Showing posts with label стари. Show all posts
Showing posts with label стари. Show all posts

Monday, August 27, 2018

Комплетен водич за употреба на медицинска марихуана кај постари лица

Марихуаната имаше турбулентна историја. Сепак, почнувајќи од средината на 1990-тите, имаше притисок да се воведат медицинските придобивки на канабисот „уште еднаш“, бидејќи пред 20-тиот век марихуаната беше речиси целосно легална. Самото растение има голема медицинска корист особено кај сениорите. Канабисот, всушност, се користел како медицински третман илјадници години


Почнувајќи од 1910-тите години, државите со САД почнаа да ја забрануваат продажбата на марихуана, што на крајот доведе до закон наречен „Законот за данок на марихуана“ во 1937 година, со што се намали количината на коноп (верзија на растението канабис) дозволено да се произведува во САД подоцна во текот на овој век, стигмата околу марихуаната се зголеми, а Ричард Никсон го потпиша Законот за контролирани супстанци, во кој е вклучена марихуаната на листата на федерално забранети лекови заедно со хероин, кокаин и други смртоносни наркотици.


Во почетокот на 1990-тите години, државите почнаа да ги прифаќаат медицинските придобивки од марихуаната, почнувајќи од Калифорнија. Околу 15 години после тоа, самата марихуана - не само поради лековитите квалитети - стана легална и за рекреативна (превентивна) употреба во Вашингтон и Колорадо. Од 2017 година, 29 од 50 држави легализираа некоја форма на медицинска марихуана. Студијата од 2013 година откри дека четири од пет лекари одобруваат медицинска марихуана и дека повеќе од 90 проценти од пациентите со медицинска марихуана (од околу 7.500 анкетирани) велат дека медицинската марихуана им помогнала во лекувањето. Повозрасните биле најголемата возрасна група во студијата (повеќе од 2.300 испитаници).


Што е медицинска марихуана?

Секоја марихуана е медицинска! Во канабисот има повеќе од 100 активни хемиски состојки (овие се нарекуваат канабиноиди) во марихуаната. Двата главни канабиноида во канабисот што се користат за медицински цели се Делта-9-тетрахидроканабинол (ТХЦ) и Канабидиол (ЦБД). Овие природни хемикалии можат да помогнат во третирањето на болести и медицински состојби, за кои ќе објасниме подоцна.



Како може медицинската марихуана да помогне?

Медицинската марихуана сè уште не е одобрена од Федералната администрација за лекови, главно поради тоа што „немало“ доволно клинички испитувања на доволно широка основа за да се докажат медицинските придобивки на растението. Само затоа што големата владина агенција не ја одобрила медицинската марихуана како соодветен медицински третман, не значи дека самото растение нема медицинска корист, особено за постарите лица. Канабисот, всушност, се користи како медицински третман низ илјадници години, фактички отсекогаш. Сега кога знаеме што е медицинска марихуана, можеме да ги погледнеме симптомите и болестите и како марихуаната може да им помогне на луѓето за полесен живот.



Рак

Една од основните употреби на медицинската марихуана е да им помогне на пациентите со рак, особено кога се на хемотерапија. Некои студии покажаа дека пушењето марихуана може да помогне при гадење и повраќање кај пациенти кои одат на хемотерапија. Доста храбри луѓе ширум светот од сите возрасти тврдат дека маслото од канабис го победило нивниот рак! Кога се работи за палијативна нега, особено за пациенти со рак, една студија укажува дека повеќето пациенти (повеќе од 60 проценти) ги доживуваат и двата симптоми отколку еден или друг, па медицинската марихуана може да помогне во ублажувањето на два симптоми. Истражувањата, исто така, покажаа дека пушењето марихуана може да помогне при болка и може да им помогне на пациентите за добивање на апетит. Во однос на лекувањето на канцерите, има само две THC-инфузирани орални апчиња, кои биле одобрени од страна на ФДА за федерална употреба: Маринол (Marinol) и Цезамет (Cesamet). Овие биле препишани за да им помогнат на пациентите со рак за гадење. Студиите се во тек и кај животните и кај луѓето, за да се види како медицинската марихуана може да помогне во лекувањето на тумори, како и симптомите и болестите кои доаѓаат со ракот. Докажано е исто така дека канабисот не само што олеснува болка кај пациентите со канцери, туку дека ТХЦ и ги убива клетките на ракот!


Алцхајмерова болест

Пациентите со Алцхајмерова болест користат медицинска марихуана за да им помогне во третманот и да ги ублажи симптомите на депресија и губење на апетитот што може да се појават заедно со дегенеративната болест на мозокот, која влијае на повеќе од четири милиони Американци. Околу 10 отсто од постарите ја имаат оваа болест. Во 2014 година, беше објавена клиничка студија во Journal of Alzheimer's Disease која ги анализираше „потенцијалните терапевтски ефекти на ТХЦ“ врз болеста. Истражувачите воведоа ТХЦ во бета-амилоиди, кои се купчиња на протеини кои се создаваат во мозокот и се еден од водечките знаци за присуство на Алцхајмерова болест. Тие откриле дека ТХЦ помогнало да се забави напредокот на овие бета-амилоиди, а резултатите од студијата силно укажуваат на тоа дека ТХЦ може да биде потенцијална терапевтска опција за Алцхајмеровата болест преку повеќе функции.


