Дали знаеш дека твоето тело покрај дигестивен, циркулаторен, респираторен систем итн. има и ендоканабиноиден систем? До пред неколку месеци, не знаев ни јас. Како студент по физиологија мислев дека ги познавам клучните физиолошки системи во телото но, испадна дека грешам. Доколку не работиш во полето на медицинскиот канабис, малку е веројатно дека некој ти кажал дека постои ендоканабиноиден систем. Истиот е докажан како најважен физиолошки систем во воспоставувањето и одржувањето на човековото здравје
Тогаш, зошто само малкумина знаат за ендоканабиноидниот систем (ЕКС)?
Големата мистерија е поврзана со начинот на откривање на ЕКС. Во 1990тите, научниците пробувале да детектираат како тетрахидроканабинолот (ТНС), психоактивната супстанца од конопот, го измамува својот ефект врз телото. Тоа што го откриле била комплексна мрежа на СВ1 (канабиноидни) рецептори во централниот нервен систем (мозокот и `рбетниот мозок) кои совршено се вклопувале во ТНС молекулата. За брзо време, бил откриен и вториот вид на СВ2 рецептори во органите на имуниот систем, цревата и во повеќето од поголемите телесни органи. Но, ова било само дел од загонетката. Потрагата продолжила испитувајќи дали телото синтетизира свои канабиноидни супстанци и со идентификувањето на првиот ендоканабиноид, Анандамид (Anandamide), го имале одговорот (ананда е санскритски збор за блаженство, среќа).
Која е улогата на ендоканабиноидниот систем?
Научниците откриле дека ендоканабиноидниот систем може да го подреди најголемиот дел од нашите витални физиолошки функции воспоставувајќи баланс во спиењето, апетитот, болката, воспаленијата, сеќавањето, расположението, дури и размножувањето. Просто кажано, тој е како диригент на оркестарот кој се грижи сите делови да се во синхронија со краен резултат хармонична симфонија помеѓу телото и умот. Звучи како многу важен дел, нели? Во право си! Затоа е од витална важност да се зборува за ендоканабиноидниот систем, колку што се зборува и за имуниот систем. Овие се осумте карактеристики на апсолутно величенствениот ЕКС:
1. Човекот не е единствениот вид кој поседува ЕКС!
Не само што е откриен кај сите `рбетници, туку откриени се канабиноидни рецептори кај безрбетните туникати (сесилни морски форми од подредот Urochordata - Tunicata) со торбовидно тело обвиено со густа мембрана-туника и два отвори-сифони за влев и излев на вода) што укажува на еволутивен процес од пред 600 милиони години!!!
Невротрансмитери се сусптанци кои пренесуваат информации во телото и мозокот. Можеби најпознатите невротрансмитери се серотонинот и допаминот, но ендоканабиноидот Анандамине е исто така класифициран како невротрансмитер и неговите рецептори се најбројните во мозокот.
3. ЕКС сигнализира во обратна насока
Најголем дел од невротрансмитерите комуницираат во еден правец, од сигнализирачкиот неврон кон невронот кој ја прима информацијата (постсинаптички). Но, во ЕКС информацијата се спроведува во обратна насока и е наречена ретроградно сигнализирање. Односно, ако рецепторот е премалку или премногу стимулиран, тој сигнализира кон назад преку синапсата до почетниот неврон (предсинаптичкиот) да го смени неговото однесување создавајќи фидбек врска. Значи, наместо да ја распредели информацијата како другите невротрансмитери, тој делува како прекинувач регулирајќи ја активноста со цел да го одржи телото во хомеостаза.
4. При различни болести се зголемува активноста на ЕКС
Од невродегенеративни болести како Алцхајмер и Паркинсонова болест, па сè до ревматоиден артритис и рак, предизвикуваат промени во канабиноидните нивоа и поголема експресија на рецепторите. Оваа активност укажува на улогата на ЕКС да го врати телото повторно во еквилибриум.
