Showing posts with label тренинг. Show all posts
Showing posts with label тренинг. Show all posts

Friday, May 18, 2018

Сè што треба да знаете за употребата на канабисот по напорниот тренинг

Дали CBD е клучна состојка за брзото враќање во форма? Кога ќе помислите на марихуаната, каква слика ви доаѓа на ум? Насмеан хипик што слуша реге или пак силен, здрав атлетичар? Најверојатно првото. Канабисот долго време бил поврзуван со „стонери“ и чипс, но оваа лажна перцепција ја заменуваме со факти. Канабисот може наскоро да се користи како витамините и додатоците во исхрана, за да ве одржи среќни и здрави и поиздржливи кога вежбате. Можеби веќе сте забележале некаков производ со канабис во теретана, особено доколку живеете во држава каде канабисот е легализиран


Дали ќе се „напушам“?

Искуството што ќе го доживеете со ваквите производи зависи од канабиноидите. Тоа е хемискиот состав пронајден во различните видови на канабис-растенијата. Се верува дека постојат повеќе од 100 различни видови на канабиноиди, но најмногу внимание привлекуваат двете најважни – тетрахидроканабинол (THC) и канабидиол (CBD). Најчесто марихуаната е одгледувана поради THC, што е психоактивна состојка, додека CBD не е психоактивна. Истражувачите дознале дека и двете состојки имаат терапевтско влијание и се добри за човеково конзумирање за најоптимално здравје. И покрај тоа што одредени луѓе преферираат да пушат џоинт кој содржи повеќе THC, има и такви што одбираат да користат CBD за спречување на болката и олабавување на мускулатурата.



Доктор Канабис

Го прашавме д-р Stuart Titus извршен директор на Medical Marijuana, Inc. за бизнисот со канабисот како лек за „опоравување“. Тој вели дека неговото искуство како терапевт го довело до медицинската марихуана. Многу атлетичари го користеле канабисот за болки, воспаленија и несоница. „Мислам дека една од најдобрите информации доаѓа од патентот на американската Влада. Всушност, тој кажува дека CBD е подобро за употреба, бидејќи можеш да го употребиш во големи дози без никакви несакани ефекти“ - вели тој. Официјалниот став  на Владата потврдува дека канабиноидите може да се користат за сè: од болно колено, до Алцхајмерова болест. Тоа значи дека состојките се добри за телото и мозокот. Доктор Титус смета дека CBD им помага на многу луѓе да ги наострат своите ментални способности. Со тоа сака да наведе и дека CBD може да се користи за третирање на болести на мозокот.



Со CBD до подобро здравје 

CBD може да биде клучна состојка во „опоравувањето“ по напорниот тренинг. Д-р Титус смета дека оваа состојка може да е дури и подобра за телото од синтетичките витамини и суплементи кои се внесуваат како „здрави“ додатоци во исхраната. „CBD се чини дека има поголем антиоксидативен ефект од витаминот Ц или Д, па затоа многу атлетичари го користат за да се справат со воспаленијата. Поради тоа е зголемена побарувачката на ваквите производи од страна на спортистите“ - додава тој. Титус вели дека CBD може да се користи за рехабилитација, но исто така и верува дека таа може да стане значајна и суштинска состојка за здрав живот. Тој верува дека во одреден момент ќе постои фиксна утврдена препорачана доза од СЗО за секојдневна употреба на CBD, исто како што луѓето секојдневно внесуваат витамин Ц.


Поврзано: 





Автор: Ангела Т.
Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Menshealth

Friday, February 23, 2018

РЕЦЕПТ: Како да направите протеински шејк од канабис за подобар тренинг?

Лесен е за подготовка, а изобилува со протеини. Еве како да направите протеински шејк од канабис пред тренинг. Може ли протеински шејкови од канабис пред тренингот да помогнат да го направат вежбањето уште подобро? 


