Showing posts with label факти. Show all posts
Showing posts with label факти. Show all posts

Sunday, June 7, 2020

Факти за тоа како се користел канабисот во Антички Египет

Ние ги разгледавме научните наоди кои сугерираат како се користел канабисот во Антички Египет. За религиозната и медицинската употреба на канабисот и другите негови намени во тоа време. СЕШАТ: Божицата на мудроста, знаењето, пишувањето и конопот. Конопот и првите земјоделци. Мумиите се позитивни на ТХЦ. Докази за папирусот


Seshat - Египетската Божица на мудроста и канабисот!
Канабисот се користел низ целата човечка цивилизација низ целиот свет, а неговата употреба трае милениуми... Една таква цивилизација беше Антички Египет, за што се појавуваат сè повеќе докази од страна на археолошките научни истражувања, кои потврдуваат како канабисот бил користен од ова античко општество. Во последниве години, канабисот се смета за едно од најраспространетите лековити билки, затоа што луѓето сфаќаат дека забраната е заснована на лаги и невистини. Многу одамна пред забраната, во античко време, неговата употреба беше многу почеста во различни аспекти на секојдневниот живот. Низ илјадници години, канабисот е дел од културните и верските практики во Египет. 

Во Антички Египет канабисот се користел како што и ние денес го користиме, пред сè за лековити цели, но Египќаните ги откриле и користеле неговите медицински својства многу повеќе од она што денес го прави конвенционалната медицинска наука. Денес канабисот за жал се смета за дел од алтернативната медицина, која всушност е првата медицина, бидејќи забораваме дека всушност конвенционалната медицина е резултат на модерното време и потекнува од алтернативната. Еберс Папирус (The Ebers Papyrus), еден од најстарите пронајдени медицински учебници, споменува бројни формули и рецепти за употреба на канабис кои помагаат при олеснување на болката предизвикана од разни болести и повреди, вклучувајќи: депресија, глауком, воспаленија, хемороиди, катаракта, па дури и карцином! Тоа е Египетски медицински папирус за хербално (билно) знаење кој датира од околу 1550 година п.н.е. и е меѓу најстарите и најзначајните медицински папируси од Антички Египет, а во моментот се чува во библиотеката на Универзитетот во Лајпциг, во Германија. Папирусот Еберс е најсеопфатната античка медицинска фармакопеја, која вклучува рецепт за вагинална супозиторија (вагиналета) од канабис и мед, за која се верувало дека помага за време на породувањето.


Покрај своите медицински својства, канабисот се користел и во египетската религија и култура. Кога е откриена мумијата на фараонот Рамзес II, во остатоците биле пронајдени траги од канабис. Слични траги од растението се пронајдени и во голем број други саркофази на мумии, што потврдува дека марихуаната била редовен дел од египетската култура во античкото време, користена во верските ритуали и обреди. Иако хиероглифите може да бидат комплицирани за правилно толкување, сликите и резбите на античката египетска Божица на мудроста Сешат видно покажуваат лист од марихуана над нејзината глава.  

Покрај тоа, стеблото од основата на листот од канабис со 7 прсти се поврзува со главата на Сешат. Јасно е прикажана симболиката на врската помеѓу употребата на канабисот и проширувањето на свеста, со поврзување преку пинеалната жлезда во мозокот (третото око). Сешат беше позната како божица на мудроста, знаењето и пишувањето меѓу другото. Фараонот Тутмозис III (1479 до 1425 година п.н.е.) ја нарече „таа од седумте точки“. Додека погребните текстови, колекцијата на молитви за погреб, насликани на ѕидовите на саркофагот на фараонот на Средното Кралство, ја откриваат нејзината психоактивна моќ. Според молитвата број 10 „Сешат ја отвора вратата на небото за вас“. Медицинските рецепти со канабис и лековите од канабис може да се најдат во неколку древни египетски медицински текстови, покрај Еберс Папирус, како што се: Ramesseum III Papyrus (1700 п.н.е.), the Berlin Papyrus (1300 п.н.е.), како и the Chester Beatty VI Papyrus (1300 п.н.е.). Папирусот Ramesseum III се однесува на средство за миење очи од канабис, за лекување на глауком.

Поголемиот дел од земјата на современиот Египет не одговара за земјоделство - всушност, помалку од 3% е погодно земјоделско земјиште. Пред илјадници години тоа не беше случај и областа беше повеќе како Египетска градина Едем. Во античкото минато познато како пред-династичко време - некаде помеѓу 6500-5000 п.н.е. - првите земјоделци започнале со одгледување на земјоделски култури во регионот на реката Нил. Палеоклиматската историја на реката Нил и подемот и падот на династијата на фараоните се меѓусебно поврзани, бидејќи продолжената суша доведувала до канибализам во античките денови.

