Showing posts with label споредба. Show all posts
Showing posts with label споредба. Show all posts

Wednesday, September 5, 2018

Внатрешно наспроти надворешно одгле-дувана марихуана: визуелен водич

Дали можете да разликувате канабис што е одгледуван во затворени простории од оној што се одгледува на отворено? Овој прирачник е создаден да помогне за полесно разликување на бесконечните варијанти на канабисот. Кои се разликите, а кои сличностите? Ова не важи за сите видови, бидејќи секој вид има различни карактеристики и расте различно со засебната индивидуална грижа на одгледувачите


Лево: Outdoor; Десно: Indoor. ПОГОДИВТЕ?! :)
На крајот од денот канабисот е незаменливо растение и не сите различни фактори ќе дојдат до израз во секоја конкретна ситуација затоа што секоја сорта е уникатна. Важно е да се забележи дека туфките можат да бидат одгледани правилно и неправилно, независно од тоа дали се гледани внатре или надвор на собна температура, неправилно одгледување во затворени простори може да изгледа како надворешното и обратно. Сепак, постојат некои одредени стандардни критериуми кои се важни за ваква форма на елаборирање. Сега, ајде да ви дадеме неколку корисни насоки за лесно да можете да препознаете како и каде канабисот е одгледуван, преку некои стратешки визуелни индикации:



Големината на туфките 

Големината на цветовите е меѓу првите визуелни знаци и клучни показатели било да се внатрешно одгледани или надворешно. Но, генерално правило е дека сѐ е поголемо кога е надворешно одгледано. Поголеми и порунтави се цветовите кога се на отворено, но разликата може да се забележи единствено ако се погледне дршката на цветот. Надворешните туфки ќе имаат подебели стебленца од оние култивирани во плакарот. Внатрешните туфки типично ќе се помали од надворешните и позбиени, погусти.



Трихомна густина

Трихомната густина е клучна визуелна показателна точка, кога се обидуваме да најдеме диференцијација помеѓу собно и надворешно одгледана трева. Собните туфки се помали, бидејќи се растени и зосревале поблиску до светлината во перфектно контролираната животна средина и тие типично се рангирани високо на трихомната густинска скала. Со набљудување и евалуирање на беспрекорно одгледана собна туфка, јасно видливи се и со голо око малечките кристали кои блескаат и ги има навистина многу. Надворешните туфки се генерално поголеми и нивните трихоми најчесто не се во состојба да ја покријат целата површина на надворешно одгледаниот цвет. Додатно, надворешните растенија се изложени на влијанија што можат да ги нарушат трхомите и нивното развивање. Трихомната густина е типично поразредена на надворешно култивирана туфка, во споредба со оние растени во гроу-бокс.



Лево: Indoor; Десно: Outdoor. ПОГОДИВТЕ?! :P
Боја

Една од најинтересните визуелни карактеристики што можат да се употребат за разликување на канабисово растение растено на сонце, наспроти она собното на струја - е бојата! Надворешно одгледаното има тенденција да има генерално потемна боја. Ако одгледувачот расте врсти на канабис кои произведуваат зелени цветови, надворешните туфки ќе се појават како потемно зелени можно е дури и боја која води накај кафеава. Ако одгледувачот расте канабис кој произведува виолетови или розови цветови, надворешните туфки ќе изгледаат длабоко виолетови/розеви, односно темно виолетови/розеви. Друга визуелна карактеристика е долниот дел на цветовите. Туфките култивирани надвор речиси секогаш имаат светло кафени нијанси околу дршката на самата основа од цветот (не станува збор за мувла). Цветовите одгледани во затворени простори од друга страна имаат светло зелена или виолетова нијанса на истите места.




