Showing posts with label домашни. Show all posts
Showing posts with label домашни. Show all posts

Tuesday, December 19, 2017

Како да одгледуваш марихуана во плакарот без да бидеш фатен?

Канабисовото растение е претерано недискретно. Од порачување до култивирање на семињата, лошите државни закони и непожелните личности кои намирисуваат можат да го направат одгледувањето ризично. Затоа ви давам водич чекор по чекор како да одгледувате марихуана во домашни услови. Додека не се променат законите не постои 100% гаранција дека ќе бидете заштитени, сепак подобро е да си нелегално жив отколку легално мртови овој водич ќе ви помогне да имате повеќе самодоверба


Како да одгледуваш марихуана? Чекор 1: Не кажувај никому! НИКОМУ!

Нормално е да си возбуден/а кога за прв пат ќе си го растеш светото растение, но не се фали ни на најдобрите другар(к)и! Колку и да се од доверба - некогаш подобро е некои работи да останат во тајност - посебно кога станува збор за одгледување марихуана.  Можеби другарка ти ќе се пофали на нејзиниот верен другар кој ќе му каже на трет другар и пред да знаеш ќе треба да бараш објаснување за твоето семејство зошто плавите сакале да ви влезат дома и да ве проверат? Зошто да трпите непотребни стресови, особено кога марихуаната ја одгледувате за немкому да му го спасите животот!


Како да одгледуваш марихуана? Чекор 2: Знај од каде да набавиш семе!

За тие што живеат каде било во САД, слободно можат да порачаат семе од Канада без никакви санкции, бидејќи им е блиску и марихуаната од таму е квалитетна. За држава како нашата каде оваа билка сè уште е забранета, препорачливо е да не го порачуваш семето на истата адреса каде ќе го одгледуваш! И така ќе спречиш да биде примено од страна на ќленовите од твоето семејство или цимери. Можете да си ги донесеш од Холандија, а доколку сакаш да си порачаш од Канада, пробај од оваа страница, бидејќи даваат гратис семиња со секоја нарачка.


Како да одгледуваш марихуана? Чекор 3: Како да го сокриеш мирисот од марихуаната?

Пред сè пожелно е да порачаш врсти без остар мирис. Ако се разбираш во широкиот ранг на врсти и хибриди, такви се: Northern Lights, Durban Poison, Polar Express или Blue Mystic. Обезбеди неутрализатор на мириси, пр. ONA Pro Gel. Постави го отворен во истата просторија каде што е марихуаната и менувај го на 6 недели. Само не треба да биде блиску до неа бидејќи ќе влијае на природниот мирис на марихуаната. Во врска со природен неутрализатор на мирис, она што без размислување би го одбрал јас, моментално не знам кое растение неутрализира мирис, но го имаш Google за бескрајни истражувања или пософистицирано побарај енциклопедија на растенија.


Како да одгледуваш марихуана? Чекор 4: Изгради кутија за одгледување (grow box)

Можеби најтешкиот чекор со чија помош ќе можеш да одгледуваш едно или две растенија во самостојна, релативно херметичка кутија, скривајќи ги растенијата и остриот мирис со вградена добра вентилација и осветлување. Најдобра варијанта е да претвориш мини фрижидер во соодветна кутија за одгледување или да прилагодите стар плакар или дури и куќиште од компјутер. Или да го искористиш гардероберот за да создадеш гроу-бокс, но најдобра варијанта останува преработениот стар мини фрижидер, бидејќи ќе го задржува остриот мирис. Можете исто така да си купите готови тентови или гроу-боксови специјално наменети за одгледување канабис. Како упатство користи го овој водич каде чекор по чекор е прикажано како да ја реализираш оваа идеја од страна на одгледувачот кој ја користи. Овој водич, пак користи го за како да претвориш комода во кутија за одгледување.

