Канабисот не` подмладува! |
Научниците открија дека волуменот на сивата маса не се намалил по четири години континуирана и обилна консумација на канабис и дури еден дел од мозокот се намалил помалку со текот на времето кај пушачите на трева, во споредба со непушачите
Авторите на најновото истражување за канабисот и активноста на мозокот иницијално предвидоа дека долготрајната употреба на канабис може да намали одредени региони во мозокот. Вака се сметаше до неаодмна, иако реалноста е сосем поинаква и токму тоа беше потврдено со оваа студија.
Авторите на најновото истражување за канабисот и активноста на мозокот иницијално предвидоа дека долготрајната употреба на канабис може да намали одредени региони во мозокот. Вака се сметаше до неаодмна, иако реалноста е сосем поинаква и токму тоа беше потврдено со оваа студија.
Истражувачите од Холандија ги разгледаа конфликтните наоди помеѓу научниците кои велат дека пушачите на трева имаат помали мозоци, оние кои сметаат дека пушачите на трева имаат поголеми мозоци и оние наоди на научниците кои застапуваат било какви други теории. Некои од овие меѓу-секторски студии само претставуваат момент од времето и тие не можат да ја докажат каузалноста во повеќето случаи. Затоа холандските научници одлучија да спроведат лонгитудинален експеримент за да истражат како консумирањето на канабис влијае врз мозокот долгорочно гледано.
Стив Џобс редовно консумирал канабис |
За да го спроведат експериментот истражувачите спровеле магнетна резонанца на мозокот кај 33 пушачи на трева и 43 „здрави“ контролни испитаници (кои не пушеле трева). Започнувајќи на просечна возраст од 20 години, волонтерите биле вклучени во студијата се` додека не наполниле 24 години. И покрај тоа што некои од нив биле исклучени од студијата, примерокот сепак бил доволно голем за да се постават значајни заклучоци.
Резултатите покажаа дека пушењето канабис за време на доцната адолесценција, не ја менува морфологијата на сивата маса. Она што ги изненади противниците на конопот е дека пушачите на трева во студијата имале поголем церебрален дел (регионот во задниот дел од мозокот кој е одговорен за моториката, координацијата, јазикот и тн.). Овој дел од мозокот природно се собира како што старееме. Се покажа дека редовното консумирање на канабис може на некој начин да ја спречи оваа природна појава.
Јас сум напушен/а, но не сум глупав/а! |
Една друга научна студија објавена во октомври 2015 година ги употреби податоците од Human Connectome Project (масивно мултинационално истражување за да се откријат врските помеѓу сите неврони во мозокот), покажа дека канабисот не е причина за абнормалностите во мозокот, туку за тоа се одговорни гените. Оваа студија ги спореди мозочните снимки од близнаци од кои едниот пушел трева, а другиот не. Се покажа дека сите промени во мозокот кај едниот близнак, биле присутни и кај другиот. Другите научни студии до сега потврдија дека канабисот не претставува опасност за тинејџерскиот мозок во развој. Опасни супстанци кои го загрозуваат развојот на адолесцентскиот мозок се легални и тоа: никотин, алкохол, кофеин, фармацевтски лекови, синтетички дроги...
No comments:
Post a Comment