Канабиноиди

Има раширени митови за тоа дека канабиноидите од надворешно потекло се помалку потентни од внатрешно култивираните. Ова не е точно. Посветените одгледувачи од „Sunna Ra Acres“ го пробија овој мит еднаш засекогаш. Последните неколку години имаат направено споредбени тестови на два клона земени од иста мајка-растение, едно растено собно, другото надворешно. Го спроведоа експериментот со варијатети на видови и подвидови коноп истовремено и се покажало дека растенијата култивирани надвор во природни услови под сонцето, резултираат со целокупен поразноврсен и поголем канабиноиден профил. Ова значи дека имаат повисоки нивоа како на ТХЦ, така и на ЦБД, но и на останатите активни состојки. Овој експеримент покажа дека сонцето го ослободува вистинскиот потенцијал на растението и неговата медицинска вредност, а сличен е случајот и со зеленчукот кој се одгледува под сијалица, во споредба со оној одгледан во природата под сонцето... Затоа екстрактите подготвени од неколку врсти одгледани под сонцето се секогаш подобар избор за пациентите.



Лево: Надвор; Десно: Внатре
Терпени

Во овој случај, терпените се многу слични на канабиноидите, затоа што нивните профили се интензивираат од сонцето. Низ долгогодишното експериментирање во Sunna Ra Acres, одгледувачите откриле дека ако две идентични растенија се одгледуваат „рамо до рамо“ - едното одгледувано надвор, другото одгледувано внатре - билката што се одгледува надвор ќе има повисок процент на терпени. Во некои случаи пак, растенијата од надвор дури откриваат и терпени за кои никој не знаеше дека биле таму. Кога овие две растенија се пушат, разликата е многу повеќе од очигледна: сончевите цветови се многу повкусни и поароматични. Исто така, треба да се истакне дека терпените се испарливи, што значи дека ќе исчезнат без соодветно сушење и „кјуринг“ процес. Многу од одгледувачите во затворен простор посветуваат поголема грижа во завршните фази на сушење и лекување, бидејќи нивните билки даваат многу помалку принос и нивниот производ се движи од една просторија затворен во друга, обезбедувајќи поголема контрола низ целиот производствен циклус. Почетниците во одгледувањето на отворени простории наспроти искусните, можат да го прескокнат чекорот на правилно сушење, пред сè поради незнаење или поради големиот принос и со тоа можат да го изгубат својот висок терпенски профил.



Кастрење на цветовите

Додека оваа категорија е многу субјективна и не се применува секогаш, историски погледнато одгледувачите на отворено трошат помалку време за намалување и оформување на нивниот финален производ, наспроти одгледувачите во затворен простор. Туфките под сијалица се поубаво обликувани од оние сончевите. Ова обично е поврзано со количината на приносот, одгледувачите на отворено во просек добиваат по 5, 10 или 20 килограми по растение, додека внатрешните одгледувачи имаат принос од 0,5 - 1 или 2 килограми по растение. Кастрењето на цветовите одгледани надвор, не само што ќе трае неколку недели, туку ќе бидат потребни и повеќе лица со полно работно време. Така, крајниот резултат е обично полабаво засекување, особено зашто растенијата на отворено генерално се полистести и поразгранети. Ако имате среќа да имате пристап до истата врста која се одгледува и во затворени простории и надвор, доколку сте вистински страствен љубител на канабисот неверојатно е чувството да имате шанса не само визуелно да ги споредите, туку да можете да ги споредите и канабиноидните профили, аромата, вкусот, чадот, моменталното чувство што го даваат, како и медицинскиот ефект и долгорочен бенефит!



Ништо не може да го замени сонцето!
Одгледување канабис во стаклена градина

Главната разлика во Outdoor и Indoor одгледувањето е тоа што под сијалица може да имате и 4 реколти во годината, додека под сонцето максимум 2. Оранжериите, стаклениците и пластениците може да се категоризираат како одгледување во затворен простор со користење на силата на сонцето. Тоа е совршен спој на затвореното и отвореното, бидејќи до одредена мера имате контрола врз животната средина како во целосно затворениот простор (одредување на температура, симулација на ветер итн...), со неверојатната моќ на сонцето, наместо вештачко светло од електирчни сијалици. Резултатот најчесто се цветови кои имаат визуелна и ароматична привлечност на Indoor цветовите, но со покачени терпенски и канабиноидни профили што се карактеристика на Outdoor цветовите.



Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Marijuana

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:









Sunday, June 24, 2018

Споредба на Канабинолот (Cannabinol-CBN) со Канабидиолот (Cannabidiol-CBD)

Кога консумирате било каков вид на продукт од канабис, без разлика дали по пат на пушење, вапоризирање, дебинг или јадење, може да се запознаете со различни канабиноиди, но најчесто со THC, CBD и CBN. Со помош на Cannabistraininguniversity направиме споредба на активните состојки од канабисот CBN и CBD, за подобро да разберете како тие функционираат


Овие канабиноиди циркулираат во крвотокот и одат низ останатиот дел од телото и завршуваат во мозокот. Кога станува збор за мозокот, канабиноидите се активираат од специјални невронски рецептори, кои произведуваат различни ефекти во главата и низ телото. Канабидиолот (Cannabidiol-CBD) нема да ве надува, но Канабинолот (Cannabinol-CBN) ќе даде малку психоактивен ефект, но тој е многу лесен.


Едноставно објаснување

Разберете ги CBN и CBD споредбите како клуч кој отклучува одредена врата. Кога копчињата ја отвораат вратата, има пораки кои ќе поминат низ нив, ќе одат директно во мозокот, а потоа и низ целото тело. Ако имате било каков вид на вознемиреност, CBD ќе ја отклучи и ќе ја отвори вратата, сигнализирајќи го вашето тело да ги ослободи оние хормони кои предизвикуваат анксиозност. Процесот може да се чини дека е покомплексен отколку што претходно го опишавме, но можеби веќе сте ја добиле сликата. Ајде сега да обрнеме подетално внимание на производството на ЦБД и ЦБН во канабис билката.


Комплексното објаснување

Споредбите на CBD и CBN укажуваат на нивните разлики и сличности: дека и двата постојат во билката марихуана и двата од нив се канабиноиди и двата од нив се во интеракција со невроните во мозокот. Сепак, да ги пронајдеме и разликите? Разликата е целокупното производство на овие два канабиноиди во канабис растението. Сè започнува со биосинтезата во билката и комбинацијата на хемиски елементи како: Канабигерол (Cannabigerol-CBGA), која на крајот произведува Канабихромен (Cannabichromene-CBCA), Канабидиолична киселина - CBDA и Тетрахидроканабинолна киселина - THCA. Сите тие дејствуваат како родители на канабиноидите, бидејќи претставуваат киселинска форма на: CBC, THC и CBD.




Молекулна споредба на канабиноидите
Различни фази

Сето ова се случува додека марихуаната поминува низ фазата на раст до бербата. Откако ќе се обере, растителниот материјал ќе се користи за консумирање, но ефектите на тревата нема да се почувствуваат веднаш. Киселиот облик на канабиноидите, прво треба да се распадне за да се почувствува хајот, па затоа процесот на нивно кршење се нарекува декарбоксилација. Ова се прави со загревање на марихуаната, користејќи еден од два методи. Еден метод се врши во рерна, а другиот е со пушење на исушените цветови во форма на џоинт.


Декарбоксилација

Кога ќе ги активирате (декарбоксилирате) цветовите од марихуаната, врските се распаѓаат од одредената топлина, дозволувајќи им на киселините да се оттргнат и оставајќи ги: CBD, CBC и THC. Затоа единствениот начин на кој можете да пристапите до било која форма на CBD е преку процесот на декарбоксилација. Можеби се прашувате зошто ние не го спомнавме CBN како што првпат почнавме да ги објаснуваме CBN и CBD споредувањата. Па, да видиме... CBN не е ист како овие кисели форми на канабиноиди. Постојат два начини на кои може да се произведе CBN. Можете да го користите процесот на стареење, но и процесот на декарбоксилација. Додека декарбоксилирате, ќе откриете дека дел од THC ќе се распадне понатаму и ќе се претвори во CBN. Тоа е како разделување на атом во помали субатомски единици. Добрата работа е дека овој процес на декарбоксилација е побрз. Процесот на стареење бара повеќе време.