Општа болка

Речиси сите постари лица доживеале некаква болка во нивните подоцнежни години, а медицинската марихуана може да помогне во тоа. Она што е интересно е дека има повеќе начини за да ги искористите медицинските придобивки на ова растение. Постојат мелеми, креми и лосиони инфилтрирани со ТХЦ и други канабиноиди кои можат да се нанесат на вашата кожа на местата каде што чувствувате болка. Постои зголемен доказ дека канабисот е корисен во третирање на одредени видови болка, вели д-р Игор Грант (Igor Grant), професор на Одделот за психијатрија на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего. Медицинската марихуана, без разлика дали се пуши, се консумира (јаде) или се применува преку локален третман, може да помогне во ублажувањето на акутната и хроничната болка преку веќе присутните канабиоидни рецептори во нашето тело. На постарите лица им се пропишани повеќе од една третина од сите лекови на рецепт во Америка, а лековите често се користат за лекување болка. Медицинската марихуана е погодна и поздрава алтернатива и помага да се намали зависноста од опиоидите. Таа помага во ублажување на болката од:

·         Болки во зглобовите, како артритис;
·         Оштетување на нервите;

Анксиозност / нарушувања на менталното здравје

Истражувањата покажаа дека Канабидиолот (ЦБД), една од двете главни состојки во марихуаната што се користи за медицински цели, може да помогне во третирањето на анксиозноста и другите прашања поврзани со менталното здравје, вклучувајќи:

·         Опсесивно компулсивно нарушување (OCD);
·         Пост-трауматско стресно нарушување (ПТСН);
·         Панични напади;
·         Умерена депресија;

Во суштина, овие студии покажаа дека ЦБД помага да се стимулираат серотонинските рецептори во мозокот, што е главна цел на други лекови против анксиозност како Золофт (Zoloft). Медицинската марихуана докажано е дека всушност помага да се спречи зависноста од лековите кои се издаваат на рецепт. Како што истакнува одделот за здравство на Харвард, околу 20 до 30 проценти од рекреативните корисници велат дека пушењето марихуана им предизвикало вознемиреност или напади на паника по пушењето (пред сè поради забраната и стигмата). Важно е да останете во контакт со вашиот лекар, откако ќе почнете да ја користите медицинската марихуана како третман и да не прекинувате со терапијата. Исто така важно е да бидете свесни дека секоја индивидуа е различна и дека на почетокот од канабис-терапијата додека телото да стекне толеранција на ТХЦ, може да се појави чудно чувство, кое брзо минува. Анализата на студиите на Националниот институт за злоупотреба на дроги покажува дека присуството на законите за легализирање на медицинска и рекреативна марихуана придонесува за помалку смртни случаи предизвикани од опиоиди на рецепт:

·         Намален број на смртни случаи од предозираност од опијати;
·         Помалку третман за опиоидна зависност;
·         Општо намалено пропишување на опиоиди;
·         Намален број на луѓе кои самостојно користат опијати.



Нарушувања во исхраната

Нарушувањата во исхраната се многу почести кај постарите отколку што мислите. Речиси 80 проценти од смртните случаи кои се јавуваат поради анорексија се јавуваат кај постарите лица. Старите лица може да ја изгубат желбата за јадење. Ова може да се случи поради лична одлука или поради други психолошки причини кои не се под нивна контрола. Слабата исхрана, покрај другите проблеми како губење на коскената маса и проблеми со срцето, може да се покаже како хроничен проблем. Но, во секој случај, медицинската марихуана може да им помогне на постарите да јадат повеќе, бидејќи го отвара апетитот и го забрзува метаболизмот. Студиите откриле дека нервниот систем сличен со ендоканабиноиден систем е недоволно употребен или оштетен кај пациентите со анорексија и булимија, што во суштина му дава сигнали на мозокот за да одбива храна. Медицинската марихуана може да помогне да се стимулира овој систем и да му помогне на мозокот да даде сигнали за повторно враќање на апетитот. Нарушувањата во исхраната најчесто и погрешно се третираат со антидепресиви и антипсихотици, кои најчесто не помагаат и даваат низа несакани последици, па дури создаваат и зависност. Но, пациентите често ги пријавуваат своите симптоми како влошени, откако ќе ги земат тие фармацевтски лекови. Дополнително, многу национални фондации за психотични и нарушувања во врска со исхраната, допрва треба да наведат медицинска марихуана како третман за нарушувања во исхраната. Сепак, многу лекари сметаат дека медицинската марихуана е побезбедна алтернатива на лековите на рецепт, со далеку помалку ризични несакани ефекти.


Глaуком

Глауком е проблем со очите што се појавува кога натрупаната течност ги оштетува нервите во окото. Тоа е водечка причина за слепило кај луѓето на возраст над 60 години. Оваа болест предизвикува зголемен притисок во очите поради количината на течност која влијае на вашиот вид. Со години, лекарите препишуваат капки за глауком кои помагаат да се ослободи притисокот во очите, но исто така се докажа дека марихуаната може да помогне во ублажувањето на очниот притисок со „посакувани последици“ по целокупното здравје :)



Како медицинската марихуана може да го зајакне мозокот?

Ние ги разгледавме сите придобивки што медицинската марихуана може да ги има кога станува збор за лекување на болести, состојби и ментални болести, но исто така може позитивно да влијае на функциите на мозокот кај постарите лица. Една студија направена на Универзитетот во Бон во Германија увиде како мали дози на ТХЦ влијаеле на мозокот кај глувци, кои биле млади, зрели и постари. Како што често се случува кај помладите луѓе почетници, ТХЦ малку и одредено време го инхибирала умот кај младите глувци. Но, со воведувањето на THC, двете постари групи глувци покажаа подобри резултати на когнитивните тестови во споредба со помладите глувци на кои исто им беше воведено THC. Пред воведувањето на THC, постарите генерации на глувци извршија значително полоши тестови. 
Следниот чекор е да видиме како нашиот внатрешен канабиоид (ендоканабиноид) реагира на ТХЦ и како тој може да помогне да се ре-стимулира мозокот, рече водечкиот истражувач на студијата, Андреас Цимер (Andreas Zimmer). „Идејата е дека, кога животните стареат, слично како кај луѓето, активноста на ендогениот канабиноиден систем се намалува - и тоа се совпаѓа со знаците на стареење на мозокот“ - рече Цимер. „Значи, си помисливме: ,Што ако го стимулираме системот преку снабдување на [канали за надворешно производство] канабиноиди?‘Бидејќи канабисот не се смета за класа А или опасен лек во Германија, истражувачите добиваат средства од Владата за да го тестираат ефектот на ТХЦ врз луѓето.



