Thursday, October 4, 2018

Метастазирањето на ракот е стопирано од CBD и THC

Метастазите на ракот се конечната, фатална фаза од оваа излечива болест, но истражувањата покажуваат дека CBD и THC можат да го сопрат ова безбедно. Метастазата е процес со кој клетките на ракот се ослободуваат од главниот дел на туморот и ги напаѓаат соседните ткива и органи и / или патуваат во други делови од телото


Хемотерапијата е отров. Канабисот е лек!
Туморската метастаза е последната фаза на напредокот на ракот и онаа што најчесто е фатална за пациентите со рак. Одредени видови на рак се поагресивни од другите, па затоа е поверојатно дека метастазираат во пократок временски период. Овие видови на рак се многу тешки за лекување со конвенционални третмани и се фатални за пациентите, доколку не се започне на време со потентно масло од канабис подготвено во домашни услови. За да можат клетките на ракот да мигрираат и да нападнат други ткива, тие прво мора да се ослободатод главниот тумор и да се преселат во екстрацелуларниот матрикс (ECM) кој го опкружува туморот. Тие потоа продолжуваат да прераснуваат во соседните ткива или влегуваат во крвотокот или во лимфниот систем и се шират на други делови од телото.

Клеточната адхезија, ЕCМ деградацијата и хемотаксисот (или други видови движења на клеткиte) се сите основни процеси за клетките на ракот успешно да метастазираат. Ангиогенезата е уште еден важен процес за одржување на растот на нов или постоечки тумор. Студиите открија дека овие метастатски процеси можат да бидат инхибирани од фитоканабиноиди екстрахирани од растението канабис (THC и CBD заедно со останатите поради придружниот ефект), како и ендоканабиноидите произведени од нашите тела, како оние во мајчиното млеко. Синтетичките канабиноиди се покажаа како опасни по здравјето.

Во повеќе студии, било откриено дека канабиноидите ја блокираат ангиогенезата со намалување на експресијата на лигандот и неговите асоцирани рецептори во патеката на васкуларниот ендотелен фактор на раст (VEGF). Со системот VEGF, туморите нема да можат да растат нови крвни садови за да помогнат неконтролираниот развој. Новите тумори кои произлегуваат од метастази во периферните ткива, како белите дробови, исто така, бараат ангиогенеза да го одржат нивниот развој и раст. CBD е откриено дека го инхибира производството на металопротеинази (MMPs). Овие протеини играат улога во ангиогенезата со разградување на компонентите на ECM за да се создадат нови крвни садови. Тие исто така, помагаат во миграцијата на клетките на ракот подалеку од главниот тумор. За да може рак-клетката да избега од туморот, таа мора да ги користи MMPs за да ја разруши ЕСМ што го опкружува туморот. Ова се покажало дека е особено критично за лекување на глиома тумори, кои растат и се шират толку брзо што речиси е невозможно да се отстранат хируршки. 

CBD беше во можност да ја намали агресивноста на глиомите со инхибиција на нивната способност за инвазија, делумно со инхибиција на металопротеиназите. Во прилог на MMPs, клеточната инвазивност е исто така регулирана со клеточната адхезија. Одредени видови на адхезивни протеини, како фокални адхезивни кинази (FAKѕ), промовираат метастази кога се зголемуваат во број. Овие протеини им овозможуваат на клетките полесно да мигрираат подалеку од туморот. Канабиноидите е откриено дека ги инхибираат FAKѕ во клетките на ракот, намалувајќи ја нивната способност да мигрираат.

Кај рак на дојка, CBD го исклучи генот Id-1, про-метастатски ген кој е агресивен маркер во ракот на дојката. Како резултат на тоа, клетките на ракот на дојката третирани со CBD биле помалку инвазивни. Инхибирањето на Id-1 има ефект на синџир на реакција, при што и другите гени кои промовираат метастази исто така се регулирани надолу, што резултира со севкупно намалување на агресивноста на ракот. Лабораториските студии покажаа дека канабиноидите како THC и CBD се ефикасни при затворањето на основните процеси кои им овозможуваат метастазирање на клетките на ракот. Сами или во концерт со традиционалните терапии за рак, канабиноидите може да бидат нова надеж за третман на рак.


Новинар: Кате К.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Rxleaf

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:


No comments:

Post a Comment