Showing posts with label неврони. Show all posts
Showing posts with label неврони. Show all posts

Wednesday, May 30, 2018

Руски научници откриваат дека ендоканабиноидите се борат против епилепсија и оштетување на мозокот

Научниците претпоставуваат дека активирањето на ендогениот канабиноиден систем (сопствените канабиноди на нашето тело) исто така може да функционира во прилог на лекувањето на оштетувања на мозокот предизвикани од невротоксините


Научниците од Институтот за теоретска и експериментална биофизика на РАС (RAS’ Institute of Theoretical and Experimental Biophysics - ITEB RAS) и Институтот за физика и технологија во Москва (Moscow Institute of Physics and Technology - MIPT) покажаа дека аналогиите на активните супстанции слични на канабисот произведени од телото се многу ефективни борци против болестите, соопшти прес-службата на МИПТ. Резултатите од студијата се објавени во списанието Brain Research.

Покажавме дека симптомите на епилепсија значително може да се намалат или да бидат целосно блокирани ако тестираните животни се инјектираат со супстанции кои симулираат епилепсија, заедно со формулата што ја активира активноста на ендоканабиноидниот систем на мозокот“ - рече раководителот на лабораторијата за системска организација на невроните на ITEB RAS и доктор по биолошки науки, Валентина Кичигина (Valentina Kichigina).


Епилепсијата, мозокот и канабиноидите

Епилепсијата е една од најширокорастечките хронични невролошки заболувања кај луѓето и животните, која се појавува во вид на повторувачки конвулзивни напади во различни делови на мозокот и телото на засегнатото лице. Ако епилепсијата е назначена во темпоралниот лобус, тоа се дијагностицира како т.н. „епилепсија на темпоралниот лобус“ и токму на оваа форма на болеста се фокусираше руското научно истражување. Во денешно време, нема поставени конвенционални начини за лекување на епилепсиите на темпоралниот лобус.


Во случај на тешка форма на епилепсија или форма отпорна на конвенционалните методи на лекување, субјектот се подложува на отстранување на хипокампусот во кој се развиваат епилептичните конвулзии. Хипокампусот е дел од мозокот лоциран во темпоралниот лобус, кој е одговорен за обликување краткорочна меморија и за понатамошно конвертирање на информации во долгорочна меморија. Од таа причина, по отстранувањето на хипокампусот, субјектот веќе не е способен за меморирање на нови информации. Овие мотивирани научници продолжуваат да бараат нови начини за заштита на хипокампусот од развој на епилепсијата.


Канабиноидите се супстанции кои се содржани во канабисот. Телата на животните и човекот, исто така, произведуваат канабиноиди кои се нарекуваат „ендоканабиноиди“, бидејќи се формирани внатрешно. Ендоканабиноидите ја поддржуваат хомеостазата на мозокот, го модулираат ослободувањето на супстанциите кои влијаат на мозокот воедно на возбудливи и инхибиторни начини. Тие, исто така, учествуваат во регулирањето на имунолошкиот систем на телото и контрола на општата благосостојба и сите останати системи и процеси во телото.


Експеримент

Биолозите ја моделираа еволуцијата на епилепсијата на темпоралниот лобус за случајот на заморчиња и го користеа невротоксинот кој влијаеше на т.н. епилептичен статус по инјектирањето во телото на животното. Потоа, супстанциите кои ја стимулираа активноста на ендоканабиноидниот систем беа инјектирани во мозокот на животното. Се покажа дека активирањето на ослободувањето на ендоканабиноидите ја нормализира електричната активност во мозокот и ја намалува нерамнотежата во активноста на хипокампусот.


Покрај тоа, ендоканабиноидите ги штитат клетките на хипокампусот. Без оглед на ефектот на невротоксинот, хипокампусот остана практично неоштетен. Научниците претпоставуваат дека активирањето на ендогениот канабиноиден систем не само што може да помогне во борбата против епилепсијата, туку исто така може да претставува начин на лекување на оштетувања на мозокот предизвикани од невротоксините.


Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Tass Science

Wednesday, April 12, 2017

Ефекти од долготрајната употреба на марихуаната врз мозокот

Едно од најчестите прашања поврзани со употребата на марихуаната е потенцијалниот „негативен“ ефект врз мозокот од долготрајната употреба. Треба да се истакне дека алкохолот е легален и покрај тоа што постојат бројни докази дека претставува штетна и опасна супстанца за нашиот мозок. Марихуаната пак, уште еднаш покажа дека е подобра од алкохолот. Научниците од Универзитетот во Тексас ја демонстрираа преку истражување кое го објавиле во Зборникот на Националната академија на науките (Proceedings of the National Academy of Sciences - PNAS) анализата од долготрајните ефекти на марихуаната врз мозокот


Мозокот на среќните луѓе има поголема конективност
Тие не само што го разоткриваат митот дека марихуаната го намалува нивото на интелигенција, туку тие исто така презентираа докази со кои покажаа дека канабисот ефективно се бори со Алцхајмерот. Научниците понатаму открија дека редовната употреба на канабис всушност води кон подобра поврзаност (конективност) во мозокот! Мозокот на среќните и успешните луѓе има подобра конективност, па затоа корисниците на канабис се посреќни. Покрај тоа што резултатите од овие студии на кои се осврнавме во овој текст, ќе мора да бидат потврдени и во поголеми студии, сепак прелиминарните резултати се дефинитивно позитивни и охрабрувачки.


Тие исто така, демонстрираа друг феномен што откри дека канабисот помогнал во редуцирањето на сивата маса во орбитофронталниот кортекс или OFC, што претставува дел од мозокот одговорен за зависноста. Уште едно извонредно достигнување!!! Сепак повторно, ова ќе мора да биде демонстрирано во поголеми студии, но резултатите се ветувачки. Канабиноидите, исто така, неодамна се покажаа како промотори во создавањето на мозочните клетки - раст на невроните (неврогенеза), спротивно на досегашниот популарен мит дека пушењето трева го уништува мозокот.
Извор: Anonymous

Monday, April 10, 2017

Канабисот ја поттикнува неврогенезата!

Науката конечно со докази и факти му се спротивстави на контрадикторното и лажно уверување за марихуаната, дека „го суши мозокот“! Ги обновува, целосно ги регенерира клетките од здравите ткива и органи, промовирајќи создавање нови здрави клетки


Марихуаната може да те направи попаметен!
Научните истражувања продолжуваат да потврдуваат дека консумирањето канабис не ги уништува мозочните клетки, туку напротив - влијае многу позитивно врз мозокот на корисникот! Веќе одамна е познато дека користењето канабис ги уништува генетски погрешните (штетни) за нашиот организам клетки на ракот (мутираните), а ги обновува (регенерира) клетките од здравите ткива и органи, промовирајќи создавање нови здрави клетки. Епа, исто е и со мозокот и канабисот! Најновите истражувања покажуваат дека активното користење на ова билно растение, без разлика на кој начин (орално, анално или преку пушење/евапорација) може да го зголеми бројот на неврони во мозокот, процес кој се нарекува неврогенеза. Неврогенезата најчесто се одвива во делот од мозокот наречен хипокампус.


Фармацевтските лекови го оштетуваат мозокот
Долго време се веруваше дека мозочните клетки престануваат со растење после одредена возраст. Сепак, истражувањата сега покажуваат дека мозокот продолжува со создавањето на нови неврони во текот на целиот живот. Хипокампусот е одговорен за помнењето, учењето, просторната ориентација и се верува дека е способен да произведе над 5.000 нови клетки дневно. Неврогенезата е позната по тоа што ги подобрува мозочните функции, како што се учењето и меморијата. Исто така, понатамошните истражувања покажуваат дека намалената неврогенеза е поврзана со појавата на разновидни анксиозни и депресивни нарушувања. Иако неврогенезата е тековен процес (што се одвива постојано), интензитетот на неврогенезата опаѓа како што старееме.


Спречи го стареењето на мозокот со канабис!
Истражувањата исто така, покажуваат дека редовната употреба на опојни дроги (опијати), алкохол, никотин и кокаин можат да го попречат процесот на неврогенезата. За среќа научниците го открија и проучија ендоканабиноидниот систем и дознаа дека токму овој систем игра круцијална улога во процесот неврогенеза. Експертите веруваат дека ендоканабиноидниот систем ја олеснува неврогенезата во текот на целиот животен век на човекот, започнувајќи од ембрионална големина, па се` до доцната старост. Познато е и дека многу болести што ги засегаат старите лица настануваат поради ендоканабиноиден дефицит, па за да се спречат и за да се спречи забрзаното пропаѓање на мозокот кај постарите, се препорачува редовно консумирање канабис.