Еве водич за правење гроу-бокс од картон:



А овде може да се порача готова кутија за одгледување која ќе се погрижи за процесот на растење и ќе те извести преку апликацијата на паметниот телефон кога растението е спремно за жетва. Запамти, што и да избереш од овие варијанти, скриј ја кутијата за одгледување во плакарот во твојата соба, па дури и покриј ја со чаршафи за додатно да ја сокриеш. Па и стави нешто врз неа, камуфлирај. Сè со цел да се минимализира можноста некој од дома да ја намириса и да стане љубопитен.


Како да одгледуваш марихуана? Чекор 5: Бери и суши стратешки!

Како? Многу едноставно и јасно. Испланирај да го направиш тоа кога си сам дома одреден период. Исто така најди безбедно место правилно да ја исушиш и да извршиш кјуринг. Во овој случај, обрати се кај некој со пријателски настроен 420 дом. После сушењето и кјурингот, остави ги цветчињата во затворена тегличка и тапни се по рамо. Успеа! Дојде моментот да уживаш во твоите домашни пупки... во плодот на твојот труд, љубов и посветеност. Оргазми! На здравје!

Извор: Herb Approach, HERB

Tuesday, November 28, 2017

Предностите од размножувањето и вкрстувањето на канабис билките

За искусните одгледувачи, размножувањето на канабис билките претставува вообичаен и едноставен процес, а предностите се многубројни, пред се поради тоа што може да создадеме сосем нови врсти исклучиво за нашите потреби 

Сами произведете си свој семенски материјал!
Со вкрстувањето се обезбедува мало количество квалитетно семе за посевите за идната година, а можете исто така да ја земате својата омилена врста и да го задржите поленот од неа со којшто ќе ги опрашите од вас избраните други женски генотипови или фенотипови во иднина. Па, ајде да ги разгледаме основите на техниките за размножување и вкрстување на канабис од мали размери, за во домашни услови. Препорачуваме да ги илустрирате придобивките и новите поколенија што овие техники можат да ги обезбедат на оние кои сакаат да создадат свој уникатен семенски материјал. Размножувањето му овозможува на одгледувачот пристап до нова хибридна генетика, додека истовремено овој процес претставува механизам за конзервација и зачувување, па дури и зајакнување на посакуваната генетика за идна употреба.


Преглед на топ врсти од списанието High Times 1977
Ако имате различни видови и сакате да создадете хибриди, вкрстувањето е лесно и ефикасно. Од друга страна, оние кои сакаат да го зачуваат семенскиот материјал во текот на следната сезона, ќе сфатат размножувањето е одржлива алтернатива за да се задржи и распространи таа генетика. Не секој одгледувач може да си дозволи да се снабдува со нов расад, клонови или семе од компаниите за производство на семиња од канабис и да купи нова генетика помеѓу секоја сезона. Впрочем, во повеќето држави цената на еден клон може да надмине 20 долари, додека десетина семки од канабис може лесно да чинат 100 долари или повеќе.

За многу микро-буџетни домашни одгледувачи, размножувањето и вкрстувањето е единствениот и бесплатен начин за да се задржи посакуваната генетика. Одгледувањето канабис и продолжувањето на семејната лоза во семето не е ексклузивно зачувување на експертите. Домашните одгледувачи кои имаат стекнато вештини на одгледување на високо ниво и ги совладале основните техники, лесно можат да преминат од обичен одгледувачот во експерт за врсти. Креирањето на F1 семиња и хибриди е многу практично. Повеќето од врстите на канабис кои станаа легендарни беа создадени од страна на домашните одгледвачи на канабис, повремено, па дури и сосем случајно, т.е. несакајќи.


Клонови
Понекогаш не е лесно да се изгради своја сопствена банка за семе од шаторот за растење или плакарот во споредната спална соба... Па, затоа размножувањето на мала рака е остварлива опција. Не ви е потребна магистерска диплома по ботаника. Доволно ви е досегашното искуство кое ќе расте заедно со вашите нови уникатни деца што можеби ќе ги создадете. Постојат повеќе техники за размножување и тоа: клонирање, селфинг, размножување од иста серија, полихибриди, оригинални F1 хибриди, пренасочување... Да разгледаме некои од нив!


