ракот сè уште се „неактивни“. Таа не се смета за „излечена“, но резултатите се ветувачки. Невозможно е да се добие точен број на пациенти со рак кои имаат или тврдат дека имаат успех со РСО, но Флеминг е секако, најмалку една од илјадници лица со слични среќни приказни... Сепак, факт е дека канабисот е лек, а хемотерапијата е неефикасен отров. 


Што е тоа Рик Симпсон масло (Rick Simpson Oil - RSO)?

RSO е концентрирана форма на масло од канабис и беше првично ре-измислена и користена за лекување на ракот од страна на самиот активист Рик Симпсон, канадски инженер кој во 1997 година со помош на маслото си го спаси својот живот. Откако се сетил дека некаде некогаш на радио слушнал како канабиноидите имаат антиканцерогени својства, тој решил да го пронајде рецептот за подготовка на екстракт од канабис. И покрај исчезнувањето на туморите по кожата, откако тој намерно секојдневно го нанесуваше маслото, неговиот лекар одби да признае дека канабисот е лек. И покрај тоа што сега тој ѝ помага на глобалната заедница на луѓе кои тврдат дека РСО ги излечило од нивниот рак, Симпсон со текот на годините се соочи со огромен отпор, со прогон, напади и апсења од страна на канадското законодавство. Само домашното масло содржи цел спектар на активни состојки. 


Домашно изработени РСО капсули! НАПРАВИ ГИ САМ/А!
Тој моментално живее во Хрватска и оттогаш објавил две книги, „Приказната за Рик Симпсон“ (The Rick Simpson Story) и „Одговорот на природата за ракот“ (Nature’s Answer for Cancer), објавени на повеќе јазици и има добиено повеќе од половина милион следбеници само на Фејсбук. Самиот RSO е прилично едноставен за да се направи, само е потребно сув канабис растителен цветен материјал, околу 600 грама (препорачана врста indica) и околу 7 литри растворувач (се препорачува 99% изопропил алкохол, но може да се користат и бутан, медицински бензин, етанол 96% или други растворувачи). Алкохолот се препорачува за домашна употреба, поради тоа што е најмалку токсичен растворувач, но исто така лесно запалив! (ВНИМАВАЈТЕ!). Само овие две состојки произведуваат 60 мл RSO, кои треба да се искористат во 90-дневната програма за лекување на било каков вид на рак, обично орално, но може и ректално во форма на супозитории, кои треба да си ги направите сами. 


Огаста пред да започне со маслото
Со текот на годините, излегуваат голем број студии кои укажуваат на тоа дека канабисот може, всушност ефикасно да третира одредени видови на рак. Студија од 2013 година од Католичкиот универзитет од Корејското Министерство за внатрешна медицина (Catholic University of Korea’s Department of Internal Medicine) откри дека канабиноидите можат да ги убијат клетките на ракот на желудникот, додека извештајот од Националниот институт за рак покажа дека канабисот може да го запре или да го забави растот на одредени случаи на рак на белите дробови. Други студии покажаа дека канабиноидите можат да го инхибираат растот на туморот кај ракот на мозокот, да го инхибираат клеточното дишење кај оралните канцери и да ја редуцираат пролиферацијата на клетките на ракот на дојката. 


Во најмала рака, канабисот често го подобрува квалитетот на животот на пациентот! Кај многу пациенти со рак кои се плашат да се потпрат само на природата, канабисот нуди остварлива и безбедна алтернатива на токсичниот коктел од опиоиди и други лекови кои создаваат зависност, користени за да се справат со симптомите на хемотерапијата, операцијата и/или зрачењето. Но, во овој момент и покрај секојдневните бројни докази за успешноста на канабисот, науката која го испитува канабисот како лек за одредени видови на рак и како третман за помош при симптомите на повеќе традиционални терапии, се смета за прелиминарна... 


