Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Во првото истражување тим истражувачи од Универзитетот во Арканзас ги процениле податоците за употребата на лекови на рецепт во репрезентативен примерок од речиси пет милиони Американци од 2006 до 2014 година. Во второто истражување тим на истражувачи од Канада и САД анкетирале над 2.000 федерално регистрирани пациенти со медицински канабис во врска со нивната употреба на канабис и други супстанции
Студија 1: Пристапот кон медицински канабис е поврзан со намалена употреба на опијати
Донесувањето на законите за пристап до медицински канабис е поврзано со умерено пониски нивоа на употребата на опиоиди на рецепт, дури и по контролирањето на потенцијално измешаните варијабли, според податоците објавени во Journal of General Internal Medicine. Во наодот што е во согласност со оние на неколку други студии, авторите заклучиле: „Легализацијата на лековитата марихуана била поврзана со пониски шанси за употреба на опијати, хронична употреба на опиоиди и употреба на опијати со висок ризик кога се врши контрола за многу државни и фактори на ниво на пациенти. Овие резултати покажуваат дека законите за медицинска марихуана (medical marijuana laws - MML) може да бидат еднo од оружјата на политиката која може скромно да ја намали употребата на опијатите; хронична и високо-ризична употреба на опиоиди во мозаик, каде што опциите за управување со болките се ограничени, а опиоидната злоупотреба и зависност брзо се зголемуваат“.
Слични се и извештаите на опсервационите студии кои велат дека државите со пристап до медицински канабис поседуваат пониски стапки на употреба, злоупотреба, хоспитализации и смртност од опијати, во споредба со земјите со правни системи без оперативни медицински програми за марихуана. Целосниот текст на студијава: „Влијание на легализацијата на медицинската марихуана врз употребата на опиоиди, хронична употреба на опиоиди и употреба на опијати со висок ризик“ - се појавува во зборникот Journal of General Internal Medicine. Дополнителни информации се достапни во информативниот лист на NORML: „Односот меѓу марихуаната и опиоидите“.
Студија 2: Пациентите често ги заменуваат другите контролирани супстанции со медицински канабис
Канадските пациенти кои консумираат медицински производи од канабис во согласност со федералниот закон обично ја намалуваат или ја елиминираат употребата на алкохол, тутун и фармацевтски лекови, според податоците објавени во Harm Reduction Journal. „Најчесто цитирана замена се лековите на рецепт (69 проценти), следува алкохолот (45 проценти), тутунот (31 процент) и нелегални супстанции (27 отсто)“. Од оние кои пријавиле замена на конвенционалните лекови со канабис, 35 проценти рекоа дека користеле канабис наместо опиоиди. Од нив, 59 отсто рекле дека на крајот ја прекинале употребата на опијати. Истражувачите понатаму објавија: „Од 515 испитаници кои го замениле алкохолот со канабис, 31 отсто сугерирале дека престанале да го користат целосно, а 37 отсто пријавиле намалување на нивната потрошувачка од најмалку 75 проценти. Од 406 учесници кои го замениле тутунот со канабис, 51 велат дека престанале да го користат целосно, а 14 проценти пријавиле намалување на неговата употреба за 75 проценти“.
Тие заклучиле: „Наодите додаваат растечко тело на академски истражувања што укажуваат дека зголемениот регулиран пристап до медицинскиот и рекреативниот канабис може да резултира со намалување на употребата и последователните штети поврзани со опиоидите, алкохолот, тутунот и другите супстанции“. Претходните истражувања на сличен начин објавија поврзаност помеѓу пристапот до медицински канабис и намаленото трошење на лекови на рецепт, како и намалени нивоа на консумација на алкохол и тутун. Целосниот текст на студијата: „Модели на употреба на медицински канабис и замена на опиоиди и други фармацевтски лекови, алкохол, тутун и недозволени супстанции: резултат од пресек на анкетата на овластени пациенти“ се појавува во зборникот Harm Reduction Journal.
За повеќе информации во врска со студиите, контактирајте го Пол Арментано (Paul Armentano), заменик директор на NORML (National Organization for the Reform of Marijuana Laws) - (Национална организација за реформи на законите за марихуана). Мисијата на NORML е доволно да го придвижи јавното мислење за да ја легализира одговорната употреба на марихуана од страна на возрасните и да служи како застапник за потрошувачите за да обезбеди тие да имаат пристап до висококвалитетна марихуана која е безбедна, удобна и прифатлива.
Шеќерот со канабис е интересен начин за збогатување на трпезата со лековити состојки. Ова е универзален рецепт за продукт со канабис кој ќе можете да го додавате во вашите омилени слатки јадења. Еве уште еден начин за додавање на канабиноиди во десерти, кафиња, чаеви... За оваа блага идеја потребна ќе ви биде мала количина екстракт (масло) од канабис (смола или тинктура) и обичен бел шеќер :)
Додадете канабис тинктура/масло и добро измешајте со шеќерот;
Поставете пергаментна хартија на послужавник и растурете го шеќерот во тенок слој;
Оставете го да стои 1 ноќ;
Со употреба на цврст предмет, како шише или сукало отстранете ги грутките. Ова може да го направите и во блендер/сецко;
Чувајте го готовиот шеќер на суво, студено и темно место.
Шеќерот од канабис има нежно смирувачко дејство. За утринското кафе користете сатива шеќер, додека пак за вечерното какао користете индика шеќер. Може во шеќерот да се додаде ванила, цимет, кора од лимон или портокал и слична арома во вашиот готов производ. Најдобро да го чувате на ладно, темно место во затворен сад.
* ВАЖНО! Јачината на шеќерот (количината на активни канабиноиди) зависи од видот и јачината на екстрактот од канабис што сте го употребиле, како и од употребената количина шеќер. Овој рецепт е наменет повеќе за рекреативно-медицинска (превентивна) употреба и за не многу сериозни дијагнози, поради тоа што дијабетичарите и канцер-пациентите не смејат да внесуваат (рафинирани бели) шеќери, затоа што шеќерите го хранат канцерот.
Терапијата со канабис ги ублажува симптомите на фибромиалгија при хронична болка и е поврзана со намалување на употребата на други штетни лекови на рецепт, според клиничките податоци објавени на интернет во Journal of Clinical Rheumatology
Постојат лепенки со канабис против болки
Околу 3-6 милиони Американци страдаат од фибромијалгија и болки во нервите, која често е лошо контролирана со стандардни фармацевтски лекови за болка. Израелските истражувачи ја оценија безбедноста и ефикасноста на инхалираниот канабис во група од 26 пациенти со фибромијалгија. Тие објавија дека третманот на лекови од канабис „бил поврзан со значителни поволни резултати во секоја проценета ставка“ - како што се намалување на болката и зголемување на енергијата.
