Showing posts with label зглобови. Show all posts
Showing posts with label зглобови. Show all posts

Wednesday, August 15, 2018

Канабисот го спречува воспалението и болката кај ревматоидниот и остеоартритисот

Канабиноидите ги активираат ЦБ2 рецепторите што резултира со мутирање на воспалителниот одговор кај ревматоидниот и остеоартритисот. Канабисот ја ублажува болката од ревматоидниот артритис и остеоартритисот. Канабиноиди, како ТХЦ и ЦБД делуваат како антивоспалителни агенти за намалување на потеченоста и болката на зглобовите кај пациенти со артритис


Зголемен е бројот на лабораториски истражувања на клетки ин витро и на животни ин виво кои докажуваат дека канабиноидите имаат терапевтски ефект кај ревматоиден артритис и остеоартритис. Овие два типа на артритис се одликуваат со исто оштетување и воспаление на синовиумот од зглобовите. Ревматоидниот артритис се карактеризира со автоимун одговор кој го влошува воспалението и оштетувањето на зглобот. Кај ремватодиниот артритис, воспалувањето на ткивото предизвикува абнормален раст на клетките синовиоцити слични на фибробласт Fibroblastlike Synoviocytes (FLSs). Овие клетки продуцираат голем број на провоспалителни протеини, односно цитокини и матрикс металопротеази. Цитокините кои се појавуваат при прогресија на ревматоидниот артритис се интерлеукините и туморо-некрозниот фактор.


Зголемениот број на овие провоспалителни сигнали поттикнуваат автоимун одговор во кој имуните т-клетки влегуваат во зглобот. Овие имуни клетки продуцираат уште повеќе провоспалителни цитокини што само придонесува до поголемо воспаление и зглобот почнува да се рони, поради формирањето на остеокласти (повеќе јадрени коскени клетки кои го апсорбираат коскеното ткиво при растење и закрепнување), а со тоа се уништува и `рскавицата. ЦБ2 рецепторите, анандамидот и 2-арахидоноилглицерол (2-АГ) се среќаваат во коскените ткива кај пациенти со артритис, но не од здрав аспект. Анандамидот и 2-АГ се произведуваат природно во телото, а овие податоци сугерираат дека ЕКС (ендоканабиноидниот систем) е најверојатно дел од антивоспалителната фидбек врска. Дејствувањето врз рецепторите на ЕКС може да се засили антивоспалителниот ефект и да се третираат двата вида на артритис.


Еве неколку примери на кој начин канабиноидите се докажале како ефективен третман за артритис:

* Го подобруваат антивоспалителниот одговор на нашиот ЕКС;
* Антивоспалителниот одговор е поттикнат со активација на ЦБ2 рецепторите. Ова помага при за време на лекувањето бидејќи овие рецептори не се асоцирани со психотропниот ефект на канабисот;
* Го намалува одговорот на имуните клетки;
* Спречување на нервно оштетување;


* Сигнализирачката патека на ЦБ2 игра улога во имуниот одговор на ремватоидниот артритис влијаејќи врз Т-клетките на повеќе начини. На пример, канабиноидите кои се врзуваат за ЦБ2 рецепторите на Т-клетките ја намалуваат продукцијата на цитокини. Плус, канабиноидите го унапредуваат здравиот баланс на добрите (регулаторни Т-клетки кои го спречуваат воспалението) и лошите  (Т-помошни клетки кои го унапредуваат воспалението) имуни клетки. ЦБ2 патеката ја потиштува стимулацијата и миграцијата на макрофагите - друг тип на имуни клетки кои исто така играат деструктивна улога кај ревматодиниот артритис.


Истражувања на стаорци без ЦБ2 рецептори покажале зголемена продукција на остеокласти. Активирањето на сигнализирачки патеки преку ЦБ2 рецепторите исто така го намалило создавањето на остеокласти. Ова е поврзано со антивоспалителниот ефект бидејќи остеокластите се добиваат од макрофагите. Цитокините и другите сигнали добиени при имуниот одговор го помагаат преминот на макрофаги во остеокласти. Затоа, третманот на артритис со канабис може да го смири автоимуниот одговор, да го намали воспалението на зглобот и да го забави темпото на губење на коските и оштетување на зглобот кај ревматоидниот и остеоартритисот. Покрај тоа што кај артритис се препорачува секојдневно мачкање со маст во која има изобилство од активните состојки, пожелно е организмот да се среди и внатрешно со консумирање на домашно подготвено масло додека не се доведе дијагнозата под контрола.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 

* Медицинска марихуана против акутни болки - студија

Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Rxleaf

Thursday, April 26, 2018

Канабисот помага во заздравувањето на скршените коски!

Повторно физиолошки аспект на канабисот! Според неколку истражувања, одредени компоненти од канабисовото растение можат да го подобрат здравјето на коските со свртување на правецот на процесите на оштетување на коските, регулирајќи ја регенерацијата на коскеното ткиво, па дури и со забрзување на залекувањето на скршениците


Канабис за појаки коски! ;)
Истражувачите откриле дека канабиноидите взаемно делуваат преку ендоканабиноидниот систем на начин кој помага за регулирање на клеточната функција во човековото тело. Во 2009 година, истражување од Шкотска спроведено на стаорци заклучило дека додавањето на канабиноиди како делта (9)-тетрахидроканабинол (ТХЦ) и канабидиол (ЦБД) помага да се регулира коскениот метаболизам, бидејќи во коските се произведуваат ендоканабиноиди. Ова е процес преку кој коските го регенерираат нивното ткиво заменувајќи ги старите клетки со нови - функција која ги чува коските постојано здрави и цврсти. Друго истражување објавено во 2009 година, исто така соопштило дека ТХЦ ги активира ЦБ1 и ЦБ2 канабиноидните рецептори во телото. ЦБ2 рецепторот помага при формирањето на коските и помага да се спречи коскената атрофија во поодмината возраст, ова е од особена важност за старите лица кои страдаат од остеопороза.