Застојот во науката не запира некои храбри единки од страсно застапување и залагање за промена врз основа на лично искуство. Френк Браун (Frank Brown), сопственик на диспанзерот во Лос Анџелес LA Kush Dispensary, вели дека излекувал околу 750 пациенти со канцер со помош на РСО во последните две и пол години. Кога пациентите со рак се наоѓаат во 4 етапа и бараат алтернативи, особено кога лекарите велат дека нема ништо што можат да направат, тие бараат медицинска марихуана, вели Браун. Поголемиот дел од пациентите кои го поддржуваат неговиот диспанзер, го користат канабисот заедно со третманот препишан од нивните лекари. „Ова е во прилог на цела комбинација со исхрана и со таа комбинација, многумина одат во ремисија или го продолжуваат својот живот“ - вели Браун. „Имавме неколку пациенти кои им беше одредено помалку од еден месец да живеат, а потоа имаат убав квалитет на живот од една и пол година“ - додава тој. Иако секој пациент со рак е различен и секој рак е различен, скоро 140 пациенти се во ремисија, следејќи го режимот на РСО заедно со западната медицина и внимателна исхрана. „Тоа е цел животен стил“ - заклучува Браун.


Darren Miller со неговото РСО
Поради психоактивноста на лекот Браун предупредува дека за пациенти кои имаат мало искуство со канабис, може да биде потребно извесно време на почетокот од терапијата за да се изгради толеранција и да се навикнат на лекот. Во Лос Анџелес Куш, РСО се состои од околу 63 до 67 проценти ТХЦ, но за канцери потребно е над 80% ТХЦ. Општо земено, Браун препорачува пациентите да земаат грам до грам и половина дневно за три месеци или додека не видат позитивни резултати, а потоа грам неделно до крајот на нивниот живот. 


Во Лос Анџелес Куш, маслото чини околу 60 долари за грам. Но, за многу пациенти, како што е Флеминг, трошоците може да бидат толку претерани што на крајот ќе научат да прават RSO самостојно. „Се чувствувам поразено, сигурно ќе умрам. Кога отидов во болница, беше откриено дека имам неколку белодробни емболии. Ова беше првпат докторите да не веруваат дека ќе успеам да го направам маслото преку ноќ... Им докажав дека не се во право“ - изјавува Огаста Флеминг.


Додека првичната терапија на Огаста од РСО купено за 3,000 долари беше значително поевтина од нејзините дванаесет круга на хемотерапија, кои чинеа 120,000 долари, цената за маслото сепак и понатаму не беше пристапна за неа. Во тоа време, после нејзиното блиско смртно искуство со хемотерапија, Флеминг тешко можеше да дише кога одеше од нејзиниот автомобил до влезната врата од нејзиниот дом. Во меѓувреме, таа исто така страдаше од кризи од повлекување на опијати, благодарение на тоа што ѝ беше даван морфиум и речиси дваесетина други „лекови“ дневно. „Маслото ми помогна да спијам и да јадам, бидејќи хемотерапијата ми го ограби целосно апетитот и често ми се гадеше од јадење“ - се сеќава Флеминг. Со тоа што ѝ овозможило да живее поактивен начин на живот, РСО исто така ѝ помогнало да изгуби 70 килограми, што е честа среќна приказна кај пациентите со рак кои ги менуваат опиоидите со канабис. 


Флеминг на врвот на Маниту во Колорадо на 5-ти јуни 2018 година
Менторот на Флеминг, Дарен Милер (Darren Miller), кој целосно го излекувал својот рак со РСО и првично го купил во диспанзерот на Браун, ја научил како да го направи маслото сама. Милер (53) е чудо од човек, кој сега научи стотици луѓе како да направат РСО. Само неколку дена откако му беше дијагностициран рак во јули 2015 година, тој имаше операција за да се спаси од срцева инсуфициенција, а подоцна следеа шест круга хемотерапија за палијативна нега.


И покрај тоа, неговиот лекар му кажа дека има помалку од три месеци да живее. Сепак, до ноември, Милер се сметал себеси за излечен откако се лекувал со РСО. „Тоа беше на 26 јануари 2016 година, кога докторите ме скенираа и ми рекоа дека никогаш не би можеле да кажат дека имам рак“ - вели тој. До ден денес, тој јаде околу еден грам RSO неделно. Во моментов, ќерките на Флеминг сега имаат три и пет години, а храбрата мама Огаста Флеминг продолжува да го зема маслото, превентивна доза на РСО и е посветена на холистички начин на живеење. Таа е онеспособена - хемотерапијата ја остави со оштетување на нервите на левата страна на нејзиното тело, што ѝ го отежнува користењето на нозете - но, таа не се откажува и е фокусирана на уметност и фотографија, нејзините најголеми страсти и продолжува да ги мотивира сите да не се плашат да се лекуваат со канабис и верува дека целосно ќе закрепне од канабисот.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:





Автор: Кате К.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Ehealthmagz

Saturday, July 14, 2018

Хемотерапијата ги убива здравите клетки. Канабисот го убива исклучиво ракот!

