Showing posts with label канабиноид. Show all posts
Showing posts with label канабиноид. Show all posts

Sunday, July 5, 2020

THC ги спречува смртоносните симптоми кај белодробни заболувања поврзани со вируси - СТУДИЈА!

THC дефинитивно има повеќе круцијални здравствени улоги, отколку само да Ве надува и да бидете „ХАЈ“... THC не само што е канабиноид кој е веќе докажан убиец на ракот, тој може да нè заштити од воспаленија, благодарение на неговото антиинфламаторно дејство! Новото истражување објавено во Frontiers In Pharmacology покажа дека тетрахидроканабинолот (THC) - главната психоактивна компонента во канабисот - може да ги спречи леталните симптоми од нарушувања кај белите дробови поврзани со: Covid-19, грип и многу повеќе...


Синдром на акутно респираторно нарушување (Acute Respiratory Distress Syndrome - ARDS) погодува повеќе од 3 милиони луѓе ширум светот секоја година. Обично, по инфекцијата на белите дробови, пациентите брзо добиваат воспаление, потешкотии во дишењето (скратен здив) и промени на кожата. Тоа е фатално кај 35-50 проценти од засегнатите, особено со беснеењето на вирусот Ковид-19. АРДС е сериозна компликација и лекувањето и заштитата со помош на билка како што е канабисот може да биде корисно во тековната битка против пандемијата, за што сугерираат повеќе студии до сега. ARDS е сериозен проблем за оние изнемоштени од заболувања на белите дробови и сите потенцијални заболувања може да имаат големо влијание врз квалитетот на животот на пациентот, како и врз стапката на преживување. 

Кај пациенти со респираторни заболувања, смртоносните симптоми поврзани со ARDS обично следат по наплив на сигнали во белите дробови наречени цитокинска бура (cytokine storm). Цитокините се мали гласници ослободени во организмот и се важни во имунолошкиот систем кога телото е под напад од инфекција. Тие можат да бидат или про-воспалителни, каде му кажуваат на телото да реагира на местото на инфекцијата со имуните клетки или анти-воспалителни, каде што тие ја забавуваат реакцијата и ги запираат имуните клетки премногу да ја оштетуваат областа. Кај респираторните заболувања, понекогаш имунолошкиот систем прекумерно реагира и ослободува премногу про-воспалителни цитокини, предизвикувајќи хиперинфламација и можна смрт, што се нарекува цитокинска бура.

За да проверат дали THC може да помогне во оваа ситуација, авторот на оваа научна студија Амира Мохамед (Amira Mohammed) заедно со истражувачкиот тим од Универзитетот во Јужна Каролина, третирале глувци заболени од ARDS со помош на THC. Овој канабиноид е докажано дека делува како антиинфламаторно средство, па му се чинеше веројатно на тимот дека може исто така да има улога во запирање на воспалението кај белите дробови. Откриле дека во 100 % од случаите, ТХЦ ги заштити глувците од смртоносни симптоми што се случуваат по цитокинската бура со блокирање на про-воспалителните цитокини кои ги доведуваат имуните клетки во областа и предизвикуваат оштетување. Не само ова, THC всушност ја зголеми антиинфламаторната активност, забавувајќи го воспалението и запирајќи ја предизвиканата сериозна штета.


