Showing posts with label мумија. Show all posts
Showing posts with label мумија. Show all posts

Sunday, June 7, 2020

Факти за тоа како се користел канабисот во Антички Египет

Ние ги разгледавме научните наоди кои сугерираат како се користел канабисот во Антички Египет. За религиозната и медицинската употреба на канабисот и другите негови намени во тоа време. СЕШАТ: Божицата на мудроста, знаењето, пишувањето и конопот. Конопот и првите земјоделци. Мумиите се позитивни на ТХЦ. Докази за папирусот


Seshat - Египетската Божица на мудроста и канабисот!
Канабисот се користел низ целата човечка цивилизација низ целиот свет, а неговата употреба трае милениуми... Една таква цивилизација беше Антички Египет, за што се појавуваат сè повеќе докази од страна на археолошките научни истражувања, кои потврдуваат како канабисот бил користен од ова античко општество. Во последниве години, канабисот се смета за едно од најраспространетите лековити билки, затоа што луѓето сфаќаат дека забраната е заснована на лаги и невистини. Многу одамна пред забраната, во античко време, неговата употреба беше многу почеста во различни аспекти на секојдневниот живот. Низ илјадници години, канабисот е дел од културните и верските практики во Египет. 

Во Антички Египет канабисот се користел како што и ние денес го користиме, пред сè за лековити цели, но Египќаните ги откриле и користеле неговите медицински својства многу повеќе од она што денес го прави конвенционалната медицинска наука. Денес канабисот за жал се смета за дел од алтернативната медицина, која всушност е првата медицина, бидејќи забораваме дека всушност конвенционалната медицина е резултат на модерното време и потекнува од алтернативната. Еберс Папирус (The Ebers Papyrus), еден од најстарите пронајдени медицински учебници, споменува бројни формули и рецепти за употреба на канабис кои помагаат при олеснување на болката предизвикана од разни болести и повреди, вклучувајќи: депресија, глауком, воспаленија, хемороиди, катаракта, па дури и карцином! Тоа е Египетски медицински папирус за хербално (билно) знаење кој датира од околу 1550 година п.н.е. и е меѓу најстарите и најзначајните медицински папируси од Антички Египет, а во моментот се чува во библиотеката на Универзитетот во Лајпциг, во Германија. Папирусот Еберс е најсеопфатната античка медицинска фармакопеја, која вклучува рецепт за вагинална супозиторија (вагиналета) од канабис и мед, за која се верувало дека помага за време на породувањето.


Покрај своите медицински својства, канабисот се користел и во египетската религија и култура. Кога е откриена мумијата на фараонот Рамзес II, во остатоците биле пронајдени траги од канабис. Слични траги од растението се пронајдени и во голем број други саркофази на мумии, што потврдува дека марихуаната била редовен дел од египетската култура во античкото време, користена во верските ритуали и обреди. Иако хиероглифите може да бидат комплицирани за правилно толкување, сликите и резбите на античката египетска Божица на мудроста Сешат видно покажуваат лист од марихуана над нејзината глава.  

Покрај тоа, стеблото од основата на листот од канабис со 7 прсти се поврзува со главата на Сешат. Јасно е прикажана симболиката на врската помеѓу употребата на канабисот и проширувањето на свеста, со поврзување преку пинеалната жлезда во мозокот (третото око). Сешат беше позната како божица на мудроста, знаењето и пишувањето меѓу другото. Фараонот Тутмозис III (1479 до 1425 година п.н.е.) ја нарече „таа од седумте точки“. Додека погребните текстови, колекцијата на молитви за погреб, насликани на ѕидовите на саркофагот на фараонот на Средното Кралство, ја откриваат нејзината психоактивна моќ. Според молитвата број 10 „Сешат ја отвора вратата на небото за вас“. Медицинските рецепти со канабис и лековите од канабис може да се најдат во неколку древни египетски медицински текстови, покрај Еберс Папирус, како што се: Ramesseum III Papyrus (1700 п.н.е.), the Berlin Papyrus (1300 п.н.е.), како и the Chester Beatty VI Papyrus (1300 п.н.е.). Папирусот Ramesseum III се однесува на средство за миење очи од канабис, за лекување на глауком.

Поголемиот дел од земјата на современиот Египет не одговара за земјоделство - всушност, помалку од 3% е погодно земјоделско земјиште. Пред илјадници години тоа не беше случај и областа беше повеќе како Египетска градина Едем. Во античкото минато познато како пред-династичко време - некаде помеѓу 6500-5000 п.н.е. - првите земјоделци започнале со одгледување на земјоделски култури во регионот на реката Нил. Палеоклиматската историја на реката Нил и подемот и падот на династијата на фараоните се меѓусебно поврзани, бидејќи продолжената суша доведувала до канибализам во античките денови.