Медицинската заедница се чини дека е подготвена сè почесто да ги слуша пофалбите од пациентите со рак кои ги опишуваат нивните симптоми како намалени кога го користат екстрактот од канабис, за разлика од вообичаените поплаки кои се однесуваат на несаканите ефекти од хемотерапијата. Преку механизмот што ги предизвикува митохондриите да престанат со производство на енергија, активната состојка ТХЦ доведува до смрт на канцерогените клетки


Канцерогените клетки исчезнуваат под дејство на ТХЦ!
Има многу нови истражувања за канабисот и ракот. Сè повеќе и повеќе студии ги поддржуваат овие анегдотски извештаи за да покажат дека ЦБД и ТХЦ (како најпознати меѓу сите канабиноиди, терпени и флавоноиди, кои природно постојат во растението канабис, а кои допрва треба да бидат целосно откриени и проучени) се од клучно значење за борбата против ракот. ТХЦ му помага на имунолошкиот систем да најде клетки на ракот и ја поттикнува апоптозата, додека ЦБД помага во успорувањето и спречувањето на метастазите. По објавувањето на прелиминарните податоци, каков што е случајот со студијата од Вирџинија, објавена во 1975 година, американската Влада ги затвори финансиите за истражување на рак и канабис за период од дваесет години.


До 1990-тите, Американската Национална програма за токсикологија (US National Toxicology Program) повторно открила позитивно влијание на канабисот врз ракот... За жал, можностите за финансирање на истражувањето на канабисот и во тоа време остануваат ограничени. Повеќето застапници на канабисот веруваат дека Големата ФармаФија дава финансиски стимулации на клучните фигури во Владите кои имаат влијание врз финансирањето на истражувањата во медицината. Сè уште медицината не верува во живите докази (излечените пациенти) и сè уште потребна е дозвола за сите истражувања на канабисот и како што објаснуваат политичките коментатори како Џон Оливер (John Oliver), тоа може да трае со години. Откако истражувачите ќе ја добијат дозволата, сепак може да се потребни уште неколку години за студијата да заврши.



Канабисот е во состојба да третира широк спектар на состојби. Канабисот го убива ракот. Но, како? Па, за ова подетално да го разбереме, ќе мора да се потсетиме на основите за ендоканабиноидниот систем и CB1 / CB2 рецепторите! Овие канабиноидни рецептори се активираат од фитоканабиноидите пронајдени во канабисот. Постои теорија која веќе подолго време е дебатирана во истражувачките кругови, дека болеста рак се јавува поради недостаток на ендоканабиноиди. Ендоканабиноидниот дефицит веќе е докажан како факт за некои од болестите кои се јавуваат во поодминатите години, на пример Алцхајмер. CB1 рецепторите се концентрирани во нервниот систем, вклучувајќи го и мозокот; CB2 рецепторите се наоѓаат низ органите на телото и како дел од имунолошкиот систем. Кога ТХЦ се врзува за CB1 или CB2 рецепторите (на клетките од ракот), тоа предизвикува зголемено производство на церамиди (Ceramides), вид на липиди кои најчесто се наоѓаат во производите за нега на кожата. Овие смолести масни молекули ја предизвикуваат клеточната смрт.


Здравите клетки нема да го зголемат нивото на церамидите како одговор на ТХЦ, но заболените клетки ќе започнат со производство на овие липиди. Погледнете го видеото подолу за тоа како THC ги убива клетките на ракот оставајќи ги здравите клетки воопшто недопрени. Овие 30 секунди се кондензација од 20-часовна снимка. Со зголемувањето на керамидите, митохондриите стануваат повеќе пропустливи за циктохром (cyctochrome - важен протеин во производството на енергија). Цитохромот ги остава митохондриите, а клетката повеќе не може да произведе енергија, што претставува нејзина смрт. 


Ние сме само на самиот почеток на научното разбирање како овие механизми функционираат; како канабисот успева да го убие само ракот, а не и пациентот каков што е случајот со хемото. Со финансирање на истражувањата за канабисот, но и со преквалификувањето на оваа билка од категорија на опасна дрога, во категорија на најлековити и најбезбедни растенија - многу животи ќе бидат спасени! До тогаш мораме да работиме врз проширувањето на свеста за лековитиот потенцијал на конопот, па затоа ТЕ ЗАМОЛУВАМЕ СПОДЕЛИ ЈА ОВАА СТАТИЈА НА ТВОИТЕ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ! Спаси некој денес...



ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 

Истражувачите конечно потврдуваат дека ракот е болест создадена од човекот!

Активната состојка ТХЦ има моќ да го победи ракот на дојка

Националниот институт за рак признава дека ТХЦ предизвикува 45% ремисија кај рак на мочен меур, рак на дојка и рак на црниот дроб

Инструкции за дозирање канабисово масло кај пациенти оштетени од хемотерапија и радијација
Автор: MoniQue Konopova
Извор: Rxleaf

Wednesday, November 8, 2017

Како конопот може да ја деконтаминира почвата и да го спаси светот?

Американската агенција за заштита на животната средина (EPA) процени дека на преку 30.000 места (области) во Америка е потребено чистење од отрови. Областите загадени со токсични метали, пестициди, бензин и експлозиви се насекаде низ земјата, но и низ светот, загрозувајќи ја локалната и глобалната екологија. Конопот се користи за чистење од смртоносни загадувачи со децении. Истражувачите од Државниот Универзитет во Колорадо утврдиле дека конопот е екстремно ефективен во отстранувањето на тешки метали и радиоактивен отпад, длабоко наталожени во почвата

Конопот во Чернобил претставува природен филтер!
Врската помеѓу конопот и Чернобил

Со користење на техниката наречена „Фиторемедијација“ (Phytoremediation), индустрискиот коноп се користел за намалување на штетите од чернобилската катастрофа, смртоносната нуклеарна експлозија во 1986 г. во Украина. Фиторемедијација е нова технологија која користи зелени растенија за отстранување, изолирање или заменување загадена почва.

Конопот се смета за ефтин, безбеден за околината процес за расчистување. По катастрофата, токсични супстанци влегле во ланецот на прехрана преку кравите и другата живина која се хранела од околните растенија. Владата морала да спречи натамошно раширување на токсините со расчистување на почвата и поставување услов дека живината смее да јаде само незагадени растенија. Компанијата за технологии и молекуларна биологија Phytotech, утврдила дека канабисот има природна способност да ги чисти и стабилизира загадените подрачја и во случајот со Чернобил, илјадници дрвца коноп биле насадени во и околу регионот. Научникот Масару Емото тврди дека конопот може да го исчисти нуклеарниот отпад во Фукушима. Коноп садат во Фукушима, за да ја исчистат областа од радијацијата.


Конопот најдобро ја филтрира почвата!
Загадување со тешки метали

Според студија спроведена од Државниот Универзитет на Колорадо, поголемиот дел од почвата низ светот е заразена со кадмиум. Toa е крајно токсичен тежок метал, најчесто користен за изработка на батерии, телевизори, цемент, вештачки ѓубрива, фосилни горива, тутун и многу други производи. Се смета за отров за животната средина во многу делови од светот и дури е забранет од страна на ЕУ бидејќи поседува канцерогени својства и предизвикува кардиоваскуларни проблеми.


Размислувајте еколошки!
САД трошат милиони да ја исчистат загадената почва секоја година. Индустријата, земјоделството, таложењето на отпади и другите штетни практики продолжуваат да го загадуваат екосистемот, кој присилува многу истражувачи да бараат и наоѓаат алтернативни методи за обновување на почвата и прочистување на животната средина. Според магазинот „Frontiers in Plant Science“: „Фиторемедијација е елегантен и ефтин пристап за деконтаминација на загадените подрачја, високо прифатен во јавноста и затоа вклучен во истражување на технологијата на фиторемедијација за големи подрачја на копно и вода кои се моментално засегнати“.


Апсорбира штетни материи од воздухот, водата и почвата!
Зошто конопот е толку ефикасен?

Конопот е идеална билка за биоремедијација бидејќи расте многу брзо (созрева за 3-4 месеци!), пушта длабоки корења во земјата и не е засегнат од загадувачите вклучувајќи го и самиот кадмиум. Има способност да апсорбира голема количина кадмиум без да ја оштети билката. Конопот е познат по својата отпорност на повеќето познати загадувачи и тие не му пречат на ова растение ни на развојот, ни на квалитетот на стеблото. Дополнително, истиот коноп кој е засаден да ја исчисти почвата може да се искористи и за производство на биогорива или за производство на хемпкрит (бетон од коноп - канабетон), но не и за конзумирање бидејќи е веќе полн со тешки метали и други загадувачи од почвата.