Во апстрактот на студијава истражувачите пишуваат:
„Синдромот на акутно респираторно нарушување (ARDS) е компликација опасна по живот што може да настане по инфекцијата Staphylococcus aureus. Ентеротоксинот произведен од овие бактерии (SEB) делува како суперантиген со тоа активирајќи голем дел од Т-клетките што доведуваат до цитокинска бура и сериозна повреда на белите дробови. Δ9Tetrahydrocannabinol (THC), психоактивната состојка пронајдена во растението канабис сатива, се покажа дека делува како моќно антиинфламаторно средство. Во тековната студија, го испитавме ефектот на третманот со THC врз ARDS предизвикан од SEB кај глувци. Додека изложеноста на СЕБ резултираше во акутна смртност, третманот со ТХЦ доведе до 100% преживување кај глувци. Третманот со THC значително ги потисна воспалителните цитокини: IFN-γ и TNF-α. Покрај тоа, THC ја зголеми индукцијата на регулаторните Т-клетки (Tregs) и нивните придружни цитокини: IL-10 и TGF-β. Покрај тоа, THC предизвика индукција на миелоидно-изведени потиснувачки клетки (Myeloid-Derived Suppressor Cells - MDSCs). THC дејствуваше преку CB2 рецепторот и како фармаколошки инхибитор на CB2 рецепторите ги блокираше антиинфламаторните ефекти. Глувците третирани со THC покажаа значителни промени во изразот на miRNA (miRs) во мононуклеарните клетки инфилтрирани во белите дробови (MNCs). Поточно, THC предизвика дерегулација на let7a-5p што се насочи на SOCS1 и дерегулација на miR-34-5p што предизвика зголемено изразување на: FoxP3, NOS1 и CSF1R. Заедно, овие податоци сугерираат дека промените поврзани со THC при miR експресијата во белите дробови може да играат клучна улога во индукцијата на имуносупресивните Tregs и MDSC, како и сузбивање на цитокинската бура, што доведува до слабеење на повредата на белите дробови со посредство на SEB“.

Овие наоди сугерираат можна рута за запирање на цитокинската бура и сериозните компликации кај пациенти со респираторни заболувања. Се разбира, оваа студија беше спроведена само на глувци и ќе треба многу повеќе тестирања и клинички испитувања пред да стане можна терапија - но, тоа покажува само уште една интересна медицинска апликација на марихуаната за во иднина. Како што се зголемува бројот на истражувања за дејството на канабисот, постојано се докажува дека канабисот може да има многу повеќе корисни апликации, отколку само смирувачко/еуфорично дејство. Веќе се применуваат третмани со канабис за канцери, невролошки и ментални проблеми, како и за хронични болки и ред други здравствени проблеми. Канабисот може да има и огромни други придобивки што допрва треба да се откријат. Сепак, студиите треба да започнат да се спроведуваат и на луѓе, не само на глувци. Ова не е прво истражување за дејството на канабисот врз Корона вирусот и белодробните заболувања. Разгледајте ги и претходните за кои веќе пишувавме на нашиот блог, линковите се во продолжение...

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Iflscience

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Канабисот покажува ветувачки потенцијал за блокирање на инфекција од коронавирус!

Израелска болница ќе започне со лекување на пациенти болни од коронавирус со канабис!

Како влијае вирусот Ковид-19 кај пациенти кои користат канабис и обратно?

Канабис индустријата се развива и покрај Корона пандемијата





Станете дел од реномираната швајцарска канабис компанија CANNERALD! - Регистрирајте се веднаш на следниов линк - https://cannergrow.com/r/MV1ZSK

Saturday, May 2, 2020

Израелска болница ќе започне со лекување на пациенти болни од коронавирус со канабис!

ТЕЛ АВИВ - Во пресрет на светската пандемија од коронавирус - во канабисот е спасот! Израелска болница ќе започне со тестирање на пациенти засегнати од вирусот КОВИД-19 со медицински канабис, за кој е познато дека има антивирусни и антибиотски својства, како дел од новиот експериментален третман



Иако за целосно излекување од некоја сериозна болест или за стабилизирање на состојбата кај одредени медицински дијагнози потребни се сите активни состојки од канабисот, поради придружниот ефект и нивното меѓусебно содејство, сепак истражувачите решија да го испитаат ефектот само на комерцијално популарниот канабиноид канабидиол кај пациенти позитивни на Коронавирус. Тоа е не-психоактивна компонента во канабисот, исто така позната како CBD, која може да го забави ширењето на вирусот ковид-19 и да спречи пациентите кои се во умерена состојба, да не преминат во критична состојба. Десетици пациенти со КОВИД-19 во умерена состојба во Медицинскиот центар Ичилов во Тел Авив се очекува да бидат (из)лекувани.


