Showing posts with label Америка. Show all posts
Showing posts with label Америка. Show all posts

Wednesday, June 6, 2018

Шокантни вести: Големата фарМАФИЈА ќе изгуби 18,5 милијарди долари ако сите 50 американски држави ја легализираат медицинската марихуана!


Фармацевтските компании се едни од економски највлијателните ентитети во САД и следствено и во американскиот закон. Не е тајна дека Големата фармација лобирала против легализација на медицинска (и рекреативна) марихуана, бидејќи тие изгубиле значителен износ на пари


Државите кои го легализираат медицинскиот канабис веќе ги гледаат ефектите: употребата на лекови на рецепт е намалена во просек за 11 проценти. Националните академии на науките ги следат состојбите кои се најефективно лекувани со медицинска марихуана и скоро сите од нив имаат високо профитни рецепти. Меѓу состојбите се: глауком, хронична болка, нервни заболувања / болка, посттрауматско стресно нарушување, анксиозност, нарушувања на спиењето и гадење / повраќање поврзано со хемотерапија.


Big Pharma е неверојатно моќна и профитабилна индустрија. Додека загубите од 18,5 милијарди долари во период од три години може да изгледаат огромни, „медицинскиот канабис би бил капка во кофата кога станува збор за влијанието врз целокупната фармацевтска индустрија“ - смета Џаџа Агирре Де Карсер (Giadha Aguirre De Carcer), основач и извршен директор на New Frontier Data.


Автор и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Ushealthmagz

Tuesday, February 13, 2018

Шокантната вистина за CIA која го користела канабисот како „серум на вистината“

Врската помеѓу разузнавачките агенции и конопот постои од пред формирањето на ЦИА во 1947 година. Уште оттогаш, ЦИА јавно ја осуди марихуаната, но во приватни цели користеше канабис за широк спектар на употреби, па дури и наводно отиде дури до создавање свои сопствени врсти канабис! Ако сте расположени да дознаете повеќе за активностите на тајните служби врз марихуаната, Ви препорачуваме да сролате еден, да си направите кафе со додаток на млеко од канабис или чај од канабис, да го запалите, да седнете и да го прочитате внимателно овој текст, а потоа се разбира да го споделите по социјалните мрежи за секој да може бесплатно да се информира и да ужива


ЦИА ги испрашувала криминалците под дејство на канабис
Вмешаноста на ЦИА во индустријата за канабис е преголема! Централната разузнавачка агенција (The Central Intelligence Agency - CIA) отсекогаш била прикажана како таинствена организација. Сите нејзини активности се задачи класифицирани  како врвна тајна, па затоа е природно дека е поврзана со разни чудни настани, како што е атентатот на Џон Ф. Кенеди. Додека мнозинството од овие теории на заговор се неосновани глупости, ние откриваме мала туфка од вистината.


ЦИА користела коноп како „СЕРУМ НА ВИСТИНАТА“

За време на Втората светска војна, претходникот на ЦИА, Канцеларијата за стратешки услуги (Office of Strategic Services - OSS), започна активно да бара лекови што би можеле да ги користат за да ги испрашуваат затворениците. Од Националниот истражувачки совет беше побарано да го разгледаат прашањето и формираа комисија во која се вклучи и комесарот на Федералното биро за наркотици (Federal Bureau of Narcotics - FBN), Хари Анслингер (Harry Anslinger). Анслингер беше креатор на ужасната антипропагандна кампања „Reefer Madness“.

FBN ги обезбеди научниците на OSS со неколку лекови, а тимот се фокусира на активното соединение во марихуаната наречено тетрахидроканабинол ацетат (tetrahydrocannabinol acetate). OSS се надеваше дека соединението воконопот ќе делува како „вистински серум“, но не беше баш така. Меѓутоа, тие направија затворениците да бидат надувани и релаксирани и да им го одвлечат вниманието до точка кога сослушувачите беа во можност да ги извлечат информациите од нив повремено.

Вработен во ФБН и ОСС, Џорџ Вајт (George White), стана клучен дел од потрагата по сигурен „серум на вистината“. Во мај 1943 година, ОСС и ФБН ја тестираа супер тревата на Вајт, која очигледно го зашеметила. Една од целите на програмата беше да открие кои шверцери на дрога им помагаа на нацистите во Франција и кои беа дел од отпорот. Вајт потоа ја тестирал својата трева на мафијашот со име Август Дел Грацио (August Del Grazio).

Според писателот на „Силата на волкот“ (The Strength of the Wolf) од Даглас Валентин (Douglas Valentine), тревата функционирала неверојатно добро, додека Дел Грацио открил извонреден број информации за трговијата со дрога. Валентин тврдел дека деталите биле толку извонредни што ОСС ги уредувала во документите пред нивното ослободување децении подоцна. После тоа, OSS ја користеше супер тревата за нацистичките затвореници, а потоа продолжи со користење на овој природен лек врз луѓето до 1947 година. Но, на крајот, беше утврдено дека тревата не е сигурен „серум на вистината“.