Научниците забележале ослабнат ЕКС при некои состојби асоцирани со пречувствителност на болка како мигрена, фибромијалгија, болки во стомак. Синдромот е познат како „Клинички ендоканабиноиден дефицит“ и може да се корегира со ингестија на (активирани) компоненти од канабисовото растение.
6. ЕКС објаснува зошто медицинскиот канабис има терапевтски ефект
Пред да биде законски забранет во ХХ век, канабисот илјадници години бил користен за третирање на епилепсија, главоболка, артритис, депресија и гадење. Тогаш не знаеле зошто ова растение има толкава терапевтска сестраност. Оваа мистерија е расветлена со откривањето на ЕКС. Нажалост, ова отркитие се случува во време кога на мнозинството од популацијата пристапот кон канабисот им е забранет.
Според Дастин Сулак (Dustin Sulak), водечки експерт во испитување на медицинскиот канабис - „Истражувањата покажаа дека мали дози на канабиноиди од канабисот можат да му сигнализираат на телото да синтетизира повеќе ендоканабиноиди и да синтетизира повеќе канабиноидни рецептори... Верувам дека мали, редовни, дози канабис можат да делуваат како тоник на нашиот најцентрален физиолошки исцелителен систем!“.
Поздрав од авторот :) |
7. Не мора да го прекршиш законот за да го зацврстиш твојот ЕКС
Иако законот е креиран за да ги застапува интересите на Владата, корпорациите и елитата, наместо да го заштитува општото човеково добробитие, многу луѓе одбираат да бидат законски болни, наместо незаконски здрави. Но, и за нив постои варијанта. Бидејќи моментално постојат мал број на држави кои го имаат легализирано медицинскиот канабис, што мошеш друго да направиш, доколку не сакаш да го прекршиш законот?
Земи го во обѕир канабидиолот - непсихоактивна компонента од канабисот која ги намалува воспаленијата, ја смирува анксиозноста и ја намалува зачестеноста на епилептичните напади. Канабидиолот (ЦБД) се добива со екстракција од канабисовото растение кое најчесто има помалку од 0.2% ТНС и е именуван како коноп или индустриски коноп или сатива варијанти и така е возможно да биде набавен законски во форми на екстракти и тинктури во сите држави низ светов. Но, кога станува збор за посериозни дијагнози - луѓето се оставени сами на себе, на милост и немилост од страна на законот.
Друга опција е да вежбате повеќе бидејќи со пролонгирани тренинзи се зголемува нивото на ендоканабиноидот Анандамине. Исхраната исто така е важен сегмент. Зголемен внес на Омега-3 масни киселини од леново и конопово семе го стимулира ендоканабиноидниот сигнал во мозокот. Листестите зеленчуци (кале, спанаќ, аругула, кељ) го стимулираат ЕКС преку бета-кариофиленот кој го активира рецепторот на канабидиолот.
8. Многу доктори знаат премногу малку за ЕКС
Иако има централна улога во човековото здравје, ЕКС во конвенционалната медицина останува запоставен. Во 2013, спроведена е анкета во медицинските универзитети во САД во врска со тоа дали ЕКС е дел од нивната содржина во книгите по физиологија. Според резултатот, само 13% од универзитетите го предавале ЕКС на идните доктори. Во Европа пак, само на неколку универзитети во Обединетото Кралство и во Шпанија. Македонските доктори речиси не знаат ништо за ЕКС...
***
Сега кога знаеш за постоењето на ЕКС не можеш да се свртиш и да продолжиш како да не било ништо. „Пушти го муабетов“ кон сите оние во кои гледаш револуционерен дух, па и кон оние во кои не гледаш бидејќи крајно време е да почнат сите да се будат од сонот дека само со апчиња може да се спасиме. Време е ЕКС да си го добие заслуженото внимание колку од здравствениот систем толку и од јавноста! Ако си мотивиран/а да дејствуваш, прво можеш да му соопштиш на твојот матичен доктор - можеби ти ќе бидеш заслужната личност за прослетлување на твојот матичен лекар!!! Мобилизирај се веднаш! Сподели го овој текст.
Автор: Никола Станчески
No comments:
Post a Comment