Ајде сите масовно да садиме коноп!
Заштитата на животната средина е само една од причините во низата причини зошто канабисот треба да се декриминализира, бидејќи со моменталните закони, не е возможно да се направи масовна деконтаминација на почвата која е толку контаминирана. Конопот е најдобриот природен филтер за апсорпција на штетните материи од почвата, водата и воздухот. Имено го прочистува загадениот воздух многу подобро од шумите!!! Вдишува 4 пати повеќе јаглерод диоксид од дрвјата и дава многу повеќе кислород. Конопот е најефтина и најобновлива суровина за производство на ХАРТИЈА, која е многу поиздржлива од хартијата направена од дрвјата. Дрвјата растат 100 години, а од Коноп може да се произведат и неколку реколти во годината!!! Исто така, воздухот ќе биде многу почист и ќе имаме многу повеќе кислород.

Автор: Ѓорѓи Д.
Извор: HERB





Saturday, January 7, 2017

80 годишниот Стан Ратнер се излечи од рак на мозокот и белите дробови со канабисово масло

Среќните Stan & Barb Rutner
На 18 ноември 2013 година, во медиумите се појави објава за чудесната приказна за еден неверојатен природен лек канабис, што на 80 годишниот Стан Ратнер (Stan Rutner) од Калифорнија успеја да му помогне во борбата со ракот на мозокот и белите дробови. Оваа сторија е неверојатна поради тешката состојба во која се наоѓал Стан, во домот за неизлечиво болни лица. Деталите за исцелувањето на Стан со помош на канабис, може да ги проследите на страницата CureYourOwnCancer.

Хемотерапијата и радијацијата само го убиваа и не правеа скоро ништо полезно за неговите канцери на мозокот и белите дробови. Тој беше доведен на работ од смртта и мораше да започне со користење на кислород 24/7. Тогаш неговиот иден зет Џон (John) и неговата ќерка Корин (Corrine) го убедиле изнемоштениот Стан да проба канабисово масло. Резултатите биле неверојатни!

Корин била задолжена за неговото лекување и била негова негувателка. Таа не помислила на канабисот се‘ додека нејзиниот сопруг Џон не ѝ кажал за канабисот како последна опција. Тие разговарале за користењето на канабисово масло со онкологот на Стан, откако дознале дека Стан може да почине за две недели. 

Конвенционалната медицина не можеше да го убие за профит. Затоа онкологот потоа им рече дека ќе биде во ред да се обидат со било што. Стен се согласи на се‘ она што ќе биде лесно за него за користење и тој започна со масло од канабис во капсула со кокосово масло наутро и масло од канабис со високо ниво на THC пред да оди на спиење. Резултатите се неверојатни. По само неколку дена, тој беше во можност да спије подобро, да јаде повеќе, да се движи без користење на кислород и да оди без потпора. Во рок од девет месеци, тој беше целосно излечен од ракот!


Но, дали овие резултати се одржале и понатаму? Дали Стан доживеал метастази и како тој се чувствува сега, три и пол години по неговата првична дијагноза на негова тогаш 77 годишна возраст? Корин и Џон објавиле новости на нивната страница за канабис https://unitedpatientsgroup.com/, коишто ја основале откако започнале да истражуваат за канабисот поради таткото на Корин. Тоа е страница богата со факти и други корисни информации за користењето канабис. Тие постојано комуницираат со читателите, одговараат на нивните прашања, им објаснуваат како да добијат дозвола за користење на медицинска марихуана во Калифорнија и како да најдат и направат канабисово масло. На страницата има и други корисни информации за природните начини на лекување канцер, за соодветниот начин на исхрана и како да го превенираме ракот.

Стан се излечи со канабисово масло
Корин на 20ти март 2014 година објави дека Стан и покрај неговата возраст, повторно беше многу активен, дури повеќе отколку пред да се разболи. Тој отпатува до Монтана за венчавката на неговата ќерка Корин. Стан дури и активно е вклучен во борбата за легализација на канабисот, се појавува на интервјуа и дискусии. Во следна објава од 16 Јуни 2014 година, Стан вели: „Прекрасно е да се биде жив“ и „Јас сум среќник што ја имам можноста да уживам во животот повторно“.

