Showing posts with label платно. Show all posts
Showing posts with label платно. Show all posts

Saturday, March 9, 2019

Новата конопна облека на Levi’s користи помалку вода за одгледување и дава чувство „исто како и памукот“

Што да облечам денес? Јас повеќе не сакам да носам токсични материјали, кои ја загадуваат животната средина! Јас сакам да носам облека од коноп, која е многу потрајна и поеколошка од памучната! Levi Strauss & Co. создаде нова линија на облека направена од коноп која „дава чувство како да е од памук“ Облекувај се еколошки! LEVI’S® WELLTHREAD™ X OUTERKNOWN ви го презентираат „памучниот коноп“!


Конопот бара многу помалку вода и земјиште во вегетативната фаза и има околу половина од јаглеродниот отпечаток на конвенционално израснат памук, но за жал сè уште нема широка примена во индустријата за облека и обувки, заради тоа што е малку погруб од памукот, но потраен... Фармерките направени од коноп се најиздржливите. Првите Levi's фармерки биле произведувани токму од коноп, сè додека не се изврши притисокот ткаенините да се произведуваат исклучиво од памук. За среќа сега повторно, компанијата Levi’s има започнато процес развиен од специјалисти за фибер технологија, кој го омекнува конопот, давајќи му изглед и чувство како „речиси да не се разликува од памукот“ - вели компанијата. 

Новите конопни облеки од колекцијата „Wellthread x Outerknown“ пролет/лето вклучуваат фармерки и камионџиски јакни. Тие се направени од 70/30 мешавина од коноп/памук. Конопот е добиен со наводнување од дождовница, со намалена употреба на вода за одгледување на растителните влакна за околу 30%. Овој материјал, компанијата на својата страница вели дека може да се нарече cottonized-hemp - „памучен коноп“. Одржливата компанија за облека Outerknown го разви третманот за омекнување на конопот, кој се користеше во колекцијата Wellthread. Левис вели дека повеќе парчиња облека ќе го користат материјалов во наредниот период. 

Новата колекција, исто така, вклучува и шорцеви за бордање од самостојни најлонски влакна, во кои сите материјали - ткаенината, јадрото, рабовите - се направени од најлон и затоа можат целосно да се рециклираат - „со што се постигнува можноста за рециклирање во затворен циклус, што долго време беше избегнувано од страна на компаниите за облека“ - велат Левис. Уште во 2015 година американскиот премиум џинс бренд Hemp Blue започна со производство на тексас од коноп. Колекцијата на Левис Wellthread исто така, лансирана во 2015 година, е создадена со безводна технологија на боење, која користи до 70% помалку вода во споредба со конвенционалното индиго фарбање. 

Колекцијата Wellthread x Outerknown започна минатата есен. Линијата вклучува кошули, фармерки и јакни што обезбедува колку што е можно повеќе можност за рециклирање, велат двете сплотени компании. На пример, ватираната камионџиска јакна, има повеќебоен внатрешен облик направен од механички рециклиран памук. Надворешноста од тексас материјал е вткаена со Tencel x Refibra, влакно произведено од дрвени извори од одговорно управувани шуми и хемиски рециклирани памучни остатоци. Outerknown е компанија за облека којашто се занимава со продажба на облека за сурфање направена од еколошки суровини, стартувана во 2015 година со филозофијата на правење на работите на „вистинскиот начин“. 


Вестерн кошула: изработена од памучно-конопна мешавина
Со своето мото „People and Planet“ (Луѓе и Планета), компанијата се фокусира на создавање на облека направена одржливо и го признава фактот дека таквата облека мора да има поголема цена. „Ние градиме многу профитабилен бизнис од клиенти, кои не само што ќе плаќаат повеќе за склопот на влакна, туку само ќе носат работи кои ги користат преферираните влакна“ - рече Марк Вокер (Mark Walker), извршниот директор на компанијата. Индустријата за облека сè повеќе се преиспитува за својата одржливост (или недостиг од неа), од употребата на суровини, преку производствениот процес, па сè до пласманот на пазар. Практиките што можеби се игнорирале во минатото - со употреба на токсични хемикалии, нееколошки материјали - ги поттикнуваат брендовите да прават позитивни промени за подобрување на иднината на човештвото и спас на планетата. 

Везена камионџиска јакна: изработена од памучно-конопна смеса
Освен Levi's, дел од компаниите кои се чини дека практикуват одржливост кон еколошки одговорни иницијативи се: C&A, The North Face, Timberland и Vans.


„ПОДОБРО ЗАЕДНО“ - велат тие!

Оваа сезона, ќе ги видите овие принципи отелотворени во лежерна и лесна колекција. Во дел од тековната соработка со Калифорнискиот бренд за сурфање Outerknown, ќе најдете потполно рециклирани, 100% најлонски шорцеви за бордање, маички направени од рециклирани фармерки, стилска везена вестерн кошула, камионџиска јакна и 511™ Slims направени од памучен коноп и завршени со користење на нашите технологии Water<Less®“ - велат Levi's на нивната официјална Веб страница.


