Канабиноидите ги активираат ЦБ2 рецепторите што резултира со мутирање на воспалителниот одговор кај ревматоидниот и остеоартритисот. Канабисот ја ублажува болката од ревматоидниот артритис и остеоартритисот. Канабиноиди, како ТХЦ и ЦБД делуваат како антивоспалителни агенти за намалување на потеченоста и болката на зглобовите кај пациенти со артритис
Зголемен е бројот на лабораториски истражувања на клетки ин витро и на животни ин виво кои докажуваат дека канабиноидите имаат терапевтски ефект кај ревматоиден артритис и остеоартритис. Овие два типа на артритис се одликуваат со исто оштетување и воспаление на синовиумот од зглобовите. Ревматоидниот артритис се карактеризира со автоимун одговор кој го влошува воспалението и оштетувањето на зглобот. Кај ремватодиниот артритис, воспалувањето на ткивото предизвикува абнормален раст на клетките синовиоцити слични на фибробласт Fibroblastlike Synoviocytes (FLSs). Овие клетки продуцираат голем број на провоспалителни протеини, односно цитокини и матрикс металопротеази. Цитокините кои се појавуваат при прогресија на ревматоидниот артритис се интерлеукините и туморо-некрозниот фактор.
Зголемениот број на овие провоспалителни сигнали поттикнуваат автоимун одговор во кој имуните т-клетки влегуваат во зглобот. Овие имуни клетки продуцираат уште повеќе провоспалителни цитокини што само придонесува до поголемо воспаление и зглобот почнува да се рони, поради формирањето на остеокласти (повеќе јадрени коскени клетки кои го апсорбираат коскеното ткиво при растење и закрепнување), а со тоа се уништува и `рскавицата. ЦБ2 рецепторите, анандамидот и 2-арахидоноилглицерол (2-АГ) се среќаваат во коскените ткива кај пациенти со артритис, но не од здрав аспект. Анандамидот и 2-АГ се произведуваат природно во телото, а овие податоци сугерираат дека ЕКС (ендоканабиноидниот систем) е најверојатно дел од антивоспалителната фидбек врска. Дејствувањето врз рецепторите на ЕКС може да се засили антивоспалителниот ефект и да се третираат двата вида на артритис.
Еве неколку примери на кој начин канабиноидите се докажале како ефективен третман за артритис:
* Го подобруваат антивоспалителниот одговор на нашиот ЕКС;
* Антивоспалителниот одговор е поттикнат со активација на ЦБ2 рецепторите. Ова помага при за време на лекувањето бидејќи овие рецептори не се асоцирани со психотропниот ефект на канабисот;
* Го намалува одговорот на имуните клетки;
* Спречување на нервно оштетување;
* Сигнализирачката патека на ЦБ2 игра улога во имуниот одговор на ремватоидниот артритис влијаејќи врз Т-клетките на повеќе начини. На пример, канабиноидите кои се врзуваат за ЦБ2 рецепторите на Т-клетките ја намалуваат продукцијата на цитокини. Плус, канабиноидите го унапредуваат здравиот баланс на добрите (регулаторни Т-клетки кои го спречуваат воспалението) и лошите (Т-помошни клетки кои го унапредуваат воспалението) имуни клетки. ЦБ2 патеката ја потиштува стимулацијата и миграцијата на макрофагите - друг тип на имуни клетки кои исто така играат деструктивна улога кај ревматодиниот артритис.
Истражувања на стаорци без ЦБ2 рецептори покажале зголемена продукција на остеокласти. Активирањето на сигнализирачки патеки преку ЦБ2 рецепторите исто така го намалило создавањето на остеокласти. Ова е поврзано со антивоспалителниот ефект бидејќи остеокластите се добиваат од макрофагите. Цитокините и другите сигнали добиени при имуниот одговор го помагаат преминот на макрофаги во остеокласти. Затоа, третманот на артритис со канабис може да го смири автоимуниот одговор, да го намали воспалението на зглобот и да го забави темпото на губење на коските и оштетување на зглобот кај ревматоидниот и остеоартритисот. Покрај тоа што кај артритис се препорачува секојдневно мачкање со маст во која има изобилство од активните состојки, пожелно е организмот да се среди и внатрешно со консумирање на домашно подготвено масло додека не се доведе дијагнозата под контрола.
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
* Медицинска марихуана против акутни болки - студија
Еве неколку примери на кој начин канабиноидите се докажале како ефективен третман за артритис:
* Го подобруваат антивоспалителниот одговор на нашиот ЕКС;
* Антивоспалителниот одговор е поттикнат со активација на ЦБ2 рецепторите. Ова помага при за време на лекувањето бидејќи овие рецептори не се асоцирани со психотропниот ефект на канабисот;
* Го намалува одговорот на имуните клетки;
* Спречување на нервно оштетување;
* Сигнализирачката патека на ЦБ2 игра улога во имуниот одговор на ремватоидниот артритис влијаејќи врз Т-клетките на повеќе начини. На пример, канабиноидите кои се врзуваат за ЦБ2 рецепторите на Т-клетките ја намалуваат продукцијата на цитокини. Плус, канабиноидите го унапредуваат здравиот баланс на добрите (регулаторни Т-клетки кои го спречуваат воспалението) и лошите (Т-помошни клетки кои го унапредуваат воспалението) имуни клетки. ЦБ2 патеката ја потиштува стимулацијата и миграцијата на макрофагите - друг тип на имуни клетки кои исто така играат деструктивна улога кај ревматодиниот артритис.
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
* Медицинска марихуана против акутни болки - студија
Автор: Никола Станчески
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Rxleaf
No comments:
Post a Comment