Знаеме дека за време на првата династија, околу 3000 година п.н.е., Египќаните веќе користеле аквадукти за контрола од поплавување и суша на земјоделското земјиште. Од гледна точка на современиот одгледувач на канабис на отворено, антички Египет бил одлично место за одгледување трева. Многу сонце, топло време и голема река. Плус рибата Тилапија од Нил е природен вид најпогоден за Аквапоника. Д-р Светлана Балабанова (Svetlana Balabanova), токсиколог и ендокринолог на Институтот за судска медицина во Улм Германија, ја шокираше египтологијата и светот во 1992 година, кога изврши тестирање за присуство на супстанции кај мумии стари по 3000 години!

Позитивните резултати од тестовите за ТХЦ, кокаин и никотин предизвикаа полемика што сè уште не е решена... Античката употреба на канабис беше табу тема, без да се меша со денешната употреба на лекови. Следењето на истражувањата на мумии датирани од 950 година п.н.е. објавено во 1994 година од страна на Парше и Нерлих (Parsche & Nerlich) ги потврди позитивните резултати за присуство на канабиноидот ТХЦ. „Набљудувањето на значителни концентрации на тетрахидроканабинол, што претставува психоактивна супстанција во лековите од канабис, како што е хашишот во белите дробови на лешовите со вредности над оние на другите внатрешни органи, потврдува за преференцијално вметнување на оваа супстанца по пат на вдишување“ - велат истражувачите. Ова е доказ дека Античките Египќани пушеле канабис! Може да се претпостави дека тоа е поради рекреативната употреба на канабис во тоа време, не исклучиво поради ритуалната употреба на оваа лековита билка. Како што можете да видите, додека археолошките докази само ја воспоставуваат употребата, очигледно е дека канабисот играл голема улога во целиот Антички Египет.


Автор: MoniQue Konopova
Извори: Civilized, Cannaconnection

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Малку забранета историја: Божиците на канабисот

Хронологија на употребата на канабисот од дамнешни времиња до забраната

„Канабисот бил спалуван за време на верски обреди“ од страна на Античките Израелци - научна студија

Канабисот успешно ја лекува епилепсијата уште од 1840 година!

9 антички употреби на медицинскиот канабис

Sunday, May 31, 2020

„Канабисот бил спалуван за време на верски обреди“ од страна на Античките Израелци - научна студија

Античките Израелци палеле канабис како дел од нивните религиозни обреди, открива археолошка студија. Се верува дека канабисот бил спалуван за да предизвика психоактивен ефект кај верниците за полесно поврзување со Бог


Остатоци од канабис се пронајдени
на олтарот од храмот во Арад
Добро сочуваната супстанција пронајдена во храмот стар 2.700 години во Тел Арад е идентификувана како канабис, вклучувајќи го и неговото психоактивно соединение, канабиноидот тетрахидроканабинол - THC. Истражувачите заклучиле дека канабисот најверојатно бил горен за да предизвика еуфорично чувство кај верниците. Ова е прв доказ за употреба на психотропни лековити билки кои се користеле во раната еврејска богослужба, пренесуваат израелските медиуми.


Храмот за прв пат е откриен во пустината Негев, на околу 95 километри (59 милји) јужно од Тел Авив, во 1960-тите. Во најновата студија објавена во археолошкото списание на универзитетот Тел Авив, археолозите велат дека биле закопани два олтари од вар во храмот. Делумно благодарение на сувата клима и закопувањето, остатоците од жртвените паленици беа зачувани над овие олтари.



Темјан беше пронајден на еден олтар, што не беше изненадувачко поради неговата важност во Светите Писма, изјавија авторите на студијата за израелскиот весник Haaretz. Сепак, тетрахидроканабинолот (THC), канабидиолот (CBD) и канабинолот (CBN) - сите активни соединенија (канабиноиди) кои природно се јавуваат во растението канабис - се пронајдени на вториот олтар. Студијата додава дека наодите во Тел Арад сугерираат дека канабисот, исто така играл улога во обожувањето и славењето за време на верските обреди во храмот во Ерусалим.


Ова е затоа што во времето кога храмот во Арад беше дел од тврдината на ридот при јужната граница од Кралството на Јуда и се вели дека одговара на смалената верзија на библиските описи од првиот храм во Ерусалим. Остатоците од храмот во Ерусалим сега се недостапни за археолозите, така што наместо тоа, тие го изучуваат Арад и други слични светилишта и храмови за тоа да им помогне да го разберат обожувањето во поголемиот храм.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: BBC

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Малку забранета историја: Канабисот и војната во 1812 година

ФОТО од 1910 година: Парижанка со нејзината мачка во нејзината канабис градина!

Откриени се златни бонгови од Ариевски цар!

9 докази дека Исус Христос ја користел Божјата билка за самолекување и исцелување на неговите следбеници

За Фестивалот во Непал каде пушењето марихуана е светост!

Делчевчанецот Перо Археолого Неолитски раскажува за неговото лично искуство со природниот лек канабис

Sunday, December 30, 2018

Зошто корисниците на канабис не можат да се предозираат?

Со векови и до ден денес, никој не може физиолошки да претера со канабис, ниту пак има пријавено или документирано смрт од преголема доза на канабис до сега. Зошто е токму така и зошто канабисот е различен од другите најчесто користени фармацевтски лекови, синтетички дроги или алкохол? Зошто корисниците на канабис не можат да претераат со консумацијата на канабисот?