Додека најголемиот број истражувања на тема канабис и здравје на коските и лекувањето на фрактурите се фокусира на способноста на канабиноидите проактивно да го регулираат здравјето на коските, едно истражување од 2015 година отркило дека администрацијата на канабис може да помогне побрзо и поуспешно да заздрават и скршените коски. Истражувањето било спроведено од истражувачи од Универзитетот во Тел Авив и Хебрејскиот Универзитет во Израел и објавено во Весникот за истражување на коски и минерали (Journal of Bone and Mineral Research). Сепак, бидејќи истражувањето било спроведено на стаорци, тешко е да се каже дали овие резултати важат и за луѓето. Дури и авторите на истражувањето го тврдат тоа бидејќи ова е прво истражување на оваа тема, плус спроведено е врз стаорци и рано е да се извлечат цврсти научни заклучоци, иако праксата одамна го потврди ова.


Ова е чест правец во истражувањата за канабис кои долго време тешко е да се спроведат поради бариерите од статусот кој го има канабисот во групата на криминализирани контролирани супстанции. Поново истражување од 2017 година при кое биле вклучени луѓе и ја тестирале врската меѓу употреба на канабисот и густината на коскена маса, не нашло голема поврзаност. Но, постоечкото истражување за потенцијалната улога на канабисот во здравјето на коските ветува за одредени канабисови активни компоненти, посебно ЦБД, дека помагаат во одржување на здравјето на коските и при ретроактивен третман на скршениците. Додека е многу рано да тврдиме, овие рани истражувања сугерираат дека канабисот поседува други многу корисни примени за човековото здравје и благосостојба.

„Како што со радозналост и радост ги откривам благодетите на ова свето растение со секој нов ден, мојата восхит и понизност пред ова растение растат со секое ново изгрејсонце“ - Ваш Никола <3

Слика 1:

Медицинска сестра подготвува инјекција со канабис за пациент во болничкиот центар Хадарим на 9 март, 2011 година. Во сојуз со Министерството за здравство во Израел, компанијата Тиком Олам дистрибуира канабис за медицински цели за повеќе од 1800 луѓе во Израел.

Слика 2: 

Израелци работат во стаклената градина „Здивот на животот“ во втората по големина плантажа за медицински канабис во Израел, во Кфар Пинес, северен Израел на 9ти март 2016 година. Рекреативната употреба е забранета во Израел, но во последните 10ина години неговата терапевтска употреба не е само дозволена и распространета на повеќе дијаднози (листата постојано се проширува), туку е и охрабрена. Во 2017, докторите им дале трева на рецепт на околу 25.000 пациенти со: рак, епилепсија, пост-трауматичен стрес и дегенеративни болести. Првична цел е ублажување на симптомите. Иако им е забрането да го извезуваат канабисот, Израел ги фокусира агрономската, медицинската и технолошката експертиза на растението во маркетингот со надеж да стане светско катче на ова поле.



Извор: HERB

Wednesday, March 22, 2017

Патрик Стјуарт откри дека користи канабис за да го третира својот артритис

Легендарниот актер од „Star Trek“ Патрик Стјуарт (Patrick Stewart) неодамна јавно откри дека користи канабис за да го третира својот артритис. 76-годишниот актер имаше многу проблеми со болки во рацете поради артритис до пред две години, т.е. до пред да се сретне со својот доктор во Лос Анџелес. Актерот сега изјавува дека спрејот базиран на канабис, маста и капсулите коишто тој ги купува легално, за него претставуваат чудесен лек!

Patrick Stewart се лекува со канабис!
Пред две години во Лос Анџелес бев прегледан од страна на лекар и ми беше даден рецепт со кој добив легална дозвола за набавка од регистриран пункт за производи базирани на канабис и бев советуван дека тоа може да ми помогне со мојот орто артритис во двете раце. Ова е, се чини генетски базирана здравствена состојба. Мојата мајка имаше лошо изобличени и болни раце. Јас си купив маст, спреј и лековити колачи. Маста, додека ми даваше одредено олеснување од неудобноста, беше премрснa за да ја користам преку ден, па затоа ja користам само навечер. Тaа ми помага да заспијам како што се редуцира болката“ - изјавува Патрик.


Немав никакви негативни споредни ефекти...


Спрејот, како и да е, е повеќе употреблив и јас ги прскам моите прсти и особено зглобовите на моите палци неколку пати во денот. Спрејот многу брзо испарува и ги остава моите раце доста суви, со нежно чувство на пецкање, кое не е непријатно. Верувам дека маста и спрејот значително ја намалија вкочанетоста и болката во моите раце. Можам да стискам тупаници, што не можев пред да почнам со овој третман.“ - додава тој.

Немав никакви негативни споредни ефекти од овој третман“ - изјавува Патрик, а замената на алтернативниов третман со канабис би било земање на синтетички фармацевтски лекови како NSAID’s, Advil, Aleve и Naproxen, кои се познати по своите негативни ефекти врз црниот дроб. „Како резултат на ова искуство, јас со ентузијазам го поддржувам планот за истражување на канабисот на Oxford Универзитетот (Oxford University Cannabis Research Plan). Верувам дека оваа програма за истражувања може да резултира со придобивки за луѓето како мене, како и милиони други“ - заклучува тој.

Извор: Fox News