Сте слушнале ли за ЦБДВ? Додека оваа канабисова компонента е малку мистериозна, растечкиот број на нови истражувања укажува на тоа дека овој едноставен молкеул може да биде сестран антиепилетичен третман. Истражувањето е сè уште во неговите рани фази, но постојат озбилно добри причини за да му се обрне внимание на канабиноидот канабидиварин
Cannabidivarin (CBDV) |
Што е канабидиварин?
ЦБДВ е еден од најмалку 113-те познати канабиноиди во канабисот. За сите нови „студенти по канабисологијата“, канабиноиди се активните компоненти во канабисот. Значи, канабисот е единствено растение кое ги содржи овие компоненти. За разлика од ТНС, ЦБДВ не предизвикува психотропен „хај“. Според резултатите што ги имаме денес, многу малку се знае за ефектите на овој канабиноид во телото. Најзастапен во видовите на канабис од Пакистан, ЦБДВ е близок роднина на попознатитот канабиноид - канабидиолот ЦБД. ЦБДВ е моментално под истражување за различни заболувања, меѓу кои епилепсија, канцер на дојка и шизофренија.
ЦБДВ ги намалува електронските бранови кај нападите |
Мексиканскиот канабис, исто така дава позитивни резултати на тестирањето за присуство на ЦБДВ. Имено овој канабиноид е прекурсор на друг канабиноид кој е од голема важност, а тој е ТХЦВ. ТХЦВ моментално е истражуван како потенцијален третман за дијабетес и истражувањата сугерираат дека ЦБДВ се трансформира во ТХЦВ во кисела средина. Дали ЦБДВ е корисен или не за некое од овие заболувања, допрва треба да се одреди и потврди, иако раните лабораториски истражувања укажуваат на некои негови терапевтски потенцијали. Во овој момент, сите истражувања се во нивни рани фази и научниците треба да поминат долг пат додека донесат цврсти заклучоци за бенефициите на ЦБДВ.
Успешно третира епилепсија! |
Потенцијални бенефиции на ЦБДВ
Досега е познато дека ЦБДВ како и сите други канабиноиди делува синергиски и покажал потенцијал во три главни полиња на истражување. Не е многу застапен во најчестите канабисови сорти, што го отежнува доаѓањето до него. Важно е за одгледувачите да експериментираат со хемовари (chemovars) (сорти кои произведуваат специфични хемиски компоненти) кои содржат високи нивоа на ЦБДВ, поради тоа што третира:
Намалува гадење |
1. Епилепсија
Епилепсијата погодува повеќе од 50 милиони луѓе во светот. Фармацевтските „лекови“ кои содржат ЦБД успешно ги намалуваат нападите кај напредните клинички случаи. Рани истражувања на ЦБДВ откриле дека канабиноидот има антиконвулзивни својства. На пример, истражување во 2014 година покажало дека ЦБДВ ги намалува електронските бранови кои укажуваат на активни напади во делови од мозокот надвор од телото. Друго истражување од 2012 година покажало дека ЦБДВ е ефективен во угушувањето на широк ранг на активни епилептички напади кај стаорци. Компанијата која го измислила лекот базиран на ЦБД, GW Pharmaceuticals, држи патент врз ЦБДВ како третман за епилепсија. Хммм, ова е силен доказ дека овој канабиноид има озбилен потенцијал како антиепилептичен третман!
Ги зараснува коските |
2. Гадење
За да ги тестираат ефектите на ЦБДВ врз гадењето, научниците третирале глодари со литиум хлорид кои предизвикале зјапање со отворена уста кај нив. Ова е начинот на кој тие изразуваат гадење бидејќи физички тие не можат да повраќаат. Истражувањата покажале дека ЦБДВ успешно го намалува зјапањето докажувајќи дека ги има истите ефекти против гадењето како и другите канабиноиди.
3. Зараснување на коски и фрактури
ЦБДВ може да им помогне на коските да зараснат! Овој канабиноид има својства кои ги стимулираат коските, кои се многу корисни во нивно залечување после скршеници. Истражувачите имаат направено слични откритија со ЦБД кој ги зајакнува ‘рскавичните мостови кои ги врзуваат фрагментите на фрактурите.
Автор: Никола Станчески
Извор: HERB
No comments:
Post a Comment