Барак Коен (Barak Cohen), искусен анестезиолог, кој е одговорен за управување со одговорот на коронавирусот во болницата, истакна дека третманот ќе ги ублажи симптомите со употреба на „компонента од растението канабис што се смета за безбедна и не создава зависност“. Одделно, истражувачите од универзитетот во Тел Авив започнаа со развој на лек базиран на CBD, за кој се покажа дека е ефикасен против воспаление на клетките на белите дробови инфицирани со коронавирус. Институтот за технологија Technion во Хаифа, исто така работи на развивање на два комплементарни лекови засновани на разни врсти канабис за борба против вирусот. Првиот ќе се обиде да го намали имунолошкиот одговор на пациентот, додека вториот има за цел да го забави текот на болеста со намалување на експресијата на рецепторот, протеин што му овозможува на вирусот да прима и испушта супстанции надвор од клетката. 


Професорот Дуди Меири
Нашата лабораторија е одобрена да работи како лабораторија за коронавирус и во моментов промовираме две студии засновани на постоечки студии за канабис“ - изјави за порталот Calcalist професорот Дуди Меири (Dudi Meiri), кој го води тимот на Технион. „Прво, ќе се обидеме да ги идентификуваме имуните клетки на растението кои се способни да го потиснат имунолошкиот одговор на коронавирусот, што предизвикува воспаление и заболувања. Молекулите на канабис растенијата имаат способност да ја намалат реакцијата на имунолошкиот систем без целосно да го потиснат, а со тоа да обезбедат подобар комплементарен третман од стероидите, кои целосно го потиснуваат имунолошкиот систем“ - додаде тој.


Во втората студија д-р Меири ќе се фокусира на рецепторот што му овозможува на вирусот да го инјектира својот генетски израз во човечките клетки и да се размножува. „Постои процес што го испитува ефектот на молекулите на канабис врз протеините“ - објасни тој. „Сега истражуваме кои од нив се релевантни за истиот рецептор, со цел да се намали неговиот израз, отежнувајќи го вирусот да влезе во клетката и да се размножува“ - заклучува д-р Меири.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Breitbart

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:






Saturday, February 29, 2020

Истражувачите откриваат скриен антибиотски потенцијал во канабисот!

Во една студија на канадски истражувачи од Универзитетот МекМастер, се покажа дека соединение од канабисот убива некои од најзагрижувачките бактерии отпорни на антибиотици! Канабиноидот КАНАБИГЕРОЛ спречува бактериите да формираат заштитни биофилмови!


Вака изгледа Канабигеролот!
Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека отпорноста на антибиотици е „една од најголемите закани за глобалното здравје“. Овој здравствен проблем се искачува на опасно високи нивоа во сите делови на светот! Новите механизми на отпорност кон антибиотици се зголемуваат и се шират на глобално ниво, што го отежнува потпирањето на антибиотиците кои некогаш се покажуваа како корисни за лекување на голем број на инфекции, како: настинки, грипови, пневмонија, туберкулоза, труење на крв, гонореја и болести поврзани со храна. Истражувачки тим од Универзитетот МекМастер во Хамилтон, Онтарио - додека ја испитувал ефикасноста на канабиноидите од растението канабис сатива, откриле дека едно соединение, наречено Канабигерол (ЦБГ) не е само антибактериско, туку и ефикасно кај глувци и тоа против еластично семејство на бактерии познати како Стафилококи (Staphylococcus aureus - MRSA), отпорни на метицилин. 