Стан се‘ уште го консумира канабисовото масло во помали количини и тој се чувствува одлично. Треба да ве потсетиме дека во неговиот случај не стануваше збор за канцер во почетен стадиум, туку канабисот буквално го воскресна од смртната постела. Тој престана со примање на стандардната медицина - хемо и зрачења, затоа што тие конвенционални смртоносни терапии му го оштетија имуниот систем и му предизвикаа сериозна двојна пневмонија. Лекарите престанаа легално да го убиваат и одредија дека Стан нема да преживее повеќе од неколку недели.

Стан всушност се здоби со сериозни здравствени проблеми откако тој започна со конвенционалните онколошки третмани. Потоа, неговата состојба се влоши и самиот има споменато дека тој мислел дека има грип и кога отишол на преглед, му беше дијагностициран рак. И еве ја иронијата на нашиот превртен свет... Агенцијата за храна и лекови - FDA ги одобрува медицинските интервенции кои не го лекуваат ракот, а често пати го убиваат пациентот. Додека Администрација за борба против дрогата - DEA тврдоглаво го рангирана канабисот како нелегална дрога бр. 1 (опасна и без медицински придобивки), а вистината сите ја знаеме - канабисот лекува и најчесто без несакани последици.

Статија од Culture Magazine од септември 2013


Friday, September 23, 2016

Инструкции за дозирање канабисово масло кај пациенти оштетени од хемотерапија и радијација

Хемотерапијата и зрачењата покрај високата цена, претставуваат ризик по здравјето и животот на пациентот што ги користи овие смртоносни третмани, затоа што докажано е дека предизвикуваат рак. Маслото од смолата на канабисовите цветови има многу висока стапка на ефикасност кај лекувањето на сите форми на канцер, за што секојдневно има сè повеќе докази и сведочења од излечените пациенти


Хемото убива. Канабисот лекува!
Македонските доктори официјално ја признаа и потврдија штетноста и леталноста и можните негативни последици од хемотерапијата, а ја препишуваат и на мали деца! Од друга страна од КАНАБИС до сега нема НИТУ ЕДЕН ПОЧИНАТ... Хемотерапијата го убива ракот, но заедно со ракот умира и пациентот. Марихуаната го убива само ракот, а воедно целосно го регенерира телото, духот и умот на пациентот кој боледува од канцер. Од канабис никој во историјата на човештвото не умрел, а многумина оздравеле од секакви форми на рак (и други болести) и по терапијата со канабис се подмладени, затоа што научно е докажано дека канабиноидите ја поттикнуваат неврогенезата во мозокот и регенерацијата на ткивата. Хемотерапијата и зрачењата покрај високата цена, претставуваат ризик по здравјето и животот на пациентот што ги користи овие смртоносни третмани, затоа што докажано е дека предизвикуваат рак. Маслото од смолата на канабисовите цветови има многу висока стапка на ефикасност кај лекувањето на сите форми на канцер, за што секојдневно има сè повеќе докази и сведочења од излечените пациенти.



Лекот за рак се вика КАНАБИС!
Но, за жал многу луѓе кои дојдоа кај мене да побараат помош, веќе беа сериозно оштетени од хемотерапија и терапиите со зрачења кои се наложени од медицинскиот систем. Штетата што ваквите третмани може да ја предизвикаат има долготраен ефект и луѓето кои се жртви на ефектите на таквите третмани се најтешки за лекување. Но, дури и оние кои страдале од сите овие ужасни оштетувања на нивните тела, сè уште имаат добра шанса целосно да се исцелат, доколку ги следат моите инструкции. Кога оние кои се оштетени од овие т.н. „третмани“ ме прашуваат за совет, јас им велам да консумираат 180 грама или 180 мл квалитетно масло, колку поскоро можат и ова ќе им даде најдобра шанса за да преживеат“ - истакнува распространувачот на рецептот за правење масло од канабис ширум светот, Канаѓанецот Рик Симпсон.