Зошто постарите започнуваат да користат медицинска марихуана?

Трендот кај постарите кои користат медицинска марихуана значително се зголемува. Од 2006 до 2013 година употребата на канабис кај постарите се зголеми за 250 проценти. Разговаравме за многу причини зошто медицинската марихуана може да биде од корист за постарите, поради нивното здравје. Но, ајде да погледнеме уште неколку причини зошто постарите користат медицинска марихуана:

· Тоа е побезбедно и поекономично: Како што дискутиравме во претходните делови, медицинската марихуана често е побезбедна алтернатива од многу лекови на рецепт како опиоиди и антипсихотици и има многу помалку сериозни несакани ефекти, бидејќи не е летална и не предизвикува зависност и не може фатално да се предозира. Исто така, може да биде и поекономична, особено доколку си ја одгледувате сами. Постар човек во просек троши околу 3.000 долари годишно само на лекови на рецепт. Спротивно на тоа едно лице троши - околу 650 долари за медицинска марихуана годишно - дефинитивно поисплатлива и поздрава опција.

· Зошто да не се обидете? Некои постари лица имаат толку тешка болка и толку многу дијагнози и препишани лекови за истите, што лековите што ги користат и лековите на рецепт не можат секогаш да ги излечат, туку напротив можат уште повеќе да го нарушат нивното здравје. Значи се обраќаат по медицинска марихуана од очај и секогаш добиваат позитивни резултати, бидејќи тие пациенти освен страдањето - немаат што да изгубат ако пробаат канабис. Една постара жена по име Реба Гудман (Reba Goodman) ја достигна највисоката точка на болка во својата болест и таа престана да се спротивставува на марихуаната. „Тоа беше како да сум на седмо небо“ - рече таа за нејзиното олеснување на болката, истакнувајќи дека престанала да користи марихуана откако болката заминала, но дека лесно можела да ја земе повторно ако е потребно.

· Помага при спиење: Ефектот на канабисот индика е седативен и не само што полесно се заспива, туку полесно се постигнува цврст целовечерен сон. Некои постари лица откриле дека медицинската марихуана е изводлива алтернатива за апчиња за спиење, кои понекогаш не функционираат воопшто. Кери Стилес (Kerry Stiles), 78-годишен жител на старечки дом, вели дека става капки од канабис под јазик пред да заспие и му помагаат полесно да заспие. Истото важи и за 95-годишната Алис (Alice), која имала несоница пред да почне да користи медицинска марихуана.

Рик Симпсон и неговото масло од канабис - РСО
Како да консумирате медицинска марихуана?

Во зависност од вашите медицински потреби, но и преференции, буџет и физички способности, може да претпочитате еден метод пред друг, но и да ги комбинирате. Ајде да погледнеме некои начини на кои може да консумирате медицинска марихуана:    

· Пушење: Пушењето марихуана обезбедува некое од најпознатите инстант олеснувања кога станува збор за извлекување на медицинските придобивки од растението, особено кога се работи за стрес, болка, напад и сл. Постојат неколку начини за пушење на марихуана, преку помало рачно луле или уред, воден бонг или во форма на цигара, свиткана во ризла. Пушењето е обично најевтината и најбрзата опција, исто така, имајќи предвид дека треба само да имате еден уред за пушење како пајпче или евтини хартиени ливчиња за ролање - ризли.

· Јадење: Медицинска марихуана може да се внесе и преку храна и пијалаци за да се олесни процесот на потрошувачка. Всушност, извлечениот екстракт од марихуаната, може да се меша со онаа храна или пијалак што го сакате, но може да се употреби и декарбоксилирана марихуана како зачин или главна состојка во некои јадења. Конзумирањето на марихуана преку храна обично одзема подолго време за ефектот да стапи на сила. Па, дури и мало зголемување на дозата може да има масивни ефекти врз тоа како се чувствувате, затоа внимавајте со само-дозирањето, но и не плашете се бидејќи до сега од канабис никој не умрел. Форбс објави дека повеќе од 180 милиони долари храна и пијалаци со марихуана биле продадени само во Калифорнија во 2016 година. Канабисот може да се консумира и фо форма на смуди - суров цеден канабис.

· Надворешно: нанесете го на вашата кожа: Тематски третмани со канабис како лосиони, мелеми, масти и креми можат да помогнат да се ослободите од болки како што се болка во мускулите и артритис, но и со секакви проблеми со кожата. Бидејќи тие се применуваат преку кожата, тематски не ви даваат „high“ чувство, често поврзано со почетната употреба на канабисот.

· Испарување: Слично на пушењето, консумирањето на канабисот преку испарување во форма на пареа, (наместо чад) обезбедува повеќе инстантни резултати. За овој метод, ставате мала количина канабис во машина наречена „испарувач“ (вапоризатор), која го загрева канабисот до пареа која не е толку жешка како чадот, но сепак е доволно жешка за да ги извади и даде медицинските придобивки на корисникот. Уредите што се користат за овој вид инхалација, обично се многу поскапи од оние за пушење, но пареата вообичаено е помалку груба за вашите бели дробови.

