Showing posts with label пиво. Show all posts
Showing posts with label пиво. Show all posts

Sunday, April 8, 2018

Пиво од канабис наскоро ќе биде достапно во Канада!

Можеби ова лековито пиво ќе се вика Cannabeer - „КАНАПИВО“. Без оглед на тоа како ќе биде наречено, според Лорен Еaдс (Lauren Eads), од Drinksbusiness.com, провинцијата Канада Брендс (Province Brands - PB) поднесе привремен патент за првото пиво во светот произведено од билката канабис


Другите компании произвеле вино и пиво кое содржи мали количини на канабис, но според натписот на Drinksbusiness, ФБ е првата компанија со глобален дофат за производство на пиво, кое е произведено целосно од растението канабис. Компанијата своите производи ги дефинира како „без алкохол, а сепак многу опојни“. Тие тврдат дека производите се со ниски калории, ниски нивоа на шеќери и - многу важно за денешната потрошувачка  - без глутен. Пријавувањето за патент е околу шест месеци.


Верувајќи дека канабисот ќе биде легален за рекреативна употреба во секоја од 50-те американски држави во блиска иднина, џиновските Констелациони брендови (Constellation Brands - CB) со седиште во Ферпорт, Њујорк сакаа да бидат на чело на класата. Во октомври 2017 тие стапиja со 10 % од акциите (во вредност од 197,5 милиони долари) во Canadian Canopy Growth Corporation, која се смета за „водечка компанија за канабис во светот“.


PB започна во 2016 година. Коосновачот и извршен директор Дума Вендшух (Dooma Wendschuh), им рече на Drinksbusiness дека неодамнешниот интерес за канабис ѝ помогна на неговата компанија да привлече извори на финансирање. Wendschuh, исто така, изјави за Drinksbusiness неговата компанија ќе произведува одлични вкусови на пива. Уште поважно, патентот на компанијата ја заклучува важната интелектуална сопственост во нејзината контрола. Тој тврди дека неговиот развоен тим има децении комбинирано искуство во алкохолната индустрија за пијалаци. Но, ако CB верува дека легализацијата на канабисот доаѓа во САД, зошто да инвестираме во Канада?


Интересен факт! ЕДУЦИРАЈТЕ СЕ!
Пред седумнаесет години Канада стана првата земја што легализираше медицинска марихуана. Денес, канадската Федерална влада е на прагот на легализирање на употребата на канабис и пијалаци - Владата инсистираше дека тоа најверојатно ќе се случи до 2019 година. Според извештајот на Winebusiness, CB се чини дека има првични планови „да направат алкохолни пијалаци од канабис како и сокови, кафиња и пијалаци базирани на овошје“. Нема гаранција дека законодавниот дом во Канада ќе даде зелено светло до 2019 година, но има голема веројатност тоа да се случи. Денес, медицинската марихуана е легална во 21 држава во САД и е вистина дека рекреативната марихуана е легална во осум. Исто така, вистина е дека индустријата за канабис во САД вредеше речиси 7 милијарди долари во 2016 година, а индустријата очекува нејзината вредност да се зголеми до 50 милијарди долари до 2026 година. Но, тоа не е крајот на оваа приказна...


Федералната влада на САД е во судир со државите во врска со „проблемот“ со канабисот. Законите на Федералната влада го отежнуваат бизнисот со канабис, така што не прават едноставни неопходни работи како што се одржување на банкарска сметка или поднесување на федерални даноци, а американскиот државен обвинител Џеф Сешнс (Jeff Sessions) направи закани да ги држи државите и бизнисите одговорни за федералните закони. Според статутите, марихуаната останува лек, кој според федералниот закон значи „лек без моментално прифатена медицинска употреба и висок потенцијал за злоупотреба“. Тоа го става канабисот во класата со хероин, лизергинска киселина диетиламид - ЛСД (lysergic acid diethylamide), 3,4-метилендиоксиметимфетамин - екстази (methylenedioxymethamphetamine), метакалона - квалиуд (methaqualone).


Неодамна, додека тој беше интервјуиран за најновата војна на американското Министерство за правда во врска со дрогата, овој пат предизвикана од  националната злоупотреба на опоидите, Sessions рече: „Сметаме дека ова започнува со марихуаната и други дроги“. Можеби инвестирањето во канадската индустрија за канабис е попаметно нешто - или можеби CB знае нешто за иднината на канабисот во САД. Во секој случај, ако пивото од канабис се произведува во Канада во 2019, нема да бидат увезени во САД од CB или било кој друг правен субјект.



12 годишно девојче кое зема медицинска марихуана го тужи Џеф Сешнс и ДЕА

Поврзани статии: 





Автор: Кристина Т.
Извор: Forbes

Sunday, January 28, 2018

Зошто луѓето треба да престанат да ја споредуваат марихуаната со алкохолот и цигарите?

Да ги погледнеме податоците и да се повикаме на науката, еднаш засекогаш! Уживајте во овој експериментално богат, експлицитен текст преполн со податоци. Повикајте се на очигледната вистина и во нејзина чест, понизно и љубопитно одберете ја правилната, од Мајка Земја дадена супстанца за здрава разонода првиот нареден пат


Марихуана, алкохол и никотин

Во 2015 година научниците користеле нов метод за да го измерат ризикот од смрт од 10 чести и нелегални супстанции. Истражувањето вклучувало: канабис, алкохол, тутун, хероин, кокаин, МДМА (екстаза), метамфетамин, дијазепам, амфетамин и метадон. Истражувањето открило дека алкохолот претставува највисок ризик на смрт, пропратен од никотинот, кокаинот и хероинот. А, канабисот останал последен на листата, како најбезбедна супстанца, иако споредена со алкохолот и тутунот.


Резултатите, според водечкиот автор Дик Лахенмаер (Dick Lachenmeier), повторуваат поранешни и веќе познати резултати од други истражувања, но со комплетно различна методологија. Истражувањето го извршиле со нова техника за одредување ризик наречена „Маргина на изложеност“ (Margin of Exposure - MOE). Во суптина, овој метод се фокусира на односот меѓу дозата која се карактеризира со лош ефект и количеството кое луѓето типично го користат. Според истражувачите, опасностите од канабисот биле преценети во минатото, додека ризикот од алкохол бил најчесто потценет, пренесува NBC News; откриле дека алкохолот е 114 пати посмртоносен од канабисот.


Кликни на сликата!
Алкохолот е одговорен за 1 од 10 смртни случаи кај возрасни луѓе

Според Центарот за контрола и превенција на болести, најверојатно 1 од 10 смртни случаи на возрасни во работен однос во САД им се припишува прекумерна употреба на алкохол. Алкохолот е поврзан со секакви болести - од срцеви до рак. Труењето со алкохол (предозирање) предизвикува 2.000 смртни случаи годишно. Додека кој и да е репутабилен експерт кој ги познава фактите ќе ти потврди дека никогаш не е евидентирана смрт од предозирање со канабис во историјата. „Гледаме животи еден по друг проголтани од алкохолот“ - вели д-р Питер Гринспун (Peter Grinspoon), кој практикува основна нега во болницата Масс Генерал Хоспитал, изјавува WBUR. „Сè што гледаме се фамилии кои се распаѓаат поради алкохолот“ - додава тој. Дури, не мора да одиме ни далеку за да видиме животи уништени од тутунот. „Како доктор по примарна нега, низ 20 години никогаш не сум видел ни еден живот згаснат од марихуаната“ - заклучува.



Тутунот се смета за водечка превентабилна причина за смрт во САД

Истражувањата докажаа дека тутунот е далеку поштетен од канабисот врз белите дробови. Пушењето цигари е одговорно за повеќе од 480.000 смртни случаи во САД, вклучувајќи повеќе од 41.000 смртни случаи од пасивно пушење (изложеност на  чадот од цигарите), според CDC. Или околу 1.300 смртни случаи дневно. Пушачите на тутун умираат просечно 10 години помлади од непушачите. Додека вдишувањето на каков и да е чад ги оштетува дишните патишта и буди симптоми на бронхитис, канабиноидите од чадот на марихуаната очигледно  се исклучок од ова правило бидејќи имаат подобрувачки ефект врз дишните патишта, намалувајќи ја штетата поради астма или никотин. Истражувањата неуспеале да пронајдат корелација меѓу употребата на марихуана со рак на белите дробови, рак главата и вратот.


Канабисот не ја оштетува функцијата на белите дробови, барем не дозата која ја вдишуваат најголем број на корисници, според најголемото и најдолго истражување од својот тип некогаш, изјавува TIME. Истражувачите откриваат дека додека на пушачите на тутун им се намалува функцијата на белите дробови со текот на времето, чадот од канабисот имал неочекувани и очигледно позитивни ефекти. Нечести до умерени корисници на канабис, всушност, покажале зголемен капацитет на белите дробови, споредени со непушачи на два теста. На еден од тестовите, дури и долгорочните, тешки корисни на канабис покажале повисока фунција од непушачите.


Извор: HERB