Повеќето пациенти, исто така, ја намалија нивната употреба на конвенционалните лекови на рецепт, како што се опијати и бензодиазепини, за време на пробниот период. Речиси половина од учесниците (46 проценти) го намалиле нивниот внес на лекови на рецепт за повеќе од 50 проценти за време на истражувањето. Неколку пациенти, исто така можеа да се вратат на работа по започнувањето на терапијата со канабис.
Истражувачите заклучиле: „Медицинскиот третман со канабис имаше значителен поволен ефект врз пациентите со фибромијалгија, со минорни негативни ефекти“. Претходни испитувања кои ја проценуваат употребата на целото растение канабис или синтетички канабиноиди, исто така покажале ефикасност кај пациентите со оваа болест. Прегледот на овие претходни студии е достапен ТУКА! Апстрактот на студијата „Медицински канабис за третман на фибромијалгија“ е достапен ТУКА!
Мустафа се согласи да биде еден од главните ликови во нашиот прв документарен филм, за кој заедно со нашите пријатели МАСЛО ОД КАНАБИС планираме да биде готов до крајот на оваа година или почетокот на наредната. Мустафа мора да живее во Германија за да може да се лекува со канабис!
Мустафа со неговиот канабис!
„Здраво, Да, јас би сакал да се започне со вашиот тим документарен филм, поради тоа што јас сум навистина роден во Германија и пораснав таму, но јас сум исто така македонски државјанин, а граѓанин на светот кој се бори за легализација на канабисот. Канабисот е лек. Јас сум среќен што имам канабис на рецепт од аптека, но загрижен сум за сите други во светот кои имаат тешкотија да дојдат до квалитетен канабис, затоа што е нелегален... На црниот пазар има само лаги и страв од полицијата. Ова мора да се запре, па ние сите ја знаеме вистината за канабисот која се шири, а има толку неуки во политиката, а сите знаеме дека канабисот е многу стар лек“ - вели нашиот соговорник Мустафа Сабаудин кој боледува од фибромијалгија и нè поздравува со неколку препрасни фотографии.
Но, дали безобразно глупавите македонски закони што заштитуваат поединци ќе ни дозволат овој пациент да дојде во Македонија за снимањето заедно со неговиот препишан лек?
Снимаме документарец за борбата на македонските пациентите на кои им е потребен канабис и канабисово масло. За изјавите следува гратис одредена количина масло со над 80% THC (идеално за лекување канцер) или бесплатна подготовка на маслото од ваш материјал + гратис обука во вашиот дом. Благодариме за нашиот фан од Ресен што сакаше да остане анонимен, донираше квалитетно масло за ова хумано движење да тргне. Ни требаат изјави пред камера.
Неговите лекови од канабис
Доколку и вие сакате да ја кажете вистината за канабисовото масло или да ја раскажете вашата лична борба или борбата на некој ваш близок, слободно пријавете се - ќе бидете наградени со домашно изработено квалитетно канабисово масло. Доколку сте загрижени за вашата безбедност, можеби поради вашата професија може изјавата да ја земеме анонимно, можеме да го мутираме гласот - ќе се договориме соодветно, важно е повеќе да не се плашите затоа што нема место за сите нас во затвор! Пиши ни во инбокс или на нашиот маил: 420macedonia@gmail.com.
Не заборавајте дека секогаш можете и треба самите да си го направите лекот! ФАРМАЦИЈАТА посакува да сте вечен корисник на нивните отрови. Полицијата и судиите посакуваат да сте во затвор, а не да сте излечени. Канабисовото масло е сè уште државна тајна, но треба сам/а да одредиш дали е подобро да си легално закопан/а или нелегално здрав/а цел живот од природно растение што нема потреба да го консумираш редовно откако ќе се излечиш од одредена болест. Маслото лекува преку 5.000 илјади болести, без несакани последици и без да предизвика зависност!
Дефинирањето на лековите е предизвик. Сè повеќе и повеќе луѓе се свртуваат кон олеснување на своите здравствени маки со помош на канабисот, наместо лековите на рецепт. Неодамнешните студии покажуваат дека легитимниот пристап до медицинската трева во САД ефективно и значително го намалува бројот на препишани рецепти, а исто така и износот на поврзани трошоци за осигурување кои се направени годишно
Користејќи податоци од сите рецепти пополнети од претплатниците на Medicare Part D од 2010 до 2013 година, беше откриено дека стапките на употреба на лекови на рецепт драматично опаднаа во државите каде медицинската марихуана е опција. Севкупното намалување на владините трошоци беше проценето на 165,2 милиони долари годишно во 2013 година, што значи дека медицинскиот канабис значително го менува пределот на конвенционалната медицина. Болката, без разлика дали е физичка, ментална или емоционална, од нас зема соодветен „данок“, за среќа може да ја сузбиеме на природен начин - со канабис. Таа нè крши и прави дури и смислата на животот понекогаш навистина да ја снема.
Историски гледано, ако имаме болка, докторот ја проверува и ни дава „апче“ на рецепт кое ќе ги реши сите наши проблеми. Додека тоа изгледа како совршено добра идеја, за жал тоа не е толку едноставно. Рецептите што се нудат се синтетички дроги, кои се креирани, тестирани и одобрени од големите корпорации и други владини тела кои не размислуваат секогаш за здравјето на поединецот и за последиците кои може да ги предизвикаат. За нив е најважно да си го остварат својот профит и да имаат моментален ефект, а тоа што тие привидно „лекуваат“ едно, а предизвикуваат цела низа други здравствени проблеми во организмот на пациентот - тоа на тие корпорациски настроени „луѓе“ па, воопшто и не им е важно. Канабисот никако не може да наштети, а може само да помогне.
Марихуана како лек
Едноставно кажано, луѓето ширум светот избираат алтернатива на конвенционалните лекови, а таа алтернатива е медицинска марихуана, која всушност треба секогаш да биде примарна оппција за сè. Наместо да ризикуваат случајна зависност и уште полошо, физичка или ментална зависност од синтетичките лекови кои се штетни за здравјето на сите, луѓето почнуваат да го избираат своето добро и покрај актуелните негативни владини регулативи и преземаат чекори за вклучување на канабисот во нивниот животен стил по секоја цена и тоа со невиден успех.
Друг напис, објавен во 2016 година, нуди увид во дискусијата за тоа дали или не заменувајќи ги лековите, алкохолот или другите недозволени супстанции на рецепт со канабис, всушност може да игра улога во намалувањето на штетата во однос на овие три категории на супстанции. Откако е работено со тест група од 473 лица кои користеле канабис за терапевтски цели, одговорот беше убедливо „ДА“!
80,3% пријавиле замена на лековите на рецепт;
51,7% пријавиле замена на алкохол;
32,6% пријавиле замена на недозволени супстанции;
Во суштина, ова покажува дека, од тестираната група, 87% од луѓето избрале да го сметаат користењето на марихуана како алтернатива, веројатно покажувајќи дека повеќе од половина од пациентите кои веќе имаат пристап до медицински и терапевтски канабис се потпираат на на него со сигурност, наместо на било какви други лекови на рецепт или лекови во слободна продажба. Уште еден напис, објавен во 2016 година, сугерира дека употребата на медицинска марихуана за третман на хронична болка може да има специфични бенефиции за корисникот. Меѓу учесниците во оваа студија, во која беа вклучени 244 пациенти со медицински канабис во САД помеѓу 2013 и 2015 година, имаше 64% намалување на употребата на опиоиди и намален број на несакани ефекти од лековите, што помага да се подобри општото здравје. Еве пет различни типови лекови кои се на рецепт и лекови кои не се во целост на рецепт, а кои се заменуваат со медицинска марихуана.
1. Анти-анксиозни лекови
Лековите против анксиозност, како што се Xanax и Valium, Asentra... психијатрите им ги препишуваат на луѓето со цел да ја регулираат нивната способност да се справат со тешки ситуации, стрес и анксиозност. Тие пациенти најчесто стануваат потоа зависници од антидепресиви. Алтернативно, марихуаната ги поседува истите способности само што е целосно природна и не создава зависност. Еве дури и да создава зависност (што не е така), од што е подобро да си зависен - од билка во форма на цвет или од вештачко наркоманско апче?Канабиноидите активни во марихуаната ефикасно се приврзуваат на различни рецептори во мозокот помагаат да се намали вознемиреноста, нервозата и напнатоста. Индика врстите генерално се препорачуваат затоа што го релаксираат мозокот и телото и обично се наменети за вечерна употреба.
2. Лекови против болки
„Пејнкилерите“ како што се Викодин и Оксикодон, Трамадол... се моќни лекови кои, кога не се регулирани, можат да бидат злоупотребени, што доведува до здравствени проблеми, зависност, па дури и смрт. Помеѓу 1999 и 2014 година, продажбата на лекови за лекување болки на рецепт (опиоиди) се зголемила за четири пати во САД, а заедно со тоа дојде до драматично зголемување на предозирањата и бројот на зависници. Марихуаната е екстремно ефикасен третман за болка и е докажано дека всушност „го одвлекува вниманието“ на мозокот од препознавање на неговите рецептори за болка. ТХЦ, психоактивен канабиноид пронајден во марихуаната, влијае на емотивната реакција на болката и му помага на пациентот да се справи со хроничната болка поинаку и поорганично. Исто така, тоа е природна алтернатива и на други лекови на рецепт. Девојки, следен пат кога имате болки ради ПМС - пафнете џоинт или земете малку екстракт, а ако имате душевна болка - сторете го истото, наместо да пиете алкохол или да земате антидепресиви ;)
3. Стимуланси
Аддерал, Риталин и други амфетамини често се препишувани за различни нарушувања на расположението, како ADD и ADHD. Обично откриени рано во животот, овие нарушувања можат да ве следат низ животот и да ве спречат да живеете во потполност со цела плуќа. Намалувањето на расположението, депресијата и анксиозноста се чести несакани ефекти, како што се импулсивност, неможност да седат мирни и недостаток на концентрација. Канабиноидите присутни во марихуаната може да ги зголемат концентрациите на допамин во мозокот и да ги активираат невроните на допаминот, помагајќи да се регулираат и балансираат нивоата така што пациентот може полесно да се фокусира и концентрира. Sativa врстите, познати се по своите засилувачки и еуфорични ефекти, често се препорачуваат за оние кои живеат со хронични нарушувања на расположението и повеќе се наменети за дневна употреба.
4. Антидепресанти
Антидепресивите, како што е Золофт, се препишуваат за сите видови на проблеми, од тага до промени во расположението (вртелешка), до депресија. Не само што антидепресивите се користат многу, но често се злоупотребуваат, што доведува до зависност, па и полошо (смрт). Марихуаната помага да се врати подобрата ендоканабиноидна функција и помага да се стабилизираат промените во расположението, што може да доведе до попозитивни перспективи на животот. Сативата како Џек Хеер (Jack Herer), Синекс (Cinex) и Саур Дизел (Sour Diesel) се корисни, како и некои хибриди на индиката кои имаат избалансиран indica:sativa сооднос.
5. Лекови за спиење
Спиењето е неопходно за сите нас да одржуваме здрав начин на живот, тогаш телото се одмора, се бори со напаѓачите, се регенерира. Многу луѓе имаат проблеми со заспивањето или со навлегување во цврст сон и сл. Помошни средства за спиење, како што се Амбиен или Лунеста, често се препишуваат за многумина кои се сметаат себеси за „инсомничари“ за да можат да спијат. За жал, овие лекови имаат несакани ефекти кои можат да бидат штетни за вашето здравје. Марихуаната е ефикасен третман за нарушувања на спиењето, особено индика врстите кои имаат седативни и релаксирачки ефекти врз мозокот и телото, овозможувајќи му на корисникот да добие многу потребен, регенеративен сон. Врстите како што се Granddaddy Purple, Afghan Kush, Northern Lights и 9 Pound Hammer, се познати индики кои содржат Myrcene, терпен кој го промовира чувството на поспаност, што заспивањето и спиењето го прават многу полесно и вистинско уживање.
Уште еден вкусен здрав и лековит начин на консумирање канабис е по пат на „КАНА-МЛЕКО“. Испробајте го овој лесен и едноставен рецепт за подготовка на топол безалкохолен пијалак од млеко и активирана марихуана, кој можете да го употребите за подготовка и на разновидни слатко-солени специјалитети кои се подготвуваат со додавање млеко
Состојки:
* 1 Л полномасно (кравјо, козјо, овчо, соино...) млеко;
* 25 грама изгрендан сув цвет од канабис (пожелно индика);
Начин на подготовка:
Добро непишано правило е на секои ¼ литри млеко да се употреби количина канабис минимум колку за 1 добар џоинт. Колку повеќе млеко користите, толклу повеќе канабис треба да употребите пропорционално за млекото да има убав смирувачки ефект.
1. Доведете го млекото до момент на вриење и оставете го на тивок пламен;
2. Додадете го канабисот во млекото малку по малку, постојано мешајќи додека канабисот не е целосно покриен со млекото;
3. Промешувајте повремено за околу 30-45 минути;
4. Ќе забележите дека вашето млеко се претворува во жолтеникаво-зелена боја.