За хидрација и повеќе енергија
Кога станува збор за консумација на канабис пред тренинг, мислењето е поделено, но фактите говорат дека канабисот (активиран или не) во организмот делува како природен енергетски напиток. Некои корисници тврдат дека пушењето пред јога или било каков друг спортски тренинг, им дава акутен ментален фокус и се зголемување на силата, додека други го користат растението пред интензивен тренинг и тоа не во форма на џоинт. Исто така псотојат спортисти кои се наградуваат себе и своето тело со канабиноиди и протеиниод канабисот, по завршувањето на тренингот, за одмор и релаксирање на мускулите. За релаксирање на мускилите пожелно е да се користат масти со канабис кои загреваат и ја ублажуваат болката. Такви масти има веќе и кај нас по аптеките, а можете да си ги направите и сами.


Ако сметате дека припаѓате во првата група, тогаш имаме превкусен рецепт за Вас! Секој нутриционист или тренер ќе ви каже дека никогаш не е добро да вежбате на празен стомак (освен пост-кардио). Значи, ако барате да примите високо ниво на протеини, а исто така да добиете дополнителен поттик, можеби ќе сакате да размислите за протеински кана-шејк пред тренинг. Лесно е да се направи, да се наполните со протеини и хранливи материи и загарантирано ќе го подобри не само вашиот тренинг, туку целокупното здравје. Ајде да погледнеме како да направите едноставен протеински кана-шејк пред тренинг.


Состојки:

* 1 чаша млеко од канабис (види подолу);
* семки од канабис по желба;
* 2 лажици здраво ен протеин во прав;
* 1/2 лажица путер од кикирики;
* 1 лажица овес;
* 1/2 од банана;
* 1/4 чаша спанаќ.



* Декарбоксилиран сатива канабис;
* Сами одлучете за јачината на ТХЦ во канабисот, но бидете сигурни дека ќе ја пресметате соодветната доза на ТХЦ најдобра за вас (сами сте свесни дали сте почетници или пак, ветерани кога станува збор за употребата на канабис);
* Општи упатства за почетници: 1 - 2 грама канабис на литар млеко;
* Млеко.


Начин на подготовка:

Прелесно... Сè што треба да направите е да го истурите вашето млеко во сад и да го измешате со вашиот канабис. Потоа, поставете го садот на висока температура околу еден час. Ќе ја намалите топлината, но ќе продолжите да го загревате уште еден час или два. Откако ќе го направите, можете да го исфилтрирате со газа, хулахопка или филтер за кафе (како при подготовка на масло/екстракт од канабис) ако е потребно. Протеинскиот канабис шејк е идеален пијалак пред тренинг, не само што го хидрира организмот, туку и поради тоа што во споредба со другите рецепти за шејкови од природни намирници, овој рецепт е најдобриот од сите, поврдуваат спортистите. Можете да го пиете и после тренинзите, поради тоа што инстантно ги надокнадува изгубените хранливи состојки.


Сатива шејк за пред, индика шејк за после тренинг! :)
1. Чекор еден: Измешајте ги состојките

Едноставно искомбинирајте ги горенаведените состојки во миксер или нутрибулет. Овие состојки се едноставно наша сугестија за протеински шеик, можете да експериментирате со намирниците, да ги менувате и/илида додавате по ваш избор, но главната состојка е кана-млекото.


2. Чекор два: Мешање

Измешајте ги состојките додека не се соединатво течна и густа форма. Ова треба да потрае од 30 секунди до една минута, во зависност од состојките и миксерот/блендерот што ги користите.


3. Чекор три: Уживајте

Тоа е тоа! Сега само претурете го во чаша и на здравје! Сега е време да го добиете посакуваниот задник и посакуваната телесна тежина во салата за вежбање или посакуваните бицепси. Протеинскиот шејк ви дава  енергија пред тренинг, секогаш можете да го консумирате и по тренингот, особено ако сакате да добиете обновување на енергијата после тренинг. Погледнете ја листата на најдобрите десет врсти канабис наменети за подобрување на тренингот. Ако одлучите да го користите за после-тренинг, можеби ќе сакате да користите индика-доминант канабис млеко, која треба да ви го опушти телото по тренингот. Ги очекуваме вашите креативни и вкусни канабис рецепти! :)

Автор: Кристина Т.
Извор: Hightimes