Да ги погледнеме податоците и да се повикаме на науката, еднаш засекогаш! Уживајте во овој експериментално богат, експлицитен текст преполн со податоци. Повикајте се на очигледната вистина и во нејзина чест, понизно и љубопитно одберете ја правилната, од Мајка Земја дадена супстанца за здрава разонода првиот нареден пат
Марихуана, алкохол и никотин
Во 2015 година научниците користеле нов метод за да го измерат ризикот од смрт од 10 чести и нелегални супстанции. Истражувањето вклучувало: канабис, алкохол, тутун, хероин, кокаин, МДМА (екстаза), метамфетамин, дијазепам, амфетамин и метадон. Истражувањето открило дека алкохолот претставува највисок ризик на смрт, пропратен од никотинот, кокаинот и хероинот. А, канабисот останал последен на листата, како најбезбедна супстанца, иако споредена со алкохолот и тутунот.
Резултатите, според водечкиот автор Дик Лахенмаер (Dick Lachenmeier), повторуваат поранешни и веќе познати резултати од други истражувања, но со комплетно различна методологија. Истражувањето го извршиле со нова техника за одредување ризик наречена „Маргина на изложеност“ (Margin of Exposure - MOE). Во суптина, овој метод се фокусира на односот меѓу дозата која се карактеризира со лош ефект и количеството кое луѓето типично го користат. Според истражувачите, опасностите од канабисот биле преценети во минатото, додека ризикот од алкохол бил најчесто потценет, пренесува NBC News; откриле дека алкохолот е 114 пати посмртоносен од канабисот.
Кликни на сликата! |
Алкохолот е одговорен за 1 од 10 смртни случаи кај возрасни луѓе
Според Центарот за контрола и превенција на болести, најверојатно 1 од 10 смртни случаи на возрасни во работен однос во САД им се припишува прекумерна употреба на алкохол. Алкохолот е поврзан со секакви болести - од срцеви до рак. Труењето со алкохол (предозирање) предизвикува 2.000 смртни случаи годишно. Додека кој и да е репутабилен експерт кој ги познава фактите ќе ти потврди дека никогаш не е евидентирана смрт од предозирање со канабис во историјата. „Гледаме животи еден по друг проголтани од алкохолот“ - вели д-р Питер Гринспун (Peter Grinspoon), кој практикува основна нега во болницата Масс Генерал Хоспитал, изјавува WBUR. „Сè што гледаме се фамилии кои се распаѓаат поради алкохолот“ - додава тој. Дури, не мора да одиме ни далеку за да видиме животи уништени од тутунот. „Како доктор по примарна нега, низ 20 години никогаш не сум видел ни еден живот згаснат од марихуаната“ - заклучува.
Тутунот се смета за водечка превентабилна причина за смрт во САД
Истражувањата докажаа дека тутунот е далеку поштетен од канабисот врз белите дробови. Пушењето цигари е одговорно за повеќе од 480.000 смртни случаи во САД, вклучувајќи повеќе од 41.000 смртни случаи од пасивно пушење (изложеност на чадот од цигарите), според CDC. Или околу 1.300 смртни случаи дневно. Пушачите на тутун умираат просечно 10 години помлади од непушачите. Додека вдишувањето на каков и да е чад ги оштетува дишните патишта и буди симптоми на бронхитис, канабиноидите од чадот на марихуаната очигледно се исклучок од ова правило бидејќи имаат подобрувачки ефект врз дишните патишта, намалувајќи ја штетата поради астма или никотин. Истражувањата неуспеале да пронајдат корелација меѓу употребата на марихуана со рак на белите дробови, рак главата и вратот.
Канабисот не ја оштетува функцијата на белите дробови, барем не дозата која ја вдишуваат најголем број на корисници, според најголемото и најдолго истражување од својот тип некогаш, изјавува TIME. Истражувачите откриваат дека додека на пушачите на тутун им се намалува функцијата на белите дробови со текот на времето, чадот од канабисот имал неочекувани и очигледно позитивни ефекти. Нечести до умерени корисници на канабис, всушност, покажале зголемен капацитет на белите дробови, споредени со непушачи на два теста. На еден од тестовите, дури и долгорочните, тешки корисни на канабис покажале повисока фунција од непушачите.
Автор: Никола Станчески
Извор: HERB
No comments:
Post a Comment