Повторно физиолошки аспект на канабисот! Според неколку истражувања, одредени компоненти од канабисовото растение можат да го подобрат здравјето на коските со свртување на правецот на процесите на оштетување на коските, регулирајќи ја регенерацијата на коскеното ткиво, па дури и со забрзување на залекувањето на скршениците
Канабис за појаки коски! ;) |
Истражувачите откриле дека канабиноидите взаемно делуваат преку ендоканабиноидниот систем на начин кој помага за регулирање на клеточната функција во човековото тело. Во 2009 година, истражување од Шкотска спроведено на стаорци заклучило дека додавањето на канабиноиди како делта (9)-тетрахидроканабинол (ТХЦ) и канабидиол (ЦБД) помага да се регулира коскениот метаболизам, бидејќи во коските се произведуваат ендоканабиноиди. Ова е процес преку кој коските го регенерираат нивното ткиво заменувајќи ги старите клетки со нови - функција која ги чува коските постојано здрави и цврсти. Друго истражување објавено во 2009 година, исто така соопштило дека ТХЦ ги активира ЦБ1 и ЦБ2 канабиноидните рецептори во телото. ЦБ2 рецепторот помага при формирањето на коските и помага да се спречи коскената атрофија во поодмината возраст, ова е од особена важност за старите лица кои страдаат од остеопороза.
Додека најголемиот број истражувања на тема канабис и здравје на коските и лекувањето на фрактурите се фокусира на способноста на канабиноидите проактивно да го регулираат здравјето на коските, едно истражување од 2015 година отркило дека администрацијата на канабис може да помогне побрзо и поуспешно да заздрават и скршените коски. Истражувањето било спроведено од истражувачи од Универзитетот во Тел Авив и Хебрејскиот Универзитет во Израел и објавено во Весникот за истражување на коски и минерали (Journal of Bone and Mineral Research). Сепак, бидејќи истражувањето било спроведено на стаорци, тешко е да се каже дали овие резултати важат и за луѓето. Дури и авторите на истражувањето го тврдат тоа бидејќи ова е прво истражување на оваа тема, плус спроведено е врз стаорци и рано е да се извлечат цврсти научни заклучоци, иако праксата одамна го потврди ова.
Ова е чест правец во истражувањата за канабис кои долго време тешко е да се спроведат поради бариерите од статусот кој го има канабисот во групата на криминализирани контролирани супстанции. Поново истражување од 2017 година при кое биле вклучени луѓе и ја тестирале врската меѓу употреба на канабисот и густината на коскена маса, не нашло голема поврзаност. Но, постоечкото истражување за потенцијалната улога на канабисот во здравјето на коските ветува за одредени канабисови активни компоненти, посебно ЦБД, дека помагаат во одржување на здравјето на коските и при ретроактивен третман на скршениците. Додека е многу рано да тврдиме, овие рани истражувања сугерираат дека канабисот поседува други многу корисни примени за човековото здравје и благосостојба.
„Како што со радозналост и радост ги откривам благодетите на ова свето растение со секој нов ден, мојата восхит и понизност пред ова растение растат со секое ново изгрејсонце“ - Ваш Никола <3
Слика 1:
Медицинска сестра подготвува инјекција со канабис за пациент во болничкиот центар Хадарим на 9 март, 2011 година. Во сојуз со Министерството за здравство во Израел, компанијата Тиком Олам дистрибуира канабис за медицински цели за повеќе од 1800 луѓе во Израел.
Слика 2:
Израелци работат во стаклената градина „Здивот на животот“ во втората по големина плантажа за медицински канабис во Израел, во Кфар Пинес, северен Израел на 9ти март 2016 година. Рекреативната употреба е забранета во Израел, но во последните 10ина години неговата терапевтска употреба не е само дозволена и распространета на повеќе дијаднози (листата постојано се проширува), туку е и охрабрена. Во 2017, докторите им дале трева на рецепт на околу 25.000 пациенти со: рак, епилепсија, пост-трауматичен стрес и дегенеративни болести. Првична цел е ублажување на симптомите. Иако им е забрането да го извезуваат канабисот, Израел ги фокусира агрономската, медицинската и технолошката експертиза на растението во маркетингот со надеж да стане светско катче на ова поле.
Автор: Никола Станчески
Извор: HERB
No comments:
Post a Comment