Според Центрите за контрола на болести и превенција во 2016 година, над 40 проценти од сите смртни случаи од предозирање со опиоиди во САД опфаќаат опиоиди на рецепт, што е еднакво на над 46 смртни случаи секој ден. Кога станува збор за алкохолот, секоја година умираат околу 88.000 луѓе. Иако опиоидите и алкохолот се дозволени супстанции, тие можат да бидат многу штетни, да создадат зависност и се опасни по здравјето и животот. Една растителна супстанција која е забранета, но обезбедува лековити и безбедни ефекти за корисниците е: канабисот!


Позадина на ендоканабиноидниот систем и неговата поврзаност со канабисот

Сите ние имаме ендоканабиноиден систем (ECS) и ендогена мрежа на различни канабиноидни рецептори. ECS се состои од ендоканабиноиди, канабиноидни рецептори и различни ензими. Двата главни канабиноидни рецептори кои луѓето ги препознаваат се CB1 и CB2 рецепторите. Потоа, постојат различни канабиноиди кои се наоѓаат во растението канабис, а два од најпознатите се ЦБД (непсихоактивен) и ТХЦ (психоактивен, но не ја менува свеста). Канабиноидните рецептори се расфрлани низ нашите тела и мозок и тие имаат единствена врска со ECS. Според канабис авторот Мартин Ли (Martin Lee), следново се наведува во врска со канабиноидните рецептори и каде се најконцентрирани: Канабиноидните рецептори се во поголемо изобилство во мозокот отколку кој било друг вид рецептор на невротрансмитер и функционираат како суптилни сензори. Во суштина, ЕКС работи како централизиран центар за обработка и гарантира дека сите системи се избалансирани и работат правилно. ЕКС е вклучен во регулирањето на многу различни основни физиолошки процеси, како што се: меморија, когниција, апетит, координација, расположение итн. Иако канабиноидните рецептори се расфрлани низ нашите тела, тие не се присутни во мозочното стебло. Наместо тоа, тие се присутни во делови од мозокот кои ги регулираат различните процеси наведени погоре.


Како телото и мозокот реагираат на опиоид, алкохол и конзумирање канабис?

Сега кога знаете каде се лоцирани канабиноидните рецептори, каква е важноста на ова? Ова значи дека во телото и мозокот канабисот делува различно од другите лекови како опиоидите. Постои ендогена мрежа на различни канабиноидни рецептори, но исто така постои и ендоген систем на опиоидни рецептори. Во последните неколку децении, предозирањето со опиоиди брзо се зголемува, што се претвори во широко распространета епидемија. Кога поединци ќе се предозираат со опиоиди, мозокот не добива кислорот, бидејќи опиоидите депримираат дел од мозочното стебло. Кога тоа ќе се случи, дишењето значително ќе се забави, а потоа поединецот целосно ќе престане да дише, што резултира со смрт од недостаток на кислород. Ова во никој случај не може да се случи со канабисот - не ги засегнува центрите одговорни за виталните органи. Дополнително, опиоидите можат да ослабнат одредени региони на мозокот, особено региони кои ја контролираат крвта и циркулацијата на срцето. Поради ова слабеење, нечиј крвен притисок може да се намали на небезбедни нивоа од опиоидите. Во врска со други супстанции, како алкохол, може да се појават предозирање и смрт. Кога некој ќе умре од предозирање со алкохол, телото не може да се ослободи од вишокот на алкохол од црниот дроб. Од тука, алкохолот се пробива до одредени региони на мозокот и ги нарушува оние делови кои го регулираат дишењето, крвотокот и циркулацијата на срцето.

Со канабисот, се случува сосем спротивното. Бидејќи канабиноидните рецептори не се присутни во мозочното стебло, т.е. деловите од мозокот што го контролираат дишењето, крвниот притисок и срцевата фрекфенција не се погодени од употребата на канабис. Во минатото, беше откриено дека нашите мозоци произведуваат хормон познат како pregnenolone, кој делува како заштита од психоактивните ефекти на канабисот. Откако ТХЦ се врзува за соодветните рецептори, pregnenolone се продуцира и ослободува, што го попречува влијанието кое ТХЦ го има врз мозокот. Студиите потврдуваат дека ова може да ги спречи корисниците на канабис да станат премногу high. Генерално, мозокот функционира поинаку кога се конзумира канабис во споредба со тоа кога се конзумираат други супстанции, пред сè затоа што имаме вродена мрежа од рецептори кои се врзуваат со ендо- и фитоканабиноидите. Состојките од канабисот се закачуваат кон канабиноидните рецептори во нас. Можни непријатни чувства може да доживеат само одредени почетници, кои сè уште не се навикнати на ефектот од канабисот и немаат изградено соодветна толеранција на ТХЦ.


Зошто е физиолошки невозможно да умрете од канабис?