Наодите беа објавени во списанието American Chemical Society Infectious Diseases на 4 февруари 2020 година. Канабиноидите се хемиски соединенија кои делуваат на рецепторите кои се наоѓаат низ целото човечко тело преку ендоканабиноидните рецептори, а има повеќе од 100 откриени во канабисот и добро е познато дека некои од овие соединенија може да бидат антибактериски. „Во оваа студија испитавме 18 комерцијално достапни канабиноиди и сите тие покажаа антибиотска активност, некои многу повеќе од другите“ - рече лидерот на студијата Ерик Браун (Eric Brown), професор по биохемија и биомедицински науки во МекМастер, пренесува Science Daily. „Оној на кој се фокусиравме беше не-психоактивен канабиноид наречен CBG, бидејќи имаше најголема ветувачка активност. Ние го синтетизиравме тој канабиноид во масовна количина што ни даде доволно соединение за да навлеземе во истражувањето“ - додава тој. 


CBG спречува бактериите да формираат биофилмови! Бактериите имаат можност да формираат биофилм како одговор на различни фактори. Бактериите со биофилм можат да делат хранливи материи и да бидат заштитени од штетни фактори во околината, како што се: сушење, антибиотици и имунолошкиот систем на домаќинот. Бактериската клетка која се префрла во режимот на раст на биофилм се подложува на фенотипска промена во однесувањето во кое големите пакети на гените се различно регулирани. Користејќи глувци заразени со МРСА, истражувачите беа во можност да ја докажат можноста на канабиноидот ЦБГ да ги спречи бактериите да формираат биофилмови и да ги искоренат преформираните биофилмови и стабилните фазни клетки отпорни на антибиотици. CBG го оствари ова со таргетирање на цитоплазматската мембрана на грам-позитивните бактерии, во овој случај. 


Рајот е на земјата!
CBG се покажа како прекрасен во справувањето со патогените бактерии“ - рече Браун. „Наодите сугерираат вистински терапевтски потенцијал за канабиноиди како антибиотици“ - додава овој истражувач. „Отвора терапевтски прозорец, но тесен (засега), за да се развие ова во лек“ - заклучи тој. „Студијата исто така, откри дека канабиноидите се ефикасни против Грам-негативни организми чија надворешна мембрана е пермеабилизирана, каде Канабигеролот делува на внатрешната мембрана. Конечно, демонстрираме дека канабиноидите работат во комбинација со полимиксин Б, против грам-негативни патогени кои се отпорни на разновидни лекови, откривајќи го широкиот терапевтски потенцијал на канабиноидите“ - додава тој.


Извор: Digital Journal
Автор: MoniQue Konopova

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - ВОВЕД (2 дел)

Медицинската марихуана лекува и спречува пневмонија и други респираторни инфекции

Туберкулозата најбезбедно, најприродно и најуспешно се лекува со канабис!

КАНАБИДИВАРИН (CBDV) - уште еден канабиноид кој третира епилепсија!

Канабихромен - СВС: Третиот најчест и недоволно истражен канабиноид!

Мистериозниот секундарен канабис терпен Феландрен и неговите придобивки!

Тајните на канабиноидите и нивните медицински придобивки

Wednesday, September 19, 2018

Што е тоа Анандамид и која е неговата улога во нашето тело?

Две прашања за почеток: 1. Дали телото навистина продуцира канабиноиди кои ни го даваат чувството на еуфорија и благосостојба како ТХЦ? 2. И дали начинот на кој телото реагира на тие канабиноиди го трасираат патот за третман на психички и физички заболувања?

Често именуван како молекул на благословеноста, анандамидот се смета за ендоканабинодид. Пред да го дефинираме анандамидот и неговата поврзаност со канабисот, треба да се знае што е тоа ендоканабиноид, па ајде да го дефинираме:


ШТО Е ЕНДОКАНАБИНОИД?

