Tuesday, March 6, 2018

9 антички употреби на медицинскиот канабис

Прегледот на историјата на медицинската употреба на канабис дава некои перспективи на она што го правиме со него денес и начинот на кој го правиме тоа. Медицинскиот канабис во никој случај не е нова работа за човечките суштества. Канабисот најверојатно бил еден од најпрвите билни лекови и има бројни докази дека се користел уште од антиката


Всушност, сите употреби што ги наоѓаме за медицински канабис во современото општество имаат многу голема врска со античките употреби, уште откако нашите предци ја откриле моќта на растението коноп пред илјадници години. Овој краток преглед на медицинската употреба на канабисот сугерира дека канабисот се користел на многу слични начини како денес и за лекување на многу слични и исти здравствени состојби со кои се соочуваме денес. Ова се само 10 од многуте древни употреби за медицинскиот канабис:


1. Анестетик

Едно од првите медицински користења на канабисот беше како анестетик. Кинезите, уште пред 140 години, биле првите луѓе што го користеле поради неговите анестетички својства. Го дробеле во прав, го мешале со вино и го администрирале пред операција.


2. Супозитории

Древните Египќани користеле канабис и го применувале како супозитории за третман на хемороиди. Тоа главно се користело за лекување на болката поради неговите физички својства.


3. Породување

Во Индија, канабисот се користел за голем број медицински и духовни цели, кои се движеле насекаде од гадење и дијареа, до главоболки и несоница. Но, Индијците често користеле канабис за да ја ублажат болката при породување!


4. Лекување на коњи

Античките Грци користеле канабис за лекување на рани кај себе и своите коњи, настанати за време на нивните битки и патувања. Тие или ги втривале сувите канабис лисја или правеле мелеми кои ги нанесувале на раната за побрзо и подобро заздравување.


5. Глисти

Грците, исто така, користеле канабис за лекување луѓе кои страдале од тенија. Јадењето на семето на растението канабис ги исфрлувало тениите од телото.


6. Анти – епилептик

Користењето канабис за лекување на епилепсија стана попопуларно во последно време. Всушност, родителите се борат за правата да ги третираат своите епилептични деца со канабис. Но, ова е всушност антички анти-епилептичен лек којшто го користеле дури и древните Арапи. Тоа беше исто така популарен начин за лекување на епилепсија во средновековниот исламски свет.


7. Воспаление

Античките Грци, исто така, користеле канабис за лекување воспаленија: внатрешни и надворешни. За воспаление на кожата, тие го зацврстувале семето во топла вода или вино. Подоцна, тие земале топол, потентен екстракт и го применувале на воспалените области, особено во ушите.


8. Губење коса

Добро, ова е веројатно една од неочекуваните древни употреби на медицинскиот канабис, која произлегува од Кинезите. Канабисот некогаш играл огромна улога во кинеската медицина и всушност, скоро секој дел од растението бил користен за некој вид на медицина. Маслото од растението канабис се користело за лекување на косата која паѓала.


9. Труење

Кинезите, исто така, користеле канабис во кинеската медицина за лекување на широк спектар на труења. Медицинскиот канабис бил употребуван за лекување на вермилион труење, труење со сулфур, убоди од скорпија и многуте други начини на кои едно лице може да се затруе.




ПОВРЗАНИ СТАТИИ:




Автор: Кате К.
Извор: Herb

No comments:

Post a Comment