Една причина зошто некој не може физиолошки да претера со канабисот е поради способноста на телото да создаде свои „ендогени“ канабиноиди, кои се слични со оние од растението канабис (нашите организми се создадени за да користат канабис). Исто така, потврдено е дека многу од болестите настануваат поради ендоканабиноиден дефицит. Генерално, канабисот има многу ниска токсичност и претставува исклучително мал физиолошки ризик, особено во споредба со други лекови (опиоиди), тутун, алкохол. Не е можно да се употреби смртоносна доза на канабис која ќе предизвика смрт. Сите канабиноиди во содејство имаат неверојатен безбедносен профил, не создаваат зависност и не се токсични. Досега, според Центрите за контрола на болести и превенција, имало пријавени НУЛА документирани смртни случаи поради предозирање со канабис. Ова најчесто се должи на канабиноидните рецептори лоцирани во области надвор од мозочното стебло. Хипотетички, за некој да умре од канабис, за петнаесет минути ќе треба да внесува 1.500 килограми канабис, според Давид Шамер (David Schamder), популарен канабис автор.


Што да сторите ако сте премногу High?

Покрај тоа, иако поединецот не може да се предозира или да умре од прекумерна употреба на канабис, сепак може да се добие екстремно high чувство, кое за некого може да биде непријатно. Ако се консумира премногу канабис, можно е да се чувствувате вознемирени и да доживеете тресење на рацете и зголемено отчукување на срцето. За почеток, не паничете, бидејќи тоа ќе направи да сè чувствувате полошо и повеќе стресно. Благодарение на нашиот ендоканабиноиден систем и специјалната поставеност на канабиноидните рецептори, физиолошки, употребата на канабис не води до фаталност. Ако некогаш сте биле high, разбравте дека на крајот high чувството ќе заврши, а вашето тело и ум се одмараат, регенерираат и се балансираат со самата превентивна употреба на канабис. Исто така, постои анегдота дека доколку канабисот целосно стане легален, тогаш корисниците повеќе нема да се плашат. Растревоженоста најчесто се појавува поради самата нелегалност на канабисот и чувството дека со користењето се прави нешто лошо, т.е. се прекршува законот, затоа што купо-продажбата и користењето се кривични дела. Сепак, ова чувство набрзо поминува. Во меѓувреме, постојат неколку совети кои можете да ги пробате доколку тоа ви се случи вам или на некој ваш близок:


  1. Прошетајте во природа или легнете малку да преспиете;
  2. Пијте повеќе вода за да останете хидрирани - неколку чаши вода можат да помогнат да се спречи/намали high чувството;
  3. Јадете некои од овие ужинки: јатки: ореви, лешници, семиња; кокос; овошјe: авокадо, цитруси; (не: манго);
  4. Разговор со некој пријател или некој близок кој може да ве смири;
  5. Слушајте релаксирачка музика или звуци што ве смируваат;
  6. Изедете нешто луто: лути пиперки, црн бибер, рен и сл;
  7. Конзумирање на канабидиол (ЦБД) делува како антидотум на ефектите од премногу ТХЦ. 


Новинар: Кристина Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Thefreshtoast

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:















Tuesday, August 21, 2018

Дознајте како и зошто конопот станал нелегален? Малку историски факти за канабисот

Ако ви кажеме дека постои растение достапно за нас кое може да расте во речиси секоја почва, кое не бара пестициди и сака многу малку одржување за здраво да расте и ова магично растение може да се користи за голем број производи и добра кои ги користиме денес - како органска суровина, но и како лек за болести за кои медицината нема решение - а за жал не го користиме затоа што е нелегално, ќе си помислите во најмала рака: „НЕМА ШАНСИ!“ Тоа растение се вика - КОНОП!

Универзална органска суровина!

Да бидеме појасни, дури и растението кое го знаеме како марихуана е всушност коноп. Најточно, конопот кој е направен од помалку од 3% ТХЦ не се смета за најдобар избор за рекреативно консумирање, но може да има други совршени намени. Единствено конопот кој содржи повеќе од 3% ТХЦ се смета за многу повеќе медицински употреблив, но богат е со ЦБД. Ова е тој тип што го нарекуваат Марихуана или Канабис. Конопот многу личи на марихуаната и е теоретски истото растение. Но, за разлика од марихуаната, конопот не содржи ни приближно блиску до количината на ТХЦ (и другите канабиноиди) доволна за некој да се напуши ако проба да го пуши.


Конопот се користи за производство на многу нешта: алишта, облека, возила, градежен материјал, јажиња, хартија, храна, лекови итн. и порано бил дозволен за одглегување од страна на фармерите од САД. Има уште многу други интересни факти за конопот. Фактот е што конопот е популарен низ 1800-тите години и 1900 и бил неверојатно користен за толку многу причини. Но, до денешен ден сѐ се смени и сега е илегален.... Како ли се случи ова??? Како да го вратиме назад на полињата за да ни го прочистува воздухот и деконтаминира почвата?