Гел за клонирање
1. КЛОНИРАЊЕ (Clonning)

Земањето на ластари од канабис растенијата е одличен начин да се зачува видот. Понекогаш најценетите сорти се достапни во форма само на клонови, а одгледувачот има навистина ограничени опции, за да ја зачува генетиката, а да не мора да купува нови клонови секоај сезона. Клонирањето е пренослива вештина којашто со малку упорност лесно се совладува. Треба да имате постојано висока стапка на успех со клонирањето како предуслов за размножување.



Предизвикајте само-опрашување
2. СЕЛФИНГ (Selfing)

Семињата F1 може да се произведуваат само со женски клон од марихуана. Овие семиња ја носат само генетиката на мајката. За да се постигне ова, одгледувачот мора да го смени полот на женката (таа да стане хермафродит) за да го поттикне само-опрашувањето. Повеќето домашни одгледувачи намерно ќе ја ја изложат на стрес цветната женка за да произведат неколку семиња. Селфингот најчесто се применува на сорти марихуана наменети само за клонирање за да се претвори во форма на семе F1.



Совладајте го вкрстувањето
3. РАЗМНОЖУВАЊЕ ОД ИСТА СЕРИЈА

Па, ако сте задоволни со серија на редовни семки од канабис и можеби сакате да ги искористите машките? Па, може да вкрстувате канабис од истата серија. Да претпоставиме дека сте запознаени со врстата од истото пакување на семиња, потенцијално може да изберете пар од врсти за вкрстување. Ова е метода на старо-школските ганџа фармери и најмногу се применува на отворено. Покрај тоа, размножувањето од истата серија има потенцијал во внатрешните одгледувалишта, доколку органските семиња се оригинални. Ако е така, не само што резултатот ќе биде повеќе или помалку стабилен, но ќе имате заштедено пари на семе за следната реколта. Практикувајте да го собирате поленот. Размножувањето од сигурна серија е добар вовед во вкрстувањето канабис.



2 различни врсти
4. ПОЛИХИБРИДИ

По лекцијата за размножување од иста серија, доаѓа лекцијата за создавање едноставен хибрид. Полихибрид (polyhybrid) е вкрстување на две комерцијални, неповрзани сорти. За почеток, ова нема да биде целосно стабилно и нема да произведува оригинални Ф1 хибриди. Резултатите несомнено ќе бидат измешани. Но, полихибридите се прилично енергични и може да се откријат победнички фенотипови, доколку имате повеќе простор за експериментирање.





Развој на F1 хибриди (кликни на сликава)
5. ОРИГИНАЛНИ F1 ХИБРИДИ

Оригинални Ф1 хибриди се најценети и ние препорачуваме да го погледнете асортиманот од каталогот на Royal Queen Seeds. Оваа техника создава фантастично моќни, продуктивни и енергични растечки Ф1 хибриди и ова е долгорочен процес. Професионалните одгледувачи и експерти за размножување врсти инвестираат години од својот живот во проекти за размножување и одбираат сорти од стотици, ако не и од илјадници растенија од канабис. Оригиналните Ф1 хибриди може да се изведат само од вкрстување на оригинални или стабилизирани врсти. Тие изразуваат вистинска хибридна енергија.


Освен ако не планирате експедиција за лов на нови врсти, пожелно е да ја совладате оваа техника којашто бара малку повеќе предзнаење и искуство. Слично на тоа, одводнувањето може да биде комплицирано. Искрено, тоа е премногу тешко за прв пат дома одгледувач. Со вкрстување на пар на F1 билки (прва генерација) резултира со потомство во F2 билки (втора генерација). За жал, овие семиња ќе бидат далеку помалку стабилни и многу потешки за работа во споредба со претходната генерација Ф1. Потребно е внимателно селективно вкрстување во голем број за да се успее со овој пристап. Често се потребни повеќе генерации на размножување можеби до F5 (петта генерација) или дури F6 (шеста генерација) пред генетската линија да може да се стабилизира.


