Saturday, October 6, 2018

Нов сладолед од канабис наменет за пациентите во Флорида

Компанија со седиште во Флорида продава сладолед со доден канабис за да им помогне во третманот на луѓето кои страдаат од разни заболувања, најчесто пациенти со рак. Визија на Heavenly Hash: Да се подобри квалитетот на животот на луѓето, а истовремено да се обезбеди природен сладолед производ со најдобар вкус


Вкусно и здраво! ;)
Компанијата Heavenly Hash Creamery од Lakewood Ranch го создаде десертот врз основа на идејата од еден вработен, кој исто така е медицинска сестра на онкологија, објавува WOFL. Сладоледот содржи ЦБД, втората најпопуларна активна состојка од марихуаната. Всушност, сладоледот содржи многу мали количини на THC, најпопуларната психоактивна состојка од растението и може да им се продава и на луѓе без медицински марихуана картички.

Работникот / медицинската сестра од компанијата сакаше висок протеински продукт кој ги храни пациентите, но исто така ја ублажува и нивната болка и ја поткрепува терапијата. Пациентите со рак имаат проблеми со мускулите и губење на тежината. Д-р Ашок Кана (Ashok Khanna) вели дека тој е поборник неговите пациенти да го користат производот на Heavenly Hash, затоа што истиот ја намалува нивната зависност од лекови за болка на рецепт.

Логото на компанијата
Навистина е реткост да се види канцеларија на лекар со реклама за сладолед, но д-р Ашок Кана рече дека не може да се спротивставува на резултатите што десертот ги дава кај неговите пациенти. „Има смисла да им дадеме нешто што ќе ги направи да се чувствуваат подобро“ - вели д-р Кана. Клиниката Khanna’s Winter Garden е една од дури 30-те други клиники кои го продаваат новиот ЦБД сладолед. Компанијата го прави сладоледот измешан со чист ЦБД екстракт, кој е изведен од коноп и д-р Кана вели дека има смирувачки ефект за пациентите; дури и ослободување од болка. 

Иако производителот тврди дека производот не содржи THC од марихуаната, се смета дека возможно е да содржи само мали количества во трагови. Тој коефициент е толку низок што сладоледот всушност може да им се продаде на луѓе кои немаат медицински марихуана картички. Клиниката на д-р Кана почна да продава разни ЦБД производи оваа година, кога виде дека пациентите имаат големи подобрувања од нив и често ја намалуваат употребата на лекови на рецепт како резултат на канабис производите. Вработените од Heavenly Hash одлучија да ја креираат верзијата за сладоледот, бидејќи едноставно рекоа дека има смисла, особено кај пациенти со рак.

Еден од големите проблеми кај пациентите со рак е кахексијата (cachexia), што е нивниот мускулен отпад и губење на тежината“ - вели Метју Истман (Matthew Eastman) од Heavenly Hash. Па, дел од персоналот во слаткарата, кој случајно се погоди дека е медицинска сестра на онкологија, размислуваше за создавање на високо мастен, високо протеински сладолед кој содржи Канабидиол. Идејата: да им се помогне на оние пациенти да стават малку храна во себе, додека ја смируваат болката лекувајќи го ракот. „Тој помага со вознемиреност, помага со болката, помага со воспалението и исто така го има и овој смирувачки ефект, без да го добијат хајот така да се каже“ - рече Френ Фенинг (Fran Fanning) вработениот кој ја предложив идејата.

Д-р Кана рече дека единствениот голем недостаток што тој го забележал кај CBD и другите медицински производи од марихуана досега е стигмата што производите сè уште ја носат. Тој признава дека дури и тој на почетокот бил скептичен, а неговата сопруга, поранешен советник за дрога, цврсто се спротивставила на производите, но откако направила многу истражувања и ги видела позитивните резултати што ги дава кај пациентите, сега природната алтернатива е главен дел од нивната практика.

* Предупредување: овој производ може да ви помогне во терапијата, меѓутоа само големи дози и големи количества во подолг временски период на високо потентни екстракти со висок процент на ТХЦ можат успешно и безбедно да ве излечат од секаков вид на канцери (мин. 60 мл. со над 80% ТХЦ во 90 дена);
* Визија на Heavenly Hash: Да се подобри квалитетот на животот на луѓето, а истовремено да се обезбеди природен сладолед производ со најдобар вкус;
* Мисија на Heavenly Hash: Да се понуди гурмански природен сладолед кој ги обезбедува придобивките од канабиноидите со висока хранлива вредност што ќе ги намали трошоците за здравствена заштита и ќе го подобри квалитетот на животот на потрошувачот.


Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: News4jax

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

За пронаоѓачот на магичните колачи со марихуана!

Магичните колачи со канабис му го променија животот на ова момче

Канапутерот е основата на скоро секој магичен колач. Еве како се прави КАНАПУТЕР!

No comments:

Post a Comment