Sunday, February 26, 2017

Рецепт за подготовка на кана-кокосово масло!

Рецепт за подготовка на лек од канабисово и кокосово масло. Еве еден домашен рецепт за подготовка на природен лек направен од канабисово и кокосово масло, којшто се користи за лекување на многу болести

Против болки, гадење, епи-напади и повеќе!
Поради законските регулативи во многу држави, т.е. поради рестрикцијата за употреба на канабис, науката превзема ситни бебешки чекорчиња во истражувањето на медицинските својства на канабисот. Традиционалната медицина од секогаш ја користела оваа природна билка, прашајте ги вашите (пра)баби и (пра)дедовци за „чуварката“ доколку не верувате...


Еве еден домашен рецепт за подготовка на природен лек направен од канабисово и кокосово масло, којшто се користи за лекување на многу болести. Со смолата од канабис подготвена по рецептот на Рик Симпсон по пат на декарбоксилација, во комбинација со ладно цеденото virgin масло од кокос како основна база за подготовка на лекот - може да направите буквално најразновидни лековити производи (+ пожелно е да додадете и темјан за да го поткрепите антиканцерогениот ефект на канабисот ако сакате да направите супозитории). Кокосовото масло е многу хранливо и со него едноставно се подготвуваат супозитории со канабисово масло.


Кана-кокосово масло
Подготовката на кокосово масло со канабисово масло - КАНА-КОКОСОВО МАСЛО е едноставна. Одберете ја врстата (врстите) канабис што најмногу им одговара на вашите потреби, затоа што секоја индивидуа е уникатна и сечие тело функционира на поинаков начин. Без разлика која врста на канабис ќе ја одберете за подготовка на овој лек, правите неверојатен благодет за целокупната ваша здравствена благосостојба, дури и да сте потполно здрави. Настојувајте само врстата (или врстите, затоа што може да се мешаат) да е одгледана на што е можно поприроден начин. Најпрвиот чекор е активацијата на марихуаната по пат на декарбоксилација (хемиски процес на активација на канабиноидите од растението).

 

Сами направете си го лекот!
Потребни состојки: 1 грам декарбоксилирана марихуана или подготвено масло + 28 грама (1 ounce) ладно цедено virgin кокосово масло. Количествата може да бидат прилагодени според овој сооднос. Финалниот производ можете да го употребување во кујната за готвење, меѓутоа на средна температура, затоа што доколку се загрее премногу, активните состојки од марихуаната ќе исчезнат. Комбинацијата од двете масла успешно лекува рак, болки, гадење, епилептични напади и многу повеќе! Не постои заболување што не може да се излечи со канабис!


Инструкции: Постојат повеќе начини, еве еден од нив...
  1. Ставете ја измерената мелена активирана марихуана во стаклена тегла и додадете кокосово масло. Цврсто затворете го капакот од теглата и ставете ја во сад полн со вода.
  2. Полека загревајте ја водата на ниска температура, под температурата на вриење во времетраење од 60 минути. (Ова спречува маслото да се прегрее и да го изгуби лековитиот ефект.)
  3. Исцедете ја течноста од канабисот во маслото. Користете мрежеста цедилка или пелена/платно како за цедење урда и отстранете ги цврстите остатоци од тревата од маслото во друга стаклена тегла.
  4. Маслото од канабис и кокос сега е подготвено да се јаде или да се користи како лосион за надворешна употреба. Отстранетите цврсти остатоци од подготовката не се фрлаат! Тие исто така се лековити и може да се јадат, како и печат или варат и додаваат во секој кулинарен рецепт, како и секоја друга билка.

Цедење на маслото
Зошто кокосовото масло е подобро од путерот? Кокосовото масло е најдоброто масло за произведување на потентни мешавини со канабис, како за надворешна употреба, така и за подготовка на колачи и други прехранбени лековити производи со канабис, затоа што содржи високо заситена содржина на масти. Тоа го прави кокосовото масло поспособно да ги апсорбира лековитите состојки од марихуаната, како што се канабиноидите, терпините, флавоноидите и др. во споредба со путерот или пак, другите видови на масла како основа. Додека путерот содржи заситени масти од околу 60%, содржината на кокосовото масло изнесува 90% заситени масти. 


Наместо да подготвувате разновидни видови на канапутери или тинктури, доволно е само да го имате кана-кокосовото масло во вашата кујна и да го додавате во секојдневната исхрана. Овој производ е идеален за лицата кои мора да се хранат со мрсна диета за справување со епилепсијата, Алцхајмерот или ракот (како кетогенската диета). Исто така, идеално е за вегетаријанците, веганите, лицата кои се на палео исхрана, за изнемоштени лица, за зајакнување на имунитетот и за сите кои не се алергични на кокосово масло, а сакаат да го консумираат канабисот без да го пушат или вапоризираат!

Извори: Daily Health Post
 

Кана-кокосово масло :P

No comments:

Post a Comment