· Капки: Користењето на капки или спрејови може да ви помогне да ја контролирате дозата што ја земате. Вие ги ставате на јазикот, дозволувајќи им на плунката и ткивата од усната шуплина да го апсорбираат THC-то. Иако не е исто како пушењето или испарувањето, користењето на спрејови е поекономично, особено ако ви требаат помали дози.

· Земање во форма на пилули/капсули или супозитории/вагиналети: Тоа е една од најпознатите лесни опции и за домашна подготовка особено кога треба да внесувате поголеми дози од екстрактот. Капсулите се одлични за оние кои не го сакаат вкусот на канабисот. Постојат супозитории и други канабиноидни лекови кои се одобрени од ФДА и помагаат во олеснувањето на симптомите како гадење и повраќање.



Не чекајте легализација! Сами пораснете си го лекот!
Каде е легална медицинската марихуана?

Иако марихуаната и нејзините медицински способности сè уште се забранети и се сметаат за дрога од класа А на федерално ниво, на индивидуалните американски држави им е дадено правото да ја легализираат марихуаната, како на медицинска, така и на рекреативна скала. Од октомври 2017 година, 29 од 50 држави ја одобрија медицинската марихуана:

·         Алјаска
·         Аризона
·         Арканзас
·         Калифорнија
·         Колорадо
·         Конектикат
·         Делавер
·         Флорида
·         Хаваи
·         Илиноис
·         Мејн
·         Мериленд
·         Масачусетс
·         Мишиген
·         Минесота
·         Монтана
·         Невада
·         Њу Хемпшир
·         Њу Џерси
·         Ново Мексико
·         Њујорк
·         Северна Дакота
·         Охајо
·         Орегон
·         Пенсилванија
·         Род Ајленд
·         Вермонт
·         Вашингтон
·         Западна Вирџинија
·         Вашингтон Д.Ц.

Државите имаат различни закони за тоа колку ви е дозволено да поседувате за лична употреба, колку ви е дозволено да одгледувате и за тоа кои дијагнози и состојби се признаваат како излечиви со канабис. За да дознаете повеќе информации за законите за медицинска марихуана во американските држави, посетете ја веб-страницата на Националната конференција на државните закони (National Conference of State Legislatures).


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Канабиноидот Канабидиол - ЦБД безбедно и брзо лекува артритис

Состојките од канабисот претставуваат природен и безбеден лек против Алцхајмер

Мерки на претпазливост кога земате фармацевтски лекови и масло од канабис

Синтетички канабиноиди за редукција на остеоартритис

Дознајте како и зошто конопот станал нелегален? Малку историски факти за канабисот

Инструкции за дозирање канабисово масло кај пациенти оштетени од хемотерапија и радијација

Редовните мали дози THC може да ја вратат меморијата!


Новинар: Кристина Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Aging

Tuesday, May 15, 2018

ТХЦ ги отстранува отровните Алцхајмерови протеини од мозокот

Тетрахидроканабинолот од марихуаната го забрзува отстранувањето на токсичната маса од отровни амилоидни бета протеини од мозокот кои го одпочнуваат развојот на Алцхајмеровата болест. Ова откритие се надоврзува на резултати од претходни истражувања кои го докажале заштитниот ефект на канабиноидите кај пациенти со невродегенеративни болести 


Иако други истражувања го докажале неврозаштитниот ефект на канабиноидите, веруваме дека ова истражување е прво кое открива дека канабиноидите влијаат врз воспалението и насобирањето на амилоидни бета протеини во нервните клетки“ - вели Дејвид Шуберт (David Schubert) од Институтот за Биолошки Студии Салк од Калифорнија (Salk Institute for Biological Studies in California). Шуберт и неговите колеги ги тестирале ефектите од ТХЦ на човечки неврони кои ги имитираат ефектите на Алцхајмер во лабораторија.


Ајде да се навратиме на „Основите по канабисологија“ за да ги повториме чудесните карактеристики на нашиот Добар Самаританец - ТХЦ: одговорен е за психолошките ефекти на марихуаната благодарение на неговите болкоублажувачки својства, ефективно третира симптоми на сè од ХИВ, канцери и хемотерапија, до хронична болка, посттрауматично нарушување и мозочен удар, а делува во содејство со другите канабиноиди. Судејќи по сè, ТХЦ е восхитувачки медицински биомолекул; истражувачите работат на добивање на генетички модифициран квасец кој може да го произведе многу поефикасно отколку кога би се произведувал синтетички. Патот на ТХЦ е најчесто преку пушење или вапоризација од белите дробови во крвотокот каде се поврзува со два типа на рецептори, канабиноиден рецептор ЦБ 1 и 2 кои се наоѓаат на клеточните мембрани низ целото тело.


Во мозокот, овие рецептори се најконцентрирани во невроните поврзани со: задоволство, сеќавање, размислување, координација и осет за време и се врзуваат со класа на липидни (масни) молекули наречени ендоканабиноиди кои се произведуваат во телото за време на физичка активност и го поддржуваат клеточното сигналирање во мозокот. ТХЦ исто така може да се врзе со нив на истиот начин и тогаш настанува олабавување во способноста на мозокот да комуницира со себеси. Тоа може да биде и добро и лошо бидејќи иако заборавиш нешто важно, ќе се чувствуваш супер и ќе сакаш да ги изедеш сите грицки поради тоа што се активира чувството за глад и благосостојба. 