Автор и Уредник: MoniQue Konopova

Thursday, March 1, 2018

Канабисово масло со целосен спектар на канабиноиден профил наспроти THC или CBD изолат

Кое масло е поефективно за третман на сериозните болести? Кое е подобро за мене? Како што сугерира терминот „full spectrum cannabis oil“ (екстракт од канабис со целосен спектар) значи дека доаѓа со сите канабиноиди кои се природно присутни во билката, но и со сите други потребни состојки


Наша изработка
Во маслото од коноп, ова вклучува долг список на соединенија од канабис, покрај THC и CBD, како што се Cannabinol (CBN), Cannabicyclol (CBL), тетрахидрокананавиварин (THCV) и канабибромоваринска киселина (CBCVA). Од суштинска важност е да се истакне дека малите количини на терпени исто така можат да се најдат во целиот екстракт. Владата ги регулира нивоата на концентрација на активните состојки на многу ниски проценти за производи од коноп, што резултира со многу ограничена церебрална стимулација. Кога CBD или THC се во изолациона форма, тие се по лабораториски пак одделени од другите соединенија од изворното канабис растение. 


Претходно се верувало дека изолатите на ЦБД биле посилни и поконцентрирани од ЦБД масклата со целосен спектар. На ова тврдење на крајот беше разоткриена студија од Центарот за општа туморска имунологија во Лаутенберг во Ерусалим. Во студијата од 2015 година, истражувачите можеа да докажат дека ЦБД со целосен спектар е способен да понуди поголемо ниво на олеснување, бидејќи поголеми дози им биле дадени на глувците. За споредба, групата на која беше даден CBD изолат не го доживеа истото ниво на олеснување при повисоки дози, поради недостатокот на синергискиот ентураж ефект, што го има целосниот спектар (entourage effect). Терминот „придружен ефект“ се однесува на концептот и предложениот механизам со кој соединенијата кои се присутни во канабисот и кои во најголема мера не се психоактивни, сами по себе ги модулираат целокупните психоактивни ефекти на растението и меѓусебно си помагаат.


За подобро да разбереме како се разликуваат овие две варијанти на масла, ќе земеме многу едноставен и вкусен пример. Замислете истите масла да бидат споредени со два типа сос од шпагети. Во првата чинија, ќе најдете едноставен и досаден не многу хранлив сос од шпагети направен од чисти домати (изолиран екстракт). Во втората чинија, можете да најдете комплексен богат, хранлив и разноврсен сос од шпагети, кој содржи лук и миризливи италијански билки (полн спектар екстракт). Јасно е дека и двете чинии имаат сос од шпагети - но вториот рецепт е повкусен и има повеќе хранливи состојки и поинаку се поврзува со сетилата за вкус (исто така познат како „ефект на придружба“).


Врз основа на споредбата погоре, маслото со целосен спектар на коноповите состојки е поефикасно од дериватите, што го прави високо препорачливо за пациентите заинтересирани за холистички пристапи кон канабис терапиите. Речиси сите домашно изработени масла се со целосен спектар во канабиноидниот профил и затоа ја имаат моќта да се справат во помала или поголема мера со секое заболување. Колку повеќе врсти употребите при подготовката, толку побогато висококонцентрирано масло ќе добиете. Маслото од конот е исклучително потентен извор на лековити компоненти. Сепак, треба да имаме предвид дека постојат одредени заболувања каде што и фармацевтските изолати во форма на комерцијални производи се потребни, на пример за појачување на одреден канабиноид во целосните масла, а постојат и дијагнози каде што пациентот има зголемена потреба од конкретен канабиноид. Преголемиот „хај“ од премногу ТХЦ може да се намали со голема доза на ЦБД исто така.


Автор: MoniQue Konopova
Извор: Massroots

Sunday, January 28, 2018

Зошто луѓето треба да престанат да ја споредуваат марихуаната со алкохолот и цигарите?