Тргнете го од пламенот и добро процедете го со газа или цедалка. Оставете го вашето лековито зелено млеко малку да се олади и засладете со органски мед по желба. Може да го чувате во фрижидер подолго време. Од ова млеко дефинитивно ќе заспиете слатко како бебенце... На здравје!
Подготовката на лековит чај од марихуана не е многу покомплицирана од подготовката на секој друг вообичаен чај направен од било која друга билка, со една мала разлика. Наједноставниот рецепт за подготовка на чај од марихуана бара многу малку состојки, многу малку време и малку повеќе желба за здраво уживање. Процесот малку наликува на подготовката на млеко со/од канабис, но е малку посложен од секојдневниот процес на подготовка на билни чаеви со едноставно заливање за билката со врела вода
Сами направете си ваков чај! ;)
Поентата при правењето чај од канабис е да се екстрахира THC-то и некои други канабиноиди од растението, покрај тоа што чајот ќе има вкус на канабис. Поради тоа што THC не е растворливо во вода, тоа има потреба од масна супстанца (кокосово масло, млечен путер и сл...). Во комбинација со високата температура од водата што врие, тогаш путерот/кокосот што бил додаден во смесата се поврзува со тетрахидроканабинолот и преминува во чајот. Додека водата врие на висока топлина, таа ќе почне да испарува прилично брзо. Не оставајте го тенџерето вклучено без ваш надзор, затоа што водата може многу брзо да исчезне. Надгледувајте и промешувајте на секои неколку минути и доколку е потребно додадете вода за да има исто количество течност како на почетокот.
Иако навидум се чини дека овој рецепт е со слаб ефект, бидете подготвени премногу да се надувате и имајте предвид дека ефектите може да се задржат дури и до 12 часа. Па, затоа ако не сте искусни корисници на канабис, овој активиран чај ви го препорачуваме во вечерните часови, а во утринските може да се напиете чајче подготвено со едноставно залевање на суви/свежи листови од канабис со врела вода. Исто така, не заборавајте дека колку чајот е попсихоактивен - толку има појак антиканцероген ефект! Уживајте во овој домажно подготвен лековит пијалак на растителна база и прилагодете го во однос на сопствените потреби и желби!
Внимавајте водата пребрзо да не ви испари...
Состојки:
* 1/2 грамови (или повеќе) од сувиот цвет од вашата омилена канабис врста (или според вашите потреби: индика, сатива, хибрид, или некаква комбинација од сите);
* 3 шолји вода;
* 2 лажици кокосово масло или путер;
Подготовка:
1. Најпрво треба да го издробите канабисот. За подготовка на чај од канабис, можете да ги искористите гранчињата, коренот и листовите исто така;
2. Во тенџере започнете да ја загревате водата до степен на вриење;
Стопли раце, стопли душа, стопли срце!
3. Додадете ги двете лажици кокосово масло или путер;
4. Додадете ја издробената марихуана;
5. Додека шпоретот ви е поставен на најголема топлина, а водата веќе агресивно врие - мешајте на секои пет минути (или почесто) за да бидете сигурни дека канабисот не е залепен на страните од тенџерето;
6. Mарихуаната, водата и путерот треба да се вријат на висока температура најмалку 30 минути. Колку повеќе трпение имате да почекате повеќе, толку повеќе ТХЦ што ќе биде извлечено од суровината. 30-40 минути обично се идеално време;
На здравје! :*
7. По најмалку 30 минути варење на чајот, можете да ја процедите водата низ цедилка. Сега ТХЦ-то е отстрането од марихуаната и залепено на путерот, па затоа марихуаната повеќе не ви е потребна;
8. Чајот од марихуана е премногу врел, па затоа оставете го малку да се излади пред да го сервирате;
9. По желба, за да го промените вкусот или за да потенцирате одредени здравствени придобивки од чајот, можете исто така додадете 1-2-3 вреќички од вашиот омилен билен чај/чаеви;
10. Изрендајте малку кора од лимон, цимет, ѓумбир или ванила по желба и засладете по желба, но препорачувам тоа да го сторите со природен мед, кафеав шеќер, маџун, јаворов сируп или стевиа;
11. Уживајте! Како и кај повеќето билни лекови и останати домашни препарати од канабис што се консумираат орално, потребни ќе бидат околу 30-45-60 минути (индивидуално) за чајот да ви го даде својот полн ефект.
Македонските лекари постојано треба да се едуцираат за канабисот, нашата земји да ги испраќа во странство на обуки каде што марихуаната веќе одамна е легализирана/декриминализирана, наместо да си продолжуваат да работат во заблуди и да се едуцираат од нас активистите и новинарите. Медицинското друштво во Масачусетс обезбедува континуирана медицинска едукација за здравствените работници ширум светот и се смета за орган за медицинско образование и неодамна објави дека ќе понуди курс за користењето на канабисот за различни медицински цели
Друштвото користи наставна програма развиена од The Answer Page, веќе добро познат снабдувач на медицинско образование. Поголемиот дел од ваквите програми за медицинската марихуана од страна на државата, строго ја контролираат употребата, производството и дистрибуцијата на канабисот и медицинските производи кои содржат канабис, што е добро поради тоа што се воведуваат одредени стандарди, но сепак има низа недостатоци. Поради премногу брзиот развој на индустријата за медицинската марихуана, лекарите и останатите здравствени работници може да се соочат со потешкотии во тоа да останат во тек со потенцијалните употреби и придобивки на производите од марихуана.
Објаснување како марихуаната може да помогне за медицинските состојби
И лекарите-противници треба да го разбираат канабисот!
Сеопфатната програма за канабис дава вовед во канабиноидите и нивните реакции во ендоканабиноидниот систем. Оваа информација дава основа за тоа како медицинската марихуана работи во мозокот и може да се користи за менување на дисфункциите кои во крајна линија произлегуваат од активноста на мозокот. Ендоканабиноидниот систем е дел од мозокот и централниот нервен систем кој го регулира апетитот, расположението и меморијата. Тука се случуваат примарните ефекти од медицинската марихуана.
Со тоа што ја менува рамнотежата на некои хемикалии кои природно се појавуваат во ендокриниот систем, канабисот може да се користи за:
* Намалување на нападите;
* Отстранување на болките;
* Олеснување при гадење.
Исто така, ги намалува симптомите на разни онеспособувачки состојби кои досега не можеле да се третираат.
Едуцирајте се за ЕНДОКАНАБИНОИДЕН СИСТЕМ!
Програмата на Масачусетс има за цел научно докажаните информации да им ги прикаже на лекарите и останатите здравствени работници, кои се консултираат со своите пациенти во врска со медицинската марихуана. Многу лекари ја поздравуваат можноста да го истражат третманот со канабис за нивните пациенти кои страдаат од симптоми кои не се контролираат со останатите третмани кои им се веќе достапни. Курсот од 16 чекори за медицинската марихуана ги опфаќа физичките и психолошките ефекти на марихуаната врз телото. Онлајн програмата исто така ги едуцира лекарите за историјата на канабисот и им дава насоки за тоа кога треба да се препорача третман со медицинска марихуана.