Развој на полихибрид
6. ПРЕНАСОЧУВАЊЕ (Backcrossing)

Бек-кросингот е веројатно најсоодветната опција за размножување на мала рака, при одгледување за лична употреба во домашни услови. Исто така, ако сте во ситуација да сакате да размножите врста која се наоѓа само како клон, а немате многу доверба во техниката на стресирање на женските билки во фаза на цветање само за да создадете неколку F1 семиња, треба да ја разгледате токму оваа техника. Прво треба да идентификувате рецесивен донатор од машки пол или машка билка со пожелни особини кои вреди да се додадат на потомството. Женката ќе биде задржана како мајка од којашто ќе се продолжи со земање на клоновите. Во суштина, доминантниот женски клон и донаторскиот мажјак се вкрстуваат. Понатаму, сите последователни генерации ќе бидат пренасочени кон женскиот клон од оригиналната мајка. Понекогаш, ќе бидат потребни 3-4 пренасочувања за да се добие потребната стабилност во потомството. Како што можете да видите, постојат неколку начини да ги размножите вашите омилени врсти и да ги претворите во ваши нови уникатни видови.


* * *

Развој на бек-крос
Овој основен водич има за цел да ви даде добар општ преглед за да може да започнете со вашите индивидуални истражувања и експерименти, пред да се преселите во покомплицираните аспекти и „тајни“ од одгледувањето канабис. Да не заборавам исто така да надополнам дека не треба да се обесхрабрувате при првите неуспешни обиди, затоа што секој обид за имплементирање на новите техники во одгледувањето може да резултира со некоја ваша уникатна метода, врста. Сè е искуство плус и самото одгледување канабис има терапевтско, смирувачко и антидепресивно дејство врз одгледувачот. Со среќа! :)



Како од прилика изгледа вкрстувањето?

Автор: MoniQue Konopova

Sunday, July 16, 2017

Замрзнувањето е задолжително кога алкохолот се користи како растворувач

Еве едноставен совет за подобрување на квалитетот на домашниот екстракт од канабис - подобрување на бојата и вкусот, т.е. намалување на количеството на хлорофил во екстрактот 


Со замрзнувањето на почетниот цветен материјал и растворувачот (алкохолот, на пр. изопропил од 96% па нагоре) за околу 6-8 часа, а потоа брзо миење од 2-3 минути на почетниот материјал со алкохолот, лесно се отстрануваат трихомните жлезди и откако листестиот материјал е замрзнат, многу од хлорофилот не преминува во маслото... На овој начин не само што се намалува горчината на маслото (горчливиот вкус), туку конечното масло нема да биде темно зеленкасто, туку ќе биде златно-килибарно. Кога ќе се заврши со постапката на подготовка на маслото, серијата ќе биде 90%+ во зависност од врстата/врстите и финалната декарбоксилација... Хлорофилот не се смета за нешто лошо, но за пациентите со канцер и други сериозни хронични заболувања, потребно ви е масло коешто е најмоќно во поглед на THC и со што е можно помачку додатни непотребни примеси.

Теглата од лево е по брзото замрзнато перење, теглата од десно не е...

Извор: од комуникацијата со искусни производители на екстракт од канабис

Sunday, February 26, 2017

Рецепт за подготовка на кана-кокосово масло!

Рецепт за подготовка на лек од канабисово и кокосово масло. Еве еден домашен рецепт за подготовка на природен лек направен од канабисово и кокосово масло, којшто се користи за лекување на многу болести

Против болки, гадење, епи-напади и повеќе!
Поради законските регулативи во многу држави, т.е. поради рестрикцијата за употреба на канабис, науката превзема ситни бебешки чекорчиња во истражувањето на медицинските својства на канабисот. Традиционалната медицина од секогаш ја користела оваа природна билка, прашајте ги вашите (пра)баби и (пра)дедовци за „чуварката“ доколку не верувате...