Во текот на годините истражувањата потврдиле дека врзувајќи се со овие рецептори, ТХЦ може да има друг  ефект на мозок кој старее бидејќи му помага да ги исчисти токсичните насобирања - плаки на амилоидни бета протеини.  Никој не е целосно сигурен што го предизвикува Алцајмерот, но се мисли дека е резултат на акумулирањето на два типа на оштетувања: амилоидни плаки и неврофибриларен заплет, а исто така се смета дека оваа болест се јавува токму поради ендоканабиноиден дефицит во мозокот. 

Амилоидните плаки се наоѓаат помеѓу невроните како густи групи од бета амилоидни молекули - леплив тип на протеин кои лесно се поврзуваат и неврофибриларни заплети предизвикани од дефектни протеини кои се поврзуваат во густа, нерастворлива маса во невроните. Не е јасно зошто овие оштетувања се појавуаат во мозкот, но студиите го поврзале воспалувањето во мозочното ткиво со истовремено намножувањето на плаките и неврофибриларните заплети. Па, ако можеме да најдеме нешто што го намалува воспалувањето во мозокот и истовремено му помага на телото да се исчисти од овие оштетувања, би биле на добар пат да го пронајдеме првиот ефективен третман за Алцајмер, а тој третман всушност е веќе познат, само треба да го легализираме – тоа е канабисот!

Уште во 2006 година, истражувачи од Истражувачкиот Институт Scripps Research Institute откриле дека ТХЦ го инхибира создавањето на амилоидни плаки блокирајќи ги ензимите во мозокот кои ги произведуваат и сега Шуберт и неговиот тим покажаа дека ТХЦ може да го спречи воспалувањето на нервните кетки што значи го обезбедува нивниот опстанок. „Воспалувањето на мозокот е главна последица од Алцхајмерова боелст, но секогаш се претпоставуало дека овој одговор доаѓа од клетки во мозокот слични на имуните, не од самите нервни келтки“ - вели еден од тимот, Антонио Курес (Antonio Currais). „Кога не можевме да ја идентификуваме молекуларната основа на воспалителниот одговор како бета амилоиди, стана јасно дека компонентите слични на ТХЦ кои ги создаваат нервните клетки се вклучени во  заштитување од нивно изумирање“ – додаваат истражувачите.

Кратка канабис видео лекција за љубопитните!

Ова е многу интересно проучување, но засега е демонстрирано само со неврони во лабораторија, така што наредниот чекор би бил Шуберт и неговиот тим да ја набљудуваат врската меѓу ТХЦ и намалувањето на воспалението и насобирањето на плаки, но во клинички случај на луѓе. А тие веќе имаат најдено кандидат именуван како „Ј147“ кој ги има истите ефекти како ТХЦ, а ова може да биде начинот на кој тие можат да ги тестираат ефектите на ТХЦ без Владата да им го попречи патот во докажувањето.  


* * *

„Како што со радозналост и радост ги откривам благодетите на ова свето растение со секој нов ден, мојата восхит и понизност пред ова растение растат со секое ново изгрејсонце“ - 

Извор: Futurism
Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova

Monday, April 16, 2018

Постарите луѓе сè почесто користат канабис за ослободување од болките

Кај неинформираната јавност преовладува мислењето дека корисниците на канабис, главно се припадници на помладите генерации. Но, всушност тоа најмногу се групите на возраст од 45 до 64 години, покажуваат анализите


Канабисот е лек за сите возрасти!
Неодамнешните изтражувања за употреба на канабис во Канада откриле дека скоро 5 милиони луѓе на возраст меѓу 15 и 64 години потрошиле околу 5,7 милијарди долари за канабис во текот на 2017 година. Тоа се еден од пет луѓе во оваа возрасна група. Поголемиот дел од парите се потрошени за канабис за рекреативни, отколку за медицински цели, што во моментов е нелегално во Канада. Не е изненадување што индустријата за канабис во Канада сега е поголема од индустријата за пиво и тутун.


Па, можеби мислите дека така е само во Канада, но грешите. Во Австралија,  канабисот повеќе од двојно се користи помеѓу 2004 и 2013 година кај над 50 годишните. Велика Британија има слични трендови, со  користењето на канабис во возрасната група од 65 до 74 години, која се зголеми повеќе од седумкратно помеѓу 2000 и 2014 година. Во САД, стапката на самопријавени корисници на канабис во текот на претходните 12 месеци кај луѓето на возраст од 65 години и погоре, исто така, скокна масовно помеѓу 2003 и 2014 година.


Потребата за канабис

Старосната група се поместила, исто така се зголемила популарноста на рекреативната употреба на канабис помеѓу постарите лица. Значи, тие се запознаени со лекот. Не може да биде сосема изненадувачки што неодамнешните истражувања укажаа на тоа како постарите луѓе користат канабис за олеснување од болката кога им се развиваат здравствени проблеми  во текот на стареењето, но и за грижата до крајот на животот, заминување од овој свет без агонија од болки. 


Каде е правото на избор дали да купиш или да си одгледаш?
Во Велика Британија, болките во долниот дел на грбот и вратот се најчеста причина за попреченост, особено кај Baby Boomers. Со растечкиот потенцијал за злоупотреба на лекови против болки, како што се опиоиди и габапентиноиди, сосема е можно употребата на канабис кај постарите луѓе да расте. Ова е затоа што олеснувањето на секојдневното абење на вратот, колковите и колената кај населението кое се очекува да се зголеми двојно во развиените земји, ќе биде предизвик.



Речиси секој месец некоја нова држава да објавува нови планови за промена на нивната политика во врска со канабисот. Околу 30 американски држави сега дозволуваат пристап до канабис на еден или друг начин. Но, низа регулаторни модели покажуваат дека не е само случај на „легализирање“ на канабисот - бидејќи некои Влади ќе дозволат пристап до канабисот најпрво само од медицински причини, без разлика што секоја употреба на канабис е лековита...