Сеопфатниот наставен план за канабисот (Comprehensive Cannabis Curriculum) е поставен онлајн во 16 модули. Секој модул обезбедува континуирана медицинска едукација која може да се применува на различни теми за истражување. Здравствени работници кои можат да научат многу од овој курс се:
* Лекарите;
* Лекарските асистенти;
* Фармацевтите.
Сите здравствени работници кои лекуваат пациенти можат да имаат придобивки од сеопфатниот наставен план за канабисот. Државата Масачусетс неодамна ја легализираше рекреативната употреба на марихуаната. Дури и лекарите кои не ја препорачуваат медицинската марихуана треба да имаат поголемо разбирање за нејзините ефекти врз човечкото тело.Доколку имате пациенти кои самите се лекуваат на овој начин, треба да го истражите лекот кој тие го избрале.
Придобивки на лекарите од познавањето на медицинската марихуана
Биди добар доктор! Биди секогаш во тек! ;)
Една од најголемите придобивки од овој курс е тоа што докторите ќе бидат постојано во тек со најновите и најточни информации за тоа како делува канабисот. Многу информации кои сега се достапни за употребата на канабисот за медицински цели се обезбедени од страна на производителите или дистрибутерите кои имаат финансиски интерес да ги убедат лекарите да го препорачуваат на своите пациенти. Информациите имаат за цел да им помогнат на лекарите во лекувањето на своите пациенти. Производите од медицински канабис претставуваат нова алатка за лекарите да обезбедат повеќе опции за третирање не само на сериозни медицински состојби.
Марихуаната служи и како лек за хроничните болести, но може да се користи и за да се намали страдањето и да се подобри квалитетот на животот на пациентот. Истражувањата на канабисот се делумно возможни, поради нецелосното разбирање на науката за мозокот, а исто така поради законската регулатива... Учењето повеќе за тоа како работат канабиноидите може да им помогне на лекарите во целокупното разбирање на хроничните болести кои предизвикуваат напади, грчеви и болки. Канабисот не може да наштети, па затоа почитувани лекари секогаш вреди да се обидете своите пациенти да ги лекувате на природен начин и да му дадете шанса на канабисот од алтернативен да стане примарен лек!
Подобар начин за справување со болката
Освести се!
Справувањето со болките е нешто што лекарите „се борат“ да го обезбедат за своите пациенти. Подоброто разбирање за тоа како болката се перцепира и може да биде блокирана од мозокот, им помага на лекарите да внесат надеж кај пациентите кои страдаат од хронични болести. Нападите честопати ги оставаат лекарите немоќни за ефикасно лекување на пациентите. Дознавањето повеќе за потенцијалната употреба на канабисот за лекување на нападите е нова алатка за користење во борбата против нападите. Третманите за повреди на мозокот, вклучувајќи ги и акутните и долготрајните симптоми, може да се подобрат со дознавањето за тоа како канабиноидите можат да помогнат во процесот на лекувањето, а искуството потврдува дека можат само да помогнат - канабиноидите не можат да наштетат.
Биди промената што сакаш да ја видиш!!!
Сеопфатниот наставен план ќе им овозможи на лекарите да им помогнат на своите пациенти и да ги задоволат барањата за континуирано медицинско образование. Медицинската употреба на канабисот и неговите разновидни екстракти датираат уште од многу одамна. Современата медицинска употреба на канабисот од неодамна со незапирливо темпо се развива преку државни закони кои го прават канабисот достапен само за лицата со одредени здравствени проблеми. Но, што со пациентите кои имаат потреба од канабис, а не боледуваат од сериозни дијагнози?
Многу од канабиноидите, кои се активни состојки пронајдени во канабисот се одамна откриени. Нивните специфични употреби како и придобивките, сè уште се изучуваат и документираат и за жал на фармафијата којашто го кочи овој процес - сè уште НЕМА НИТУ ЕДЕН РЕГИСТРИРАН СЛУЧАЈ НА СМРТ ОД ТРЕВА, ниту пак некакво нарушување на здравјето... Ова е првата работа што треба да ја знаат лекарите - КАНАБИСОТ ВООПШТО НЕ Е ТОКСИЧЕН!
Рецепт за подготовка на лек од канабисово и кокосово масло. Еве еден домашен рецепт за подготовка на природен лек направен од канабисово и кокосово масло, којшто се користи за лекување на многу болести
Против болки, гадење, епи-напади и повеќе!
Поради законските регулативи во многу држави, т.е. поради рестрикцијата за употреба на канабис, науката превзема ситни бебешки чекорчиња во истражувањето на медицинските својства на канабисот. Традиционалната медицина од секогаш ја користела оваа природна билка, прашајте ги вашите (пра)баби и (пра)дедовци за „чуварката“ доколку не верувате...
Еве еден домашен рецепт за подготовка на природен лек направен од канабисово и кокосово масло, којшто се користи за лекување на многу болести. Со смолата од канабис подготвена по рецептот на Рик Симпсон по пат на декарбоксилација, во комбинација со ладно цеденото virgin масло од кокос како основна база за подготовка на лекот - може да направите буквално најразновидни лековити производи (+ пожелно е да додадете и темјан за да го поткрепите антиканцерогениот ефект на канабисот ако сакате да направите супозитории). Кокосовото масло е многу хранливо и со него едноставно се подготвуваат супозитории со канабисово масло.
Подготовката на кокосово масло со канабисово масло - КАНА-КОКОСОВО МАСЛО е едноставна. Одберете ја врстата (врстите) канабис што најмногу им одговара на вашите потреби, затоа што секоја индивидуа е уникатна и сечие тело функционира на поинаков начин. Без разлика која врста на канабис ќе ја одберете за подготовка на овој лек, правите неверојатен благодет за целокупната ваша здравствена благосостојба, дури и да сте потполно здрави. Настојувајте само врстата (или врстите, затоа што може да се мешаат) да е одгледана на што е можно поприроден начин. Најпрвиот чекор е активацијата на марихуаната по пат на декарбоксилација (хемиски процес на активација на канабиноидите од растението).
Потребни состојки: 1 грам декарбоксилирана марихуана или подготвено масло + 28 грама (1 ounce) ладно цедено virgin кокосово масло. Количествата може да бидат прилагодени според овој сооднос. Финалниот производ можете да го употребување во кујната за готвење, меѓутоа на средна температура, затоа што доколку се загрее премногу, активните состојки од марихуаната ќе исчезнат. Комбинацијата од двете масла успешно лекува рак, болки, гадење, епилептични напади и многу повеќе!Не постои заболување што не може да се излечи со канабис!