„НАСТРАНА ОД ПАМУКОТ“

Воведувањето на памучниот коноп е од огромно значење. Не само за оваа колекција, туку за целата индустрија. Додека конопните култури користат значително помалку вода со помалку од половина од јаглеродниот отпечаток, до сега, тоа даваше груба текстура, поблиска до ленот, отколку до памукот. За да го решиме ова, соработувавме со специјалисти за фибер-технологија за да создадеме процес на „памукување“ (cottonization - котонизација) кој ќе ги омекне влакната - користејќи многу малку енергија или хемиска обработка - за да го направи да изгледа и, што е уште поважно, да дава чувство кое речиси не може да се разликува од памукот. Иновативниот развој на овој коноп хранет со дожд овозможува да биде вткаен како памукот во вашите фармерки - исто одлично чувство, многу помалку вода“ - заклучуваат тие.




Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: Environmentalleader, Levi

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:







* * *






Monday, February 26, 2018

Малку забранета историја: Канабисот и војната во 1812 година

Продолжуваме со фељтонот „Малку забранета историја“. Овој пат за употребата на канабисот во текстилната индустрија во не така далечното минато. Со оваа историја за Наполеон сфаќам зошто историјата на училиште секогаш ми била супер досадна и зошто само малку е кажано за овој француски војсководец и освојувач

Наполеон Бонапарте имал потреба од коноп
Секој пат сè повеќе и повеќе се восхитувам на преширокиот ранг на употреба на ова растение. За сè она за што може да го користиме, а тоа да е одржливо и во целосна согласност со природата. Преку оваа приказна, канабисот уште еднаш се докажува како УНИВЕРЗАЛНО растение. Приказната за Наполеоновите војни и војната од 1812 година е длабоко испреплетена со приказната за конопот.


Долги векови, Русија била најголемиот светски производител на текстил од канабис. И покрај растечкиот број на фарми и млинови за канабис во Канада, во раните 1800тини моќната морнарица на Велика Британија сè уште била зависна од јажиња и едра направени од канабис во Русија. Како што Наполеон завземал се поголема моќ во Франција, Британија ја блокирала Европа со нејзината помоќна морнарица, прекинувајќи ја целата Атлантска трговија на континентот со контролата која ја вршела преку Британскиот Канал и Гибралтарскиот Проток.


Франција сега се обидува да ги ублажи законите! КЛИКНИ!
Немоќен да победи по морски пат, Наполеон пробал да ја победи Британската морнарица забранувајќи ја цела Европска трговска соработка со Британија, со цел да го прекине нивното снабдување со канабис и економски да ја изолира земјата. За да се спаси од трговската забрана, Британија понекогаш ги заробувала Американските бродови и ги присилувала да се снабдат со Руски канабис и да го доведат во Англија. Русија не можела да се придржува кон ембаргото долго време бидејќи индустријата за канабис била многу важна за нивната економија.


Наполеон тогаш за да ја запри Британската морнарица од снабдување на канабисови јажиња и едра ја започнал катастрофалната инвазија на Русија во 1812 година. Америчката морнарица била изградена од домашно израснат канабис сработен со робовски труд. Изнервирани од Британското насилно превземање на навните бродови, нивната блокада за Европа и гледајќи можност да ја прошират нивната територија, САД им објавиле војна на Британија и пробале да упаднат во Канада во 1812 година, која сè уште го појачувала производството на канабис за да ја задоволи побарувачката на Британија.

Канабисот е дефинитивно универзално растение... -

Извор: Cannabisculture

Friday, September 8, 2017

Историјата на канабисот во Африка и Америка

Канабисот во Африка

Африка е позната по употреба на коноп!
За канабисот и конопот постојат многу интересни и непознати факти! Во Африка има долга традиција на пушењето на билката канабис во тиквички и се користи како антисептик, како и третман за хидрофобија, делириум тременс (мамурлак), инфантилни конвулзии, невралгија, колера, породилни болки, третирање хемороиди, ревматизам и т.н. Имаше и неколку култови посветени на растението. Во 1884 година, кралот на племето Балука воспоставил „riamba“ или култ за пушење на канабис, наместо обожување на фетиши. Башиленгевото племе се нарекувало Бена Риамба (Bena Riamba) или „синови на конопот“ и се поздравувале со зборот „мојо“ (moio), што значи „коноп“ и „живот“. Ниту еден важен настан не беше донесен без употреба на канабис, започнувајќи од војните, па сè до трговските договори.


Америка во раните години

Знамето направено било од коноп
Во 1607 година, беше основана колонијата на Џејмстаун (Jamestown), Вирџинија. Помалку од 12 години подоцна, беше донесен првиот закон за коноп, кој задолжително налагаше одгледување на конопот за производство на растителни влакна (fibrous hemp). Други задолжителни закони заодгледување беа донесени во Масачусетс, Конектикат и Чесапик колониите. Луѓето, всушност, беа затворани во затвор затоа што не растеле коноп! Конопот таму и во тоа време се сметаше за форма на богатство, луѓето дури и можеле да ги платат даноците со него.

...напишана на хартија од коноп!
За време на Американската револуција, првиот нацрт на Декларацијата за независност беше напишан на хартија од коноп, а првото американско знаме беше исто така направено од конопно платно. Американската фармакопеја од 1851 година дури и го навела како лек кој е ефикасен во лекувањето на бројни болести. До крајот на 1800-тите години, канабисот беше честа состојка во многу лекови, често како тинктура или екстракт. Потоа злонамерниот Хари Анслингер (Harry Anslinger) првиот Комесар на Федералното биро за наркотици, во 1937 година го демонизираше ова растение и го направи нелегално. Остатокот, како што велат, е (забранета) историја. Дојде време за конопот повторно да се врати на полињата!!!


Автор: К. К.
Извор: HERB