Канабиноидите се користат за третирање на голем број симптоми поврзани со стареењето на мозокот, вклучувајќи и пад на неврогенезата. Исто така, студиите покажуваат дека канабиноидите можат да ја поттикнат неврогенезата дури и откако мозочните клетки се оштетени. Научниците ги истражувале ефектите на канабиноидите врз невроенезата користејќи синтетичка верзија на THC - најпознатиот канабиноид. Поконкретно, студијата предводена од страна на Канадскиот истражувач д-р Чиа Џанг (Xia Zhang) откри дека синтетичкиот THC може не само да ја поттикне неврогенезата кај лабораториските модели, но исто така се чинеше дека ги редуцира симптомите на анксиозност и депресија - потврдувајќи ја поврзаноста помеѓу неврогенезата и нарушувањата во расположението. CBD - другиот познат канабиноид од марихуаната - исто така, покажа извонредна можност да ја зголеми неврогенезата во студиите.


Секојдневно грижи се за својот мозок!
Иако марихуаната се чини дека има уникатна способност на зголемување на растот на мозочните клетки, без разлика дали неврогенезата може да ја подобри вашата целокупна интелигенција, допрва треба да биде испитано од страна на современите истражувања. Од друга страна, неврогенезата се верува дека ги подобрува аспектите на меморијата и учењето, што би можело да се претпостави дека има позитивен ефект врз вашиот коефициент на интелигенција.


Исто така, резултатите од студијата на д-р Џанг зборуваат за тоа дека марихуаната може навистина да биде ефективен третман за пациентите кои страдаат од анксиозност и депресија. Од друга страна, од сите најчестите рекреативни супстанции, марихуаната се чини дека е единствената која има позитивно влијание врз растот на мозочните клетки! Уште еднаш, научните докази покажуваат дека марихуаната може да биде подобра за вашето здравје, отколку многу други лекови на денешното општество.


Напиша: MoniQue Konopova
Извор: TruthOnPot

Friday, June 3, 2016

Редовното консумирање канабис го спречува стареењето на мозокот!

Канабисот не` подмладува!
Научниците открија дека волуменот на сивата маса не се намалил по четири години континуирана и обилна консумација на канабис и дури еден дел од мозокот се намалил помалку со текот на времето кај пушачите на трева, во споредба со непушачите


Авторите на најновото истражување за канабисот и активноста на мозокот иницијално предвидоа дека долготрајната употреба на канабис може да намали одредени региони во мозокот. Вака се сметаше до неаодмна, иако реалноста е сосем поинаква и токму тоа беше потврдено со оваа студија. 

Истражувачите од Холандија ги разгледаа конфликтните наоди помеѓу научниците кои велат дека пушачите на трева имаат помали мозоци, оние кои сметаат дека пушачите на трева имаат поголеми мозоци и оние наоди на научниците кои застапуваат било какви други теории. Некои од овие меѓу-секторски студии само претставуваат момент од времето и тие не можат да ја докажат каузалноста во повеќето случаи. Затоа холандските научници одлучија да спроведат лонгитудинален експеримент за да истражат како консумирањето на канабис влијае врз мозокот долгорочно гледано.

Стив Џобс редовно консумирал канабис
За да го спроведат експериментот истражувачите спровеле магнетна резонанца на мозокот кај 33 пушачи на трева и 43 „здрави“ контролни испитаници (кои не пушеле трева). Започнувајќи на просечна возраст од 20 години, волонтерите биле вклучени во студијата се` додека не наполниле 24 години. И покрај тоа што некои од нив биле исклучени од студијата, примерокот сепак бил доволно голем за да се постават значајни заклучоци

Резултатите покажаа дека пушењето канабис за време на доцната адолесценција, не ја менува морфологијата на сивата маса. Она што ги изненади противниците на конопот е дека пушачите на трева во студијата имале поголем церебрален дел (регионот во задниот дел од мозокот кој е одговорен за моториката, координацијата, јазикот и тн.). Овој дел од мозокот природно се собира како што старееме. Се покажа дека редовното консумирање на канабис може на некој начин да ја спречи оваа природна појава. 

Јас сум напушен/а, но не сум глупав/а!
Една друга научна студија објавена во октомври 2015 година ги употреби податоците од Human Connectome Project (масивно мултинационално истражување за да се откријат врските помеѓу сите неврони во мозокот), покажа дека канабисот не е причина за абнормалностите во мозокот, туку за тоа се одговорни гените. Оваа студија ги спореди мозочните снимки од близнаци од кои едниот пушел трева, а другиот не. Се покажа дека сите промени во мозокот кај едниот близнак, биле присутни и кај другиот. Другите научни студии до сега потврдија дека канабисот не претставува опасност за тинејџерскиот мозок во развој. Опасни супстанци кои го загрозуваат развојот на адолесцентскиот мозок се легални и  тоа: никотин, алкохол, кофеин, фармацевтски лекови, синтетички дроги...