Инструкции: Постојат повеќе начини, еве еден од нив...
Ставете ја измерената мелена активирана марихуана во стаклена тегла и додадете кокосово масло. Цврсто затворете го капакот од теглата и ставете ја во сад полн со вода.
Полека загревајте ја водата на ниска температура, под температурата на вриење во времетраење од 60 минути. (Ова спречува маслото да се прегрее и да го изгуби лековитиот ефект.)
Исцедете ја течноста од канабисот во маслото. Користете мрежеста цедилка или пелена/платно како за цедење урда и отстранете ги цврстите остатоци од тревата од маслото во друга стаклена тегла.
Маслото од канабис и кокос сега е подготвено да се јаде или да се користи како лосион за надворешна употреба. Отстранетите цврсти остатоци од подготовката не се фрлаат! Тие исто така се лековити и може да се јадат, како и печат или варат и додаваат во секој кулинарен рецепт, како и секоја друга билка.
Зошто кокосовото масло е подобро од путерот? Кокосовото масло е најдоброто масло за произведување на потентни мешавини со канабис, како за надворешна употреба, така и за подготовка на колачи и други прехранбени лековити производи со канабис, затоа што содржи високо заситена содржина на масти. Тоа го прави кокосовото масло поспособно да ги апсорбира лековитите состојки од марихуаната, како што се канабиноидите, терпините, флавоноидите и др. во споредба со путерот или пак, другите видови на масла како основа. Додека путерот содржи заситени масти од околу 60%, содржината на кокосовото масло изнесува 90% заситени масти.
Наместо да подготвувате разновидни видови на канапутери или тинктури, доволно е само да го имате кана-кокосовото масло во вашата кујна и да го додавате во секојдневната исхрана. Овој производ е идеален за лицата кои мора да се хранат со мрсна диета за справување со епилепсијата, Алцхајмерот или ракот (како кетогенската диета). Исто така, идеално е за вегетаријанците, веганите, лицата кои се на палео исхрана, за изнемоштени лица, за зајакнување на имунитетот и за сите кои не се алергични на кокосово масло, а сакаат да го консумираат канабисот без да го пушат или вапоризираат!
„Сè што треба да направите e внимателно да ги следите овие упатства и откако ќе го произведете овој лек неколку пати, ќе сфатите дека тоа не е многу потешко од правењето филџан кафе“ - вели Рик Симпсон
Ставете го почетниот материјал (туфките - цветовите од канабис) во длабока кофа за да спречите мешавината од растворувачот и состојките од канабисот, да се истураат и прскаат за време на процесот на миење на цветовите. Потоа, потопете и потиснете ги туфките со растворувачот. Цветовите добро раздробете ги со помош на дрво. Откако туфките се убаво издробени во кофата заедно со растворувачот, додадете уште растворувач се` додека туфките не се целосно нурнати во растворувачот. Ова правете го извесно време (неколку минути) со помош на дрвото (стапот). Потоа полека и внимателно истурете ја течноста (мешавината од масло и растворувач) во друг чист сад, оставајќи го почетниот материјал (туфките) во првиот сад, за да може да го измиете со растворувач уште еднаш. За да го сторите тоа, повторно додајте чист растворувач во првата кофа со почетниот материјал и повторете ја постапката - потопете ги туфките и гмечете ги со стапот 3-4 минути.
Потоа, претурете ја само течноста од второто миење на туфките во истиот (или во друг сад, доколку сакате маслото да е направено само од првото перење) сад во кој сте го претуриле растворувачот со маслото од првото миење. Не е погрешно туфките да ги измиете со растворувач и по трет пат, но според Рик Симпсон, обидот да го измиете почетниот материјал по трет пат, дава помалку масло и истото ќе биде послабо со многу помала медицинска вредност. Доколу одлучите да ги измиете и по трет пат, маслото кое ќе го добиете на овој начин исто така може да биде од голема корист и може да се користи за третирање на помали и понесериозни здравствени проблеми, како проблемите на кожата или лекувањето на домашните миленици или чисто за превенција од некои полесни здравствени нарушувања. Првото перење раствoра 75-80% од расположливите топченца со лековита смола од почетниот материјал. Второто перење потоа отстранува поголем дел од корисната смола што е останата. Маслата произведени од првото перење се најпотентни и имаат најголема медицинска вредност, меѓутоа доколку се користи квалитетна марихуана, екстрактите произведени и од второто перење, исто така имаат многу голема медицинска вредност.
Доколку поради некоја причина мора да правите масло од материјал којшто не е толку многу медицински активен како што треба, најдобро е да се употребува маслото направено од првото миење само за внатрешна употреба, само колку да се започне со канабис терапијата, а потоа вели Рик најдобро е да започнете да си ја растете соодветната врста или едноставно да побарате поквалитетен канабис за следната подготовка на масло. „Запомнете дека КВАЛИТЕТОТ Е ПОВАЖЕН ОД КВАНТИТЕТОТ и колку повеќе медицинска вредност поседува конечното масло, толку истото ќе функционира подобро како лек. Користете нешто како што се чисти контејнери за вода со мал отвор на врвот и вметнете ги инките во отворите, а потоа ставете хартиени филтери за кафе во инките“ - објаснува тој. Внимателно истурете ја мешавината од растворувач и екстракт од канабис од првото и второто перење низ инките со филтери за кафе и овозможете ѝ на смесата да се исцеди во садовите со цел да ги отстраните несаканите растителни остатоци од канабис.
Колку повеќе садови со инки користите, толку побрзо смесата ќе се прецеди. Откако мешавината е исфилтрирана, истата сега е подготвена за загревање со цел да евапорира (да испари) растворувачот. „Јас исто така треба да споменам дека доколку користите висококвалитетни туфки, откако миксот од растворувач и масло ќе биде исфилтриран, тој често наликува речиси исто како бензинот, а понекогаш може да изгледа дури и потемно. Запомнете дека растворувачот што сте го користеле бил проѕирен, па жолтата или потемната боја што ја добил растворувачот се должи на лековитите топчиња со смола коишто сега се растворени во него“ - додава Рик Симпсон. Доколку се` уше не поседувате еден, потребно е да си набавите просечен електричен уред за готвење ориз (или фритеза) со отворен врв којшто поседува подесување на топлината, за со соодветно вриење ефикасно да испари растворувачот од маслото. Но, бидете сигурни дека уредот за ориз е поставен во добро проветрена просторија со добра вентилација, а потоа ставете вентилатор во близина, за да ги раздувува издувните гасови што се ослободуваат од смесата како што растворувачот зоврива.