Историјата на забраната на канабисот

Во текот на председателството на Херберт Хувер, Андреј Малон стана секретар на богатството и прв инвеститор на ДУ понт. Го назначи неговиот иден законски внук Хари Ј Анслингер на врвот на федералното биро за наркотици и опасни дроги. Тајни средби се случуваа кај овие финансиски тајкуни. Конопот беше прогласен за опасен и опасност за загуба од билиони долари за нивниге претпријатија. За нивната династија да остане на власт конопот мораше да падне, потоа ова ги натера Мексиканците да дојдат до сленг изразот во негативна конотација „марихуана“ и тој се фсадви во свеста на многу млади во САД и целиот свет - и со тоа тревата беше лажно прогласена како нешто лошо. Причината зошто ова растение го смени името е бидејќи сите знаеја дека конопот е добар со цел да биде озлоглазена. Никогаш не би им успеало со забраната на конопот, па затоа решија да користат име за кое на никому не му беше грижа...


Во жолтиот печат сториите со упадливи наслови, се ставани во мејнстрим медиумите за да добијат внимание, иако овие стории не се поткрепени со факти, туку со лаги. Медиумите почнаа да шират лажни информации во „жолтата штампа“ во доцните 1920-ти и 1930-ти. Тие се користени како стории за едноставно креирање на јавното мислење. Многу весници пумпаат стории со нагласување на „хоророт од марихуаната и опасностите од марихуаната“ иако до сега нема ниту еден смртен случај од оваа билка, а безброј оздравени. Оцрнувањата на марихуаната исполнија насловни страници насекаде и така креирањето на негативните коментари започна да завзема своја димензија.
Потоа се појавија филмовите како „Reefer Madness 1936“, „Marihuana: assassin of youth (1935)”, „Marihuana: the devil’s weed 1936“ кои се најпознатите анти-пропагандни филмови дизајнирани од овие индустријалисти, за да креираат непријател од марихуаната (ги закачивме подолу да ги погледнете и да се посмеете). „Reefer Madness“ беше најверојатно еден од најинтересните филмови, така што прикажа човек кој полудува од пушење марихуана и потоа си го убива семејството и поранешната девојка со секира :) Со сите овие филмови, целта беше да се постигне јавна поддршка со финална цел - создавањето на законите против употреба на ова растение да помине со целосно мнозинство без ниеден глас против.


Во 1930-тите работите беа различни од денес. Популацијата не се прашуваше себе си за овие теми многу многу. Немаа алатка како ние денес Интернет за да се рашири така брзо вистинската информација и да сфатат луѓето за работите што навистина се случуваат. Повеќето ги градеа вредностите од мас-медиумите: радио, телевизија и весници. Како резултат на што беше диктирано од главните печати, многу родители ги воспитуваа децата против марихуаната и креираа силен одбранбен став кон неа. На ден 14.04.1937 „the prohibitive mariјuana tax law“ или парчето хартија кое го криминализираше конопот беше директно донесен во „the house acts and means committee“. Поедноставено овој комитет е единствениот кој може да претстави закон на парче хартија до „the house floor“ без да биде дебатиран од други комитети. Во тоа време претседателот на „ways and means“ беше Robert Doughton кој беше поддржувач на DUPONT. Тој се погрижи овој закон да помине во Конгресот. Во обид да го спречи овој закон да помине физичарот д-р Џејмс Вудвард, прифати да сведочи во корист на „Американсата Медицинска Асоцијација“ (АМА). Тој спомна оти причина поради која АМА не го осудила порано данокот за марихуаната била дека асоцијацијата само што дознала дека марихуаната е коноп.


Коноп и марихуана се два вида канабис сатива, но оваа разлика направена е намерно и не е разјаснета стратегијата за конфузија на јавноста. Законот не беше толку фокусиран на забранување едно или друго туку и на двете. АМА препознаа дека канабисот/марихуаната е како лек најдена повеќе пати во медицински продукти и дека се користени долго време. Во септември 1937 година коноп-забраната стапува на сила. Аргументирано најупотребливото растение познато на човечкиот род станува илегално да се одгледува како оние со ТХЦ, така и врстите без ТХЦ. Конгресот го забрани канабисот зошто било наметнато дека е насилна дрога и ставена е во кош со најопасните синтетички дроги кои создаваат зависност и смрт, што во никој случај не е карактеристика на канабисот. Во реалноста конопот не предизвикува ништо повеќе освен добро здравје со тоа што дејствува преку нашите ЦБ1, ЦБ2, ЦБ3 рецептори, но и атипичните рецептори. Можете да замислите, ова беше исто голема причина за забраната на конопот бидејќи беше сериозна закана на многу од големите индустрии за пластика, масла, гориво и хартија и сл. во тоа време, бидејќи користеле други суровини, додека конопот е најлесно обновливата органска нетоксична суровина. Подолу ви ги прикажуваме траги-комичните анти-пропагаторски филмови за марихуаната:

Reefer Madness 1936

Marihuana: assassin of youth (1935)

Marihuana: the devil’s weed 1936


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:










Уредник:MoniQue Konopova
Извор: Collective-evolution

Wednesday, April 25, 2018

Избор на најдобрите документарни филмови за придобивките од канабисот

Документарците се важна алатка за секој што се обидува да се едуцира, да го шири неформалното образование и да ги разоткрие популарните митови поврзани со канабисот. Затоа не е изненадување што има толку многу висококвалитетни документарни филмови за марихуаната и постојано се снимаат нови 

Следните документарци се избор на нашиот тим 420Macedonia и се едни од најдобрите што можете да ги најдете на интернет. Тие нè едуцираат за вистината околу оваа најлековита билка, но и за науката, политиката, историјата и културата поврзани со неа. Ве молиме споделете ја оваа објава на вашите социјални мрежи, а на кој му требаат повеќе докази нека кликне и на овие два додатни линка:



Clearing the Smoke: The Science of Cannabis


Trilogy: Full CNN Documentary Weed Parts 1-3 (2013-2015)


Run From the Cure - The Rick Simpson Story (Full)


Professor Green Is It Time to Legalise Weed BBC Documentary 2017


The Science of Cannabis (Documentary)


Possibly The Best Marijuana Documentary Of All Time


Smoking Weed with the President of Uruguay (Full Length)


The Truth About Smoking Cannabis | BBC Documentary


The Most Powerful Plant on Earth? | The Hemp Conspiracy | Documentary


Marijuana - A Chronic History (Full Length Documentary)


[Documentary 2017] - The Science Of Cannabis - Weed heals - Excellent Documentary


Cannabis: A Lost History (FULL DOCUMENTARY)


The Best Marijuana Documentary (Canadian)


BBC Documentary 2017 - Medical Cannabis: The Wonder Weed - 2017 Full Documentary


Marijuana Documentary - Best Cannabis Documentary


The Magic Weed - History Of Marijuana


King Of Cannabis Documentary 2017


Marijuana X Documentary FULL DIRECTOR's CUT


Kings of Cannabis (Full Length Documentary)


Cannabis Britain's secret Farms HD Documentary


Marijuana in America - Colorado Pot Rush - CNBC Documentary


Trinidad & St. Vincent Cannabis, Weed (Documentary)

Tuesday, March 6, 2018

9 антички употреби на медицинскиот канабис

Прегледот на историјата на медицинската употреба на канабис дава некои перспективи на она што го правиме со него денес и начинот на кој го правиме тоа. Медицинскиот канабис во никој случај не е нова работа за човечките суштества. Канабисот најверојатно бил еден од најпрвите билни лекови и има бројни докази дека се користел уште од антиката


Всушност, сите употреби што ги наоѓаме за медицински канабис во современото општество имаат многу голема врска со античките употреби, уште откако нашите предци ја откриле моќта на растението коноп пред илјадници години. Овој краток преглед на медицинската употреба на канабисот сугерира дека канабисот се користел на многу слични начини како денес и за лекување на многу слични и исти здравствени состојби со кои се соочуваме денес. Ова се само 10 од многуте древни употреби за медицинскиот канабис:


1. Анестетик

Едно од првите медицински користења на канабисот беше како анестетик. Кинезите, уште пред 140 години, биле првите луѓе што го користеле поради неговите анестетички својства. Го дробеле во прав, го мешале со вино и го администрирале пред операција.


2. Супозитории

Древните Египќани користеле канабис и го применувале како супозитории за третман на хемороиди. Тоа главно се користело за лекување на болката поради неговите физички својства.


3. Породување

Во Индија, канабисот се користел за голем број медицински и духовни цели, кои се движеле насекаде од гадење и дијареа, до главоболки и несоница. Но, Индијците често користеле канабис за да ја ублажат болката при породување!


4. Лекување на коњи

Античките Грци користеле канабис за лекување на рани кај себе и своите коњи, настанати за време на нивните битки и патувања. Тие или ги втривале сувите канабис лисја или правеле мелеми кои ги нанесувале на раната за побрзо и подобро заздравување.


5. Глисти

Грците, исто така, користеле канабис за лекување луѓе кои страдале од тенија. Јадењето на семето на растението канабис ги исфрлувало тениите од телото.


6. Анти – епилептик

Користењето канабис за лекување на епилепсија стана попопуларно во последно време. Всушност, родителите се борат за правата да ги третираат своите епилептични деца со канабис. Но, ова е всушност антички анти-епилептичен лек којшто го користеле дури и древните Арапи. Тоа беше исто така популарен начин за лекување на епилепсија во средновековниот исламски свет.


7. Воспаление

Античките Грци, исто така, користеле канабис за лекување воспаленија: внатрешни и надворешни. За воспаление на кожата, тие го зацврстувале семето во топла вода или вино. Подоцна, тие земале топол, потентен екстракт и го применувале на воспалените области, особено во ушите.


8. Губење коса

Добро, ова е веројатно една од неочекуваните древни употреби на медицинскиот канабис, која произлегува од Кинезите. Канабисот некогаш играл огромна улога во кинеската медицина и всушност, скоро секој дел од растението бил користен за некој вид на медицина. Маслото од растението канабис се користело за лекување на косата која паѓала.