Исто така, постојат ограничувања за видовите на здравствени проблеми на кои што им е одобрено и  може да им се препише и  издаде медицински канабис. Во моментов, лековите што содржат канабис се лиценцирани само за ограничен број здравствени проблеми. Една од нив е  оштетување на нервите, но само кај повеќекратна склероза.


Иако потребни се веродостојни докази базирани на студии за придобивките, како и ризиците од употреба на канабис кај постарите лица, искуството на пациентите ширум светот потврдува дека не само што канабисот е добар за болките предизвикани од разните состојби кај нив од здравствени проблеми поврзани со стареењето. Канабисот исто така успешно ги елиминира и негативните последици од лековите на рецепт што „мораат“ да ги земаат. Во комбинација со голем број други долгорочни состојби кај постарите луѓе, ризиците од користење на канабис како лек против болки се чини занемарливи, со спореднба со бенефициите кои ги пружа овој природен лек. 


Автор: Кристина Т.
Главен и одговорен Уредник: MoniQue Konopova
Извор: The conversation

Thursday, February 22, 2018

91-годишен пациент со Алцхајмер и Деменција од Орегон конечно може нормално да живее со канабис

За да му помогнат на својот 91-годишен татко да се справува со гневот и агресијата поврзани со деменцијата, неговите деца биле непријателски настроени кон неговата медицинска грижа. Без да кажат на неговите доктори, тие го третирале со канабис. Една од неговите ќерки благодарение на својата медицинска позадина, како пензионирана медицинска сестра која живее во Портланд, слушнала за можните придобивки од екстрактите од марихуана кај пациенти со Алцхајмерова болест


Покрај ограничените истражувања на оваа тема и федералните закони во САД, маслото од канабидиол, станало последно средство за семејството. „Работите станаа навистина лоши и тој немаше да може да остане дома поради неговото агресивно однесување“ - рече неговата ќерка. Во изминатата година, со согласност на нејзините браќа и сестри и како лекарска одлука за нејзиниот татко, таа му даваше капсули од маслото на својот татко. Се покажа дека соединението помага при анксиозност, болка и други заболувања, изјавува порталот OregonLive не ги користи вистинските имиња на семејството на нивно барање заради приватноста.

Тие се чувствуваа изневерени од страна на медицинската установа, бидејќи нивната ситуација стануваше сè потешка и пострашна. Соочени со тоа што морале да го институционализираат својот стар татко, семејството одлучило дека ризикот е благ. Некои лекари ги предупредувале да се обидат без оваа пресвета и најбезбедна билка, велејќи дека канабисот може да има одредени ефекти кога се комбинира со фармацевтски лекови. Тоа донекаде е вистина, бидеќи канабисот навистина го регулира целиот организам, со што конвенционалните синтетички отровни прашаци во форма на таблети стануваат излишни. За ова семејство постигнатите резултати со канабисот беа вредни за обид.


Тој е многу посмирен“ - рече едната ќерка. „Тој сè уште се збунува и сè уште сака да си оди дома (кога е дома), но не ги вознемирува другите. Тој само изгледа многу посреќен“ - додава таа. Докторите не беа корисни, а неговата ќерка имаше тешкотии да најде веродостојни истражувања за канабисот. Семејството дознало за мала студија од Израел што покажа дека канабисот им помогнал на пациентите со Алцхајмер подобро да спијат ноќе, полесно да се социјализираат и да бидат помалку агресивни. Неговата друга ќерка вели дека тие биле загрижени, но само заради непознатото што ги чека, „но, (мојата сестра) прочитала многу истражувања, го сподели тоа со нас и ние размисливме дека немаме многу други опции. Мислевме дека доколку пробаме, тоа нема да му наштети на нашиот татко“ - заклучува таа. И во право беа!

Семејството не им кажало на 24-часовните старатели за што зборува нивниот татко. Тие рекоа само дека се обидуваат со нов лек. Ќерката ја користеше медицинската заднина за да му пристапи научно на новиот предизвик, почнувајќи со мала доза од 5 милиграми дневно и побарала од старателите да го пополнат прашалникот на крајот од секоја смена, документирајќи го апетитот на нејзиниот татко, однесувањето во текот на спиењето и расположението. „Требаше да бидам способна да мерам сè што се случува“ - рече таа. Таа ја зголемувала дозата постепено малку по малку.


Канабис за среќна и здрава старост! :)
За ова семејство лекот бил скап и тешко достапен, па таа проценува дека неговата месечна доза ќе чини 600 долари на мало и тоа не е целосната терапија. Тој сѐ уште не спие преку ноќ, но веќе не е агресивен. Институциите кои добиваат федерално финансирање, како што е Oregon Health & Science University, се оддалечија од медицинскиот канабис. Нивните лекари нема да им помогнат на пациентите да го набават. Тоа создава информативен јаз - пациентите не чувствуваат дека можат да разговараат со своите лекари за тоа, лекарите не се нужно добро обучени за најновите истражувања за канабисот, а пациентите потоа бараат совети од компетентните активисти, како нас.