Ова ќе ги спречи издувните гасови од кондензација, што може да биде опасно. Електричните шпорети за готвење ориз (фритезите) се дизајнирани да не го горат оризот, додека тој врие. Па, сензорите за температура кои се вградени во овие уреди, автоматски ќе ја намалат температурата, доколку таа започне да станува превисока. Кога го произведувате маслото, доколку температурата се покачи малку над 300°F (148 °C), тоа ќе започне да ги испарува канабиноидите од маслото и се разбира, тоа не сакате да се случи. Доколку уредот за готвење ви е исправен, тој автоматски ќе го исклучи подесувањето на големата топлина на околу 210 до 230°F (100 до 110°C), што е над температурата за којашто повеќето луѓе велат дека се одвива декарбоксилацијата.
Оваа температура се` уште е далеку од точката во која THC и другите канабиноиди ќе евапорираат од маслото, коешто преостанува во фритезата. „Ова е причината зошто јас силно препорачувам употреба на уред за готвење ориз, за оние коишто никогаш до сега не произведувале масло, бидејќи ја елиминира секоја опасност од оштетување на маслото. Плус резултирачкото масло е декарбоксилирано, што исто така е важно, така што маслото може да го постигне својот полн медицински потенцијал. Сугерирам дека луѓето не би требало да се обидуваат да користат електрични тенџериња за бавно готвење од типот на Crock-Pot и слични апарати за подготовка на маслото. Кога јас прв пат се обидов да направам масло, јас употребив таков уред и бидејќи не знаев колку топлина овие уреди можат да генерираат, маслото беше прегреано и уништено“ - предупредува Рик.
Рик нагласува дека почетниците најдобро е да користат електричен уред за готвење ориз и да ги следат внимателно неговите инструкции. Пожелно е исто така да си набавите индустриски топломер кој мери високи температури. Доколку внимателно ги следите советите на Рик, помалку е веројатно да го утнете маслото и ќе правите помалку грешки, односно многу брзо ќе научите како правилно се подготвува истото. Исто така, Рик вели дека може да се употреби и уред за дестилирање за производство на овој природен лек, како и за враќање на растворувачот што е употребен. „Овој начин навистина има повеќе смисла отколку употребата на електрично тенџере за ориз. Но, уредите за дестилирање коишто се дизајнирани за безбедно испарување на растворувачите се скапи и повеќето од луѓето не знаат како правилно да ракуваат со овие апарати. Доколку имате некој ваков на располагање, јас преферирам да се користи дестилатор, но во некои држави, поседувањето на ваков уред е противзаконско. Доколку некој е сериозен и сака да произведе големи количества масло, нека се едуцира за дестилирањето и за правилната употреба на оваа опрема“ - вели тој.
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОТО НЕКОЛКУ ПАТИ!!!
Секогаш бидете сигурни дека не постојат искри, отворен пламен или црвени вжештени елементи во оваа област, додека го полните електричното тенџере за ориз или додека го вриете растворувачот за да испари, бидејќи гасовите произведени од растворувачите се многу запаливи и доста токсични. „Јас го користев истиов процес стотици пати и никогаш не сум имал несреќа, но за ваша безбедност, ве замолувам да ги следите инструкциите и да бидете сигурни дека местото е добро проветрено. Јас исто така, предупредувам да се избегнува вдишување на гасовите кои се ослободуваат од растворувачите, бидејќи тие може да имаат непријатни последици врз секој во близина. Исто така е важно да се напомене дека протокот на воздух од вентилаторот, треба да биде насочен кон дното на шпоретот за ориз (фритезата), бидејќи гасовите од растворувачот често може да се акумулираат таму. Ако погледнете на дното на тенџерето за ориз, ќе најдете еден или два мали отвори и доколку гасовите од растворувачот навлезат во овие отвори тоа може да предизвика пожар“ - објаснува Рик.
„Па, јас открив дека со насочување на протокот на воздух од вентилаторот приближно во центарот на уредот за готвење, протокот на воздух се` уште ќе ги носи далеку гасовите од врвот на тенџерето, а исто така ќе се спречи овие гасови да се акумулираат под тенџерето во исто време. Бидете сигурни дека вентилаторот работи и произведува доволно воздушно струење за да ги раздува гасовите и ако користите вентилатор со повеќе брзини веројатно ќе откриете дека поставувањето на помала брзина ќе ја постигне оваа задача. Потоа наполнете го електричниот уред за готвење ориз, додека тој е околу три четвртини полн со мешавината од растворувач и масло, ова овозможува простор за мешавината да се вари без да прска надвор. Поставете го уредот за готвење на висока температура, а потоа започнете да го извривате растворувачот од смесата. Никогаш не се обидувајте да го направите тоа без употреба на вентилатор, поради тоа што гасовите од растворувачот може да се акумулираат и ако тие дојдат во контакт со грејните елементи од шпоретчето, тоа може да предизвика овие гасови да се запалат“ - додава тој.
Како што нивото на смесата во електирчниот готвач се намалува, продолжете внимателно да додавате од мешавината што ви преостанува, се` додека не преостане ништо. Кога нивото на мешавината во електирчниот уред за говење ориз ќе се намали за последен пат се` додека не дојде до ниво од два инча (5 см) додадете околу 10-12 капки вода во смесата што врие во електричното тенџере (фритезата). Оваа мала количина на вода овозможува преостанатиот растворувач да испари од маслото што преостанува во тенџерето полесно и тоа исто така помага во чистењето на маслото од остатоците на растворувачот, како што испарува крајниот остаток од растворувачот во мешавината.
Потребен е 99% изопропил, но бидејќи тешко се наоѓа, нема да погрешите и
доколку употребите 96% етанол, најдобро замрзнат на -5 степени кога ќе
се пере материјалот (туфките) во него. Не е толку важен
растворувачот, колку што е битна декарбоксилацијата. Во однос на
следењето на температурата - додека алкохолот врие, тој не може да качи
температура повисока од 80 степени, затоа што на таа температура
алкохолот испарува. Откако количеството на алкохол прилично ќе се намали
во растворот, ќе започне и да се зголемува неговата температура.
Температурата не смее да надмине 140 степени Целзиусови. За следење на
температурата потребен е индустриски термометар (го има и во нашите
продавници со алати и опрема).
„Кога има многу мало количество преостанато во уредот, јас вообичаено ставам пар ракавици и потоа го земам уредот и започнувам да ја мешам неговата содржина. Ова е направено со проток на воздух од вентилаторот што се` уште ги отстранува гасовите и тоа може малку да го забрза крајниот процес. Како што топлината во уредот се зголемува, тој автоматски ќе се префрли од поставување на висока топлина на неговото поставување на ниска температура, што превенира маслото во него да се прегрее. Како што остатокот од растворувачот е целосно испарен, ќе слушнете чкриплив звук од маслото што е останато во уредот и ќе видите доста меурчиња во маслото кое преостанува. Исто така, ќе видите нешто што изгледа како мало количество на чад што доаѓа од маслото во тенџерето, но не бидете загрижени, затоа што тоа најчесто е пареата произведена од неколкуте капки вода што сте ги додале“ - објаснува Рик Симпсон.