Еве еден домашен рецепт за подготовка на природен лек направен од канабисово и кокосово масло, којшто се користи за лекување на многу болести. Со смолата од канабис подготвена по рецептот на Рик Симпсон по пат на декарбоксилација, во комбинација со ладно цеденото virgin масло од кокос како основна база за подготовка на лекот - може да направите буквално најразновидни лековити производи (+ пожелно е да додадете и темјан за да го поткрепите антиканцерогениот ефект на канабисот ако сакате да направите супозитории). Кокосовото масло е многу хранливо и со него едноставно се подготвуваат супозитории со канабисово масло.


Кана-кокосово масло
Подготовката на кокосово масло со канабисово масло - КАНА-КОКОСОВО МАСЛО е едноставна. Одберете ја врстата (врстите) канабис што најмногу им одговара на вашите потреби, затоа што секоја индивидуа е уникатна и сечие тело функционира на поинаков начин. Без разлика која врста на канабис ќе ја одберете за подготовка на овој лек, правите неверојатен благодет за целокупната ваша здравствена благосостојба, дури и да сте потполно здрави. Настојувајте само врстата (или врстите, затоа што може да се мешаат) да е одгледана на што е можно поприроден начин. Најпрвиот чекор е активацијата на марихуаната по пат на декарбоксилација (хемиски процес на активација на канабиноидите од растението).

 

Сами направете си го лекот!
Потребни состојки: 1 грам декарбоксилирана марихуана или подготвено масло + 28 грама (1 ounce) ладно цедено virgin кокосово масло. Количествата може да бидат прилагодени според овој сооднос. Финалниот производ можете да го употребување во кујната за готвење, меѓутоа на средна температура, затоа што доколку се загрее премногу, активните состојки од марихуаната ќе исчезнат. Комбинацијата од двете масла успешно лекува рак, болки, гадење, епилептични напади и многу повеќе! Не постои заболување што не може да се излечи со канабис!


Инструкции: Постојат повеќе начини, еве еден од нив...
  1. Ставете ја измерената мелена активирана марихуана во стаклена тегла и додадете кокосово масло. Цврсто затворете го капакот од теглата и ставете ја во сад полн со вода.
  2. Полека загревајте ја водата на ниска температура, под температурата на вриење во времетраење од 60 минути. (Ова спречува маслото да се прегрее и да го изгуби лековитиот ефект.)
  3. Исцедете ја течноста од канабисот во маслото. Користете мрежеста цедилка или пелена/платно како за цедење урда и отстранете ги цврстите остатоци од тревата од маслото во друга стаклена тегла.
  4. Маслото од канабис и кокос сега е подготвено да се јаде или да се користи како лосион за надворешна употреба. Отстранетите цврсти остатоци од подготовката не се фрлаат! Тие исто така се лековити и може да се јадат, како и печат или варат и додаваат во секој кулинарен рецепт, како и секоја друга билка.

Цедење на маслото
Зошто кокосовото масло е подобро од путерот? Кокосовото масло е најдоброто масло за произведување на потентни мешавини со канабис, како за надворешна употреба, така и за подготовка на колачи и други прехранбени лековити производи со канабис, затоа што содржи високо заситена содржина на масти. Тоа го прави кокосовото масло поспособно да ги апсорбира лековитите состојки од марихуаната, како што се канабиноидите, терпините, флавоноидите и др. во споредба со путерот или пак, другите видови на масла како основа. Додека путерот содржи заситени масти од околу 60%, содржината на кокосовото масло изнесува 90% заситени масти. 


Наместо да подготвувате разновидни видови на канапутери или тинктури, доволно е само да го имате кана-кокосовото масло во вашата кујна и да го додавате во секојдневната исхрана. Овој производ е идеален за лицата кои мора да се хранат со мрсна диета за справување со епилепсијата, Алцхајмерот или ракот (како кетогенската диета). Исто така, идеално е за вегетаријанците, веганите, лицата кои се на палео исхрана, за изнемоштени лица, за зајакнување на имунитетот и за сите кои не се алергични на кокосово масло, а сакаат да го консумираат канабисот без да го пушат или вапоризираат!

