Откако внимателно ќе ги разгледате вашите туфки од канабис ќе согледате дека тие се покриени со леплива прашина од кристална смола наречена трихоми, која содржи стотици терапевтски соединенија познати како канабиноиди, флавоноиди и терпеноиди. Претпоставуваме дека сте добро запознаени со THC и CBD - двата најпопуларни канабиноиди, но овие се само два од многуте важни играчи кои работат заедно и синергично за да произведат специфични ефекти, феномен наречен „ефект на придружба“ (entourage effect)
* THC е недостаток во загатката при лекување на епилепсија!!! |
Оваа интерактивна синергија меѓу канабисните соединенија е наречена „ефект на придружба“ и откако ќе сфатите што е тоа, ќе видите зошто лековите што содржат само ТХЦ или само ЦБД не се секогаш доволни за многу медицински состојби. Сите форми на екстракти и тинктури само со изолирано ТХЦ или ЦБД првенствено се однесуваат на синтетички канабиноиди опасни по здравјето, како фармацевтските комерцијални производи Маринол (Дронабинол - dronabinol) и Цезамет (Набилон - nabilone). Ова се законски лекови кои првенствено се пропишувани за лекување на мачнината поврзана со рак, но не и самиот рак затоа што нивната ефикасност е дискутабилна... Истражувањето од 2011 година за формите на потрошувачката на канабис покажало дека само 1.8% од 953 пациенти преферираат синтетички ТХЦ лекови преку инхалирани или инфузирани методи. Покрај тоа, може да потрае и часови за пилулата само со THC да даде некакво олеснување, додека инхалираните методи од природен канабис стапуваат на сила веднаш!
Лековите кои единствено содржат ЦБД добиваат импулс во последниве години, по медиумското лудило околу ЦБД сортата наречена Charlotte's Web, специјално создадена за масло за тешки форми на епилепсија кај мали деца отпорни на фармацевтски лекови. Чудесниот лек поттикна неколку држави да ги усвојат законите за ЦБД, според кои само лековите богати со ТХЦ остануваат нелегални или пак, домашно изработените екстракти во кои се состојат сите активни состојки како што природно се јавуваат во растението канабис. Додека лековите од канабис само со ЦБД се покажале како нов живот за многу поединци, овие закони главно постојат за да им помогнат на оние коишто страдаат од опасни конвулзивни напади, но и за да им помогнат на фармацевтските компании повеќе да се трошат новите новопласирани производи од канабис.
Што сè пациентите можат да добијат од лековите од целата билка? Што е тоа што го прави екстрактот од целата билка поразличен од производите во аптека? „Лек од целото растение“ (Whole plant medicine) е термин кој се користи за да се опишат препаратите кои користат целосен спектар на терапевтски соединенија што може да ги понуди канабисот во својата природна форма. Прегледот на повеќето најпопуларни канабиноиди и терпени веќе е дискутиран на нашиот блог повеќепати. Иако денес канабисот е одгледуван најчесто да содржи непропорционално голема количина на ТХЦ или ЦБД во споредба со другите соединенија, важноста на хемиската разновидност (на целиот спектар, т.е. на сите состојки макар да ги има и во трагови) доаѓа до израз особено кога станува збор за посериозни дијагнози и состојби, кадешто покрај разноврсниот канабиноиден профил, исто така важни се и другите состојки како терпени.
Канабиноидите и терпените функционираат заедно!!! Разновидноста на хемиската достапност во екстрактите од целото раститение е извонредна сама по себе, а истражувањата само покажуваат како канабиноидите и терпените работат заедно. Во оваа област на науката за канабисот доста е истакнат Итан Русо (Ethan Russo), невролог кој долго ги проучувал соединенијата од канабисот и нивната улога во човечкото тело. Во неговата студија „Припитомување на THC: потенцијална синергија на канабисот и фитоканабиноидно-терпеноидни ефекти на придружба“ (Taming THC: potential cannabis synergy and phytocannabinoid-terpenoid entourage effects), тој детализира како канабисните соединенија влијаат врз механизмите на другите. Ние не зборуваме само за добро познатиот „THC-CBD тандем“ - дури и мали количини на терпените (миризливите состојки кои му даваат на канабисот свој мирис и вкус) може да направат значителна разлика.
На пример, терпенот мирцен, може да го намали отпорот во крвно-мозочната бариера, овозможувајќи полесен премин на други корисни состојки. Pinene не само што го олеснува дишењето, овој терпен помага да се спречи компромитираното сознание и меморијата предизвикана од THC. Комбинацијата на терпените: pinene, myrcene и caryophyllene може да помогне да ја излечат анксиозноста. Мешањето на терпените линалол и лимонен со канабиноидот Канабигерол-CBG покажува ветување во третманот на MRSA (Methicillin-resistant Staphylococcus aureus). ТХЦ плус Канабинол-CBN дава подобрени седациони ефекти. Линалол и лимонен во комбинација со ЦБД се испитуваат како третман против акни. Овие примери само ја откриваат површината на сите можни синергии што ни се достапни преку терапијата од целото конопно растение. Помислете на сите медицински можности што нè чекаат, бидејќи комбинираниот потенцијал на овие соединенија е отклучен и не без причина експертите за подготовка на масло од канабис како Рик Симпсон тврдат дека најдобри се екстрактите подготвени од барем две различни врсти канабис со цел да се извлече целосниот медицински потенцијал и со цел да се добие многу побогат канабиноиден спектар кој ќе ја има моќта да се справи со секоја дијагноза за којашто модерната медицина сè уште нема ни приближно решение. Екстрактот од целото растение канабис се нарекува FECO (Full Extract Cannabis Oil).
Повеќе за„ефектот на придружба“
Што вели Рик Симпсон?
Лекот направете си го сами!
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
* Колку долго трае маслото од канабис? Рок на траење на концентратите од канабис
* 7 здравствени придобивки кои ги добиваат рекреативните корисници од пушењето марихуана
* 7 здравствени придобивки кои ги добиваат рекреативните корисници од пушењето марихуана
Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Leafly
No comments:
Post a Comment