Да ги погледнеме податоците и да се повикаме на науката, еднаш засекогаш! Уживајте во овој експериментално богат, експлицитен текст преполн со податоци. Повикајте се на очигледната вистина и во нејзина чест, понизно и љубопитно одберете ја правилната, од Мајка Земја дадена супстанца за здрава разонода првиот нареден пат


Марихуана, алкохол и никотин

Во 2015 година научниците користеле нов метод за да го измерат ризикот од смрт од 10 чести и нелегални супстанции. Истражувањето вклучувало: канабис, алкохол, тутун, хероин, кокаин, МДМА (екстаза), метамфетамин, дијазепам, амфетамин и метадон. Истражувањето открило дека алкохолот претставува највисок ризик на смрт, пропратен од никотинот, кокаинот и хероинот. А, канабисот останал последен на листата, како најбезбедна супстанца, иако споредена со алкохолот и тутунот.


Резултатите, според водечкиот автор Дик Лахенмаер (Dick Lachenmeier), повторуваат поранешни и веќе познати резултати од други истражувања, но со комплетно различна методологија. Истражувањето го извршиле со нова техника за одредување ризик наречена „Маргина на изложеност“ (Margin of Exposure - MOE). Во суптина, овој метод се фокусира на односот меѓу дозата која се карактеризира со лош ефект и количеството кое луѓето типично го користат. Според истражувачите, опасностите од канабисот биле преценети во минатото, додека ризикот од алкохол бил најчесто потценет, пренесува NBC News; откриле дека алкохолот е 114 пати посмртоносен од канабисот.


Кликни на сликата!
Алкохолот е одговорен за 1 од 10 смртни случаи кај возрасни луѓе

Според Центарот за контрола и превенција на болести, најверојатно 1 од 10 смртни случаи на возрасни во работен однос во САД им се припишува прекумерна употреба на алкохол. Алкохолот е поврзан со секакви болести - од срцеви до рак. Труењето со алкохол (предозирање) предизвикува 2.000 смртни случаи годишно. Додека кој и да е репутабилен експерт кој ги познава фактите ќе ти потврди дека никогаш не е евидентирана смрт од предозирање со канабис во историјата. „Гледаме животи еден по друг проголтани од алкохолот“ - вели д-р Питер Гринспун (Peter Grinspoon), кој практикува основна нега во болницата Масс Генерал Хоспитал, изјавува WBUR. „Сè што гледаме се фамилии кои се распаѓаат поради алкохолот“ - додава тој. Дури, не мора да одиме ни далеку за да видиме животи уништени од тутунот. „Како доктор по примарна нега, низ 20 години никогаш не сум видел ни еден живот згаснат од марихуаната“ - заклучува.



Тутунот се смета за водечка превентабилна причина за смрт во САД

Истражувањата докажаа дека тутунот е далеку поштетен од канабисот врз белите дробови. Пушењето цигари е одговорно за повеќе од 480.000 смртни случаи во САД, вклучувајќи повеќе од 41.000 смртни случаи од пасивно пушење (изложеност на  чадот од цигарите), според CDC. Или околу 1.300 смртни случаи дневно. Пушачите на тутун умираат просечно 10 години помлади од непушачите. Додека вдишувањето на каков и да е чад ги оштетува дишните патишта и буди симптоми на бронхитис, канабиноидите од чадот на марихуаната очигледно  се исклучок од ова правило бидејќи имаат подобрувачки ефект врз дишните патишта, намалувајќи ја штетата поради астма или никотин. Истражувањата неуспеале да пронајдат корелација меѓу употребата на марихуана со рак на белите дробови, рак главата и вратот.


Канабисот не ја оштетува функцијата на белите дробови, барем не дозата која ја вдишуваат најголем број на корисници, според најголемото и најдолго истражување од својот тип некогаш, изјавува TIME. Истражувачите откриваат дека додека на пушачите на тутун им се намалува функцијата на белите дробови со текот на времето, чадот од канабисот имал неочекувани и очигледно позитивни ефекти. Нечести до умерени корисници на канабис, всушност, покажале зголемен капацитет на белите дробови, споредени со непушачи на два теста. На еден од тестовите, дури и долгорочните, тешки корисни на канабис покажале повисока фунција од непушачите.


Извор: HERB