Рик Симпсон е спасител на човештвото!
Дополнителните 120 грама или 120 мл масло од канабис што Рик ги советува пациентите што користат хемотерапија да ги консумираат, се неопходни за да се поправи штетата од тие ужасни терапии ја оставиле зад себе во телата на овие изнемоштени лица. Штом пациентот ќе се навикне на употребата на екстрактите, тие не треба да имаат никакви проблеми при консумирањето на 180 грама или 180 мл во рок од 5-6 месеци и често пати тие можат ова да го постигнат и многу побрзо“ - додава Рик. Медицината денес многу повеќе се залага за профитот, отколку за здравјето и благосостојбата на пациентите и ова не ни треба да се докаже. Неосвестените лекари кои се само слуги на фармацијата упорно продолжуваат да им препишуваат на своите пациенти смртоносни третмани за лекување на сериозните состојби како што е ракот. Како што веќе кажавме, општо познато е дека како хемото, така и радијацијата се канцерогени, па со која логика им се препорачуваат на пациентите со канцер? Овие третмани имаат многу повеќе несакани последици, отколу корист за болното лице. Често пати токму овие третмани доведуваат до ширење на ракот и на другите делови од телото на пациентот. Точно е дека овие третмани можат да ги убијат клетките на ракот, но заедно со клетките на ракот овие хемии ги убиваат и здравите клетки во организмот на пациентот, па затоа многу брзо по хемотерапијата настапува смрт! Дури и ако овие „АНТИ“ - канцерогени терапии не го убијат пациентот веднаш, последиците од нив може да му овозможат на ракот да се шири и на крајот, ова повторно и најчесто ги доведува изнемоштените пациенти со крајно ослабен имунитет до болна смрт.


Тревата лекува секаков вид на рак!
Обично кога овие апсурдни третмани нема да успејат, медицинските „професионалци“ велат дека пациентот имал канцер од 4-ти стадиум и дека во таа фаза нема повеќе што да се прави за да се помогне и потоа пациентот е испраќан дома на смртна постела... Најконтрадикторно е тоа што лекарите се среќни што ваквите пациенти ги напумпаат со огромни дози на опасни лекови против болки и антидепресиви што создаваат зависност, сè додека не настапи смртта. „Затоа што очекувам дека лекарите гледаат на ова, само како да бидат подобри во бизнисот. Ако сето ова не звучи како лудост за Вас, тогаш како поинаку ова може да се нарече и зошто лекарите наложуваат на употребата на разни скенирања, зрачења и тн., кога радијацијата на којашто пациентот е изложен од овие скенирања, исто така може да предизвика канцер?“ - демантира Рик. Правилно произведениот лек од коноповото растение е најголемиот природен исцелител на оваа планета без исклучок! Отакко еднаш ќе го искусите и самостојно ќе се уверите во моќта на овој лек и во сето она што овој лек може да го стори за Вас, ќе сфатите зошто историјата на човештвото, Рик Симпсон, како и многуте задоволни луѓе ширум светот маслото од коноп го нарекуваат ЛЕК ЗА СЕ`.


Канабисот ги станува пациентите од смртна постела!
Како надополнување, од сето она што го научив, се чини дека повеќето онколози нема да ги изложуваат своите тела на истите третмани кои ни ги обезбедуваат нам, доколку самите страдаат од рак. Па, што мислите зошто тие би ги одбиле овие терапии, кога тие се чувствуваат толку слободни кога овие терапии ни ги препишуваат нам? Дали мислите дека ова би можело да има некаква врска со пари и со фактот што тие веќе знаат дека терапиите што ги користат не функционираат? Се чини дека нашите доверливи лекари сè уште имаат многу да учат за уметноста на лекувањето, па доколку страдате од сериозна состојба, како што е ракот, јас мислам дека најмудро ќе биде да ја ставите вашата верба во овој природен лек, којшто веќе ја има докажано својата ефикасност и безбедност. Ако ова звучи дека немам доверба во нашите сегашни медицински системи за правилното лекување на повеќето сериозни состојби, што ќе биде сосема исправно и јас не верувам дека секој кој размислува рационално, може да се спротивстави со моите изјави“ - заклучува Рик.

* Текстот е превземен и адаптиран од официјалната страница на Рик Симпсон - phoenixtears.ca

Tuesday, November 10, 2015

Хемотерапијата е токсична и неефикасна, канабисовото масло е ефикасно и нетоксично при лекувањето ЛЕУКЕМИЈА

Канабисовото масло убива секаков вид на рак, па дури и рак на крв Леукемија, а не го убива пациентот каков што е случајот со хемотерапијата! Испитаник во студијата беше тинејџерка која била дијагностицирана со акутна лимфобластична леукемија (acute lymphoblastic leukemia) - рак на лимфоцитите со мутација на хромозомот Филаделфија (Philadelphia chromosome mutation). Поради мутацијата на хромозомите, леукемијата кај овој пациент била многу агресивна



