Saturday, February 29, 2020

Истражувачите откриваат скриен антибиотски потенцијал во канабисот!

Во една студија на канадски истражувачи од Универзитетот МекМастер, се покажа дека соединение од канабисот убива некои од најзагрижувачките бактерии отпорни на антибиотици! Канабиноидот КАНАБИГЕРОЛ спречува бактериите да формираат заштитни биофилмови!


Вака изгледа Канабигеролот!
Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека отпорноста на антибиотици е „една од најголемите закани за глобалното здравје“. Овој здравствен проблем се искачува на опасно високи нивоа во сите делови на светот! Новите механизми на отпорност кон антибиотици се зголемуваат и се шират на глобално ниво, што го отежнува потпирањето на антибиотиците кои некогаш се покажуваа како корисни за лекување на голем број на инфекции, како: настинки, грипови, пневмонија, туберкулоза, труење на крв, гонореја и болести поврзани со храна. Истражувачки тим од Универзитетот МекМастер во Хамилтон, Онтарио - додека ја испитувал ефикасноста на канабиноидите од растението канабис сатива, откриле дека едно соединение, наречено Канабигерол (ЦБГ) не е само антибактериско, туку и ефикасно кај глувци и тоа против еластично семејство на бактерии познати како Стафилококи (Staphylococcus aureus - MRSA), отпорни на метицилин. 


Наодите беа објавени во списанието American Chemical Society Infectious Diseases на 4 февруари 2020 година. Канабиноидите се хемиски соединенија кои делуваат на рецепторите кои се наоѓаат низ целото човечко тело преку ендоканабиноидните рецептори, а има повеќе од 100 откриени во канабисот и добро е познато дека некои од овие соединенија може да бидат антибактериски. „Во оваа студија испитавме 18 комерцијално достапни канабиноиди и сите тие покажаа антибиотска активност, некои многу повеќе од другите“ - рече лидерот на студијата Ерик Браун (Eric Brown), професор по биохемија и биомедицински науки во МекМастер, пренесува Science Daily. „Оној на кој се фокусиравме беше не-психоактивен канабиноид наречен CBG, бидејќи имаше најголема ветувачка активност. Ние го синтетизиравме тој канабиноид во масовна количина што ни даде доволно соединение за да навлеземе во истражувањето“ - додава тој. 


CBG спречува бактериите да формираат биофилмови! Бактериите имаат можност да формираат биофилм како одговор на различни фактори. Бактериите со биофилм можат да делат хранливи материи и да бидат заштитени од штетни фактори во околината, како што се: сушење, антибиотици и имунолошкиот систем на домаќинот. Бактериската клетка која се префрла во режимот на раст на биофилм се подложува на фенотипска промена во однесувањето во кое големите пакети на гените се различно регулирани. Користејќи глувци заразени со МРСА, истражувачите беа во можност да ја докажат можноста на канабиноидот ЦБГ да ги спречи бактериите да формираат биофилмови и да ги искоренат преформираните биофилмови и стабилните фазни клетки отпорни на антибиотици. CBG го оствари ова со таргетирање на цитоплазматската мембрана на грам-позитивните бактерии, во овој случај. 


Рајот е на земјата!
CBG се покажа како прекрасен во справувањето со патогените бактерии“ - рече Браун. „Наодите сугерираат вистински терапевтски потенцијал за канабиноиди како антибиотици“ - додава овој истражувач. „Отвора терапевтски прозорец, но тесен (засега), за да се развие ова во лек“ - заклучи тој. „Студијата исто така, откри дека канабиноидите се ефикасни против Грам-негативни организми чија надворешна мембрана е пермеабилизирана, каде Канабигеролот делува на внатрешната мембрана. Конечно, демонстрираме дека канабиноидите работат во комбинација со полимиксин Б, против грам-негативни патогени кои се отпорни на разновидни лекови, откривајќи го широкиот терапевтски потенцијал на канабиноидите“ - додава тој.


Извор: Digital Journal
Автор: MoniQue Konopova

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - ВОВЕД (2 дел)

Медицинската марихуана лекува и спречува пневмонија и други респираторни инфекции

Туберкулозата најбезбедно, најприродно и најуспешно се лекува со канабис!

КАНАБИДИВАРИН (CBDV) - уште еден канабиноид кој третира епилепсија!

Канабихромен - СВС: Третиот најчест и недоволно истражен канабиноид!

Мистериозниот секундарен канабис терпен Феландрен и неговите придобивки!

Тајните на канабиноидите и нивните медицински придобивки