Знаеме дека за време на првата династија, околу 3000 година п.н.е., Египќаните веќе користеле аквадукти за контрола од поплавување и суша на земјоделското земјиште. Од гледна точка на современиот одгледувач на канабис на отворено, антички Египет бил одлично место за одгледување трева. Многу сонце, топло време и голема река. Плус рибата Тилапија од Нил е природен вид најпогоден за Аквапоника. Д-р Светлана Балабанова (Svetlana Balabanova), токсиколог и ендокринолог на Институтот за судска медицина во Улм Германија, ја шокираше египтологијата и светот во 1992 година, кога изврши тестирање за присуство на супстанции кај мумии стари по 3000 години!

Позитивните резултати од тестовите за ТХЦ, кокаин и никотин предизвикаа полемика што сè уште не е решена... Античката употреба на канабис беше табу тема, без да се меша со денешната употреба на лекови. Следењето на истражувањата на мумии датирани од 950 година п.н.е. објавено во 1994 година од страна на Парше и Нерлих (Parsche & Nerlich) ги потврди позитивните резултати за присуство на канабиноидот ТХЦ. „Набљудувањето на значителни концентрации на тетрахидроканабинол, што претставува психоактивна супстанција во лековите од канабис, како што е хашишот во белите дробови на лешовите со вредности над оние на другите внатрешни органи, потврдува за преференцијално вметнување на оваа супстанца по пат на вдишување“ - велат истражувачите. Ова е доказ дека Античките Египќани пушеле канабис! Може да се претпостави дека тоа е поради рекреативната употреба на канабис во тоа време, не исклучиво поради ритуалната употреба на оваа лековита билка. Како што можете да видите, додека археолошките докази само ја воспоставуваат употребата, очигледно е дека канабисот играл голема улога во целиот Антички Египет.


Автор: MoniQue Konopova
Извори: Civilized, Cannaconnection

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Малку забранета историја: Божиците на канабисот

Хронологија на употребата на канабисот од дамнешни времиња до забраната

„Канабисот бил спалуван за време на верски обреди“ од страна на Античките Израелци - научна студија

Канабисот успешно ја лекува епилепсијата уште од 1840 година!

9 антички употреби на медицинскиот канабис

Tuesday, February 20, 2018

Истражувачите конечно потврдуваат дека ракот е болест создадена од човекот!

Ракот е толку голем здравствен проблем во светот, сега се проценува дека во некои делови од светот еден од двајца луѓе ќе бидат дијагностицирани од рак во некоја фаза од нивниот живот. Лекот за рак одамна е познат. Тој е од растително потелко и се нарекува канабис. Лекот за рак не е хемотерапија!  Но, најстрашниот дел е тоа што изгледа дека ракот се појавува од никаде


Египќаните не боледувале од рак!
Ако тргнеме по стапките на ракот од 1950 година, постарите луѓе ќе се сетат на ракот како нешто што во нивно време било прилично невообичаено, многу опасно и неправилно разбрано. Истражувачите од Универзитетот во Манчестер потврдија кои лекари се сомневаат - причината поради која стапката на карцином е неверојатна е тоа што оваа болест е „болест на модерното време“. Тимот истражувачи ја фокусираа својата студија на испитување на скелетите на мумифицираните тела кои живееле пред илјадници години. Тие откриле дека ниту една „мумија“ не умрела од рак и немало присуство на тумори во нивното тело за време на смртта.


Овој резултат докажува дека ракот е нешто што се развило во последниве години, туморите може да се развијат и растат во нашите тела поради околностите во кои сега живееме. Лошите диети и изборот на начин на живот, на пример живот во седечка положба, влијание од зрањења од електрични апарати, штетни лекови и штетни лекарски прегледи, премалку вежбање и јадењето на преработена конзервирана високопроцесирана вештачка храна и пластифицирана храна што содржи хемикалии се фактори кои придонесуваат за рак овие денови, услови на кои Египќаните едноставно не биле изложени.


Сешат - Египетска Божица на мудроста, знаењето и канабисот!
Водечкиот истражувач Мајкл Цимерман (Michael Zimmerman) рече:

Во античкото општество без хируршка интервенција, доказите за рак треба да останат во сите случаи. Виртуелното отсуство на малигноми во мумиите мора да се толкува како укажување на нивната реткост во антиката, што покажува дека факторите кои предизвикуваат рак се ограничени на општества погодени од модерната индустријализација


Додека професорот Розали Давид (Rosalie David) забележал:

Во индустријализираните општества, ракот е на второ место само до кардиоваскуларните болести како причина за смрт. Но, во античките времиња, тоа беше исклучително ретко. Нема ништо во природната средина што може да предизвика рак. Затоа мора да биде болест направена од човекот, до загадување и промени во нашата исхрана и начин на живот. Важно за нашата студија е тоа што дава историска перспектива на оваа болест. Можеме да направиме многу јасни изјави за стапките на рак во општествата, бидејќи имаме целосен преглед. Погледнавме низ милениуми, а не сто години и имаме маси на податоци. Сепак, опсежните древни египетски податоци, заедно со други податоци од милениуми, му дадоа на современото општество јасна порака - ракот е вештачка болест создадена од човекот и нешто што можеме и треба да го решиме



Автор: Monique Konopova
Извор: ItrustnaturalcuresАnonhq