Портокаловата боја сега е зелена!
Многу студии до сега ja потврдија моќта на марихуаната да го убива ракот, а искуството на пациентите секојдневно тоа го потврдува. Една неодамнешна научна студија повторно докажа дека канабисот консумиран орално (преку уста) во форма на екстрахирана смола (народски позната како канабисово масло - конопово уље) може да претставува ефикасен лек за секој вид на рак, но и за ракот на крв Леукемија. За лекување на рак се препорачува и ректалната примена на маслото по пат на супозитории - чепчиња. На овој начин се продолжува дејството на канабиноидите, а се намалува психоактивниот ефект поради тоа што состојките од канабисот навлегуваат директно во крвотокот од долниот дел од телото.

Таа ги поминала стандардните третмани на акутна и агресивна хемотерапија, како и трансплантацијата на коскена срцевина. Се покажа дека ниту еден од овие конвенционални и модерни начини на лекување на ракот не беше ефикасен и не ја подобри ни најмалку состојбата на девојката. Пациентите со рак се „принудени“ да ги поминуваат тие мачни и болни терапии кои не се бесплатни, за потоа семејствата да мораат да бараат алтернативен излез. Таков беше случајот и со нејзиното семејство. Тие дознаа за лековитата моќ на марихуаната и одлучија пациентката да ја лекуваат со помош на канабиноиди кои таа ги консумирала орално во форма на масло од канабис.

Докторите од Торонто Јадвиндер Син (Yadvinder Singh) и Чамендип Бали (Chamandeep Bali) ги произнесоа деталите од ова истражување.

Состојбата на пациентката драстично се подобрила во поглед на зголемувањето на бројот на матичните клетки, коишто се незрели клетки во коскената срцевина и најчесто не завршуваат со созревање, што доведува до разни типови на рак на крв. Невиден број на пациенти на различна возраст, па дури и малечки деца се имаат излечено од леукемија со канабис. Таков е случајот на пример со 3-годишниот Лендон Ридл или 9-годишната Мајкајла. И покрај тоа што оваа пациентка е почината, оваа студија е од огромно значење бидејќи лекувањето со канабис било започнато предоцна, кога телото веќе било многу силно нападнато од ракот, а исто така целиот организам бил оштетен од катастрофалните последици на хемотерапиите и преморен од операциите за трансплантација на коскена срцевина. 

Mykayla се излечи од леукемија со помош на канабисово масло!
Хемотерапијата не помогна...

На сите пациенти на кои канабисот не успеал да им помогне да се спасат од работ на смртта поради тоа што лекувањето е започнато многу доцна и тоа со неквалитетно и несоодветно масло, како и поради оштетувањата на организмот од конвенционалните лекови, овој природен лек на пациентите им овозможува последните денови од животот да ги дочекаат во мир, без стрес, без гадење и повраќање, во опуштена атмосфера - им овозможува достоинствено заминување од овој свет.

Лендон Ридл се спаси благодарение на
канабисот и неговите разумни родители!
Лекарите од болницата каде што се лекувала девојката потврдуваат дека Канабиноидите немале никакви токсични ефекти врз пациентот. И покрај некои незначителни психосоматски својства од употребата на маслото, што немаат негативен ефект, туку имаат антистресен ефект, состојбата на пациентот се подобрила и размножувањето на матичните (бластични) клетки било ставено под контрола.

Лекарите се уверени дека многу е важно каква врста на канабис се користи. Секое заболување најдобро се третира со одредена врста, но исто така она масло од канабис кое е идеално за еден пациент, може да нема некој голем ефект кај некој друг пациент. Тоа значи дека треба да се пробува се` додека не се пронајде онаа врста на канабис најсоодветна за вас.

Лабораториските анализи се круцијални за да се утврди соодносот на состојките на врстите коишто покажуваат најпозитивни антиканцерогени резултати“ - објаснуваат докторите што ја спровеле студијата.

Македонските доктори лека полека се едуцираат и опаметуваат. Наскоро сите ќе мораме да го промените својот до сега погрешен став за ова Божјо растение, бидејќи вистината е една - конопот лекува! Сега е време да започнат да се едуцираат и освестуваат македонските политичари, затоа што во нивни раце е здравјето и животот на многу Македонци! 


Легализација на медицинската употреба на марихуаната гостин Д-р Весна Лаброска