Д-р Џенис Нокс (Janice Knox), анестезиолог кој ја основа американската клиника за канабиноиди во Портланд со своето семејство на лекари, се обидува да биде таков релевантен ресурс за информации. „Тоа е навистина тажно затоа што тие (пациенти) бараат информации“ - изјавува Нокс. „Тие сакаат да ги слушнат своите лекари, сакаат некој да седне и само да разговара со нив за добрите и лошите страни на канабисот“ - додава тој. „...мислам дека тоа што се случува е бидејќи има стигма за користењето на марихуаната и дека луѓето се чувствуваат како да е голема негативна работа, дека тоа што го прават е криминал, нешто што мора да се сокрие ... и тие се чувствуваат виновни за тоа“ - додава овој освестен лекар. „Ако сакаме да се справиме со федералниот проблем, тоа ќе мора да дојде од нашите професионални здруженија кои велат „погледнете, ова е практика на медицината“, ајде да разговараме за ова“ - заклучува тој.

Автор: Кате К.
Извор: Оregonlive 

Tuesday, February 20, 2018

Запознајте ги Canna Nannas: Бабички кои ги поддржуваат здравствените придобивки од канабисот за постари лица

Една група постари љубителки на тревата се зафаќа со турнеја на источниот брег на Австралија за да ги едуцира своите сограѓани за здравствените придобивки од канабисот. Идејата беше развиена за време на патувањето во Мелбурн во јули минатата година, кога четворица пријатели, шегувајќи се за „Canna Nannas“, контактираа со американската група за легализација на канабисот „Grannies for Grass


Овие паметни бабички Кана Нанас се промената!
Тие наскоро беа официјални Grannies for Grass (Бабички за тревата) амбасадори за Австралија, иако тие се одлучија да го зачуваат австралискиот прекар „Canna Nannas“. По „огромниот“ одговор на нивната прва работилница на Голд Коуст во септември минатата година и неколку работилници на друго место, Кана Нанас закажаа турнеја во 2018 година на регионални места, Квинсленд и Нов Јужен Велс. Нивните семинари се фокусираат на медицинската употреба на производи од канабис и важноста на вклучување на семето од коноп во човечката исхрана. Тие се отворени работилниците се наменети за пошироката јавност, даваат целосни правни совети и покрај масовното присуство на полицијата за време на нивните настани.


Тековниот систем е несоодветен

Во 2016 година, Федералната Влада усвои закони кои дозволуваат употреба на медицински канабис во ограничени случаи, при што Владата на Квинсленд минатата година го легализираше пристапот со лекарски рецепт. Но, достапноста на производот преку медицинскиот систем останува полна со тесни грла, црвена лента и збунетост, при што само 500 австралијци сега легално користат дозволен канабис. Лекарите и пациентите предупредија за континуираното постоење на просперитетен црн пазар кој ќе се грижи за пациентите кои не можат да го добијат производот со рецепт. Ко-основачот на Кана Нанас, Деб Линч (Deb Lynch), рече дека системот каков што е во моментов е несоодветен за многу пациенти со итна потреба.


Г-ѓа Линч држи јавно предавање за канабисот! 
Настаните, наместо тоа, ги поттикнуваат учесниците да го заобиколат медицинскиот систем и да направат сопствени масла, путери, тинктури, лосиони и масти. За да се избегне одговорноста, групата не ги советува пациентите каде може да најдат состојки, туку им демонстрира методи на екстракција на маслото од канабис, на кора од портокал наместо канабис. Г-ѓа Линч изјави дека ја изгубила вербата во медицинскиот систем за да обезбеди олеснување за нејзината здравствена состојба. „Имам воспалителен артритис... Имам автоимуно заболување и проблеми со хронична болка од повреда на 'рбетниот столб“ - рече таа. „Сите се успешно третирани со канабис, што не беше случај со мејнстрим лековите“ - додава таа. Г-ѓа Линч е уверена дека сегашниот систем ги принудува пациентите да користат извор на канабис илегално од дилерите на дрога или се оставени самите себе.


Потешкотии за добивање рецепт

Таа рече дека направила неколку обиди да добие легален рецепт, но ѝ било кажано дека нема лекари во нејзината област кои аплицирале за дозвола. „Се обидов да поминам низ правните патишта, бидејќи имам повеќе услови за кои би можела да добијам ‚рецепт за канабис‘. Во мојот случај ми треба конкретна мешавина на специфични видови со цел да ја задржам контролата врз мојата автоимуна болест, која е прогресивна“ - објаснува таа. Нелегално е да се купи канабис од дилери или да се одгледува билакта дома без дозвола. „Јас сум сè уште во позиција каде што сум принудена да си го правам сама затоа што немам алтернатива“ - додава.


Производите од коноп се легално достапни како храна од 2017
Ние ги предаваме вештините што се сосема легални за секој да знае и користиме целосно правни производи“ - рече таа. Г-ѓа Линч рече дека групата ја усвои политиката „не прашувај, не кажувај“ (што на нашки би се рекло „ќути си - дупи си“=) и учесниците може да си отидат уверени дека сите информации кои ги добиле се легални. „Секој има право да знае како да помине низ овие процеси и да ги комплетира овие методи за екстракција, така што ако одат дома тие знаат каде и што треба за да си направат сопствен лек, тие знаат како да го направат тоа. Луѓето врескаат за овие информации, а Владата знае дека врескаат, но ги игнорираат, се преправаат дека не се ни таму“ - заклучува.


„Војна против пациентите“

Производите од коноп се легално достапни како храна од 2017 година, но медицинскиот канабис останува цврсто регулиран на штета на пациентите, значи само комерцијалните производи се дозволени, а здравјето на луѓето воопшто не е важно... Г-ѓа Линч рече дека неодамнешниот настан во близина на Макеј, кој привлече 80 луѓе во текот на два дена, покажа дека постои вистинска потреба од производи од канабис во заедницата, кои не се решаваат во законодавството. „Тоа навистина е војна врз пациентите“ - рече таа. „Ние не се бориме само со Владата, ние се бориме против академската медицинска установа која... нема апсолутно никакво образование не само во врска со медицинскиот канабис, туку ... и за физиолошките процеси зад неа. Пациентите навистина се оние кои страдаат низ сето ова и крајно време е да застане“ - заклучува. Кана Нанас ќе одржат едукативни семинари на Sunshine Coast, Beenleigh, Coffs Harbour, Townsville, Rockhampton и Гладстон во наредните месеци.