9. Труење

Кинезите, исто така, користеле канабис во кинеската медицина за лекување на широк спектар на труења. Медицинскиот канабис бил употребуван за лекување на вермилион труење, труење со сулфур, убоди од скорпија и многуте други начини на кои едно лице може да се затруе.




ПОВРЗАНИ СТАТИИ:




Автор: Кате К.
Извор: Herb

Friday, March 2, 2018

Алкохолот го оштетува мозокот повеќе од канабисот, открива студија

За разлика од алкохолот, марихуаната не влијае на сивата или белата маса во мозокот. Сивата материја овозможува функција на мозокот; белата материја ја контролира комуникација. Алкохолот го оштетува мозокот повеќе од канабисот, тврди едно ново истражување


Како канабисот делува врз мозокот и телото?
Иако истражувачите додаваат дека истражувањата за ефектите на канабисот сè уште се многу ограничени, статистиките покажуваат дека во САД, 44% од оние над 12 години користеле марихуана во одреден период од животот. Пет држави во САД го легализирале канабисот за широка употреба, вклучувајќи го и Орегон. За разлика од алкохолот, марихуаната не влијае на големината или интегритетот на белата или сивата материја во мозокот, дури и по неколку годишната изложеност, покажа студијата. Сивата материја овозможува мозокот да функционира, додека белата ја контролира комуникацијата помеѓу нервните кластери. За разлика од алкохолот, за канабисот е докажано спротивното - дека го обновува мозокот, т.е. дека ја поттикнува неврогенезата!


Главниот професор на студијата објавена во зборникот Addiction, Кент Хатчисон (Kent Hutchison) од Универзитетот во Колорадо Боулдер, рече: „Додека марихуаната, исто така, може да има некои негативни последици, дефинитивно не е близу негативните последици од алкохолот“. Научниците додаваат, сепак, истражувањата за менталните ефекти од канабисот сè уште се во зародиш. Водечкиот автор Рејчел Тајер (Rachel Thayer) истакна: „Особено за употребата на марихуана, сè уште има толку многу што не знаеме како влијае врз мозокот“. Во САД, 44 проценти од оние на возраст од 12 или повеќе години користеле канабис во одреден период од својот живот. Вашингтон, Орегон, Калифорнија, Алјаска и Колорадо ја легализираа марихуаната за медицинска или рекреативна употреба.
Професорот Hutchison додаде: „Кога ќе ги погледнете истражувањата од поблиску, ќе видите дека многу од нив веројатно не се точни. Кога ќе ги погледнете овие истражувања години наназат, ќе видите дека една студија ќе поднесе извештај дека употребата на марихуана е поврзана со намалување на обемот на хипокампусот (регион на мозокот поврзан со меморијата и емоциите). Следните студии наоколу, велат дека употребата на марихуана е поврзана со промените во малиот мозок. Поентата е во тоа што не постои конзистентност во сите овие студии во однос на реалните структури на мозокот. Сè уште имаме многу работа“.


Не постои конзистентност во сите овие студии“ - додават авторите. И покрај нивните наоди, истражувачите додаваат дека има уште многу незнаење за безбедноста при користење на марихуаната. И покрај тоа што нивните наоди се позитивни, истражувачите исто така додаваат дека има долг пат пред канабисот, најверојатно, да биде широко прифатен од страна на науката. Професорот Hutchison заклучи: „Со оглед на тоа што се случува во реалниот свет со движењето за легализација, сѐ уште имаме многу работа да завршиме“.


Автор: Кристина Т.
Извор: DailyMail

Monday, February 26, 2018

Малку забранета историја: Канабисот и војната во 1812 година

Продолжуваме со фељтонот „Малку забранета историја“. Овој пат за употребата на канабисот во текстилната индустрија во не така далечното минато. Со оваа историја за Наполеон сфаќам зошто историјата на училиште секогаш ми била супер досадна и зошто само малку е кажано за овој француски војсководец и освојувач

Наполеон Бонапарте имал потреба од коноп
Секој пат сè повеќе и повеќе се восхитувам на преширокиот ранг на употреба на ова растение. За сè она за што може да го користиме, а тоа да е одржливо и во целосна согласност со природата. Преку оваа приказна, канабисот уште еднаш се докажува како УНИВЕРЗАЛНО растение. Приказната за Наполеоновите војни и војната од 1812 година е длабоко испреплетена со приказната за конопот.


Долги векови, Русија била најголемиот светски производител на текстил од канабис. И покрај растечкиот број на фарми и млинови за канабис во Канада, во раните 1800тини моќната морнарица на Велика Британија сè уште била зависна од јажиња и едра направени од канабис во Русија. Како што Наполеон завземал се поголема моќ во Франција, Британија ја блокирала Европа со нејзината помоќна морнарица, прекинувајќи ја целата Атлантска трговија на континентот со контролата која ја вршела преку Британскиот Канал и Гибралтарскиот Проток.