„Откако уредот за готвење автоматски ќе се префрли на неговото ниско поставување на топлината, јас вообичаено оставам да се олади додека тој може повторно да биде префрлен на поставување на висока топлина. Откако уредот за готвење автоматски ќе се префрли на поставување на ниска температура по втор пат, јас тогаш го вадам внатрешното тенџере надвор од уредот и ја претурам содржината во чашка за мерење од не`рѓосувачки челик. Открив дека некои врсти канабис може да произведат масло, коешто всушност е готово и спремно за употреба откако уредот за готвење се префрлил на ниска температура по втор пат, но во повеќето случаи најдобро е да се заврши маслото правилно. Ќе има мало количество на масло преостанато во тенџерето што ќе видите дека е всушност невозможно за отстранување, освен ако не употребите нешто како сув леб за да го апсорбира маслото додека се` уште е топло. Потоа, мали количества на тој леб може да бидат јадени како лек, но запомнете понекогаш може да требаат час или повеќе пред да ги почувствувате неговите ефекти“ - додава тој.
Па, бидете внимателни околу тоа колку ваков леб ќе консумирате, затоа што дури и многу мало количество може да ве успие за неколку часа, исто како и суровото масло. Друг добар начин како да се исчистат остатоците од масло во тенџерето е истото да се измие со мало количество на алкохол што ќе го апсорбира маслото, а вам тоа ќе ви даде тинктура со канабисово масло, која ќе варира со својата медицинска вредност, зависно од тоа колку масло содржи алкохолот што сте го употребиле. Тинктурата како оваа може да биде многу ефикасна за лекувањето на кожните заболувања, а само мало количество може долго да ви користи, што може да ви заштеди многу пари. „Откако јас често сакав да мешам масла од неколку врсти како и да е, јас вообичаено го оставам преостанатото масло во тенџерето до следниот пат кога треба да правам масло. Покрај тоа, за оние кои пушат цигари и би сакале да видат колку многу од неговите штетни ефекти се отстранети, тогаш производството на она што јас го нарекувам ‚среќни цигари‘ треба да ги задоволи нивните потреби. Се` што треба да направите е да загреете мало количество тутун во уредот за готвење ориз за да се апсорбираат остатоците од масло, а потоа ќе имате супстанца којашто ќе биде многу помалку штетна и ќе ве расположува кога пушите“ - нагласува Рик.
„Со мешање на масла од различни врсти, ќе ги добиете медицинските придобивки од сите овие различни типови на масла и јас открив дека таквите масла се ефективни во лекувањето на скоро се`. Ако имате многу различни видови на добри цветови на канабис на располагање, мислам дека мешањето на маслата од различните Индика врсти е многу добра идеја, но доколку немате, често маслото од само една врста најверојатно ќе ги задоволи твоите потреби“ - вели Рик. Земете го маслото што сте го претуриле во чашката за мерење од не`рѓосувачки челик и ставете ја на уред кој нежно грее, како што е уредот за греење кафе за да евапорира надвор она што преостанало од капките вода во маслото. Мошне често, потребно е само малку време за да испари преостанатата вода, но исто така некои врсти произведуваат повеќе природни терпини и флавноиди отколку други. Овие терпини и флавоноиди може да предизвикаат маслото коешто сега го имате на грејачот за кафе да клокоти доста извесно време и може да потрае некое време за ваквите масла да престанат со оваа активност. Кога маслото на грејачот за кафе има мала или повеќе нема видлива активност со меурчиња, тргнете го маслото од грејачот и овозможете да се олади малку, по што ќе може да се префрли во пластични шприцеви за употреба.
Друг начин да се заврши маслото без да се употребува грејач за кафе, е да се стави маслото во релна поставена на 120°C (250°F) на околу 30 минути до еден час. Двата овие начини функционираат многу добро за да го доведат маслото во краен стадиум. Потоа со користење на пластични апликатори или шприцеви без игли достапни во аптеките, полека извлекувајте го топлото масло нагоре со шприцовите, а потоа оставете го да се олади. Како што маслото се стабилизира и доаѓа до собна температура, смолата или маслото што содржи лековити канабиноиди, ќе стане како супстанца во вид на густа маст, којашто потоа е веќе готова да биде употребена како лек. Понекогаш смолата е толку густа што може да биде тешко да се извади од шприцот, откако ќе се олади. Доколку нешто вакво ви се случи, едноставно ставете го шприцот во чаша со топла вода, а потоа по катко време ќе бидете во можност полесно и прецизно да ја истиснете својата доза од шприцот.
Постојат моменти кога пациентот ќе извади премногу масло од шприцот, но доколку ова се случи, само вратете го назад со помош на шприцот, без поголема тешкотија. Во просек, пола кило сув канабис ќе бара околу 2 галони (8-9 литри) растворувач за да се спроведат двете миења кои се потребни, а од 10 гр квалитетен канабис добивате во просек 1 мл екстракт. Ако планирате да произведувате масло од повеќе или помалку почетен материјал (канабис), едноставно направете ја математиката за приближно да утврдите колку растворувач ќе ви биде потребно. Од почетокот до крајот обично процесот трае три до четири часа за да се заврши целосно, а потоа го имате лекот покрај себе готов за употреба! „Исто така, треба да се напомене дека ова масло има исклучително долг рок на траење. Но, за долгорочно чување, јас би го ставил во темно шише со цврст капак или сад од не`рѓосувачки челик. Ако се чува на ладно и темно место, може да ја задржи својата лековита моќ за голем број на години. Од прва, тоа може да изгледа застрашувачки за некој да се обиде да го произведе својот сопствен лек, но во реалноста, овој процес е екстремно едноставен“ - заклучува Рик Симпсон.
Фотографиите се преземени од Зелена Алтернатива: На првата слика има 3 мл од 3 различни масла: светлото лево е од пет индики (La conf. Northern lights, Cream caramel, Uk cheese и Purple bud), тоа во средина е од Kush и тоа десно е од непозната Индика. На втората слика белиот прашок е 100% CBD се додава заради намалување на сајдефектите од огромната доза. На третата слика се додава масло од темјан поради тоа што и темјанот има анти канцерогени својства и одлично работи во комбинација со масло од канабис. На четвртата слика се додава стопен путер од какао. На петтата слика смесата е готова. На шестата се полнат супозиториите. Пациентот имаше прогноза дека ќе живее уште еден месец, а прогнозата беше дадена пред две години :)