Извори: Daily Health Post
 

Кана-кокосово масло :P

Monday, December 12, 2016

Аеропоника системи за одгледување канабис во домашни услови

Аеропонскиот систем е највисока технологија во хидропониката. Хидропоника значи одгледување на растенија без подлога, вкоренети во воден раствор

Запознајте се со системот аеропоника

Иако аеропонската технологија е пронајдена дури во 1930 година, само во последните неколку години се стекнува со поголема важност, особено во пренаселените урбани средини каде што нема слободни места за производство на храна. Аеропонскиот систем е највисока технологија во хидропониката. Хидропоника значи одгледување на растенија без подлога, вкоренети во воден раствор. Во аеропониката корените висат во празно корито, но се капат во фино распрсканите хранливи материи на секои неколку минути (постојано се прскани од магла-спреј од хранливите материи). Придобивките се огромни. Растенијата растат до 50% побрзо отколку на супстрат, па така тие се спремни за жетва и 2-3 пати порано од нормално. На пример, расадот од домати треба да биде стар најмалку 28 дена за пресадување во супстратот, додека кај аеропониката доволни се само 10 дена.

Хранливите материи се нанесуваат директно на корените на растенијата, кои многу полесно ги впиваат, бидејќи има лесно достапен кислород и се стимулира растот на ситните коренчиња. Системот на циркулирање на хранливиот раствор може да биде целосно затворен, со што е голема заштедата на вода. Не постои ризик од болести кои се пренесуваат преку почвата или преку проточната вода, но можно е да се зголеми густината на садењето. Аеропонските системи можат да ја намалат потрошувачката на вода за 98%, употребата на ѓубрива за 60%, употребата на пестициди за 100%, а во исто време даваат максимален принос. Растенијата одгледувани со овој систем се покажаа, исто така, дека имаат повеќе витамини и минерали, што ги прави потенцијално похранливи и поздрави.
Технологијата е целосно програмирана и автоматизирана, дури и можно е преместување на целиот систем, како и примена во домашни услови. Во зависност од системите за одгледување, билките можат да бидат наредени хоризонтално или вертикално. Надземниот дел од билките се придржува за платформата со помош на јака околу долниот дел на стеблото или во перфорирана саксија, а корените се капат во растворот. Главниот недостаток на овој систем е тоа што во комората за полувлажна атмосфера се појавуваат бактерии, така што мора да се врши редовна дезинфекција со хидроген пероксид. Друг недостаток е бучавата што ја предизвикува системот. Целиот систем е прилично скап, а зависи од високиот квалитет на пумпата за висок притисок, од фогерите и тајмерот.



Спротивното мислење дека овие растенија, поради изобилството на храна и вода, се нежни и кршливи е погрешно, тие токму поради тоа имаат доволно цврстина да дадат зголемен род. За овој систем потребна е пумпа и микрораспрскувачи - така наречени фогери, кои можете да ги направите самостојно. Притисокот на водата мора да биде многу висок, така што прскалките да го распрскуваат растворот со големина на капките од 5-50 микрометри. Колку е помала капката, толку подолго таа ќе лебди во воздухот и ќе раствори повеќе кислород. Времето на прскање е обично две секунди на секои 1,5 - 2 минути или една секунда на секоја минута. Истовремено во воздухот може да се додава СO2, со што се зголемува ефикасноста на фотосинтеза. 

Аеропониката не е за почетници! Одгледувачот кој сака да има успех кај аеропониката, треба да има зад себе доста искуство и кај класичното одгледување во земја, треба да знае како расте марихуаната и како изгледа една здрава билка, а секако треба да знае и да ги препознава нутритивните суфицити и дефицити кај билките.