Франција сега се обидува да ги ублажи законите! КЛИКНИ!
Немоќен да победи по морски пат, Наполеон пробал да ја победи Британската морнарица забранувајќи ја цела Европска трговска соработка со Британија, со цел да го прекине нивното снабдување со канабис и економски да ја изолира земјата. За да се спаси од трговската забрана, Британија понекогаш ги заробувала Американските бродови и ги присилувала да се снабдат со Руски канабис и да го доведат во Англија. Русија не можела да се придржува кон ембаргото долго време бидејќи индустријата за канабис била многу важна за нивната економија.


Наполеон тогаш за да ја запри Британската морнарица од снабдување на канабисови јажиња и едра ја започнал катастрофалната инвазија на Русија во 1812 година. Америчката морнарица била изградена од домашно израснат канабис сработен со робовски труд. Изнервирани од Британското насилно превземање на навните бродови, нивната блокада за Европа и гледајќи можност да ја прошират нивната територија, САД им објавиле војна на Британија и пробале да упаднат во Канада во 1812 година, која сè уште го појачувала производството на канабис за да ја задоволи побарувачката на Британија.

Канабисот е дефинитивно универзално растение... -

Извор: Cannabisculture

Wednesday, November 22, 2017

5 помалку познати факти за тетрахидроканабинолот - THC!

Постојат голем број фасцинирачки работи за тетрахидроканабинолот (THC), примарната психоактивна состојка во канабисот. Многумина сè уште се фокусираат на прашањето дали оваа состојка е безбедна за конзумирање, заборавајќи ги неверојатните и уникатни карактеристики на ова растение и целосно заборавајќи го фактот дека до сега нема ниту еден регистриран случај на смрт поради канабис и дека предозирањето е невозможно. Ова се 5 помалку познати факти за THC кои сите негови љубители мора да ги знаат, а сите противници треба да ги знаат за да разберат зошто се против: 


1. THC е маснотија

Дали знаевте дека THC е липид? Липидите се масни молекули, а канабисот содржи голем број од нив. Бидејќи примарните активни состојки на канабисот се масти, тие се сврзуваат со мастите во вашето тело. По конзумирањето канабис, THC се апсорбира преку белите дробови во крвта. Потоа се пробива низ масните ткива кои ги гледа како свое живеалиште, а меѓу тие ткива и органи спаѓа и мозокот. Токму ова го спречува THC брзо да излезе од телото по конзумирањето и може да се пронајде во вашето тело во просек околу 30 дена по конзумирањето (големината на овој период зависи од личност до личност).


2. При согорувањето на маснотиите од телото се ослободува THC

Ова откритие за THC е по малку изненадувачко особено за неупатените, што не ја познаваат проблематикава. Постојат докази дека по интензивното горење на маснотии како при физички напор на телото, вежбањето или пак, брзото губење на тежината, нивото на THC може да биде повторно ослободено назад во крвта. Исто така, постојат извештаи за поранешни корисници на канабисот, кои при тестирање за THC биле позитивни, само поради тоа што изгубиле многу тежина пред тестирањето. Во 1997 година, еден извештај од аутопсија покажал огромни количини на  THC во крвта на жртви од задавување, кои морале да ги согорат значителните количества на маснотии пред да починат. 


3. Најголем дел од THC се исфрла преку изметот

THC оди во крвотокот, потоа се складира во масните клетки, каде со текот на времето повторно се ослободува во крвотокот. Но, каде оди потоа? Додека редовните корисници на канабис може да бидат позитивни на уринарен тест дури и до 77 дена по апстинирање од билката, поголемиот дел од THC се излачува преку дебелото црево. Се смета дека повеќе од 65% од THC се исфрла преку изметот, додека само 20%  преку урината.


4. Пронајдени се растенија и габи со сличен состав на канабисот 

Интересно е што се покажало дека други растенија и некои видови габи содржат соединенија слични на THC. Црните тартуфи, деликатеси кои можат да се купат за 800 долари или повеќе, имаат ензими потребни за создавање на анандамид, соединение слично на THC, кое кај луѓето се произведува природно. Во Нов Зеланд и Јапонија се наоѓа liverwort, растение без цветови кое исто така содржи соединенија слични на THC. Овие соединенија се перотетинен и перотетиненска киселина. Додека психоактивноста на овие растенија е дискутабилна, перотетиненот се чини дека ги активира истите клеточни патишта како THC.


5. THC влијае врз нашето чувства на природно блаженство

Дали некогаш сте се запрашале зошто конзумирањето на канабисот дава толку убаво чувство? THC влијае врз нашите чувства за внатрешна и целокупна благосостојба. THC го заменува соединението познато како анандамид во телото. И THC и анандамидот влијаат на ист начин врз клетките. THC се задржува на клетките малку подолго отколку анандамидот, па затоа и овозможува посилен ефект врз умот и телото. Анандамидот е откриен не многу одамна и сè уште има многу работи кои допрва треба да се откријат за него и за неговата улога во нашето тело. Сепак, се знае дека тој е одговорен за важни функции во организмот, како одржување на расположението, чувството за глад, благосостојбата по физичката активност и други витални функции во телото.

Автор: Ангела Т.
Извор: HERB

Канабисот од блиску!