Секојдневието на свесните и разбудени луѓе денес поради преплавеноста од хемикалии и токсини е сведено на одбирање оргнаска храна за да се избегнат пестицидите и хемикалиите со кои се прска овошјето и зеленчукот. Секогаш треба да се одбира природното и органското, наместо вештачкото и синтетичкото! За жал зголемен е бројот на луѓе хоспитализирани поради синтетички канабиноиди. Зарем би јаделе синтетички домати и краставички?!
Разлика во составот! |
Наречени К2 или лажна марихуана, синтетичките канабиноиди се психоактивни хемиски соединенија направени во лаборатории, прскани на иситнет растителен материјал. Исушениот дел испрскан со хемикалиите се витка и се пуши во џоинт, а постои и течна верзија за вапоризирање и вдишување преку електронски цигари и слични помагала. За среќа, лесно е да се пронајдат овие натрапници. Законски се продаваат по бензински во некои држави и хед шопови (оние продавнички кај што продаваат прибори за пушење) и се означени како безбедна и природна алтернатива на марихуаната. А тоа е лага! Синтетичките канабиноиди имаат непредвлидилви странични ефекти кои можат да бидат моментални и долгорочни и многу опасни по здравјето, од силна параноја и халуцинации, до опаѓање на бубрежната фунција, срцеви удари и оштетување на другите витални органи.
Која е разликата?
Повеќе од очигледна... Одбирај цели цветови! |
Канабисот е цветна лековита билка која дава семе и плод и расте од земја, како секое друго природно растение на планетава, а синтетичката легална замена наречена „спајс“ (spice) е ѓубре направено во лабораторија од страна на човекот. Кога ќе слушниме термин лажна марихуана претпоставуваме дека се работи за нешто со ефект сличен на марихуаната, но не е така. Постои значајна разлика помеѓу овие две супстанции и тоа како тие взаемно делуваат врз телото и умот. „Кога пушиме вистинска марихуана, ТХЦ-то се врзува за ЦБ1 и ЦБ2 канабиноидните рецептори во мозокот за да го доловат посакуваниот ефект. ЦБД, кој исто така е присутен во марихуаната, ги одржува ефектите на ТХЦ под контрола. Синтетичките канабиноиди, исто така содржат синтетичка форма на ТХЦ, но не и ЦБД“ - вели за CBS News д-р Дипак Д’Соуза (Deepak D’Souza) кој ги проучува ефектите на марихуаната веќе 20 години.
Д’Соуза е професор по психијатрија на Yale University School of Medicine. Без ЦБД, психоактивните ефекти на синтетичкото ТХЦ се поопсежни. Плус, хемиските компоненти во лажната марихуана можат да бидат од 10 до 200 пати помоќни, отколку ТХЦ споредени од доза на доза. Покрај ова, истражувачите не се сигурни како К2 влијае на мозокот бидејќи не е регулирана и хемикалиите можат да бидат различни од еден тип до друг. Но, некои истражувања сугерираат дека различните структури на лажната марихуана можат да активираат други рецептори кои не се ЦБ1 и ЦБ2, што пак, ќе објасни некои од опасните ефекти што се јавуваат кај синтетичкава дрога, кои се нетипични и никогаш не се јавуваат кај органскиот лек канабис. Лажната марихуана понекогаш е измешана со други супстанци како амфетамини или од оние за смирување, опијати. Во Илиноис 9 луѓе биле хоспитализирани поради силно крварење откако користеле синтетички канабиноиди и биле позитивни на тестот за brodifacoum, летална хемикалија користена како отров за глувци.
Опасности и странични ефекти на синтетичката марихуана
Од почетокот на март оваа (2018) година, 153 лица од Чикаго и централен Илиноис се разболеле од синтетичка марихуана, а 4 починале (од канабис до сега никој не се разболел). За сите случаи била неопходна хоспитализација поради искашлување крв, уринирање крв и обилно крварење од носот и непцата. Страничните ефекти на К2 варираат во однос на специфичните компоненти кои секој од нив ги содржи, но корисниците како чести ефекти споменале: повраќање, халуцинации, силна анксиозност, напади на паника, епилептични напади и агресивност. Долгорочните ефекти од синтетичките канабиоиди сè уште не се познати, но соопштени се оштетувања на срцето како миокардична исхемија и оштетување на бубрезите. До сега од природен органски канабис никој не починал!
Кога купуваш синтетички канабиноиди, немаш поим што навистина има во производот кој го купуваш и пушиш или консумираш на друг начин. Ако сакаш да пушиш трева, нека биде природна како и досега. Во Македонија сè уште не сум слушнал дека К2 се продава или воопшто постои. Ако некој знае нешто нека сподели во коментар, да го откриеме потеклото и местото на продажба и да го споделиме меѓу сите за да се заштитиме. Без разлика на сè, не би ми паднало на памет да купувам марихуана од некоја продавничка или сл, туку од органски одгледувач. Јас си знам од каде си земам добра, квалитетна и чиста трева, а ти? Синтетичката марихуана е отров, а канабисот е лек. Канабисот всушност ги лекува сите ефекти кои синтетичкиот ги предизвикува! Спајсот предизвикува зависност, додека пак тревата не.
После овој текст на сите ни е појасно зошто прехрамбените гиганти Монсанто и Бајер сакат да ја земат во свои раце индустријата за канабисот и генетски да го модифицираат за да не може да се репродуцира по природен пат. Не сите знаат дека цел свет протестира против нив поради натрупување токсини во нивните производи. Доколку ни го земат канабисот, ќе ни ги одземат природното здраво откачување кое ни го пружа канабисот, продлабочувањето на свеста и благотворното чувство на љубов, благосостојба и единство со сè. Тоа би било само продолжение на војната против експанзијата на човековата свест. Тие се решени да го доведат човекот до состојба на зомби поради полесна комплетна контрола. Затоа, да се обединиме и да го избркаме Монсанто од Македонија бојкотирајќи ги производите од неговите фирми и да се свртиме кон нашите многу повкусни, поздрави и етички произведени домашни и балкански производи и балкански канабис, а најмногу со тоа ќе придобие домашната економија, но и здравјето на Македонците значително ќе се подобри. И сите здрави и економијата појака. Би имале само чисти придобивки доколку го постигнеме ова.
Автор: Никола Станчески
Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Marijuana
No comments:
Post a Comment