Ендо стои за ендоген, а значи нешто што е продуцирано природно во телото. Канабиноид се однесува на група компоненти во канабисот кои взаемно дејствуваат со рецепторите СВ1 и СВ2 од нашето тело. Така што ендоканабиноид е еквивалент на канабиноид природно произведен од телото кој взаемно делува со овие рецептори. Взаемното дејство со СВ1 и СВ2 (како и останатите нетипични) рецептори има ефект на сеќавањето, апетитот и мотивацијата. Можно е да ги зајакнеме овие природни процеси со консумација на канабис (фитоканабиноди). Причината поради која поминуваме низ еуфорија, поголема среќа и длабок апетит пушејќи марихуана е поради приливот на канабиноиди; во голема количина преку рецепторите предизвикува нашите тела да реагираат на одреден начин. Па, како молекулот именуван по Санскритскиот збор за радост, благословеност и среќа влијае врз нас и која е неговата улога во ЕКС (ендоканабиноидниот систем)? Сега, кога го разбираме концептот на ЕКС можеме да потврдиме дека анандамид е еден од неколкуте канабиноиди кои нашето тело природно ги произведува.


ШТО Е АНАНДАМИД?

Откриен во 1992, анандамидот се врзува и за СВ1 и за СВ2 рецепторите. Важно е да се нагласи дека рецепторите се наоѓаат по целото тело што објаснува зошто канабиноидите имаат разновидни ефекти. Но, за разлика од ефектите од пушењето – преплавување на рецепторите со канабиноиди што предизвикува прекумерна и продолжена реакција, ендоканабиноидите се сметаат за ранливи молекули. Телото ги произведува само кога се потребни. Кога ќе се ослободат, брзо се разложуваат со ензими меѓу кои FAAH (амид хидролаза на масни киселини) и MAGL (моноацилглицерол липаза). Липофилната (афинитет кон липиди) природа на овој канабиноид го прави растворлив во масти, но не во вода.


КАКВА УЛОГА ИГРА АНАНДАМИДОТ?

Иако анандамидот е еден од првите откриени ендоканабиноиди, неговата улога во човековото тело и како да се влијае врз него е мистерија. Постојат бројни претпоставки за ефектите, но целосниот ефект е сè уште непознат. Како што знаеме, човековиот ум и тело се комплексен организам, а начинот на кој телата ни реагираат на канабиноидите варира од личност до личност. Некои научници дури и заклучиле дека анандамидот е корисен во борба против и инхибиција на растот на канцерови клетки. Ендоканабиноидот се врзува за СВ1 рецепторот блокирајќи ја клеточната пролиферација (намножување) на канцерните келтки.


Познавајќи ја ранливата природа на ананадамидот лесно е да се види зошто чувството на благословеност кое го дава кратко трае. Ја регулира болката и апетитот, задоволстовото и чувството на успех (награда). Тие се слични со задоволството и чувството на успех за некој кој истрчал одредена далечина. Се претпоставува дека оваа активност го стимулира ослободувањето на анандамид кој се врзува за ЦБ рецепторите во мозокот. И кога ќе земеме во предвид дека ТХЦ се врзува за истите рецептори давајќи ни еуфоричност, јасна ни е целата реакција. Главната разлика е што ТХЦ останува подолго време активен и го погаѓа системот во големи количини, напушувајќи нè, додека анандамидот (поради неговата ранлива природа) се разложува доволно брзо, така што ретко го достигнува нивото од ефектот на ТХЦ. Специфичните употреби на анандамидот и како може да се манипулира неговата продукција се тема на дискусија. Она што го знаеме е дека анандамидот е добар за третман на бројни психички и физички нарушувања, а кога ќе има повеќе истражувања ќе дознаеме точно и на кои.

Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Royalqueenseeds

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:






Saturday, December 9, 2017

„THC-O-acetate“ - овој канабиноид е 300% попотентен од THC

Можеби сте слушнале за THC-A-Crystalline - најјакиот хашиш со 99.99% THC, најпотентниот канабис производ? Но, постои нешто уште појако. THC-O-acetate е канабиноид за којшто се смета дека е два до три пати појак од THC. Книгата на Мајкл Старкс (Michael Starks) „Хемијата на марихуаната: генетика, обработка, потентност“ (Marijuana Chemistry: Genetics, Processing, Potency) дури го опишува THC-O-acetate како 300% појак од THC


Според „Алхемијата на канабисот: Уметноста намодерното правење хашиш“ (Cannabis Alchemy: Art of Modern Hash Making),  THC-O-ацетатот екафеаво масломкоешто е растворливо во нафтен етер, како и етанол. Доналд Купер (Donald Cooper) од Американската Агенција за справување со дроги (Drug Enforcement Agency) истакна дека администрацијата најпрво наиде на овој канабиноид во текот на 1978 година во Џексонвил, Флорида. И очигледно, тоа беше направено од ТХЦ. „Во овој случај, концентриран екстракт од канабис бил добиен со Soxhlet екстракција“ - се вели во извештајот напишан од Купер. „Екстрактот беше ацетилиран со ацетниот анхидрид, а во последниот чекор, вишокот на ацетат е отстранет со дестилација“.

Уште од тој наод, лабораториите на ДЕА допрва треба да се сретнат со друг примерок од ТХЦ-О-ацетат, иако имаше разговори за класифицирање како контролирана супстанца. Владата одлучи да не продолжи, бидејќи инцидентот беше изолиран. Сличен случај дојде и во 1995 година во Велика Британија. Како што се испоставува, еден човек ја користел книгата на D. Gold за да ги формулира сопствените екстракти на THC-O-ацетат. Полицијата го уапсила човекот и THC-О-ацетат екстрактите и оттогаш било одлучено да биде дрога од класа А. Новозеландската полиција, исто така, наводно наиде на THC-О-ацетат истата година.

Кои се ефектите на ТХЦ-О-ацетат?

Помеѓу 1949 и 1975 година, американските армиски хемиски култури, како дел од експериментите на Едџовуд Арсенал (Edgewood Arsenal), го испитуваа THC-O-ацетатот како потенцијално не-смртоносно средство за онеспособување. По тестирањето на кучиња, истражувачите откриле дека има два пати поголема способност да ја наруши координацијата на мускулите од ТХЦ, формално познат како „делта-9 ТХЦ“. Што се однесува до луѓето, Купер вели дека ефектите се многу психоделични и подуховни отколку обичната трева. Мал недостаток на THC-O-acetat е тоа што ефектите се чувствуваат по 30 минути, а од џоинтот веднаш.

Дали ТХЦ-О-ацетат е легален и каде можете да го најдете?

Во текот на 1986 година, Сојузниот аналоген акт (Federal Analogue Act) направил хемикалија слична на супстанца слична на таа од Прилог 1 или Прилог 2, незаконска на федерално ниво. Сепак, тешко е да се каже дали тоа се однесува на THC-O-ацетатот, односно дека истражувањето за тоа е толку ограничено. Оваа супстанца и нејзините ефекти и употреби сè уште се во фаза на испитување.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: HERB

Friday, July 17, 2015

5 факти за Канабидиолот (CBD) кои мора да ги знаете

Канабидиол (CBD) е канабиноид, кој за разлика од канабиноидот THC (Тетрахидроканабинол) не те прави напушен. Поради ова врстите на Марихуана кои имаат повеќе CBD, а помалку THC не се барани и посакувани од страна на рекреативните корисници. Од друга страна пак, овие врсти се повеќе барани од страна на пациентите како лек, за да го избегнат психоактивното дејство

Хемиска структура на Cannabidiol.

1. CBD е круцијална состојка во Марихуаната

Канабидиолот е еден од над 60-те состојки на Канабисот, кои спаѓаат во групата на молекули наречени канабиноиди. Количината на канабиноидите е различна кај секое растение. Канабидиолот и тетрахидроканабинолот најчесто се најголемиот процент од сите канабиноиди во растението и токму затоа се најпроучувани и најпопуларни.

Марихуаната растена за рекреативна употреба содржи повеќе THC од CBD. Сепак, со користење на селективни техники на вкрстување на врстите, одгледувачите успеале да создадат хибриди со високо ниво на CBD и многу ниско ниво на THC. Овие врсти се поретки, но станаа многу популарни изминативе години за медицинска употреба. Таква врста е „Charlotte's web“ создадена со вкрстување од страна на браќата Стенли на нивната фарма со Канабис, за медицинските потреби на девојчето Шарлот (Чарли) со Драветов синдром (тешка форма на епилепсија):



2. CBD не е психоактивен

Канабидиолот не е психоактивен бидејќи не влијае на истите патеки во мозокот и телото како THC. Овие патеки наречени CB1 рецептори се одговорни за умствените ефекти од тетрахидроканабинолот. Извештајот објавен во 2011 година во „Current Drug Safety“ заклучува дека „не ги попречува психомоторните и психолошките функции“. Авторите додаваат дека неколку студии сугерираат дека CBD е „добро толерирано и безбедно“ дури и во големи дози. 


3. CBD има широк спектар на медицински придобивки

И покрај тоа што CBD и THC влијаат  на различни патеки  во телото, генерално тие имаат многу исти медицински придобивки. Според извештајот од 2013 година објавен во British Journal of Clinical Pharmacology, студиите октрија дека CBD  ги има следниве медицински својства:

  • Антиеметичко -          Намалува гадење и повраќање;
  • Антиконвулзивно -    Потиснува епи-напади;
  • Антипсихотично -      Против психијатриски                                                                  нарушувања;
  • Анти-воспалително - Против воспалителни болести;
  • Антиоксидант -          Против невродегенеративни                                                        нарушувања;
  • Антиканцерогено -     Против тумори и канцерогени                                                    клетки (рак);
  • Анксиолитик / Анти-депресив - Против анксиозност и                                                                  депресија;

Многу пациенти ширум светот се лекуваат со екстракти и тинктури со канабиноидите THC и CBD. За жал многу помалку од студиите се спроведувани врз луѓе, а многу повеќе врз животни. Фармацевтска верзија  на CBD неодамна беше развиена од страна на една фармацевтска компанија базирана во Велика Британија. Компанијата GW Pharmaceuticals сега ги финансира клиничките испитувања на CBD како лек за шизофренија и одредени типови за епилепсија. Тим од научници пак, од California Pacific Medical Center, предводени од страна на д-р Sean McAllister изјави дека се надеваат дека ќе започнат испитувања врз луѓе за CBD како третман против рак на дојка.


4. CBD ги редуцира „негативните“ ефекти од THC

CBD нуди природна заштита од чувството на „high“ поради канабиноидот THC. Бројни научни истражувања потврдуваат дека CBD го намалува ефектот на THC, како што се моменталните краткотрајни потешкотии со меморијата, а понекогаш параноја и сонливост. CBD исто така му противдејствува на ефектот на Марихуаната да поттикнува на сон.

Ниту CBD, ниту THC (ниту пак другите канабиноиди) потврдено е дека не можат смртно да се предозираат! 


5. CBD сè уште е нелегално

И покрај тоа што CBD се користи како лек, овој канабиноид (како и останатите) се` уште е нелегален во многу делови од светот. CBD се смета како наркотично средство од прв ред во САД, додека пак во Канада се смета за наркотично средство од втор ред. 

Од друга страна пак, Агенцијата за храна и лекови неодамна одобри обид за фармацевтската верзија на CBD кај деца со ретки форми на епилепсија. Овој лек се нарекува Epidiolex. Според компанијата овој лек содржи повеќе од 98% CBD, количини во трагови од некои други канабиноиди и нула THC. Оваа компанија прави и друг лек базиран на Канабис, наречен Sativex кој беше одобрен во над 24 држави за третирање на мултиплекс склероза.

Патент доделен за Американското здравство и општествени служби во 2003 година (US6630507) исто така ја опфаќа употребата на CBD како третман за различни невродегенеративни и воспалителни болести.