Автор: Кате К.
Извор: ABC.net.au

Wednesday, March 22, 2017

Патрик Стјуарт откри дека користи канабис за да го третира својот артритис

Легендарниот актер од „Star Trek“ Патрик Стјуарт (Patrick Stewart) неодамна јавно откри дека користи канабис за да го третира својот артритис. 76-годишниот актер имаше многу проблеми со болки во рацете поради артритис до пред две години, т.е. до пред да се сретне со својот доктор во Лос Анџелес. Актерот сега изјавува дека спрејот базиран на канабис, маста и капсулите коишто тој ги купува легално, за него претставуваат чудесен лек!

Patrick Stewart се лекува со канабис!
Пред две години во Лос Анџелес бев прегледан од страна на лекар и ми беше даден рецепт со кој добив легална дозвола за набавка од регистриран пункт за производи базирани на канабис и бев советуван дека тоа може да ми помогне со мојот орто артритис во двете раце. Ова е, се чини генетски базирана здравствена состојба. Мојата мајка имаше лошо изобличени и болни раце. Јас си купив маст, спреј и лековити колачи. Маста, додека ми даваше одредено олеснување од неудобноста, беше премрснa за да ја користам преку ден, па затоа ja користам само навечер. Тaа ми помага да заспијам како што се редуцира болката“ - изјавува Патрик.


Немав никакви негативни споредни ефекти...


Спрејот, како и да е, е повеќе употреблив и јас ги прскам моите прсти и особено зглобовите на моите палци неколку пати во денот. Спрејот многу брзо испарува и ги остава моите раце доста суви, со нежно чувство на пецкање, кое не е непријатно. Верувам дека маста и спрејот значително ја намалија вкочанетоста и болката во моите раце. Можам да стискам тупаници, што не можев пред да почнам со овој третман.“ - додава тој.

Немав никакви негативни споредни ефекти од овој третман“ - изјавува Патрик, а замената на алтернативниов третман со канабис би било земање на синтетички фармацевтски лекови како NSAID’s, Advil, Aleve и Naproxen, кои се познати по своите негативни ефекти врз црниот дроб. „Како резултат на ова искуство, јас со ентузијазам го поддржувам планот за истражување на канабисот на Oxford Универзитетот (Oxford University Cannabis Research Plan). Верувам дека оваа програма за истражувања може да резултира со придобивки за луѓето како мене, како и милиони други“ - заклучува тој.

Извор: Fox News

Thursday, June 30, 2016

Состојките од канабисот претставуваат природен и безбеден лек против Алцхајмер

„Иако досегашните претходни студии понудија докази дека канабиноидите може да се невропротективни против симптомите на Алцхајмер, ние веруваме дека нашата студија е прва до сега да демонстрира дека канабиноидите влијаат на двете како на воспалението, така и на амилоидната бета акумулација во нервните клетки“ 

Што е подобро? Лекување со билки или
со синтетички дроги во форма на апче?
Алцхајмерот е најпознатата форма на деменција и претставува прогресивна состојба која се влошува со текот на времето. Тоа е физичка болест со психички последици, го напаѓа мозокот и може да предизвика губење на меморијата и потешкотии во говорот и другите когнитивни функции.

До сега е познато дека користењето канабис без разлика на кој начин, може да го спречи стареењето на мозокот. Едно ново научно истражување сугерира дека една од состојките во растението канабис може да ги уништи токсичните протеини што ја предизвикуваат Алцхајмеровата болест. Токму ова истражување на научниот свет му даде нови одговори на многубројните „недокажани“, а одамна практично одговорени прашања, за тоа како Алцхајмеровата болест може да биде спречена и терапевтски третирана на природен начин. Ракописот на првичните наоди е објавен во зборникот Aging and Mechanisms of the Disease (Стареење и механизмите на болеста).

Канабисот е нова надеж за многу
невродегенеративни болести!
Научниците од Salk Institute во Калифорнија најдоа докази дека Тетрахидроканабинолот - THC, но и другите состојки до сега откриени во марихуаната, можат синергично да го отстранат штетниот протеин наречен amyloid beta кој е поврзан со појавата на ова заболување што ги напаѓа постарите лица. „Воспалението во мозокот е главна компонента од оштетувањето поврзано со Алцхајмеровата болест, но секогаш се претпоставуваше дека овој одговор доаѓа од имуните клетки во мозокот, а не самите нервни клетки“ - вели еден од авторите на студијата и постдокторскиот истражувач Д-р Антонио Карес (Antonio Currais).

Научниците не еднаш до сега рекле дека токму ТХЦ ќе биде „аспиринот“ за идните генерации. „Кога бевме во можност да ја идентификуваме молекуларната база на воспалителниот одговор на амилоид бета, стана јасно дека компонентите слични на THC што нервните клетки самите ги произведуваат, може да бидат вклучени во заштитата на клетките од нивна смрт“ - додава тој. „Иако досегашните претходни студии понудија докази дека канабиноидите може да се невропротективни против симптомите на Алцхајмер, ние веруваме дека нашата студија е прва до сега да демонстрира дека канабиноидите влијаат на двете како на воспалението, така и на амилоидната бета акумулација во нервните клетки“ - истакна главниот автор на студијата професорот Дејвид Шуберт (David Schubert).