Thursday, August 16, 2018

Терапевтско-медицинскиот потенцијал на 6 најпопуларни канабиноиди

Канабиноидите се разновидна класа на хемиски активни соединенија од различна природа: произведени во растенија како Канабис и некои други растенија - фитоканабиноиди, ендогени (ендоканабиноиди) како во човечкото и животинското мајчино млеко, но и вештачки создадени лабораториски синтетички канабиноиди, а кои може да се врзат за рецепторите од нашите вродени ендоканабиноидни системи и да нè излечат од многу болести кои настануваат поради ендоканабиноиден дефицит, но и да ја спречат нивната појава



Тие даваат позитивни физиолошки ефекти главно преку нивната способност да дејствуваат на рецепторите во човечкиот ендоканабиноиден систем (ECS), првенствено преку нивните интеракции со CB1 и CB2 рецепторите. Порталот Hempedification тврди дека до денес 113 канабиноиди се изолирани од билката канабис, од кои многу се поврзани со потенцијалните медицински добивки, почнувајќи од убивање на клетките на ракот, па сè до намалување на болката, стопирање на епилептични конвулзии, депресија и анксиозност. Канабисот содржи богатство на соединенија со потенцијални медицински придобивки, но мора да се истакне дека изолирани не се толку ефикасни, поради спречување на „ефектот на придружба“ (т.е. содејството, моментот кога сите активни состојки од канабисот меѓусебно си помагаат). Ајде да ги разгледаме медицинско-терапевтските намени на шест најпознати канабиноиди, кои го потврдуваат неверојатниот медицински потенцијал на растението Канабис:


1. ТХЦ-Тетрахидроканабинол (THC – Tetrahydrocannabinol) 

ФДА го одобри ТХЦ за третман на: анорексија кај пациенти со СИДА, гадење и повраќање кај пациенти со рак кои користат хемотерапија, мускулна спастичност кај мултиплекс склерозата (кога се комбинира со канабидиол). Клинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на ТХЦ за третман на: мускулна спастичност по повреда на 'рбетниот столб, фибромијалгија, периферна невропатска болка, глауком, посттрауматско стресно нарушување (ПТСД). Предклинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на ТХЦ за третман на: повеќекратни карциноми, нарушувања на спиењето, зависност од опијати, депресија.


2. ЦБД - Канабидиол (CBD – Cannabidiol)

Клинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на ЦБД за третман на: Епилепсија, Паркинсонова болест, болка, анксиозност, инфламаторно заболување на цревата (IBD), Кронова болест, шизофренија, мускулна спастичност кај мултиплекс склероза, глиобластома (кога се комбинирани со ТХЦ). Предклинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на ЦБД за лекување на: Алцхајмерова болест, Хантингтонова болест (Huntington’s disease), хипоксично-исхемична повреда, депресија, повеќекратни карциноми, гадење, воспалителни болести, ревматоиден артритис, бактериска инфекција отпорна на антибиотици, кардиоваскуларни заболувања, компликации поврзани со дијабетес.


3. ТХЦВ - Тетрахидроканабиварин (THCV – Tetrahydrocannabivarin)

Предклиничките докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на THCV за третман на: Дебелина, дијабетес тип 2, Алцхајмерова болест, остеопороза, Паркинсонова болест, епилепсија, анксиозност, ПТСН.


4. ЦБН - Канабинол (CBN – Cannabinol)

Клинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на CBN за третман на нарушувања на спиењето. Предклинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на CBN за третман на: Бактериска инфекција отпорна на антибиотици, болка, алергиски заболувања на дишните патишта, Кронова болест, ревматоиден артритис, губење апетит, напади.


5. ЦБГ - Канабигерол (CBG – Cannabigerol)

Клинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на CBG за третман на: псоријаза и егзема. Предклинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на CBG за третман на: глауком, невропатска болка, бактериска инфекција отпорна на антибиотици, воспалителни болести на цревата, Улцерозен колитис, Кронова болест, мултиплекс склероза, повеќекратни карциноми, автоимун енцефаломиелитис, губење апетит, анорексија и булимија.


6. ЦБЦ - Канабихромен (CBC – Cannabichromene)

Предклинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на ЦБЦ за лекување на: разни видови на рак, остеоартритис, воспаление (кога се комбинираат со ТХЦ), акни, депресија (кога се комбинираат со ТХЦ и ЦБД). Една студија во 1981 година покажа дека ЦБЦ беше вториот најистакнат канабиоид пронајден во канабисот.







Својствата на најпопуларните канабиноиди од конопот

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА:













Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Hempedification

No comments:

Post a Comment