Monday, October 3, 2016

Лекување рак кај мачки и кучиња со канабисово масло

Не само луѓето, туку сите животни кои се цицачи, т.е. `рбетници и воедно поседуваат ендоканабиноиден систем имаат потреба од канабиноиди! Да! Нашите домашни миленичиња и речиси сите животни кои се одгледуваат во домаќинствата, може да се лекуваат не само од рак, туку од многу други болести, исто како луѓето и тоа на безболен, природен и безбеден начин! „Според мое мислење, не постои подобар лек што може да му се даде на животно. Јас го третирав моето куче со прекрасни резултати. Тоа е познат факт дека кучињата имаат многу побрз метаболизам од луѓето. Во многу случаи кучињата се исцелуваат толку брзо, што ќе можете да согледате како тоа се случува“ - истакнува Канаѓанецот Рик Симпсон, човекот кој со целиот свет пред неколку години го распространи рецептот за правење на екстракт (смола) од канабис за лекување на разни заболувања.

Ако имате соодветно масло, јас не познавам било каков третман којшто е поефикасен во лекувањето на ракот кај кучињата или луѓето и вообичаено кучињата може да бидат излечени од оваа страшна болест за многу кратко време. „Обично на кучињата им се потребни само неколку грама од ова масло за да се ослободат од ракот, па јас да сум на твое место, на кучето би започнал да му давам масло што е можно поскоро“ - додава Рик. Друг македонски познат пример за лекување на животно (куче) од канцер со масло е кучето на Филип Достовски од Зелена Алтернатива, а исто така лично познаваме луѓе кои згрижуваат улични мачки и истите ги лекуваат со канабисово масло од стоматит и други болести - со неверојатен успех.

При лекувањето на кучињата внатрешно со масло, постојат навистина многу малку нешта за кои треба да бидете загрижени. Вашата најголема грижа треба да биде квалитетот на маслото. Екстрактот е правилно произведен од јаките (потентни) врсти на Индика марихуаната, тие масла имаат многу моќен седативен ефект (успиваат) и дури и да сте му дале на кучето навистина премногу од маслото - ништо страшно не може да се случи - кучето едноставно ќе заспие и ќе има цврст и регенеративен сон (слично како и кај луѓето). Откако кучето ќе се разбуди, ќе сфатите дека истото не е повредено или пак, оштетено на било каков начин, затоа што канабисот е 100% природен и безбеден лек. Ќе забележите дека животното се чувствува подобро од пред да ја прими дозата. 

Маслото не може да му предизвика штета на кучето, дури и кога ќе му дадете премногу. Доколку го имате соодветното масло, истото ќе предизвика кучето да заспие, а кога ќе се разбуди ќе биде неоштетено. „Јас на твое место би го започнал лекувањето со две капки на ден, еднаш наутро и еднаш навечер, а потоа нежно би ја зголемил количината што му ја давам на кучето на секои 4 дена се` додека кучето целосно не се излечи“ - вели Рик, еден од луѓето одговорни за споделувањето на вистината за марихуаната со сиот свет. Што се однесува до лекувањето на кучето надворешно, се` што треба да направите е да го нанесете маслото врз ракот на кожата (или другата здравствена состојба на кожата од животното што сакате да му/`и ја излечите) и покријте го местото со фластерче. Потоа повторувајте ја постапкава на секои 3 дена.

Кучињата го обожуваат маслото, но често пати мачките знаат да се однесуваат малку поинаку, па затоа може да наидете на мали потешкотии кога ќе сакате да му дадете масло на вашето маче. „Па, затоа јас би се обидел да измешам мала количина од маслото во нивната храна“ - додава Рик.  Во споредба со луѓето, животните се лекуваат многу побрзо и со оглед на тоа што маслото не претставува опасност, не треба да се грижите за тоа дека маслото може на било каков начин да `и наштети на мачката, дури и кога ќе `и дадете преголема доза од маслото. 

Јас би започнал со лекувањето на мачката со давање на две дози дневно оддалечени по 12 часа и би `и дал на мачката околу половина капка по доза. Потоа по 4 дена дозирање на ваков начин, дозата може да се зголеми до цела капка по доза. Сметам дека ќе согледате како вашата мачка реагира многу брзо на овој третман и не грижете се доколку животното спие во голема мера, затоа што ова е ефектот што маслото треба да го предизвика“ - заклучува Рик СимпсонТретманот кај мачката, исто како и кај кучињата и луѓето - треба да трае се` додека пациентот не биде целосно излечен. „Вообичаено потребна е мала количина од маслото за да се излечи мачка и откако животното има проголтано еден или два грама, мислам дека ќе бидете сведоци на доста драматично подобрување на целокупното здравје на животното“ - заклучува Рик. 


Saturday, July 25, 2015

Канабисот е лек за сите, па дури и за домашните миленици!

Помага и за превенција/лекување 
на многу други заболувања.
Истото важи и за мачките.
Канабиноидите им се потребни на сите живи суштества кои имаат ендоканабиноиден систем и ендоканабиноидни рецептори, т.е. на сите `рбетници за одржување на здравствен баланс. Производите од Канабис и Коноп користени од страна на луѓето за медицинска употреба можат да бидат успешен лек и за нашите крзнени пријателчиња - кучињата и мачињата.

Канабиноидот CBD од Канабисот ги лекува кучињата со епилепсија, а исто така се користи и за лекување на терминално болни животни. Многу е важен квалитетот на маслото/тинктурата, односно од каков материјал истото е направено. Покрај ова важно е и дозирањето, бидејќи животните се многу помали од луѓето и живеат пократко во споредба со нас, па според тоа оздравуваат и многу побрзо. Поради тоа што нивниот организам е многу сличен со нашиот, затоа канабисот помага во лекувањето на истите и слични заболувања како кај нас. 

Нашите пријатели од едно здружение за заштита на животните, чиешто име несакаме да го споменеме заради безбедноста на нивните професии, успејаа да излекуваат многу мачиња со помош на канабисово масло, а исто така и да им ги ублажат маките на едни мачиња кои имаат вирус стоматит. Тие исто така му се обратија со е-mail на господинот Рик Симпсон за да го прашаат дали постапуваат правилно и како треба да го спроведуваат дозирањето. Ова е одговорот што тие го добија:

Канабисот е лек за сите,
па дури и за нашите крзнени пријателчиња!
„Пред се` јас немам поим каков е квалитетот на маслото кое го давате на вашите мачки. Дали направивте сопствено масло од јака седативна индика? Кучињата го обожуваат канабисовото масло, но мачките понекогаш знаат да се однесуваат индиферентно, па затоа може да имате мали потешкотии да им го дадете маслото. Затоа ви препорачувам мала количина од маслото да мешате со нивната храна. 

Животните оздравуваат многу побрзо во споредба со луѓето и бидејќи маслото не претставува никаква опасност, не треба воопшто да се грижите дека истото ќе им наштети на мачињата, па дури и кога ќе претерате со дозата. Советувам на мачките да им се дава две дози дневно со простор помеѓу нив од 12 часа, а дозата треба да биде во големина од половина капка. Потоа по четири дена третман на овој начин, дозата може да ја зголемите на цела капка. 

Мислам дека на вашите мачки овој начин на лекување многу брзо ќе им дејствува и немојте да бидете загрижени доколку животното спие поголем период од времето, бидејќи тоа е ефектот којшто маслото треба да го предизвика. Вообичаено потребна е многу мала количина од маслото за да се излечи мачка и откако животното ќе консумира еден или два грама, мислам дека ќе бидете сведоци на навистина драматично подобрување на нивното целокупно здравје - Рик Симпсон.


Кученца успешно излекувани од рак со помош на канабисово масло!

Доколку и ти имаш некаква дилема околу Канабисот, слободно можеш да го контактираш човекот кој со светот го сподели рецептот за канабисово масло, кое е лек за многу болести, а пред се` за ракот: phoenixtearsadmin@gmail.com. Ние се надеваме дека еден ден научните студии повеќе нема да се спроведуваат врз нашите најдобри и невини пријатели животинчиња, туку ќе се спроведуваат врз нас луѓето. Спаси се себе си и спаси ги своите најсакани со билката која од секогаш постои на оваа планета. Канабисот лекува!