Thursday, June 30, 2016

Состојките од канабисот претставуваат природен и безбеден лек против Алцхајмер

„Иако досегашните претходни студии понудија докази дека канабиноидите може да се невропротективни против симптомите на Алцхајмер, ние веруваме дека нашата студија е прва до сега да демонстрира дека канабиноидите влијаат на двете како на воспалението, така и на амилоидната бета акумулација во нервните клетки“ 

Што е подобро? Лекување со билки или
со синтетички дроги во форма на апче?
Алцхајмерот е најпознатата форма на деменција и претставува прогресивна состојба која се влошува со текот на времето. Тоа е физичка болест со психички последици, го напаѓа мозокот и може да предизвика губење на меморијата и потешкотии во говорот и другите когнитивни функции.

До сега е познато дека користењето канабис без разлика на кој начин, може да го спречи стареењето на мозокот. Едно ново научно истражување сугерира дека една од состојките во растението канабис може да ги уништи токсичните протеини што ја предизвикуваат Алцхајмеровата болест. Токму ова истражување на научниот свет му даде нови одговори на многубројните „недокажани“, а одамна практично одговорени прашања, за тоа како Алцхајмеровата болест може да биде спречена и терапевтски третирана на природен начин. Ракописот на првичните наоди е објавен во зборникот Aging and Mechanisms of the Disease (Стареење и механизмите на болеста).

Канабисот е нова надеж за многу
невродегенеративни болести!
Научниците од Salk Institute во Калифорнија најдоа докази дека Тетрахидроканабинолот - THC, но и другите состојки до сега откриени во марихуаната, можат синергично да го отстранат штетниот протеин наречен amyloid beta кој е поврзан со појавата на ова заболување што ги напаѓа постарите лица. „Воспалението во мозокот е главна компонента од оштетувањето поврзано со Алцхајмеровата болест, но секогаш се претпоставуваше дека овој одговор доаѓа од имуните клетки во мозокот, а не самите нервни клетки“ - вели еден од авторите на студијата и постдокторскиот истражувач Д-р Антонио Карес (Antonio Currais).

Научниците не еднаш до сега рекле дека токму ТХЦ ќе биде „аспиринот“ за идните генерации. „Кога бевме во можност да ја идентификуваме молекуларната база на воспалителниот одговор на амилоид бета, стана јасно дека компонентите слични на THC што нервните клетки самите ги произведуваат, може да бидат вклучени во заштитата на клетките од нивна смрт“ - додава тој. „Иако досегашните претходни студии понудија докази дека канабиноидите може да се невропротективни против симптомите на Алцхајмер, ние веруваме дека нашата студија е прва до сега да демонстрира дека канабиноидите влијаат на двете како на воспалението, така и на амилоидната бета акумулација во нервните клетки“ - истакна главниот автор на студијата професорот Дејвид Шуберт (David Schubert).


No comments:

Post a Comment