Експериментите на ЦИА
ЦИА, наводно, помогнала да шверцува марихуана во САД во доцните 1970-ти

Ова тврдење го направи Гери Веб (Gary Webb), новинар добитник на Пулицеровата награда, која еднаш ја опиша ЦИА како „Агенција за увоз на кокаин“. Иако честопати се сугерираше дека ЦИА им помагала на шверцерите на кокаин во 1980-тите, помалку се споменува за увоз на канабисот во доцните 1970-ти. Според Webb, ЦИА била силно вклучена во нарко кругот Mike Palmer во Детроит. Кога Палмер бил фатен и уапсен во Колумбија, било во 1979 или 1980 година, беше регрутиран како пилот за Contras. Додека работел за ЦИА, Палмер продолжил со шверцот на марихуана за Contras, во она што федералниот обвинител на Детроит го нарекол „најголемиот марихуански круг“ во САД. Потоа, во 1988 година, Палмер изјави во Сенатот дека неговата фирма има договор со Стејт департментот да пренесат облеката во Contras во Никарагва уште во 1986 година, кога работел како прикриен агент како шверцер на дрога за ДЕА и Царината на САД. Тој негираше дека е агент на ЦИА, но признал дека шверцувал околу 40 милиони долари во трева од Јужна Америка во САД во период од осум години.


Разликата е повеќе од очигледна!
ЦИА создаде „лажен (fake) синтетички канабис“

Во 1970-тите, ЦИА започнала програма за злоупотреба на дрога која ечеше во САД. Единствениот проблем беше тревата што ја користеа во нивната „кабина за злоупотреба на дрога“ беше лажна - не само што штандот го отпушти мирисот на марихуана, туку имаше и наводна вреќичка што луѓето можеа да ја помирисаат. Во реалноста, овој псевдо-канабис беше развиен од страна на лекарите на ЦИА. Причината беше едноставна: на ЦИА ѝ беше кажано дека не може да пренесе вистинска марихуана низ државните граници, кога се обиде да ја доведе на увидот на конвенцијата на Американското лекарско здружение. Како резултат на тоа, тие создадоа лажен коноп кој изгледаше и мирисаше како вистинскиот; можете дури и да го согорите. Тие не биле свесни дека сето тоа било тотално бескорисно за научни истражувања, затоа што тоа не е природното растение канабис. Ете кој ги создава и распространува синтетичките дроги...


Врстата Г-13
Дали ЦИА ѝ помогна на Владата да расте Г-13?

Никој не го знае вистинското потекло на врстата на канабис Г-13, што е обвиткана во мистерија како самата ЦИА. Некои луѓе велат дека ретката авганистанска индика, наводно, потекнувала од 1970-тите откако била ослободена од владина истражувачка установа на Универзитетот во Мисисипи. Другите податоци укажуваат на тоа дека заедно со ФБИ и други слични агенции, ЦИА помогна да се соберат најдобрите видови на марихуана од одгледувачите ширум планетата, со цел да се создаде „супер врста“. Се сомневаме дали ова е 100% вистина, но едно е сигурно; практично е невозможно да ја пробате оригиналната врста Г-13. 

Треба да се биде внимателен кога се кажува нешто негативно за ЦИА. На крајот на краиштата, тоа е моќна владина агенција со огромен дофат. Сепак, не треба да им се дозволи да вршат одредени дела без на штета на населението и да го лишуваат истото од лекот за рак, да го прогласуваат за дрога, а самите да го користат за лични експерименти. Фактот на ова прашање е дека историјата на ЦИА поврзана со марихуаната е фасцинантна; од користење на соединенијата од конопот за извлекување на информации од затвореници и криминалци, за очигледно да го помагаат криумчарењето во земјата. Се прашувам што нашава Влада крие од нас за канабисот и зошто толку упорнио сака да ги уапси активистите, да ги стави во затвор и да ни ги затвори устите на оваа тема?!?

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Marijuanabreak.com

Friday, September 8, 2017

Историјата на канабисот во Африка и Америка

Канабисот во Африка

Африка е позната по употреба на коноп!
За канабисот и конопот постојат многу интересни и непознати факти! Во Африка има долга традиција на пушењето на билката канабис во тиквички и се користи како антисептик, како и третман за хидрофобија, делириум тременс (мамурлак), инфантилни конвулзии, невралгија, колера, породилни болки, третирање хемороиди, ревматизам и т.н. Имаше и неколку култови посветени на растението. Во 1884 година, кралот на племето Балука воспоставил „riamba“ или култ за пушење на канабис, наместо обожување на фетиши. Башиленгевото племе се нарекувало Бена Риамба (Bena Riamba) или „синови на конопот“ и се поздравувале со зборот „мојо“ (moio), што значи „коноп“ и „живот“. Ниту еден важен настан не беше донесен без употреба на канабис, започнувајќи од војните, па сè до трговските договори.


Америка во раните години

Знамето направено било од коноп
Во 1607 година, беше основана колонијата на Џејмстаун (Jamestown), Вирџинија. Помалку од 12 години подоцна, беше донесен првиот закон за коноп, кој задолжително налагаше одгледување на конопот за производство на растителни влакна (fibrous hemp). Други задолжителни закони заодгледување беа донесени во Масачусетс, Конектикат и Чесапик колониите. Луѓето, всушност, беа затворани во затвор затоа што не растеле коноп! Конопот таму и во тоа време се сметаше за форма на богатство, луѓето дури и можеле да ги платат даноците со него.

...напишана на хартија од коноп!
За време на Американската револуција, првиот нацрт на Декларацијата за независност беше напишан на хартија од коноп, а првото американско знаме беше исто така направено од конопно платно. Американската фармакопеја од 1851 година дури и го навела како лек кој е ефикасен во лекувањето на бројни болести. До крајот на 1800-тите години, канабисот беше честа состојка во многу лекови, често како тинктура или екстракт. Потоа злонамерниот Хари Анслингер (Harry Anslinger) првиот Комесар на Федералното биро за наркотици, во 1937 година го демонизираше ова растение и го направи нелегално. Остатокот, како што велат, е (забранета) историја. Дојде време за конопот повторно да се врати на полињата!!!


Автор: К. К.
Извор: HERB