Thursday, May 2, 2019

Мистериозниот секундарен канабис терпен ФЕЛАНДРЕН и неговите придобивки!

Феландренот произведува пепер-минт, дрвенест и благ цитрусен ароматичен профил и лесно се апсорбира, што го прави прилично чест додаток на мноштво козметички производи. Тој, исто така, е главен во холистичката источна медицина веќе долго време, користен поради неговите антифунгални и антибактериски својства


Дава ментолен и дрвенест, но малку цитрусен мирис...
Од долгата листа на откриени терпени кои се наоѓаат во канабисот, само околу 30 се релативно чести кај повеќето комерцијални видови на канабисови цвеќиња. Во рамките на таа листа, осум од најчестите (примарни) терпени се: лимонен, пинен, хумулен, оцимен, мирцен, линалол, кариофилен и терпинолен. Освен тоа, околу 20 други се на листата на секундарни терпени кои обично се застапени во многу помала мера, во најчесто користените врсти канабис и поради тоа помалку се познати, бидејќи помалку се изучуваат.


Фелaндренот првпат е откриен во маслото од еукалиптус. Феландрен е име за еден пар на органски соединенија: Алфа-Феландрен и Бета-Феландрен, кои имаат слична молекуларна структура и слични хемиски и лековити својства и кои најчесто се добиени од неколку растителни видови на еукалиптус. И покрај недостатокот на детални истражувања, има доста податоци за овој секундарен терпен. Феландренот е еден од оние секундарни терпени кои не добиле многу внимание од истражувачите и канабис ентузијастите... 



Хемиската структура на овој терпен
Кои сорти канабис содржат најмногу Феландрен?

Иако овој терпен е малку мистериозен, легализацијата на канабисот ја отвора можноста за повеќе истражувања! Во студијата од 2017 година, алфа-феландренот бил откриен во врстите на канабис: Trainwreck и Jack Herer. Ова беше направено со тестирање на 233 примероци од 30 сорти од клиничкиот диспанзер преку гасна хроматографија. Во студијата, феландренот бил класифициран како секундарна карактеристика кај соеви кои содржат високи количини на терпинолен. Во подоцнежен модел на студијата, исто така, се откри дека соевите: Ace of Spades и SAGE имаат количини во трагови на алфа- и бета-феландрен. Најверојатно сите врсти го содржат, но не во доволна количина за тоа да може да биде детектирано.



Уникатиот профил на Феландренот

Алфа- и бета-феландрен се пар на органски соединенија кои се многу слични, но малку различни во нивната хемиска структура. Пред нивното откритие во почетокот на 1900-тите, феландрените често биле погрешно идентификувани како лимонен и пинен. Само откако соединенијата биле тестирани во маслото од еукалиптус, било откриено дека феландренот всушност се дели на две различни изомерни соединенија. Соединението лесно се апсорбира од организмот и има доста лековити својства и се користи во ароматерапијата, со што овој терпен е заедничка состојка на мноштво козметички производи.



Оваа врста содржи многу феландрен
Медицинските придобивки од Феландренот

Студијата на глодари од 2015 година ги тестираше стимулативните својства на феландрен заедно со лимонен, покажувајќи дека двата терпена имаат и антихипералгезични и антидепресивни својства. Сепак, не е јасно дали феландренот ќе ги прикаже истите карактеристики во изолација, поради тоа што сите состојки од канабисот најдобро функционираат заедно, благодарение на ефектот на придружба! Исто така, се верува дека Феландренот има и други потенцијални анти-канцерски (in vitro студија) и антиинфламаторни (глодарски студии) бенефити и му помага на канабиноидот ТХЦ во борбата со малигните клетки. Ова рано истражување не ни кажува многу за ефектите на феландренот кај луѓето, особено според нивоата на застапеност во канабисот. Овој терпен, очигледно, се користел во традиционалната кинеска медицина за лекување на дигестивни нарушувања, иако неговата медицинска ефикасност сè уште не била многу истражена од страна на западната медицина.


Иако најистакнат во еукалиптусот, феландренот постои и во етеричните масла од различни растенија, вклучувајќи (делумна листа):

  • Канабис;
  • Еукалиптус феландра (Eucalyptus phellandra) - сега се нарекува еукалиптус радиата;
  • Масло од лист од куркума;
  • Цимет; 
  • Лук;
  • Копар; 
  • Ѓумбир; 
  • Магдонос; 
  • Лаванда; 
  • Иглолисни дрвја: Ела, Бор, Смрека;
  • Нане;
  • Копар (Анасон);
  • Лаванда.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ТЕРПЕНИТЕ:

Уште нешто за терпените... Да повториме за најпознатите терпени и да научиме за уште неколку други!

ЛИМОНЕН - терпен што им помага на канабиноидите во борбата против ракот!

БИСАБОЛОЛ: Медицинските придобивки на овој цветен секундарен терпен


*  *  *

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА СТРУКТУРАТА НА КАНАБИСОТ:




1 comment: